Скот Вајленд
Скот Ричард Вајленд (англ. Scott Richard Weiland; 27 октомври 1967 ― 3 декември 2015) ― американски пејач и текстописец. Познат е како пејач на рок-групите Stone Temple Pilots и Velvet Revolver. Исто така, објавил еден албум со рок супергрупата Art of Anarchy, како и четири соло-студиски албуми и неколку соработки со други музичари.
Скот Вајленд | |
---|---|
Скот Вајленд на настап во јули 2009 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Scott Richard Kline |
Роден(а) | 27 октомври 1967 Сан Хосе, Калифорнија, САД |
Потекло | Сан Диего, Калифорнија, САД |
Починал(а) | 3 декември 2015 Блумингтон, Минесота, САД | (возр. 48)
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1985–2015 |
Издавачи | |
Мреж. место | scottweiland.com |
Вајленд станал познат по неговата употреба на мегафон за уникатен гласовен ефект за време на концертите. Продал над 50 милиони албуми од неговите различни проекти и соработки.
Кариерата на Вајленд била пропратена со проблеми од користење дрога, што било причина за многу негови апсења и за неговото отпуштање од Velvet Revolver и од Stone Temple Pilots. На 3 декември 2015 година, на 48-годишна возраст, бил пронајден мртов од случајно предозирање со дрога во неговиот туристички автобус во Блумингтон, Минесота.
Живот и кариера
уредиСкот Ричард Клајн[1] е роден на 27 октомври 1967 година во Сан Хосе. Неговиот татко имал германско потекло.[1] На петгодишна возраст, бил законски посвоен од неговиот очув Дејвид Вајленд и го зел неговото презиме.[2] Отприлика во исто време, се преселил во градот Бејнбриџ во Охајо.
Вајленд се вратил во Калифорнија како тинејџер и пред целосно да се посвети на музичката кариера, работел во Лос Анџелес Дејли Журнал.[3][4][5]
Stone Temple Pilots
уредиВо 1985 година, Вајленд се запознал со басистот Роберт Делео. Со Делео основале група која подоцна ќе стане Stone Temple Pilots.[6] Во 1989 година, Stone Temple Pilots го потпишале нивниот прв договор со дискографската куќа Atlantic Records. Првиот албум на групата, Core (1992), постигнал огромен успех и станал еден од најпродаваните албуми во 1990-тите.[7] Сингловите од албумот: „Sex Type Thing“, „Wicked Garden“, „Creep“ и „Plush“, станале хитови.
Следниот албум, Purple (1994), ја продолжил успешната низа на хитови со "Vasoline" и "Interstate Love Song". Вајленд станувал сè попознат по неговиот харизматичен настап, како и по неговиот вешт пристап кон експериментирање со различни гласовни стилови.[8]
Stone Temple Pilots продолжиле со издавање на успешни албуми во текот на 1990-тите, како: Tiny Music... Songs from the Vatican Gift Shop (1996) и No. 4 (1999), но групата исто така се соочила со неколку кризи поради проблемите на Вајленд со зависност од дрога.[9][10][11][12][13] Групата, за време на постоењето, неколкупати се распаднала, но успевала да се возобнови, со Вајленд како пејач.
Velvet Revolver
уредиВо 2002 година, поранешните членови од Guns N' Roses: гитаристот Слеш, басистот Даф Мекиган и тапанарот Мет Сорум, како и поранешниот гитарист од Wasted Youth, Дејв Кушнер, барале пејач за да им помогне во основањето на нова група. Во текот на неговата кариера, Вајленд се запознал со четворицата музичари.[14][15][16][15] На Вајленд му биле испратени два диска со материјал за да работи, но ги одбил бидејќи Stone Temple Pilots сè уште не биле разделени.[16]
По распаѓањето на Stone Temple Pilots во 2003 година,[17] групата му испратила нова музика на Вајленд, која тој ја зел во неговото студио и додал вокал. Вејленд се придружил на групата набргу потоа.[18] Velvet Revolver станале популарни веднаш по издавањето на нивниот прв албум, Contraband (2004), кој го исфрлил хитот „Slither" и им донел Греми награда за најдобра хард-рок изведба, награда што Вејланд ја добил и со Stone Temple Pilots за песната „Plush“ во 1994 година.
Вториот албум на групата, Libertad (2007), доби позитивни критики, но не го повторил комерцијалниот успех на претходниот албум. По неколку препукувања на нивните лични блогови и во интервјуата[19][20] на 1 април 2008 година било објавено дека Вајленд повеќе не е член на Velvet Revolver.[21]
Art of Anarchy
уредиПроектот започнал во 2011 година, кога гитаристот Бамблфут снимил делови за првиот албум на паузата меѓу турнејата со Guns N' Roses.[22] Вајленд ги напишал и ги снимил вокалите по постојани преписки со Бамблфут во 2012 и 2013 година. Вејленд, исто така, учествувал во промотивни фотосесии и музички видеа во октомври 2014 година.
Нивниот истоимен деби албум бил издаден во јуни 2015 година.[23] Прв објавен сингл од албумот бил „Til the Dust Is Gone“.[24] Албумот содржи 11 песни.[25] Сепак, Вајленд се оградил од проектот, изјавувајќи „Тоа беше проект каде што требаше да ги напишам стиховите и мелодиите, а бев платен да го направам тоа. Направив продукциска работа на него и следно нешто што знам е дека имаше соопштенија за печат дека сум во групата... Не сум во групата.[26] По смртта на Вајленд, позицијата главен пејач во Art of Anarchy ја пополнил поранешниот пејач од Creed, Скот Стап.
Соло кариера и Wildabouts
уредиСкот Вајленд, паралелно со неговите ангажмани во групите, исто така имал и соло-кариера. Неговиот прв соло албум, "12 Bar Blues" (1998), добил позитивни критики и покажал дека Вајленд има потенцијал како соло-пејач.[27] Во текот на кариерата, издал уште неколку соло-албуми, вклучувајќи ги: Happy in Galoshes (2008) и The Most Wonderful Time of the Year (2011), кој бил посветен на божиќни песни.
Во интервју за радио станица од Сан Диего во јуни 2014 година, Вејланд изјавил дека неговиот прв албум со Wildabouts, насловен Blaster, ќе биде објавен во ноември истата година.[28] Сепак, бил одложен и бил објавен на 31 март 2015 година.[29] Гитаристот Џереми Браун починал ден пред објавувањето на албумот. [30] Ник Мејбери го заменил Браун во април 2015 година. [31]
Смрт
уредиВајленд бил пронајден мртов во неговиот автобус за турнеја во Блумингтон, Минесота, на 3 декември 2015 година.[32][33] Имал 48 години и бил на турнеја со Wildabouts.[34] Полицијата го пребарала автобусот и потврдила дека има мали количества кокаин во спалната соба каде што Вајленд бил откриен мртов.[35] [36]
И покрај откриената дрога, не била веднаш наведена основната причина за смртта.[37] Лекарот подоцна утврдил дека смртта на Вајленд била резултат на случајно предозирање со кокаин, алкохол и метилендиоксиамфетамин (МДА). Во извештајот биле наведени и атеросклеротичната кардиоваскуларна болест на Вајленд, историја на астма и долгогодишна употреба на дрога.[38]
Приватен погреб за Вајленд се одржал на гробиштата Hollywood Forever во Лос Анџелес на 11 декември 2015 година. Присуствувале членови на Stone Temple Pilots и на Velvet Revolver. Телото на Вајленд било кремирано, а неговите посмртни останки биле ставени во урна во форма на мегафон.[39] [40]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Празен навод (help)
- ↑ „Band Info: Scott Weiland“. Velvet-revolver.com. Архивирано од изворникот на August 13, 2010. Посетено на October 15, 2010.
- ↑ Aron, Hillel (2015-12-07). „When Scott Weiland Was a Newspaperman“. LA Weekly. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на 2015-12-07.
- ↑ Goodman, William (May 17, 2018). „Scott Weiland on Rape, Heroin, and Courtney Love“. Spin. Архивирано од изворникот на September 4, 2018. Посетено на September 3, 2018.
- ↑ „Ex-Velvet Revolver singer Scott Weiland: 'I was raped as a child'“. NME. May 19, 2011. Архивирано од изворникот на September 4, 2018. Посетено на September 3, 2018.
- ↑ „Rock Band STP to Perform at Araneta Center“. Manila Bulletin. March 3, 2011. Посетено на July 29, 2014.[мртва врска][мртва врска]
- ↑ Linda Laban (November 6, 2004). „Big guns; Scott Weiland and star-studded Velvet Revolver take aim at sonic tour“. Boston Herald. Архивирано од изворникот на March 29, 2015. Посетено на July 29, 2014.
- ↑ Michael Azerrad (August 1995). Purple Love and Understanding. Spin Magazine. Архивирано од изворникот на January 6, 2016. Посетено на July 29, 2014.
- ↑ Scott Weiland. Billboard Magazine. February 7, 1998. стр. 20. Архивирано од изворникот January 6, 2016. Посетено на July 29, 2014.
- ↑ Stone Temple Pilots Review. Billboard. April 15, 2000. стр. 25. Архивирано од изворникот January 6, 2016. Посетено на December 15, 2015.
- ↑ Step in the Arena. CMJ New Music Monthly. January 2000. Архивирано од изворникот January 6, 2016. Посетено на December 15, 2015.
- ↑ Lewitinn, Sarah (May 11, 2010). The Pocket DJ. Simon and Schuster. стр. 242. ISBN 978-1-4169-4787-5. Архивирано од изворникот January 6, 2016. Посетено на December 15, 2015.
- ↑ „Biography: Scott Weiland“. Biography. Архивирано од изворникот на July 29, 2014. Посетено на July 29, 2014.
- ↑ Freedom du Lac, J (August 2007). „Velvet Revolver, A Legal Substance“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на September 13, 2012.
- ↑ 15,0 15,1 Hendrickson, Matt (April 2010). „Scott Weiland Sobers Up ... Again“. Details. Архивирано од изворникот на August 14, 2012. Посетено на May 16, 2012.
- ↑ 16,0 16,1 Slash; Bozza, Anthony (2007). Slash. HarperCollins. стр. 432. ISBN 978-0 00-725775-1.
- ↑ Slash; Bozza, Anthony (2007). Slash. HarperCollins. стр. 433. ISBN 978-0-00-725775-1.
- ↑ Freedom du Lac, J (August 2007). „Velvet Revolver, A Legal Substance“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на September 13, 2012.
- ↑ „Scott Weiland Fires Back at Matt Sorum: 'Ego And Jealousy Can Get The Better Of Anyone'“. Roadrunnerrecords.com. Архивирано од изворникот на April 13, 2011. Посетено на October 15, 2010.
- ↑ „Slash discusses Velvet Revolver's future“. Classicrockmagazine.com. Архивирано од изворникот April 5, 2008. Посетено на October 15, 2010.
- ↑ Gorman, Steve (April 1, 2008). „Velvet Revolver splits with rocker Scott Weiland“. Reuters.com. Архивирано од изворникот January 10, 2009. Посетено на October 15, 2010.
- ↑ „Talking Metal Digital " Talking Metal 529 Featuring Mike Orlando, Bumblefoot, Dan Bryant and Dez Fafara“. Talkingmetal.com. June 4, 2015. Архивирано од изворникот на August 19, 2017. Посетено на 2016-03-13.
- ↑ Bowar, Chad (January 21, 2015). „New Supergroup Art of Anarchy Features Scott Weiland + Members of Disturbed and Guns N' Roses“. loudwire.com. Архивирано од изворникот на January 22, 2015. Посетено на January 21, 2015.
- ↑ „Debut Album June 8th!“. ArtofAnarchy.com. March 19, 2015. Архивирано од изворникот на March 21, 2015. Посетено на March 21, 2015.
- ↑ „Music“. March 21, 2015. Архивирано од изворникот на March 21, 2015. Посетено на 2016-03-13.
- ↑ Joiner, James (February 5, 2015). „Scott Weiland on Rock, a New Band, and Getting Burned by Fashion“. The Daily Beast. Архивирано од изворникот на February 9, 2015. Посетено на February 10, 2015.
- ↑ Scott Weiland - 12 Bar Blues Album Reviews, Songs & More | AllMusic (англиски), Посетено на 2022-11-29
- ↑ Buchanan, Brett (June 9, 2014). „Scott Weiland Reveals Title Of New Solo Album, Says He Fired Doug Grean – Billy Corgan's“. Alternativenation.net. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на April 1, 2015.
- ↑ „iTunes – Music – Blaster by Scott Weiland“. Itunes.apple.com. March 27, 2015. Архивирано од изворникот на April 24, 2015. Посетено на April 1, 2015.
- ↑ „Scott Weiland's Guitarist Jeremy Brown Dead at 34“. Rolling Stone. March 31, 2015. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на December 21, 2015.
- ↑ „Scott Weiland and the Wildabouts Reveal New Guitarist“. Loudwire. April 23, 2015. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на December 21, 2015.
- ↑ Messer, Lesley (December 4, 2015). „Rock Star Scott Weiland Is Dead at 48“. ABC News. Архивирано од изворникот на December 4, 2015. Посетено на 2015-12-04.
- ↑ „Scott Weiland Died of Cardiac Arrest: Report“. Us Weekly. December 4, 2015. Архивирано од изворникот на December 4, 2015. Посетено на December 5, 2015.
- ↑ Wiederhorn, Jon (December 3, 2022). „Seven Years Ago: Scott Weiland Dies from Drug Overdose“. Loudwire. Посетено на June 3, 2023.
- ↑ „Police: Cocaine Found On Scott Weiland's Tour Bus, Arrest Made“. CBS Minnesota. December 4, 2015. Архивирано од изворникот на December 7, 2015. Посетено на 4 December 2015.
- ↑ „The Latest: STP bandmates react to Weiland's death“. The Big Story. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на December 5, 2015.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Buchanan, Brett (January 1, 2016). „Scott Weiland Is Not Buried At Hollywood Forever Cemetery“. Alternativenation.net. Посетено на July 20, 2021.
- ↑ „Scott Weiland laid to rest in Hollywood“. Toronto Sun. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на 11 December 2015.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Скот Вајленд на Discogs (англиски)
- Скот Вајленд на Семрежната филмска база на податоци (англиски)