Саво Костовски (с. Леуново, Гостиварско, 1 март 1925 - Скопје, 3 декември 1993) — македонски комунист, учесник во НОВ. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]

Животопис

уреди

Завршил гимназија во Тетово, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење во 1937 година. Бил член на СКОЈ од 1941 година, член на КПЈ од 1942 година, секретар на Организација на КПМ во с. Леуново (1943), борец на Кичевско-мавровскиот партизански одред (мај 1943), политички комесар на Мавровската НОП чета, секретар на СКОЈ во втората чета на Македонско-косовската НОУБ (ноември 1943) и политички комесар на баталјон (1944).

По Ослободувањето бил во воена служба до 1956 година. Бил секретар на Општински комитет на СКМ во Гостивар.

Наводи

уреди
  1. '„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 745 стр.