Благоја Стефановски

Политичар од Македонија

Благој Стефановски Баге (роден во Битола на 7 март 1953, починал на 3 декември 2020[2]) — македонски политичар.

Благоја Стефановски
Министер за култура
На должноста
1 ноември 2002 – 28 август 2006
Претседател Бранко Црвенковски
Радмила Шекеринска (в.д.)
Хари Костов
Радмила Шекеринска (в.д.)
Владо Бучковски
Претходник Ганка Самоиловска Цветанова
Наследник Илирјан Бекири
Лични податоци
Роден(а) 7 март 1953[1]
Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Починал(а) 3 декември 2020(2020-12-03) (возр. 67)
Битола, Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Вероисповед Православен христијанин

Животопис

уреди

Дипломирал на отсекот за драмски глумци на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Добро знае руски јазик, а се служи и со англиски. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.

Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.

Награди

уреди

Во 2019 година доделена му е наградата „4 Ноември“ за животно дело.[3]

Наводи

уреди
  1. „Собрание на Република Македонија“. Посетено на 19 декември 2010.
  2. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Почина Благој Стефановски-Баге“. fakulteti.mk. Посетено на 2020-12-03.
  3. „Наградата за животно дело на Битола, годинава, за Благој Стефановски-Баге“. Bitola news. Посетено на 31 октомври 2019.