Ендрју Стентон (англиски: Andrew Stanton) е американски режисер, сценарист и актер роден на 3 декември 1965 во Рокпорт, Масачусетс. Тој стана познат низ светот по неговите придонеси за компанијата Пиксар, и по неговите славни анимирани филмови Барајќи го Немо (2004) и Воли (2008). Тој се приклучи на тимот на Пиксар во 1990, и беше вториот аниматор (по Џон Лестер) вработен во тимот на Пиксар. Стентон дипломираше во 1987 година, на Калифорнискиот Иститут за Уметности (CalArts).

Ендрју Стентон
Andrew Stanton cropped.jpg
Ендрју Стентон, 2009
Роден(а)Ендрjу Стентон
Активен1995 - денес
СопружникЏули Стентон

Заедно со Џо Ранфт, Џон Лестер и Петер Доктер, Стентон помогна во развивањето на приказната за првиот долгометражен филм развиен од Пиксар - Приказна за играчките. Подоцна тој беше ко-режисер на вториот анимиран филм на Пиксар - Животот на инсектите, и сценарист на филмовите Приказна за играчките 2 и Чудовишта. Подоцна го режираше најуспешниот анимиран филм на Пиксар, и вториот најуспешен анимиран филм во светот (по Шрек 2) Барајќи го Немо. За овој филм, тој доби Оскар за Најдобар анимиран филм и многу други значајни награди. Во 2008 тој го издаде филмот Воли, кој наиде на многу позитивни критики од критичарите.