Доменико Поцовиво
Доменико Поцовиво (италијански: Domenico Pozzovivo; р. 30 ноември 1982 во Поликоро) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[3]
Поцовиво на Трката околу Полска 2012 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Доменико Поцовиво | ||
Прекар | „Мувата од Поликоро“ (La pulce di Policoro) „Волкот на Јонско“ (Il lupo dello Jonio) „Дом-Дом“[1] | ||
Роден | 30 ноември 1982 Поликоро, Италија | ||
Висина | 1,65 м[2] | ||
Маса | 53 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Кубека Асос | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Професионални клубови | |||
2005–2012 2013-2017 2018-2019 2020- | Керамика Панарија-Навигаре Аг2р-Ла Мондијал Бахреин-Мерида НТТ Про Сајклинг | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 5 февруари 2020 |
Неговиот многу мал раст му донеле квалитети на чист специјалист за искачување. Тој е најпознат по победата на етапата 8 на Џиро д’Италија 2012, по крајната победа на Џиро дел Трентино 2012 и е познат по неговото високо образование.[4]
Личен живот
уредиПоцовиво има диплома по економија и пишувал тези насловени „Јужните политики од обединувањето на Италија до сега“. Неговото високо образование му го донело прекарот „Д-р Поцовиво“ во групата. Тој изјавил дека неговите полиња на интерес надвор од велосипедизмот се историјата, технологијата, економијата, политиката и временската прогноза.[4] Исто така, изјавил дека влегувањето во политиката би го заинтересирало по завршувањето на неговата велосипедска кариера.
Кариера
уредиВо 2008, Поцовиво завршил на третото скалило од подиумот на Џиро дел Трентино. Првото место го освоил Винченцо Нибали од Ликвигас додека Стефано Гарцели од Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо го освоил второто место.[5] Потоа учествувал на неговиот трет Џиро д’Италија. Иако не бил сметан за фаворит за генералниот пласман пред трката,[6] тој успеал да заврши на деветтото место во генералниот пласман.[7] На трката завршил втор на петнаесеттата етапа,[8] планинска етапа која завршувала на искачување од прва категорија Пасо Федаја, кое било возено за првпат во историјата на Џиро. Бил надминат единствено од неговиот совозач Емануеле Села, кој на крајот излегол позитивен на допинг на тестирањето на крвта и подоцна бил дисквалификуван.[9]
2009
уредиВо 2009, Поцовиво го заземал петтото место на Сетимана Сиклистика Ломбарда, негова прва голема победа по 2004.[10] Исто така завршил втор во генералниот пласман на Трка Бриксија и доцнел повеќе од една минута за победникот Џампаоло Карузо.[11] Завршил во првите десет на три етапи на трката.[12]
2010
уредиСезоната 2010 на Поцовиво му донела етапна победа на Џиро дел Трентино, на четвртото издание на трката, каде завршил на целта пред Рикардо Рико од Керамика Фламинија за 3 секунди.[13] Поцовиво на крајот го зазел третото место на трката, додека Казахстанецот Александар Винокуров од Астана ја однел победата.[14] Поцовиво стигнал до второто место на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на Пасо дела Бокета, каде единствено Роберт Кишерловски можел да го следи и да го искачи врвот со него. Двоецот соработувал добро до крајот, каде Поцовиво бил надминат од членот на Ликвигас-Доимо во спринтот, со тоа освојувајќи го второто место.[15] Во јули, малиот Поцовиво ја освоил Трката Бриксија, притоа освојувајќи две планински етапи.[16] Го освоил генералниот пласман со разлика од една минути и педесет секунди пред членот на Тим Скај Морис Посони.[17]
2012
уредиВо 2012, Поцовиво го освоил Џиро дел Трентино. Бил успешен во третата етапа на трката, која завршувала на тежок врв, Пунта Велено.[18] Победата на тешката етапа му ја донела водечката маичка, која успеал да задржи следниот ден на четвртата етапа и последната етапа, која се одвивала во снежни временски услови. На таа етапа завршил на трето место. Исто така го освоил и планинскиот пласман.[19]
Подоцна таа година, дошол до победа на осмата етапа на Џиро д’Италија, напаѓајќи на Коле Молела, 7 километри пред крајот на етапата. Неговиот најблизок соперник, Шпанецот Бењат Инчаусти од Мовистар Тим, ја завршил етапата со 23 секунди зад Поцовиво.[20] Завршил на Џиро како осми во генералниот пласман, што се должело на добрите настапи на планинските етапи. Во јуни, Поцовиво бил одличен на кралската етапа на Трката околу Словенија. Поцовиво избегал напред со Јанез Брајкович од Астана и некако изненадувачки, го победил поголемиот човек во спринтот.[21] Со тој успех ја преземал водечката маичка, благодарение на шесте секунди предност пред Брајкович, но ја изгубил следниот ден на поединечниот хронометар, каде Словенецот бил подобар од него за десет секунди. Поцовиво ја завршил трката на второто место.[22]
Во есента, Поцовиво учествувал на италијанскиот класик Џиро дел’Емилија и започнал напад на најстрмниот дел на последното искачување, каде бил со мала група од тројца возачи. Наиро Кинтана (Мовистар Тим) останал на своето седиште и започнал свој напад, што се покажало како одлучувачки потег на Колумбиецот за победа. Поцовиво бил надминат од двајца натпреварувачи во последните метри и го зазел четвртото место.[23] Неколку дена подоцна, Поцовиво го напуштил Џиро ди Ломбардија, трка која е подобна за него. Студот и поројниот дожд го одиграле својот дел, бидејќи никој од колегите во Колнаго не стигнале на целта.[24]
2013
уредиЗа сезоната 2013, Поцовиво ќе го напушти Колнаго-ЦСФ Бардијани, каде ја започнал својата професионална кариера во 2005 и ќе се пресели во Аг2р-Ла Мондијал.[25] Сакал да го повтори неговиот успех од 2012 и повторно да победи на Џиро дел Трентино, но морал да се повлече по падот на третата етапа на трката, кога го повредил коленото и скршил две ребра.[26] Поради повредата и некои несакани падови не можел да има добри резултати на Џиро д’Италија, иако успеал да заврши на десеттото место, негова трета завршница помеѓу најдобрите десет на Џиро.
На Вуелта, Поцовиво успеал да се врати. Бил постојано меѓу најдобрите десет на планинските етапи и завршил шести во генералниот пласман, негов најдобар пласман досега на некој Гранд Тур. Особено изненадил на хронометарот на единаесеттата етапа, дисциплина во која и не бил добар, каде завршил трет зад победникот Фабијан Канчелара и светскиот првак Тони Мартин.[27]
2014
уредиПоцовиво зел учество во Рома Максима, каде избегал со Алехандро Валверде. Двоецот го одржувало своето водство додека групата го достигнала Поцовиво пред целта. Валверде победил, додека Поцовиво го освоил петтото место.[28] Завршил на шестото место на Тирено-Адријатико една недела подоцна.
Поцовиво продолжил со неговата подготовка за неговата главне цел за 2014 година, Џиро д’Италија, возејќи на Џиро дел Трентино, каде завршил втор зад Кедел Еванс.[29] Два дена подоцна бил еден од главните возачи на Лиеж-Бастон-Лиеж, трка на која настапил по првпат. Нападнал со Хулијан Аредондо на Кот де Рош окс Фоконс и иако бил достигнал, повторно нападнал со Џампаоло Карузо на Кот де Сен Никола и бил достигнат на само 200 метри пред крајот, на крајот завршувајќи на петтото место.[30]
Поцовиво започнал добро на Џиро, избегнувајќи падови во текот на воведната недела и напаѓајќи на деветтата етапа, каде завршил трет зад бегството, освојувајќи 30 секунди во однос на неговиот соперници и поместувајќи се на 4. место во генералниот пласман.[31] Исто така успешно нападнал на четиринаесеттата етапа, но се разболел од бронхит наредниот ден, со што изгубил време во однос на неговите соперници.[32] Успеал да се опорави во текот на денот за одмор и да добие одредено време во однос на групата на кралската етапа, откако Наиро Кинтана, Пјер Ролан и Рајдер Хесједал се одвоиле порано на етапата. Успеал да се искачи во првите десет на етапите 18 и 19.[33] На крајот завршил на петтото место, негов највисок пласман на Џиро дотогаш и прв резултат во првите пет на некоја голема трка.
Поцовиво не настапил на Тур де Франс за да се насочи на Вуелта а Еспања. Меѓутоа, морал да заборави на шпанската трка откако паднал при тренинг, здобивајќи се со повреди.[34] Поцовиво изјавил во интервју дека сака да се врати на некоја трка до крајот на сезоната.[35] На крајот, враќањето на Поцовиво било на Милано-Торино на крајот на 2014 година и потоа возел на Џиро ди Ломбардија.[36]
2015
уредиПоцовиво ја започнал сезоната во јануари на австралиската трка Тур Даун Андер и покрај што имал мала фрактура на рачниот зглоб. Изјавил дека целел кон првите пет места во генералниот пласман.[37] На крајот завршил на шестото место во генералниот пласман.[38] Во март завршил осми во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Ја освоил неговата прва победа во сезоната на Волта а Каталуња. Бил дел од група на седум фаворити и нападнал на два километри пред целта за победа на целта.[39] На крајот ја завршил трката на третото скалило на подиумот.[40] На крајот на април, Поцовиво учествувал во планинската Џиро дел Трентино. Изгубил време на втората етапа, но го надополнил со етапната победа на третата етапа, оддалечувајќи се од Ричи Порт и Микел Ланда за пет секунди, откако нападнал на две километри пред целта.[41] На крајот завршил седми во генералниот пласман на трката.[42] Два дена откако завршил Џиро дел Трентино, Поцовиво завршил осми на Лиеж-Бастон-Лиеж како дел од водечката група.[43]
Следна цел на Поцовиво бил Џиро д’Италија, но имал лош почеток: откако изгубил време на воведниот екипен хронометар, изгубил повеќе од минута на втората етапа поради пад.[44] На третата етапа, следниот ден, работите тргнале кон полошо откако паднал првин на спустот на 35 километри пред крајот. Кратко потоа, од екипата изјавиле дека бил стабилен иако се видело дека силно крварел од неговата глава на телевизија.[45] Истата ноќ имал преглед и снимање што покажало дека нема повреда на мозокот и изјавил: „Беше долга ноќ и дури направив некои планови за иднината“. „Бев во најдобра кондиција во животот и мислам да се вратам на Тур де Свис и да се натпреварувам“.[46]
Поцовиво се вратил на Тур де Свис и забележал второ место на кралската етапа, која завршувала на ледникот Ретенбах.[47] Завршил на петтото место во генералниот пласман.[48] Учествувал на националното друмско првенство, каде завршил шести.[49]
2018
уредиНа планинската Трка околу Алпите, Поцовиво го остварил првиот подиум во годината, освојувајќи го второто место благодарение на постојаните завршници меѓу првите десет на етапите. Ја освоил маичката за најдобар искачувач во планинскиот пласман.[50] Наредната недела, завршил петти на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.[51]
2019
уредиНа 11 август 2019 година, Поцовиво бил сериозно повреден откако удрил во кола при тренинг. Тој бил удрен од колата, при што доживеал фрактури на десната нога, левата рака, клучната коска и ребрата. Според Cycling Weekly, било во опасност дали Поцовиво ќе се врател на трките, гледајќи ја сериозноста на повредите.[52]
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Етапа 4 Џиро дел Фриули
- 2. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
- 3. Краен пласман Џиробио
- 2007
- 3. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
- 2008
- 3. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 9. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2009
- 1. Етапа 5 Сетимана Сиклистика Ломбарда
- 2. Краен пласман Трка Бриксија
- 3. Краен пласман Трка околу Словенија
- 5. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2010
- 1. Краен пласман Трка Бриксија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 2. Џиро дел’Апенино
- 2. Тре Вали Варезине
- 3. Џиро дела Ромања
- 3. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 4
- 7. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2011
- 2. Краен пласман Трка Бриксија
- 1. Етапа 4
- 2. Тре Вали Варезине
- 3. Трофео Мелинда
- 4. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 4. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 6. Џиро ди Ломбардија
- 2012
- 1. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро ди Паданија
- 2. Краен пласман Трка околу Словенија
- 1. Етапа 3
- 4. Џиро дел’Емилија
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 8
- 2013
- 4. Милано-Торино
- 6. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 7. Краен пласман Трка околу Полска
- 7. Трка околу Франкфурт
- 9. Краен пласман Трка околу Оман
- 9. Џиро дел’Емилија
- 10. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2014
- 2. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 5. Рома Максима
- 5. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Краен пласман Џиро д’Италија
- 6. Краен пласман Трка околу Оман
- 6. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 8. Краен пласман Волта а Каталуња
- 10. Краен пласман Тур де Сан Луис
- 2015
- 3. Краен пласман Волта а Каталуња
- 1. Етапа 3
- 5. Краен пласман Тур де Свис
- 6. Краен пласман Тур Даун Андер
- 7. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 3
- 7. Милано-Торино
- 8. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 8. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2016
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 7. Тур ди Дуа
- 7. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 8. Краен пласман Трка околу Оман
- 10. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 2017
- 3. Краен пласман Трка на Алпите
- 4. Краен пласман Тур де Свис
- 1. Етапа 6
- 6. Краен пласман Џиро д’Италија
- 6. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Џиро ди Ломбардија
- 9. Краен пласман Трка Абу Даби
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2018
- 2. Краен пласман Трка на Алпите
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Џиро ди Тоскана
- 5. Краен пласман Џиро д’Италија
- 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 6. Гран Премио ди Лугано
- 7. Милано-Торино
- 8. Џиро ди Ломбардија
- 9. Џиро дел’Емилија
- 2019
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 7. Краен пласман Тур де Свис
Распоред на резултатите на трките
уредиРаспоред на резултатите на големите трки | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | СО | — | 17 | 9 | — | СО | СО | 8 | 10 | 5 | СО | 20 | 6 | 5 | 19 |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 33 | — | 18 | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | 6 | — | 11 | — | СО | — | — |
Распоред на резултатите на етапните трки | |||||||||||||||
Етапна трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | 7 | — | 11 | 11 | 6 | 8 | 32 | 10 | 14 | — |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | — | — | — | 25 | 8 | 3 | 17 | — | — | — |
Трка околу Баскија | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур де Романди | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Тур де Свис | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | СО | 5 | — | 4 | — | 7 |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | 163 | — | — | — | — | 73 | 101 | — | — | — | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | никогаш не настапил во кариерата | ||||||||||||||
Париз-Рубе | |||||||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 5 | 8 | 63 | 12 | 5 | — |
Џиро ди Ломбардија | 49 | 54 | 30 | 22 | — | СО | 6 | СО | 15 | 85 | 19 | 37 | 6 | 8 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Фаранд, Стивен (19 мај 2014). „Giro d'Italia shorts: Robert Millar's race analysis, the Flea and warm weather coming“. cyclingnews.com. Посетено на 28 јуни 2017.
- ↑ 2,0 2,1 „Велосипедски профил Доменико Поцовиво“. Yahoo! Eurosport UK. Посетено на 19 април 2012.
- ↑ „Pozzovivo joins NTT Pro Cycling after career threatening car strike“. Cyclingnews.com. Future plc. 31 декември 2019. Посетено на 3 јануари 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Жан-Франсоа Кене (14 мај 2012). „Видео: Поцовиво економистот, етапен победник на Џиро и кандидат за генералниот пласман“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 22 август 2012.
- ↑ Руди Гадо (25 април 2008). „Етапа 4 - 25 април: Лавароне-Пејо Терме, 178,6 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 септември 2012.
- ↑ Лајонел Бирни (2008-05-07). „Џиро д'Италија 2008: Кој ќе победи?“. Cycling Weekly. Архивирано од изворникот 2009-11-25. Посетено на 2009-11-07.
- ↑ Грегор Браун (1 јуни 2008). „Етапа 21 - Недела, 1 јуни: Чезано Мадерно-Милано (поединечен хронометар), 28,5 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 септември 2012.
- ↑ Сузан Вестемајер (25 мај 2008). „Етапа 15 - Недела, 25 мај: Араба-Пасо Федаја-Мармолада, 153 км“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 20 септември 2012.
- ↑ Џеф Џонс и Грегор Браун (2008-08-05). „Емануеле Села позитивен на ЕПО“. BikeRadar.com. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 15 ноември 2009.
- ↑ „Ciclismo: Settimana Lombarda, 5/a tappa a Pozzovivo“. Informazone.it. 4 мај 2009. Посетено на 24 јануари 2013.
- ↑ „9. Трка Бриксија - Етапа 5“. DailyPeloton. 26 јули 2009. Архивирано од изворникот на 2010-12-14. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ Laura Weislo (23 јули 2009). „Бертањоли со сила до победа на нагорната завршница“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 јануари 2013.
- ↑ „Џиро дел Трентино - Етапа 4“. Cima Coppi Blog. Word Press. 23 април 2010. Архивирано од изворникот на 2011-08-08. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ „Џиро дел Трентино 2010 Вести и Новости“. SteepHillTV. SteepHillTV. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ „Кишерловски крунисан за првак на Џиро дел'Апенино“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 април 2010. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ „Pozzovivo prevails on mountain top finish“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 јули 2010. Посетено на 15 септември 2012.
- ↑ „Ferrari flies to win Brixia Tour finale“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 јули 2010. Посетено на 15 септември 2012.
- ↑ Даниел Бенсон (19 април 2012). „Pozzovivo prevails in Brenzone“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ „Поцовиво победил на Џиро дел Трентино 2012“. Посетено на 20 април 2012.
- ↑ Косинс, Питер (13 мај 2012). „Поцовиво победил на осмата етапа во Лаго Лачено“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 мај 2012.
- ↑ „Поцовиво ја освоил етапата 3 во Словенија“. Cycling News. Future Publishing Limited. 16 јуни 2012. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ Кајл Мур (17 јуни 2012). „Tour de Slovenie: Brajkovic scoops overall victory as Koren squeaks out final time trial win“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 27 октомври 2012.
- ↑ Бен Аткинс (6 октомври 2012). „Наиро Кинтана со бегство до победа на Џиро дел'Емилија“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 25 октомври 2012.
- ↑ „Il Lombardia order of arrival“ (PDF). Gazetta dello Sport. Gazetta dello Sport. 29 септември 2012. Посетено на 24 октомври 2012.
- ↑ „Поцовиво се приклучува на Аг2р-Ла Мондијал“. Cycling News. Future Publishing Limited. 20 август 2012. Посетено на 21 август 2012.
- ↑ Шејн Стоукс (18 април 2013). „Pozzovivo injured but deemed unlikely to miss Giro d'Italia“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 19 април 2013.
- ↑ Бен Аткинс (4 септември 2013). „Domenico Pozzovivo: "I've done the time trial of my life and it motivates me for the rest of the Vuelta"“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 20 јуни 2015.
- ↑ Најџел Вин (9 март 2014). „Алехандро Валверде победи на Рома Максима“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 18 март 2014.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-06-30. Посетено на 2014-10-25.
- ↑ http://www.cyclingquotes.com/news/pozzovivo_shines_in_liege/
- ↑ https://uk.eurosport.yahoo.com/news/giro-ditalia-weening-wins-stage-nine-pozzovivo-impresses-145341515--spt.html
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/pozzovivo-suffering-with-bronchitis-at-giro-ditalia
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-07. Посетено на 2014-10-25.
- ↑ Александра Горска (10 август 2014). „Падот на тренингот најверојатно прерано ја заврши сезоната на Поцовиво“. CyclingQuotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 29 август 2014.
- ↑ Александра Горска (20 септември 2014). „Амбициозниот Поцовиво сака да се врати на Ил Ломбардија“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 23 септември 2014.
- ↑ „Pozzovivo targets Grand Tour podium and Liège-Bastogne-Liège in 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 ноември 2014. Посетено на 3 ноември 2014.
- ↑ Жан Франсоа Кене (20 јануари 2015). „Поцовиво се надева на првите пет на Тур Даун Андер и покрај малата фрактура на зглобот“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 20 јануари 2015.
- ↑ „Тур Даун Андер: Виперт ја освои завршната етапа во Аделаида“. Cyclingnews. 25 јануари 2015. Посетено на 25 јануари 2015.
- ↑ Спенсер Паулисон (25 март 2015). „Поцовиво победи на третата етапа на Каталуња со соло напад“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-03-30. Посетено на 25 март 2015.
- ↑ Стивен Падикомб (29 март 2015). „Ричи Порт издржа пред Валверде и ја запечати победата на Каталуња“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 29 март 2015.
- ↑ Емил Акселгард (23 април 2015). „Поцовиво ја доби својата одмазда во планините на Трентино“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 23 април 2015.
- ↑ „Ричи Порт ја запечати победата на Џиро дел Трентино“. Cyclingnews.com. Future plc. 24 април 2015. Посетено на 24 април 2015.
- ↑ Најџел Вин (26 април 2015). „Алехандро Валверде победи на Лиеж-Бастон-Лиеж 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 април 2015.
- ↑ Стивен Фаранд (10 мај 2015). „Crashes send peloton sprawling on Giro d'Italia stage 2. Stage 3 Pozzovivo suddenly crashes out of the Giro with a horror descent and has been admitted to the hospital“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 мај 2015.
- ↑ Ендру Худ (11 мај 2015). „Pozzovivo involved in serious crash“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-12-20. Посетено на 11 мај 2015.
- ↑ Бери Рајан (12 мај 2015). „Giro d'Italia: I'm ok but it was a very heavy fall, says Pozzovivo“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 мај 2015.
- ↑ Кларк, Стјуарт (17 јуни 2015). „Win gives Thibaut Pinot Tour de Suisse lead as Thomas moves to second overall“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 17 јуни 2015.
- ↑ Акселгард, Емил (21 June 2015). „Dumoulin wins TT, Spilak takes overall win after huge drama“. CyclingQuotes.com. JJnet.dk A/S. Посетено на 21 јуни 2015.
- ↑ Акселгард, Емил (27 јуни 2015). „He's back: Nibali defends Italian road race title“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 27 јуни 2015.
- ↑ „Pinot seals Tour of the Alps title as Padun wins final stage“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 април 2018. Посетено на 20 април 2018.
- ↑ Рајан, Бери (22 април 2018). „Jungels wins Liege-Bastogne-Liege“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 април 2018.
- ↑ Браун, Грегор (13 август 2019). „'We've got to recover the man & think about the athlete later': Return to racing still unknown for Domenico Pozzovivo after collision with car“. Cycling Weekly. Посетено на 13 август 2019.
Надворешни врски
уреди„Доменико Поцовиво“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Доменико Поцовиво“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Доменико Поцовиво“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Доменико Поцовиво“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 26 октомври 2011 г.