Џеј Мекарти

австралиски велосипедист

Џеј Мекарти (англиски: Jay McCarthy; р. 8 септември 1992) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]

Џеј Мекарти
Мекарти на Гран при де Денен 2013
Лични податоци
Цело имеЏеј Мекарти
Роден8 септември 1992 (1992-09-08) (28 г.)
Мериборо, Квинсленд, Австралија Австралија
Висина1,74 м
Маса63 кг
Податоци за клубот
Мом. клубБора-Хансгрое
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за хронометар
Професионални клубови
2011–2012
2013–2016
2017-
Тим Џајко-АИС
Тим Саксо-Тинкоф
Бора-Хансгрое
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ (2018)
Последна промена
2 февруари 2020

Завршил на 91. место на Џиро д’Италија 2014. Во 2015 година, Мекарти покажал одредени вештини стигнувајќи до третото место во генералниот пласман на Трката околу Турција, благодарение на добрите резултати во планините.[2] Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015.[3]

Во октомври 2016 година бил објавен како член на екипата Бора-Хансгрое за 2017 со цел на кратките етапни трки и еднодневните класици.[4] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[5]

ДостигнувањаУреди

2012
1. Краен пласман Трка околу Велингтон
1. Етапа 2
1. Пролог Тур де л’Авенир
2015
3. Краен пласман Трка околу Турција
2016
4. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1.   Пласман за млад возач
5. Национално друмско првенство
2017
3. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2018
1. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
1. Етапа 3 Трка околу Баскија
2. Национално друмско првенство
2019
8. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
2020
6. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 91 88 62
  Тур 94
  Вуелта 66 91

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Рајан, Бери (28 декември 2019). „2020 Team Preview: Bora-Hansgrohe“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 1 јануари 2020.
  2. Стивен Падикомб (3 мај 2015). „Durasek wins Tour of Turkey as Mas pips Cavendish on final stage“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 3 мај 2015.
  3. „Вуелта а Еспања 2015“. Cycling Fever. Посетено на 21 август 2015.
  4. „Bora-Hansgrohe finalise 2017 roster with McCarthy, Pelucchi and Saramotins signings“. cyclingnews.com. 14 октомври 2016. Посетено на 14 октомври 2016.
  5. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.

Надворешни врскиУреди