Џулиен Мур (англиски: Julianne Moore) (родена во 1960) е американска филмска глумица.

Џулиен Мур
Роден(а)Џули Ен Смит
3 декември 1960(1960-12-03)(64 г.)
Форт Браг, Северна Каролина, САД
ЖивеалиштеЊујорк, САД
НационалностАмериканка
Државјанство
  • САД Американско
  • Обединето Кралство Британско
Алма матерБостонски универзитет
ЗанимањеГлумица
Писател за деца
Активен период1983–сè уште
Сопружник
Деца2
РодниниПитер Мур Смит (брат)
Џ. Мур на премиерата на филмот „Savage Grace“, 2008 г.

Животопис

уреди

Џулиен Мур има шкотско потекло од кое ја наследила црвената коса, која подоцна станала нејзин заштитен знак. Таткото на Мур бил воено лице, така што нејзиното семејство морало често да се сели од еден во друг град. Поради честите преселби од едно во друго училиште, во тоа време, Мур читала многу книги. Кога била средношколка, Мур ја видела Мерил Стрип на насловната страница на списанието „Тајм“ и тогш добила цврста желба да стане филмска глумица, а Стрип била нејзиниот идол.

 
Џ. Мур на 66. филмски фестивал во Венеција, 2009 г.

Од 1996 година, таа е во брак со режисерот Барт Фрејндлих со кого има две деца: синот Кејлеб (роден во 1998 година) и ќерката Лив (родена во 2002 година).[1]

Филмска кариера

уреди
 
Џ. Мур на филмскиот фестивал во Торонто, 2008 г.

За своите улоги, Џулиен Мур била четирипати номинирана за наградата „Оскар“. Во декември 2014 година, на два месеца пред 87. доделување на наградите „Оскар“, во обложувалниците ширум светот, Мур важела како најголема кандидатка за „Оскар“ во категоријата „најдобра женска улога“ (со коефициент од само 1,17), за настапот во филмот „Сè уште Алис“, во кој игра професорка по лингвистика која е болна од Алцхајмерова болест.[2] И навистина, прогнозите се оствариле, зашто таа ја добила наградата за најдобра жеснка улога.[3]

Наводи

уреди
  1. Наташа Спирова, „Уживам да снимам филмови, но не и да ги гледам“, Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 10.
  2. „Џулиен Мур и Мајкл Китон се фаворити за Оскар“, Дневник, број 5652, година XVIII, петок, 26 декември 2014, стр. 25.
  3. „Триумф за „Човекот-птица“ со четири оскари“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 14.

Надворешни врски

уреди