Рик Цабел

германски велосипедист

Рик Цабел (германски: Rick Zabel; р. 7 декември 1993) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Катјуша-Алпесин.[2]

Рик Цабел
Цабел на Трката околу Келн 2018
Лични податоци
Цело имеРик Цабел
Роден7 декември 1993 (1993-12-07) (26 г.)
Уна,  Германија
Висина1,84 м
Маса72 кг
Податоци за клубот
Мом. клубКатјуша-Алпесин
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачСпецијалист за класици[1]
Аматерски клубови
2012–2013 Рабобанк Континентал Тим
Професионални клубови
2014–2016
2017-
БМЦ Рејсинг Тим
Катјуша-Алпесин
Последна промена
23 февруари 2019

Цабел е син на Ерик Цабел и внук на Детлеф Цабел.

КариераУреди

Во 2009 година, Цабел го освоил националното младинско велодромско првенство во дисциплината медисон.[3] Во 2010 година имал повеќе успех на велодромските трки. Во 2011 година, на Светското друмско првенство во Копенхаген, завршил петти на друмската трка за јуниори.

До летото 2011 година учел во спортската гимназија во Ерфурт.[4] Излегол од училиштето без диплома со цел да го потпиша својот прв професионален договор со Рабобанк Континентал Тим за сезоната 2012.[5] Во 2012 година го освоил националното друмско првенство под 23 години.[5][6] Во 2013 година, Цабел ја освоил Трката околу Фландрија за возачи под 23 години ја една етапа на Тур де Норманди.

Во сезоната 2014, Цабел станал професионалец со БМЦ Рејсинг Тим.[7]

На 6 мај 2015 година, Цабел бил именуван во составот на БМЦ за Џиро д’Италија 2015, што му бил прв настап на некоја голема трка.[8] На 7 јули 2015, роденденот на неговиот татко, Цабел ја прославил својата прва победа како професионалец, освојувајќи ја третата етапа на Трката околу Австрија.[9]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[10]

ДостигнувањаУреди

2009
1.   Национално младинско велодромско првенство - Медисон
2010
Национални јуниорски велодромски првенства
2. Медисон
3. Бодовна трка
3. Екипна потера
2011
4. Краен пласман Три дена Ван Аксел
5. Светско јуниорско друмско првенство
2012
1.   Национално друмско првенство под 23 години
2. Ронде ван Лимбург
9. ГП Раф Јонкхере
2013
1. Трка околу Фландрија за младинци
1. Етапа 5 Тур де Норманди
4. Краен пласман Тур де Жиронда
6. Париз-Тур за младинци
7. Ла Кот Пикард
7. Минстерланд Џиро
8. Краен пласман Трка Олимпија
10. Меморијал Арно Валард
2014
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино
6. Трка околу Франкфурт
2015
1. Етапа 3 Трка околу Австрија
2017
2. Трка околу Франкфурт
9. Париз-Бурж
2018
10. Краен пласман Трка Дубаи

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2015 2016 2017 2018
  Џиро 142 140
  Тур 145 СО
  Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Фрец, Кејли (5 февруари 2015). "A cobbled future for Zabel, son of the sprint king". VeloNews. Посетено на 23 февруари 2015.
  2. "Katusha-Alpecin announce reduced 24-rider roster for 2019". Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 ноември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
  3. "Thomas Schneider und Rick Zabel neue Deutsche Meister im Zweier Mannschaftsfahren der Jugend" (германски). Radrennen in Köln. 10 август 2009. Посетено на 24 јули 2015.
  4. "Rick Zabel träumt mit 17 schon von der Profikarriere". radsport-news.com (германски). 25 септември 2011. Посетено на 24 јули 2015.
  5. 5,0 5,1 "Rabobank haalt zoon Erik Zabel". nu.nl (холандски). 21 септември 2011. Посетено на 24 July 2015.
  6. "Rick Zabel ist neuer U23-Meister". radsport-news.com (германски). 9 септември 2012. Посетено на 24 јули 2015.
  7. "Rick Zabel fährt ab 2014 für BMC". radsport-news.com (германски). 3 јуни 2013. Посетено на 24 July 2015.
  8. "Giro d'Italia: Zabel-Sohn Rick vor erster großer Rundfahrt" (германски). Spiegel Online. 6 мај 2015. Посетено на 7 мај 2015.
  9. "Rick Zabels erster Profi-Sieg: "Es war brutal schwer"" (германски). Kicker. 7 јули 2015. Посетено на 24 јули 2015.
  10. "2017: 104th Tour de France: Start List". Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врскиУреди