Мишел Којо Есиенфудбалер од Гана кој игра за Челзи и за репрезентацијата на Гана. Тој е играч од средниот ред а може да игра и како дефанзивец. Есиен неговата кариера ја започна играјќи за Либерти од Гана. Во 2000 тој се пресели во клубот Бастиа од Франција. Есиен потроши три сезони во клубот појавувајќи се на 60 натпревари пред да се приклучи во Олимпик Лион во 2003. Во 2005, Есиен потпиша со Челзи за £24,4 милиони и, во моментот на потпишувањето беше најскапиот Африкански фудбалер во историјата. Во Челзи, Есиен помогна на клубот за освојување на премиер лигата во 2006 и 2010, три ФА Купови и еден Лига куп.Во 2008, тој се појави во финалето на лигата на шампионите. Тој ја освои наградата Челзи гол на сезоната двапати, во сезоните 2006-2007 и 2008-2009. Есиен е гански интернационалец.На младинско ниво, тој ја претставуваше неговата земја на Светското првенство под 17 години во 1999 и 2001 на Младинското светско првенство.

Мишел Есиен
Лични податоци
Полно име Мишел Којо Есиен
Роден на 3 декември 1982(1982-12-03)(41 г.)
Роден во Акра, Гана
Висина 1.77м
Позиција дефанзивец од средниот ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Челзи
Број 5
Младинска кариера
1999–2000 Либерти
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2003 Бастиа 65 (11)
2003–2005 Олимпик Лион 71 (8)
2005– Челзи 163 (17)
Репрезентација
2002– Гана 52 (9)
* Ажурирано на: 17:23, 16 May 2012 (UTC)
** Ажурирано на: 29 February 2012