Алисон Лури
Алисон Стјуарт Лури (анг: Alison Lurie; 3 септември 1926 година – 3 декември 2020 г.) ― американскa писателка и академик. За нејзиниот роман „Странски афери“ од 1984 година ја добила Пулицеровата награда за белетристика. Иако е позната како романописец, таа исто така напишала и многу книги кои не се фикција, најчесто поврзани со детската литература и семиотиката на облекувањето.
Алисон Лури | |
---|---|
Податотека:Alison Lurie.png Алисон Лури во 1987 | |
Роден/а | Алисон Стјуарт Лури септември 3, 1926 Чикаго, САД |
Починат/а | декември 3, 2020 Итака, Њујорк, САД | (возр. 94)
Занимање |
|
Образование | Колеџ Ретклиф (BA) |
Период | 1962–2020 |
Значајни награди | Пулицеровата награда за белетристика (1985) |
Сопруг/а | Џонатан Пил Бишоп (в. 1948; раз. 1985) Едвард Хауер |
Деца | 3 |
Живот и дело
уредиАлисон Стјуарт Лури е родена на 3 септември 1926 година во Чикаго,[1] а детството го поминала во Вајт Плејнс, Њујорк. Нејзиниот татко Хари Лоренс Лури бил социолог, а нејзината мајка Бернис Лури ( роденото Стјуарт) била новинарка и книжевен критичар.[2] Нејзиниот татко по потекло бил од Латвија, а мајка ѝ била родена во Шкотска.[3] Татко ѝ бил прв извршен директор на Националниот совет на еврејските федерации и фондови за благосостојба.[4] Поради компликации при раѓањето, родена била глува на едното уво и со оштетување на мускулите на лицето.[5] Во 1947 година, дипломирала историја и литература на Редклиф колеџот.[2]
За време на студирањето Алисон Лури го запознала книжевниот критичар Џонатан Пил Бишоп,[6] и се венчале во 1948 година.[2] Бишоп подоцна предавал на Амхерст и на Универзитетот Корнел. Заедно имаат три сина и се развеле во 1984 година. Потоа се омажила за писателот Едвард Хауер. Дел од времето го поминувала во Лондон, дел во Итака и дел во Ки Вест на Флорида.[2]
Во 1970 година, Лури започнала да предава на одделот за англиски јазик во Корнел, каде работела до 1979 година. Таа предавала литература за деца и пишување. Во 1981 година, го објавила научниот труд Јазикот на облеката, книга за семиотиката на облекувањето. Нејзините ставови во Јазикот на облеката во книжевноста се сметаат дека се на рамниште на Модниот систем на Ролан Барт (1985).[7]
Лури починала од природна смрт, на 3 декември 2020 година, на 94-годишна возраст.[2][8][9]
Библиографија
уредиРомани
уреди- Love and Friendship (1962)[10]
- The Nowhere City (1966)[11]
- Imaginary Friends (1967)[10]
- Real People (1969)[10]
- The War Between the Tates (1974)[10]
- Only Children (1979)[10]
- Foreign Affairs (1984)[10]
- The Truth About Lorin Jones (1988)[10]
- Women and Ghosts (1994)[10]
- The Last Resort (1998)[10]
- Truth and Consequences (2005)[12]
Детски колекции
уреди- The Oxford Book of Modern Fairy Tales (1975)[13]
- Clever Gretchen and Other Forgotten Folktales (1980)[14]
- Fabulous Beasts[13]
- The Heavenly Zoo[13]
- The Black Geese[13]
- The Cat Agent (2023)[15]
Научни трудови
уредиНагради и почести
уреди- 1963–1964: Соработник на Фондацијата Јадо [5]
- 1965: Соработник на фондацијата Гугенхајм [19]
- 1966: Соработник на Фондацијата Јадо [5]
- 1967: Соработник на фондацијата Рокфелер [20]
- 1978: Книжевна награда од Американската академија за уметности и литература [20]
- 1985: Пулицерова награда за белетристика [5]
- 1989: Prix Femina Étranger [21]
- 1989: Избрана за член на Американската академија за уметности и литература [22]
- 2005: Избрана за член на Американската академија за уметности и науки [23]
- 2006: Почесна диплома од Оксфордскиот универзитет [24]
- 2007: Почесна диплома од Универзитетот во Нотингем [25]
- 2012–2014: Автор на државата Њујорк [26]
Наводи
уреди- ↑ Rollyson 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Fox, Margalit (December 3, 2020). „Alison Lurie, Tart-Voiced Novelist of Manners, Dies at 94“. The New York Times. Архивирано од изворникот на December 4, 2020. Посетено на December 3, 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „:0“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Alison Lurie, novelist who dissected human relationships in a time of social change – obituary“. The Telegraph (англиски). 2020-12-04. ISSN 0307-1235. Посетено на 2020-12-07.
- ↑ Ivry, Benjamin (2020-12-05). „How Alison Lurie inherited her Jewish sense of social consciousness“. The Forward (англиски). Посетено на 2020-12-07.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Connelly, Phoebe (December 3, 2020). „Alison Lurie, Pulitzer-winning novelist of mordant wit and boundless empathy, dies at 94“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на December 4, 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „WashingtonPost“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Wroe, Nicholas (October 25, 2003). „Young at heart“. The Guardian (англиски). Архивирано од изворникот на August 26, 2019. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Edwards 2010.
- ↑ Italie, Hillel (December 3, 2020). „Alison Lurie, Pulitzer Prize-winning novelist of 'Foreign Affairs,' dead at 94“. USA Today (англиски). Архивирано од изворникот на December 4, 2020. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Italie, Hillel (December 3, 2020). „Alison Lurie, prize winning novelist, dead at 94“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Архивирано од изворникот на December 8, 2020. Посетено на 2020-12-07.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 10,6 10,7 10,8 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:02
. - ↑ Levin, Martin (January 16, 1966). „Reader's Report“. The New York Times. Архивирано од изворникот December 4, 2020. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Truax, Alice (2005-10-30). „'Truth and Consequences': Suffering Fools“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2021-01-21.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 „Alison's Children's Collections“. Alisonlurie.com. Архивирано од изворникот July 20, 2019. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:03
. - ↑ „The Cat Agent“. Cayuga Lake Books (англиски). 2022-11-18. Посетено на 2023-01-23.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:04
. - ↑ „The Language of Houses: How Buildings Speak to Us“. Publishers Weekly. June 16, 2014. Архивирано од изворникот September 25, 2020. Посетено на December 4, 2020.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIthaca2
. - ↑ „Alison Lurie“. John Simon Guggenheim Memorial Foundation. Архивирано од изворникот на December 4, 2020.
- ↑ 20,0 20,1 Lucas, Tyler (May 18, 2019). „Alison Lurie's newest book finds a new means“. Ithaca Times. Архивирано од изворникот на December 4, 2020.
- ↑ Chandler, Mark (December 4, 2020). „A Pulitzer winner Alison Lurie dies, aged 94“. The Bookseller. Архивирано од изворникот на December 4, 2020.
- ↑ „Academy Members“. American Academy of Arts and Letters. Архивирано од изворникот на October 8, 2020.
- ↑ „Alison Lurie“. American Academy of Arts and Sciences. 2020. Архивирано од изворникот на December 5, 2020.
- ↑ MacLeod, Donald (June 21, 2006). „Michael Douglas leads cast of honorary graduates“. The Guardian. Архивирано од изворникот на December 4, 2020.
- ↑ „Honorary Graduates of the University of Nottingham“ (PDF). University of Nottingham. October 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на December 4, 2020.
- ↑ Dawson, Jonathan (August 29, 2012). „Retired Cornell English Professor Named New York State Author“. The Cornell Daily Sun (англиски). Архивирано од изворникот на October 26, 2020. Посетено на December 4, 2020.
Користена литература
уреди- Aldridge, John W. (1983). The American Novel and the Way We Live Now (англиски). New York: Oxford University Press. ISBN 9780195031980. OCLC 1028027804.
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Rollyson, Carl E., уред. (2012). Novelists with Gay and Lesbian Themes (англиски). Ipswich, Massachusetts: Salem Press. ISBN 9781429836777. OCLC 1150977330.