Марк Солер

шпански велосипедист

Марк Солер Гименез (шпански: Marc Soler Gimènez; р. 22 ноември 1993) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1]

Марк Солер
Марк Солер
Лични податоци
Цело имеМарк Солер Гименез
Роденноември 22 1993 (1993-11-22) (27 г.)
Виланова и ла Гелтру,  Шпанија
Висина1,86 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМовистар Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2012–2014 Лизарте
Професионални клубови
2015– Мовистар Тим
Значајни победи
Етапни трки
Тур де л’Авенир (2015)
Париз-Ница (2018)
Последна промена
30 април 2019

КариераУреди

Во 2017 година, Солер завршил трет во генералниот пласман зад колегата Алехандро Валверде и Алберто Контадор на Волта а Каталуња, освојувајќи го пласманот за млад возач. Подоцна, истата година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[2]

2018Уреди

Во март 2018 година ја освоил етапната трка Париз-Ница.[3][4] Солер ја започнал последната етапа на трката со 37 секунди зад Јејтс на шестото место, кога нападнал на половина од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (Тим Скај); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле (Астана) на чело на трката и тројката успеала да остане пред главната група до Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се натпреварувале за етапата, Солер завршил трет - добивајќи уште четири бонус секунди на целта како и трите секунди претходно добиени на средниот спринт - и со 35 секунди пред Јејтс и другите фаворити, било доволно да ја прослави победата пред Јејтс за четири секунди.

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс.[5]

ДостигнувањаУреди

2013
1. Етапа 3 Вуелта а Паленсија
2014
1. Соралузеко Сарија
1. Ерењоко Удала Сари Нагусија
1. ГП Кучабанк
1. Меморијал Сирило Цунцарен
1. Етапа 3 Вуелта а Замора
3. Национално друмско првенство под 23 години
2015
1.   Краен пласман Тур де л’Авенир
2016
2. Краен пласман Рут ди Сид
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4
7. Сиркуито де Гечо
2017
3. Краен пласман Волта а Каталуња
1.   Пласман за млад возач
4. Национално хронометарско првенство
5. ГП Мигел Индураин
8. Краен пласман Тур де Свис
  Награда за борбеност на етапа 9 на Вуелта а Еспања
2018
1.   Краен пласман Париз-Ница
1.   Пласман за млад возач
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
6. Краен пласман Вуелта а Арагон
6. ГП Мигел Индураин

Распоред на резултатите на етапните тркиУреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018
  Џиро
  Тур 62
  Вуелта 48
Распоред на резултатите на етапните трки
Етапна трка 2015 2016 2017 2018
  Париз-Ница 24 1
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња СО СО 3 5
  Трка околу Баскија
  Тур де Романди
  Критериум ди Дофине 79 16
  Тур де Свис 8

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. „Movistar Team launches 2019 season with highest hopes“. Telefónica. Telefónica, S.A. 18 декември 2018. Посетено на 3 јануари 2019.
  2. „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 17 август 2017.
  3. „Marc Soler grabs Paris-Nice title by four seconds from Simon Yates on final stage“. Cycling Weekly. Посетено на 11 март 2018.
  4. „Marc Soler upsets Simon Yates to win Paris-Nice by 4 seconds“. Washington Post. Посетено на 11 март 2018.
  5. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.

Надворешни врскиУреди