Stone Temple Pilots — американска рок-група од Сан Диего, која првично се состоела од Скот Вејланд (главен вокал), браќата Дин ДеЛео (гитара) и Роберт ДеЛео (бас, вокал) и Ерик Крец (тапани). Поставата на групата останала непроменета од нејзиното формирање во 1989 година до отпуштањето на Вејланд во февруари 2013 година[1]. Вокалистот на Linkin Park, Честер Бенингтон, се приклучил на групата во мај 2013 година, но ја напуштил во ноември 2015 година за да се фокусира исклучиво на Linkin Park[2][3]. На 3 декември 2015 година, Вејланд бил пронајден мртов во текот на неговата турнеја пред настапот со неговиот бенд The ​​Wildabouts, а Бенингтон починал на 20 јули 2017 година. Во 2016 година, групата започнала онлајн аудиција за нов главен вокалист и го најавила Џеф Гут за нов водечки пејач на групата на 14.11.2017 година[4][5].

Stone Temple Pilots
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • STP
  • Stone Temple Pilots with Chester Bennington
  • Mighty Joe Young
  • Swing
  • STP with CB
ПотеклоСан Диего, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1989–2002
  • 2008–денес
ИздавачиАтлантик Рекордс
Соработници
Мреж. местоstonetemplepilots.com
Членови
Поранешни членови

Откако се формирала во 1989 година под името Mighty Joe Young, бендот потпишал со Атлантик Рекордс и го променил своето име во Stone Temple Pilots. Деби албумот на групата, Core, објавен во 1992 година, доживеал голем комерцијален успех и групата станала една од најпознатите комерцијално успешни бендови од 1990-тите, продавајќи повеќе од 18 милиони албуми во САД и 40 милиони низ целиот свет[6][7][8]. Бендот објавил уште четири студиски албуми: Purple (1994), Tiny Music... Songs from the Vatican Gift Shop (1996), No. 4 (1999), and Shangri-La Dee Da (2001), пред да се разделат во 2002 година, по што членовите на групата учествувале во разни проекти (особено Velvet Revolver и Army of Anyone). Бендот на крајот се реконструирал во 2008 година за турнеја, го издал својот само-насловен шести албум во 2010 година и бил активен до заминувањето на Честер Бенингтон. Единствениот материјал на групата со Бенингтон бил EP High Rise во 2013 година[9]. Групата објавила два албума со Гут како вокалис[10] т.

Додека првично се кренале на славата како дел од движењето на гранџот во раните 90-ти, понатамошните изданија од групата изразиле различни влијанија, вклучувајќи психоделичен рок и класичен рок. Еволуцијата на групата во текот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите вклучувала периоди на комерцијални достигнувања и падови, предизвикани делумно од добро објавените борби на Вајланд со зависноста од дрога.

Наводи

уреди
  1. Hogan, Marc (February 27, 2013). „Stone Temple Pilots Fire Frontman Scott Weiland“. SPIN. Посетено на March 3, 2013.
  2. Sharp, Tyler (November 9, 2015). „Linkin Park's Chester Bennington leaves Stone Temple Pilots“. Alternative Press. Посетено на November 17, 2015.
  3. Newman, Jason (November 9, 2015). „Chester Bennington Leaves Stone Temple Pilots to Focus on Linkin Park“. RollingStone. Архивирано од изворникот на 2016-06-16. Посетено на November 9, 2015.
  4. „Linkin Park Singer Chester Bennington Dead, Commits Suicide by Hanging“. TMZ. July 20, 2017. Посетено на July 20, 2017.
  5. Kory Grow (February 5, 2016). „Stone Temple Pilots Launch Open Audition for New Singer“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2017-10-01. Посетено на 2020-04-03.
  6. „Scott Weiland's Chart History, From Stone Temple Pilots to Velvet Revolver to the Wildabouts“. Billboard.
  7. „Rebuilding the Temple: Inside Stone Temple Pilots' 2008 Comeback“. Ew.com.
  8. Thomas, Stephen. „Stone Temple Pilots – Music Biography, Credits and Discography“. AllMusic. Посетено на March 3, 2013.
  9. „Stone Temple Pilots and Linkin Park's Chester Bennington reveal 'High Rise' EP tracklisting“. Nme.com.
  10. Greene, Andy (December 2, 2019). „Stone Temple Pilots Return With Acoustic Album, Unplugged Tour“. Rolling Stone.

Надворешни врски

уреди