Ошо
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ошо ( 11 декември, 1931 – 19 јануари, 1990), роден како Шандра Мохан Џаин и исто така познат како Ахариа Раџниш од 1960тите наваму, како Багван Шри Раџниш за време на 1970тите и 1980тите и како Ошо од 1989, е индиски мистик, гуру и духовен учител кој се здоби со следбеници од цел свет. Бил професор по филозофија, кој патувал низ Индија во 1960-тите како јавен говорник. Махатма Ганди и институционализираните религии ги нарекуваат контроверзни неговите отворени критики кон социјализмот. Тој исто така имал полиберални ставови за сексуалноста, поради кои го добива прекарот „секс гуру“ во Индискиот, а подоцна и во меѓународниот печат. Во 1970, Ошо се населил во Бомбај на некое време. Тој почнал да иницира следбеници (познати како нео-саниаси) и ја презема улогата на духовен учител. Во неговите говори толкува текстови на религиски традиции, мистици и филозофи од целиот свет. Со преселувањето во Пуна во 1974, тој основа ашрам што привлекол огромен број на луѓе од Запад. Ашрамот, за посетителите од Запад, нудел терапии кои произлегувале од Движењето за човечки потенцијал и се прославил во Индија и преку нејзините граници, главно поради слободоумноста и провокативните предавања на Ошо. До крајот на 1970-тите тензиите со Индиската влада и околните општествени групи пораснале. Во 1981, Ошо се преселил во САД и неговите следбеници основале комуна, подоцна позната како Раџнишпурам, во Орегон. За една година водството на комуната влегува во конфликт со месните жители, примарно заради употреба на земјиште, кое е обележано со непријателство од двете страни. Огромната колекција на Ролс-Ројс автомобили нарачувани од неговите следбеници за тој да ги употребува, исто така е причина за озлогласеност. Комуната во Орегон пропаѓа во 1985 кога Ошо открива дека нејзиното водство има извршено бројни сериозни криминални дела, вклучувајќи и напад со биолошко оружје (труење со храна) на жителите на Делс. Тој е уапсен кратко потоа и обвинет за имиграциони прекршоци. Ошо е депортиран од Соединетите Американски Држави врз основа на спогодба со тужениот (plea bargain). Забранет му е влез во 21 земја, што предизвикува тој да го пропатува светот за да се врати во Пуна, каде што умира во 1990. Неговиот ашрам денес е познат како Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо. Неговите синкретички техники ја нагласуваат важноста на медитацијата, свесноста, љубовта, славата, храброста, креативноста и хуморот – квалитети кои тој ги гледа како потиснати заради придржување скон статичните системи на верувања, религиски традиции и социјализација. Техниките на Ошо имаат значително влијание врз мислителите на новото време и нивната популарност порасна забележително по неговата смрт.
Ошо | |
---|---|
Роден(а) | Шандра Мохан Џаин 12 ноември 1931 Село Кушвада, Барели Техзил, област Раизен Кнежевство Бопал, Британска Индија (денес Мадја Прадеж, Индија) |
Починал(а) | 19 јануари 1990 Пуна, Махараштра, Индија | (возр. 58)
Националност | Индиска |
Образование | Универзитет Д-р Хари Синг Гур |
Познат(а) по | Спиритуалност |
Значајни дела | Повеќе од 600 книги, неколку илјади аудио и видео расправи |
Правец | Џиван Џагрути Андолан; Нео-санијанси |
Детство и адолесценција: 1931 – 1950
уредиОшо е роден во Чандра Мохан Џеин, најстар од единаесетте деца на трговец на ткаенини, во куќата на родителите на мајка му во Кушвада, мало село во областа Раизен во државата Мадја Прадеж во Индија. Неговите родеители Бабулал и Сарасвати Џеин, кои биле џаинисти (Terapanthi Jains), му дозволиле да живее со родителите на мајка му додека да наполни седум години. Според Ошо ова имало главно влијание на неговиот развој бидејќи неговата баба му дала најголема слобода, оставајќи го безгрижен без наметнато образование или ограничувања. Кога бил седум години, неговата баба умрела и тој заминува за Гадарвара да живее со неговите родители. Ошо бил длабоко погоден од смртта на баба му и повторно од смртта на девојката од детството и братучед му Шаши кои починале од тифус кога бил 15 години, што го води до преокупирање со смртта што траело низ поголемиот дел од детството и младоста. Во училишните денови бил бунтовен, но талентиран ученик, и се стекнал со репутација на сериозен говорник. Ошо станува атеист, се заинтересирал за хипноза и на кратко се поврзува со социјализмот и две индиски националистички организации: Индиската национална армија и Национална волонтерска организација. Сепак, неговото членство во организациите било краткорочно бидејќи тој не можел да подлежи на каква било надворешна дисциплина, идеологија или систем.
Универзитетски години и јавен говорник: 1951 – 1970
уредиВо 1951, на 19 години, Ошо ги започнува студиите на Колеџот Хиткарини во Јабалпур. По барањето да си замине по конфликти со професор, се префрла на D. N. Jain Колеџот, исто така во Јабалпур. Докажувајќи се како непокорливо аргументативен, не е потребно да присуствува на предавањата на D.N. Jain Колеџот, освен за испитувањата и го користел неговото слободно време неколку месеци да работи како уредник-асистент во локалниот весник. Со јавно говорење почнува на годишното Собирање на сите вери (Sarva Dharma Sammelan) одржано во Јабалпур, организирано од комуната на Таранпанти Џаинистите, во која тој е роден и каде учествува од 1951 до 1968. Тој се противи на притисокот на неговите родеители да се ожени. Ошо подоцна изјавува дека духовно се просветлил на 21 март, 1953, кога бил 21 година, во мистично искуство додека седел под едно дрво во градината Банвартал во Јабалпур. Откако дипломира филозофија на D.N. Jain колеџот во 1955, се запишува на универзитетот во Сагар, каде во 1957 станува магистер по филозофија. Веднаш си озбезбедува настава на Раипурскиот Санскритски колеџ, но вице-канцеларот набрзо бара замена бидејќи го смета за опасност за моралот, карактерот и религијата на неговите студенти. Од 1958, предава филозофија како доцент на Јабалпурскиот Универзитет, каде што е унапреден во професор во 1960. Станува популарен предавач и е признаен како исклучително интелигентен човек од страна на неговите соработници, кој бил во можност да ги надмине недостатоците на почетното образование во неговиот мал град. Паралелно со неговата работа на универзитетот, патува низ Индија како Ахариа Ражнеш (Acharia значи учител или професор, Rajneesh е прекар што го добил во детството), за да предава, при што ги критикува социјализмот и Ганди. Тој вели дека социјализмот само ќе ги здружи сиромашните, и го опишува Ганди како реакционарен мазохист што проповеда сиромаштија. Она што и е потребно на Индија за да го избегне назадувањето е капитализам, наука, модерна технологија и контрола на раѓање. Тој ги критикува ортодоксните Индиски религии и ги нарекува мртви, исполнети со празни ритуали, а нивните следбеници се угнетувани со страв од проклетство и ветување за благослов. Таквите искази го прават контроверзен, но се здобива и со верни следбеници меѓу кои бројни богати трговци и стопанственици. Тие барале поединечни консултации со него за нивниот духовен развој и секојдневниот живот во замена за донации-вообичаени спогодби во Индија-и ова брзо се проширило во практика. Од 1962 започнува да води три- до десетдневни кампови за медитација, и првиот центар за медитација (Џиван Јагрути Кендра) почнува да се појавува околу неговото учење, тогаш познато како Движење за будно живеење (Jivan Jagruti Andolan). После контроверзна серија на говори во 1966, дава отказ од наставата на барање на универзитетот. Со серијата предавања во 1968, подоцна објавена како Од секс до суперсвесност, ги ужаснува Хинду водачите со повикот за послободно прифаќање на сексот и во индискиот печат станува познат како „секс-гуру“. Кога во 1969 е повикан да говори на Втората светска Хинду конференција, и покрај сомневањата на некои Хинду водачи, тој ја користи ситуацијата повторно да предизвика контроверзии, тврдејќи дека „секоја религија што гледа на животот како безначаен и полн со мизерија, и учи на омраза кон животот, не е права религија. Религијата е уметност што покажува како да се ужива животот.“ Тој ги окарактеризира свештениците како мотивирани од сопствените интереси, што ги лути шанкарашариите (изворно: shankaracharya) од Пури, кои со сите сили се трудат да ги сопрат неговите предавања.
Бомбај: 1970 – 1974
уредиПри јавна медитација во пролетта 1970, Ошо го претставува методот на Динамична Медитација за првпат. Тој го напушта Јабалпур и заминува во Бомбај на крајот на јуни. На 26 септември, 1970, ја формира неговата прва група на ученици или нео-саниаси. Постанувањето ученик значело примање на ново име и носење на традиционалната портокалова облека на аскетските хинду свети луѓе, и mala-брадест ѓердан на кој има медал со слика од ученикот. Сепак, неговите санијаси биле поттикнати да водат повеќе славенички отколку аскетски живот. Тој не сакал да му се поклонуваат туку се претставува како каталитички агент, „сонцето го охрабрува цветот да се отвори“. До тогаш се стекнува со секретарка Лакшми Такарси Курува, која како прв негов ученик го прима името Ма Јога Лакшми. Лакшми е ќерка на еден од неговите рани следбеници, богат Џаин, главен поддржател на Националната конгресна партија за време на немирите за независност на Индија, кој имал блиски врски со Ганди, Нехру и Морарџи Десаи. Таа ја зголемува заработката што му овозможува на Ошо да запре со неговите патувања и да се смести на едно место. Во декември 1970, се преселува во Вудленд апартманите во Бомбај, каде што држи предавања и прима посетители, меѓу кои и неговите први посетители од Западот. Во овој период патува ретко и не говори повеќе на отворени јавни средби. Во 1971 го прима името Багван Шри Раџниш. Шри е учтива форма на обраќање, еквивалент на англиската „Sir“ – господин; Багван значи „благословен“, и се користи во Индиската традиција како израз за почит кон човечко суштество кај кое божеството не е повеќе скриено туку очигледно.
Ашрам Пуна: 1974 – 1981
уредиВлажната клима во Бомбај се покажала штетна за здравјето на Ошо: тој заболува од дијабетис, астма и бројни алергии. Во 1974, на 21-вата годишнина од неговото искуство во Јабалпур, се преселува на имот во Паркот Корегон во Пуна, добиен со помош на Ма Јога Мукта (Кетрин Веницелоз), Гркинка, наследничка на трговска морнарица. Ошо предава во аршамот Пуна од 1974 до 1981. Двете припоени куќи и 6-те ари површина постануваат јадро на ашрам, и имотот е сè уште срцето на денешното Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо. Тоа го овозможува редовното аудио снимање, подоцна и видео снимање, како и печатење на неговите говори за светски пласман, што е пак проследено со добивање на поголема публика. Бројот на посетители од Запад пораснува нагло. Ашрамот е наскоро опремен со уметничко-занаетчиски центри за производство на облека, накит, керамика и органска козметика, како и домашни театарски, музички и имитаторки настапи. Од 1975, по пристигнувањето на неколку терапевти од Движењето за човековиот потенцијал, ашрамот започнува да ги надополнува медитациите со сè поголем број на терапевтски групи, што постанува главен извор на приходи за ашрамот.
Ашрамот Пуна од сите аспекти бил возбудливо и живо место за престојување, со атмосфера полна емоции што наликува на лудница во која владее бучна веселба. Денот започнувал во 6:00 часот наутро со Динамична Медитација. Од 8:00 часот, Ошо предавал 60 до 90 минути во Салата „Буда“ во ашрамот, коментирајќи на религиозни текстови или одговарајќи прашања од посетители или ученици. До 1981, серијата предавања што се држеле на хинди, се држат на англиски јазик. Преку ден, се случувале неколку медитации и терапии, чиј интензитет се припишува на духовната енергија од просветленоста на Ошо. Во вечерните часови (изворно: darshans, анг.sights) Ошо разговарал со поединечни ученици или посетители и охрабрувал следбеници. Саниасите доаѓале на darshans кога заминувале или се враќале, или кога сакале да дискутираат за било што. За да одлучат на кои терапии да учествуваат, посетителите или го консултирале Ошо или правеле селекција во зависност од нивните склоности. Некои од првите терапевстски групи во ашрамот, како на пример групата Сретение, била експериментална, и истата вклучувала одреден степен на физичка агресија како и сексуални акти меќу учесниците. Во печатот почнале да се појавуваат збунувачки извештаи за повреди настанати во сесиите на групата Сретение. Ричард Прајс, во тоа време истакнат терапевт од Движењето за човечки потенцијал и соосновач на институтот Езалин, открива дека групите ги охрабрувале учесниците да „бидат насилни“ а не само да „глумат дека се насилни“ (норма на групата Сретение спроведена во САД), и ги критикува дека ги направиле „најголемите грешки како неискусни водачи на една Езалин група.“ Цената се утврдува врз основа на тоа да се напушти Пуна ашрамот со скршена рака при што следи период од осум часа во заклучена просторија со учесници наоружани со дрвено оружје. Бернард Гунтер, неговиот колега од Езалин, минал подобро во Пуна и пишува книга „Умирање за просветлување“, проследена со слики и лирски описи за медитациите и терапевтските групи. Насилството во групите конечно завршува во јануари, 1979, кога ашрамот соопшти за медиумите дека насилството „ја исполнило својата функција во рамките на неговиот севкупен контекст на еволуирање во духовна комуна.“ Саниасите кои „дипломирале“ по месеци медитација и терапија, можеле да аплицираат да работат во ашрамот, во околина што била свесно моделирана во однос на заедницата што во 1930тите во Франција ја предводел рускиот мистик Георгиј Ѓурџиев. Главните одлики копирани од Ѓурџиев биле тешка и неплатена работа на надгледници бирани по нивната абразивна личност, и двете создадени за да отворат можности за себе-набљудување и трансценденстност. Многу ученици останувале со години. Покрај контровериите околу терапиите, искази за употреба на дрога меѓу саниасите почнува да го руши угледот на ашрамот. Некои саниаси од Запад си го финансирале продолжениот престој во Индиа со проституција и работа со дрога. Некое време подоцна се дознава дека Ошо не е дирекно вмешан, но таквите планови и активности биле дискутирани во часовите на визии (изворно: darshan) кога тој му давал благослов за истите. До подоцните 1970-ти ашрамот Пуна станува претесен да ги собере сите и Ошо бара да се најде некаде поголем. Саниасите од цела Индија почнале да разгледуваат имоти: во оние што доаѓале предвид спаѓале еден во провинцијата Куч во Гујарт и уште два на север во Индиските планини. Плановите никогаш не биле остварени бидејќи тензиите меѓу ашрамот и владината партија Јаната на Морарџи Десаи водат до безизлезна состојба. Дозволата за употреба на земјиште била одбиена, и што е уште поважно, владата престанува со издавање на визи на странски посетители кои го означуваат ашрамот како нивно главно одредиште. Освен тоа, владата на Десаи го поништува статусот на ашрамот дека е ослободен од даноци ретроактивоно, што резултира во барање за надомест од 5 милиони долари. Конфликтите со бројни Индиски религиозни водачи ја влошуваат ситуацијата уште повеќе – до 1980 ашрамот станува толку контроверзен што Индира Ганди, освен претходното здружување меѓу Ошо и Индиската конгресна партија назад во шеесеттите, беше подготвена да посредува за тоа по нејзиното враќање на власт. Во мај, 1980, за време на еден од говорите на Ошо извршен е напад со цел да му се одземе животот од страна на Вилас Тјуп, млад хинду фундаменталист. Тјуп изјавува дека презема одговорност за нападот, бидејќи верувал дека Ошо е агент на ЦИА. До 1981, ашрамот на Ошо пречекувал повеќе од 30.000 посетители годишно. Дневната публика на говорите до тогаш била претежно Европска и Американска. Многу набљудувачи забележале дека стилот на предавање на Ошо се сменил во доцните седумдесетти, станувајќи помалку интелектуален и проследен со бројни етнички или валкани шеги со намера да ја шокира или забавува неговата публика. На 10 април, 1981, по 15 годишно секојдневно јавно говорење, Ошо влегува во три и пол годишен период од самонаметнато јавно молчење, и сатсанги (изворно: satsangs) тивко седење со музика и читање од духовни дела како Пророкот од Калил Гибран или Иша Упанишадите – што ги заменило говорите. Во исто време, Ма Ананд Шила (Шила Силверман) ја заменува Ма Јога Лакшми како секретарка на Ошо.
САД и комуната во Орегон: 1981 – 1985
уредиВо 1981, зголемените тензии околу ашрамот Пуна, заедно со критиките од активностите кои се одвиваат таму и заканите за казнување од страна на Индиските власти, се поттик за ашрамот да се пресели во САД. Според Сузан Џ. Палмер, преселбата во САД „се чини дека е одлука на Шила“. Гордон забележува дека Шила и Ошо разговарале за идејата да се основа нова комуна во САД во доцните 1980-ти, иако тој не се согласил да оди таму сè до мај, 1981. На 1 јуни, доаѓа во САД со туристичка виза, наводно поради здравствени причини, и минува неколку месеци во Ражнеш центарот за повлекување, сместен во замокот на кипот во Монтклер, Њу Џерси. Во пролетта, 1981 му бил дијагностициран спуштен диск, при што е третиран од неколку доктори, меѓу кои Џејмс Сириакс, мускулоскелетен лекар во болницата Свети Томас и стручњак во епидурално инјектирање, дојден од Лондон. Претходната секретарка на Ошо, Лакшми, му одговори на Франсис Фитцџералд дека „не успеала да најде имот во Индија кој е соодветен на потребите на Ошо, и затоа, кога дошло до неопходност од медицинска помош, одговорноста е префрлена на Шила.“ Според една јавна изјава на Шила, Ошо бил во смртна опасност ако останел во Индија, но ќе добиел соодветна медицинска помош во Америка ако побарал да се оперира. И покрај востановената сериозна состојба на Ошо, тој никогаш не побарал надворешен медицински третман за време на неговиот престој во САД, наведувајќи ја Службата за Имиграција и натурализација да мисли дека има неосновани намери да остане таму. Подоцна Ошо одговара кривично за имиграциска измама, што вклучува и лажни изјави во неговата првична апликација за виза. На 13 јуни, 1981, сопругот на Шила Швами Прем Шинмаја (Марк Харис Силвермен) за 5,75 милиони долари купува ранч од 64.229 акри (260 км2), претходно познат како Големиот каллив ранч и сместен преку две грофовии во Орегон (Васко и Џеферсон). Преименуван е во „Ранч Ражнеш“ и Ошо се преселува таму на 29 август. Првичните реакции на месните жители се движеле од непријателство кон толеранција, во зависност од растојанието до ранчот. Во текот на една година следи серија на правни битки, главно поради употреба на земјиште. Во мај, 1982 жителите на ранчот Ражнеш гласале да го инкорпорираат ранчот како град. Конфликтите со месните жители станале прилично жестоки и во текот на следните години, комуната била предмет на постојан координиран притисок од различни коалиции. Ставот на водачите на комуната бил бескомпромисен, конфронтирачки и нетрпелив: нивното однесување било индиректно заканувачко, и постојаните промени во одредените планови на комуната изгледале како свесна измама, без разлика дали биле такви или не. Еден период во комуната биле донесени голем број на бездомници од различни градови во САД како неуспешен обид да се влијае на исходот од избори, пред да бидат ослободени во околните градови и оставени на државата Орегон да ги врати во нивните родни градови на трошок на државата. Ошо се повлекува од јавното говорење и предавање за време на пресвртот, кога влегува во период на „тишина“ што трае до ноември 1984, а во меѓувреме во комуната на публиката и биле пуштани видеата од неговите говори. Времето главно го минувал во изолација и комуницирал само со неколку главни следбеници, меѓу кои Ма Ананд Шила и неговата девојка-чувар Ма Јога Вивек (Кристијан Вулф). Ошо живеел во приколка близу покриен базен и други удобности. Тој не предавал и само ги гледал повеќето жители кога, преку ден, бавно ќе поминел со автомобилот додека тие стоеле покрај патот. Во јавноста бил озлогласен за многуте Ролс-Ројсови купени за негови потреби, вкупно 93 возила. Ова го направило најголемиот поединечен сопственик на овие автомобили во светот. Неговите следбеници целеле кон тоа да ја прошират неговата колекција до 365 автомобили-за секој ден од годината по еден.
Во 1981, Ошо и предава на Шила ограничена моќ на правен застапник, но ги тргнува ограничувањата следната година. Во 1983 Шила објавува дека отсега тој ќе зборува само со неа. Тој подоцна изјавува дека не го известувала за ништо. Многу саниаси изразиле сомнежи за тоа дали Шила го претставува Ошо соодветно и многу дисиденти ја напуштиле комуната во знак на протест кон автократското раководство. Жителите на комуната кои биле без Американско државјанство се соочиле со потешкотии за виза, и истите некои пробале да ги надминат со договорни бракови. Администраторите на комуната се обиделе да го решат овој проблем на Ошо со тоа што би го пријавиле како глава на религија Ражнешизам. Во ноември 1981 Ошо пријавува престој како религиозен работник, што е одбиено врз основа на тоа дека тој не може да предводи религија додека е болен и „во тишина“. Оваа одлука подоцна е отфрлена поради процедурални прекршоци и дозволено му е да биде назначен за религиозен водач три години подоцна во 1984. Годините поминати во Орегон придонесоа да се прираде значење на предвидувањето на Ошо дека светот може да биде уништен од јадрена војна или други катастрофи некаде во 1990-тите. Ошо уште во 1964 кажува дека „третата и последна војна е на пат“ и често говори за потребата да се создаде „ново човештво“ за да се одбегне глобално самоубиство. Ова станува основа за нова ексклузивност, и една статија во билтенот на фондацијата Ражнеш, најавувајќи дека „Ражнешизмот е формирање на Ноева арка на свесност...Ви велам дека освен овој не постои друг начин“, го зголеми чувството на итност за да се изгради комуната во Орегон. Во март 1984, Шила објавува дека Ошо предвидел смрт на две третини од човештвото од СИДА. Санијасите биле задолжени да носат гумени ракавици и перзервативи ако имаат секс, и да се воздржуваат од бакнување, мерки кои се на широко претставувани од медиумите како екстремно претерана реакција откако перзервативите не се препорачуваат за превенција од СИДА во тој стадиум. За време на неговиот престој во Ражнешпурам, Ошо исто така, наложувал три книги додека бил под дејство на азотен оксид кој му бил даден од страна на неговиот приватен стоматолог: Одблесоци на златно детство, Белешки на лудиот и Книги што ги сакав. Шила подоцна изјавува дека Ошо земал шеесет милиграми валиум секој ден и дека е зависен од азотен оксид. Ошо ги одбива овие обвинувања кога е прашан од страна на новинарите.
1984 - Напад со биолошко оружје
уредиОшо ја подучува Шила да ги користи медиумите во нејзина полза и за време на неговиот период на молчење пред јавноста тој приватно се изјаснува дека кога Шила говорела, тоа го правела во негово име. Тој исто така ја поддржува кога настануваат расправи околу нејзиното однесување меѓу раководството на комуната, но пролетта, 1984, кога тензијата во внатрешниот круг го достигнува врвот, свикан е приватен состанок со Шила и неговиот приватен куќен персонал. Според сведочењето на Швами Диваџит (Чарлс Харви Њумен) таа била прекорена пред сите со тоа што Ошо изјавил дека неговата куќа, а не нејзината, е центар на комуната. Тој исто така предупредил дека секој кој е близок со него неизбежно е да стане мета за Шила. Неколку месеци подоцна, на 30 октомври, 1984, тој го прекинува периодот на молчење пред јавноста, најавувајќи дека е време да „говори за неговите лични вистини“, и во јули 1985 продолжува со секојдневните јавни говори спротивно од желбите на Шила, според изјавите кои ги дава за медиумите. На 16 септември, 1985, неколку дена откако Шила и целиот нејзин менаџерски тим ненадејно ја напуштаат комуната и заминуваат во Европа, Ошо одржува прес конференција во која ја етикетира Шила и нејзините приврзаници како „банда фашисти“. Тој ги обвинува за извршување на бројни сериозни злосторства, од кои повеќето во 1984, и ги поканува властите да извршат истрага. Наводните злосторства, за кои тој изјавува дека се извршени без негово знаење или увид, вклучуваат обид за убиство на неговиот личен лекар, труење на јавните службеници, прислушкување на комуната и неговиот дом и напад со биолошко оружје врз жителите на Далас, Орегон, користејќи салмонела за да се влијае на исходот од изборите. Додека неговите искази се дочекани со скептицизам од надворешните набљудувачи, подоцнежните истраги од страна на властите на САД ги потврдуваат овие обвинувања и резултираат во прогласување на Шила и неколку нејзини заменици за виновни. На 30 септември 1985, Ошо одбива дека е религиски учител. Неговите ученици запалиле 5000 копии од Книга за Ражнешизмот, собран материјал за неговото учење каде е дефиниран Ражнешизмот на 78 страници како религиозна религија. Тој вели дека го наредил запалувањето на книгата за да ја ослободи организацијата од последните траги од влијанието на Шила, чии облеки биле исто така „додадени на кладата“. Нападот со салмонела е забележан како прв потврден случај на хемиско или биолошко насилство што се случило во САД. Ошо изјавува дека бидејќи бил во молк и изолација, состанувајќи се само со Шила, немал увид во злосторствата извршувани од страна на управата на Ражнешпурм, сè додека Шила и нејзината „банда“ не им дозволиле на санијасите да дојдат до него да го информираат. Бројни коментари се однесувале на тоа дека Шила била искористувана како погодно жртвено јагне. Други укажувале на фактот дека иако Шила ги прислушкувала одаите каде што престојувал Ошо и нејзините касети биле достапни за владата на САД како дел од нејзиниот договор според кој таа признава вина на помал прекршок, не бил пронајден доказ дека Ошо има дел во нејзините злосторства. Сепак, Гордон (1987) изјавува дека Чарлс Тарнер, Дејвид Фронмајер и други службеници за спроведување на законот кои деле писмени изјави под заклетва кои не се откриени на јавноста, и кои ги слушнале стотината часови снимени касети, нему му напоменале дека Ошо е виновен за многу повеќе злосторства од тие за кои бил гонет. Фронмајер потврдува дека филозофијата на Ошо не е „против труењето“ и дека тој имал чувтсво дека тој и Шила биле „вистинско зло“. Според судското сведоштво на Ма Ава (Ава Авалос) истакнат ученик, Шила им пуштила на соработниците касета на која е снимена нејзина средба со Ошо за „потребата да се убијат луѓе“ со цел да се зајакнат колебливите одлучувања на санијасите во извршување на нејзините завери за убиства: „Таа се врати на средбата и […] ја пушти касетата. Не беше јасно што всушност тој вели. […] И суштината на одговорот на Багван, да, ќе биде неопходно да се убијат луѓе за да се остане во Орегон. И дека убивањето луѓе и не е толку лоша работа. Всушност Хитлер бил голем човек, иако тој тоа не можел да го каже јавно бидејќи никој немало да го разбере. Хитлер имал одлична визија. Шила иницира обиди за убивање на чуварот и девојката на Ошо, Ма Јога Вивек, и неговиот личен лекар Швами Деверај (Д-р Џорџ Мередит), бидејќи таа почувствувала дека тие се закана за Ошо; таа тајно снимила разговор меѓу Деверај и Ошо „во кој докторот се согласува да набави лекови кои кои бара Ошо за да си обезбеди мирна смрт ако реши да си го одземе животот.“ На 23 октомври, 1985, федералната велика порота издава обвинение од триесет и пет точки со кои Ошо и неколку ученици се обвинети за заговор за одбегнување на законот за имиграција. Обвинението е вметнато во касетата, а потоа збор му е даден на адвокатот на Ошо. Преговарањата за да се дозволи Ошо да се предаде на властите во Портланд ако се издаде налог, не успеваат. Гласините за преземање на случавот во рацете на Националната гарда (специјалните единици во САД) и за планирано вооружано апсење на Ошо водат до напнатост и страв од пукање. По сила на снимената касета од Шила, властите подоцна изјавиле дека верувале дека постои план санијаси жени и деца да бидат замолени да создадат човечки штит доколку властите се обиделе да го уапсат Ошо во комуната. На 28 октомври, 1985, Ошо заедно со мај број санијаси кои го придружувале биле уапсени во странство на пистата во Северна Каролина во изнајмен авион; според федералните власти групата била на пат кон Бермуди за да избегне гонење. 50 000 долари во кеш, 35 часовници и белегзии вредни милион долари биле пронајдени во авионот. Ошо од никого не бил информиран ниту за планираното апсење ниту за причината за патувањето. Апсењето на Ошо и неговиот трансфер низ земјата постанува спектакл за јавноста – бил прикажан во окови, задржан прво во Северна Каролина, па Оклахома и најпосле Портланд. На официјалните службеници полни десет дена им биле легално достапни за да го пренесат од Северна Каролина до Портланд за оптужба. Откако првично одбива вина за сите обвинувања и е ослободен со кауција, Ошо, советуван од страна на неговите адвокати, признава „Алфорд плеа“ – тип на вина со која осомничениот не признава вина, но дава согласнот дека има доволно докази за да биде осуден – при што од една страна се мисли дека има скриена намера да остане трајно во САД за време на неговата оригинална апликација за виза од 1981 и од друга страна дека постои теорија на заговор санијасите да влегуваат во лажни бракови со цел да се здобијат со престој во САД. Според договорот кој неговите адвокати го направиле со надлежните на САД, му бил даден десетогодишна условна казна, петгодишно испитување и парична казна од 400 000 долари за трошоците за гонење и се согласуваат да го напушти САД, не враќајќи се барем 5 години без дозвола од Јавното обвинителство на САД.
Патување и враќање во Пуна: 1985 – 1990
уредиПо напуштањето на САД, Ошо се враќа во Индија, слетувајќи во Делхи на 17 ноември, 1985. Таму е пречекан како херој од страна неговите Индиски следбеници и го осудува САД, велеќи дека светот мора „да го стави чудовиштето Америка на неговото место“ и дека „или Америка мора да се стиши или таа ќе значи крај на светот“. Потоа останува 6 недели во Химакал Прадеж. Кога оние кои не се Индијци ги поништиле нивните визи на неговата забава, тој продолжува во Катманду, Непал, и потоа, неколку недели подоцна во Крете. Уапсен неколку дена подоцна од страна на Националната разузнавачка служба, лета до Женева, па до Стокхолм и до Хитроу, но никаде не му е дозволен влез. Следна е Канада која му издава забрана за слетување, па неговиот авион се враќа на аеродромот во Шанон, Ирска за да се наполни со гориво. Таму му е дозволено да остане две недели, во хотел во Лимерик, под услов да не излегува надвор и да не држи говори. Издадена му е Уругвајска лична карта, една година привремено жителство и можност за постојано жителство, па здружението тргнува, застанувајќи во Мадрид, каде што авионот е опколен од Цивилната гарда. Дозволено му е да помине една ноќ во Дакар, па потоа продолжува во Ресифе и Монтевидео. Во Уругвај, групата се сместува во куќа во Пунта дел Есте каде што Ошо почнува јавно да говори до 19 јуни, по што тој „е замолен да замине“ без некоја посебна причина. Добива двонеделна виза за Јамајка, но кога пристигнува таму полицијата во Кингстон и дава 12 часа време на групата да си замине. Откако се точи гориво во Гангер, и во Мадрид, Ошо се враќа во Бомбај, Индија, на 30 јули 1986. Во јануари, 1987, Ошо се враќа во ашрамот во Пуна, каде што води вечерни дискусии секој ден, освен кога е прекинат од наизменичното лошо здравје. Издаваштвото и терапиите продолжуваат и ашрамот се подлага на проширување, сега како „повеќенаменски“, каде што терапијата има функција на мост до медитацијата. Ошо развива нови методи на „терапија со медитација“ како што е „Мистична роза“ и почнува да води медитации за време на неговите говори после пауза од 10 години. Неговите следбеници од западот не формирале големи заедници, главно претпочитале обично поединечно живеење. Црвениот/портокалов фустан и „мала“ главно се отфрлени, станувајќи право на избор од 1985. Носењето на канелни облеки само во одаите на ашрамот, е повторно воведено летото, 1989, заедно со белите облеки кои се носеле на вечерните медитации и црните облеки за водачите на групите. Во ноември 1987, Ошо изразува верување дека неговото влошено здравје (гадење, замор, болки во екстремитетите и недостаток на отпорност на инфекции) се должи на труењето од страна на Американските власти додека бил во затвор. Неговите лекари и бивш адвокат, Филип Џ. Толкс (Швами Прем Нирен) поставува хипотеза за можно зрачење и талиум во намерно озрачениот душек, со оглед на тоа дека неговите симптоми се концентрирани на десната страна од неговото тело, но за истото нема цврсти докази. Американскиот обвинител Чарлс Х. Хантер го опишува ова како „целосна фикција“, додека други алудираат на ХИВ или хроничен дијабетис и стрес. Од почетокот на 1988, говорите на Ошо се фокусирани главно на Зенот. Во доцниот декември тој вели дека не сака повеќе да биде именуван како „Багван Шри Раџниш“, и во февруари, 1989 го прифаќа името „Ошо Раџниш“, скратено во „Ошо“ во септември. Тој исто бара секаде каде што стои Раџниш како заштитен знак, да се ребрендира во ОШО. Неговото здравје продолжува да слабее. Последниот јавен говор го држи во април, 1989, и оттогаш едноставно седел во тишина со неговите следбеници. Кратко пред неговата смрт, Ошо нафрла дека еден или повеќе членови од публиката на вечерните средби (кои сега се именуваат како (Братството во бела облека) го подлагале на некоја форма на зла магија. Била извршена истрага за виновниците, но не било пронајдено ништо. Ошо умира на 19 јануари 1990, на возраст од 58 години, наводно од слабост на срцето. Неговите коски се сместени во неговата најнова соба во куќата на Лао Цу во ашрамот Пуна. На епитафот пишува, „ОШО. Никогаш не се роди, никогаш нема да умре. Само ја посети оваа планета Земја помеѓу 11 декември 1931 и 19 јануари 1990.“
Техники
уредиУчењата на Ошо, пренесени преку неговите говори, не се претставени како поддржани теоретски, туку пронижени со шеги и одржани со реторика, што многумина ги фасцинирало. Акцентот не е ставен само на едно, туку се менувал со тек на време: Ошо се изразува парадоксално и контрадикторно, отежнувајќи го резимирањрто на неговата работа. Тој уживал да привлекува внимание со однесување што е во тотален расчекор со традиционалните претстави за просветлените луѓе; на почетокот неговите предавања се прославуваат со нивниот хумор и одбивањето што било да се сфате сериозно. Таквото однесување, колку и да е тешко и каприциозно за да се прифати, објаснето е како „техника на трансформација“ за да ги однесе луѓето „зад умот“. Тој говорел за големите духовни традиции вклучувајќи ги џаинизмот, хиндуизмот, тантризмот, таоизмот, христијанството, будизмот, за многу мистици од истокот и западот и за многу свети записи како што се Упанишадите и Гуру Грант Сахиб. Социологот Левис Ф. Картер за неговите идеи вели дека носат корени од Хиндуизмот, каде што човечките перцепции за разделеност, двојство и идејата за времето постојат како еден вид танц или игра на космичката свесност во која се е свето, има апсолутна вредност и е цел само за себе. Додека неговиот современик Јиди Кришнамурти не се согласува со Ошо, постојат очигледни сличности помеѓу нивните почитувани учења. Ошо исто така зема предвид и многу западни идеи. Со неговиот поглед кон единството на спротивностите го повторува Хераклит, додека описот на човекот како машина, осуден на беспомошно дејствување во несвесни, невротични шаблони, се поврзува со Фројд и Георгиј Ѓурџиев. Неговата визија за тоа дека трансцедирањето на новиот човек е ограничено од убедувања потсетува на „Над доброто и злото“ на Ниче, неговите погледи за сексуално ослободување имаат сличности со Д.Х.Лоренс, и неговата „динамична“ медитација се поврзува со Вилхелм Раих.
Егото и умот
уредиСпоред Ошо секое човечко суштество е Буда со капацитет да се просветли, способно за безусловна љубов и возвраќање во животот отколку за дејствување, иако егото обично го спречува ова, идентификувајќи се со социјалната положба и создавајќи лажни потреби и спротивставувања како и илузорно чувство на идентитет што не е ништо друго освен бариера од соништа. На друг начин, внатршното битие на човекот може да процвета од периферијата до центарот. Ошо го прикажува умот напрво како механизам за преживување, кој ги повторува стратегиите на однесување кои се покажале успешни во минатото. Но тежнеењето на умот кон минатото, тој вели, дека ги лишува човечките суштества од способноста да живеат вистинскиво сегашноста, предизвикувајќи ги да ги потиснуваат вистинските емоции и да се исклучат од радосните искуства што природно се појавуваат кога се искусува сегашниот момент: „Умот нема вродена способност за радост. Тој само размислува за радоста.“ Резултатот е тоа што луѓето се самите себеси со нервоза, љубомора и несигурност. Тој дискутира за психолошката потиснување, често поттикнато од религиозни водачи, кое прави потиснатите чувства да се појават во друга маска, и дека сексуалното потиснување резултира во општество опседнато со секс. Наместо потиснување, луѓето треба да веруваат и да се прифатат самите безусловно. Ова не треба да се сфати само интелектуално, бидејќи умот може да го прими само како уште една информација: затоа е потребна медитацијата.
Медитација
уредиОшо ја претставува медитацијата не само како вежба туку како состојба на свесност да се биде присутен во секој момент, комплетна свесност што го буди поединецот од сонот на механички одзиви поддржани од верувања и очекувања. Тој ја вклучува западната психотерапија во подготвителните чекори за медитација за да поттикне освестување за менталните и емоционални шаблони. Тој предлага повеќе од сто техники на медитација. Неговите техники за „Активна медитација“ се одликуваат со фази на физичка активност кои водат до тишина. Најпозната од овие е Динамичната Медитација која е опишана како микрокосмос на неговото гледиште. Изведувана со затворени или врзани очи, таа се состои од пет фази, од кои четири се проследени со музика. Најпрво медитаторот диши 10 минути брзо преку носот. Вторите десет минути се за катарза: „Дозволи да се случи што и да се случува. Смеј се, викај, врескај, скокај, треси се – што и да почувствуваш дека сакаш да правиш, прави!“ Следно, десет минути се скока горе – долу со рацете кренати нагоре, извикувајќи Хоо! секој пат кога се стапнува на земјата. Во четвртата, тивка фаза, медитаторот престанува да се движи ненадејно и комплетно, останувајќи тотално неподвижен петнаесет минути, небљудувајќи сè што се случува. Последниот чекор од медитацијата се состои од петнаесет минути танцување и славење.
Ошо развива и други техники на активна медитација, како што е медитацијата со тресење Кундалини и Надабрама медитацијата со брмчење, кои се помалку живи, иако вклучуваат физичка активност на еден или друг начин. За неговите подоцнежни „медитативни терапии“ се потребни сесии од неколку дена, како што е Ошовата Мистична роза, која вклучува три часа смеење секој ден една недела, три часа плачење секој ден во втората недела и по три часа дневно тивка медитација во третата недела. Овие процеси на „сведочење“ овозможуваат „скок во свесноста“. Ошо верувал дека такви методи на катарза се неопходни, бидејќи за современите луѓе е тешко само да седнат и да медитираат. Штом методите ќе придонесат за барем момент на медитација, луѓето ќе бидат способни да применуваат други методи без потешкотии.
Санијаси
уредиДруга клучна состојка е неговото присуство како мајстор; „Мајсторот со вас го дели своето битие, не неговата филозофија. Тој никогаш не му прави ништо на ученикот.“ Воведувањето што го предлага е друго такво средство: „...ако вашето битие може да комуницира со мене, настанува комуна. ... Тоа е највисоката форма на комуникација која е можна: пренесување без зборови. Нашите битиа се поврзуваат. Тоа е можно само ако станеш ученик.“ На крајот на краиштата, сепак, како гуру за кој е јасно дека сам на себе е пародија, го става на страна неговиот авторитет, велејќи неговото учење да не биде ништо повеќе од „игра“ или шега. Тој нагласува дека буквално се може да стане можност за медитација.
Откажување и „Новиот човек“
уредиОшо гледа на неговите „нео-санијаси“ како комплетно нова форма на духовни ученици, или некои кои некогаш постоеле, но се заборавени. Тој чувствувал дека традиционалните Хинду санијаси станале дел од ништожен систем на откажувања и имитации. Тој ја нагласува комплетната внатрешна слобода и одговорност на секој за себе, и не бара површни промени во однесувањето, туку длабоки, внатрешни трансформации. Желбите би требало да се прифатат и надминат отколку да се одбиваат. Штом еднаш ќе почне да се случува ова внатрешно процветување, желбите како тие за сексот ќе останат во минатото. Ошо вели дека тој е „гуру на богатите луѓе“ и дека материјалната сиромаштија не е вистинска духовна вредност. Од него има фотографии на кои носи богати облеки и рачно изработени часовници и, иако во Орегон возел различни Ролс-Ројсови секој ден, неговите следбеници сакале да му купат 365 такви, по еден за секој ден од годината. Снимките од Ролјс- Ројсовите биде испратени на медиумите. Тие можеби биле одраз на тоа дека ги застапува богатите и на неговата желба да ги провоцира Американските слабости, како што порано уживал на ги навредува Индијците во нивните слабости. Ошо имал за цел да создаде „нов човек“ преку комбинирање на духовноста на Гуатам Буда со сласта за животот отелотворена преку „Гркот Зорба“ на Никос Казанцакис: „Тој треба да е точен и објективен како научник...чувствителен и со широко срце како поет и вкоренет длабоко во неговото битие како мистик.“ Неговиот термин „нов човек“ се однесува и на мажите и на жените подеднакво, чии улоги ги гледа како комплементарни; и навистина, повеќето водачки позиции на неговото движење им припаѓале на жени. Овој нов човек, „Зорба-Буда“, не треба да ја одбива ниту науката ниту духовноста, туку да ги опфати и двете. Ошо верувал дека на човештвото му се заканува истребување поради пренаселеност, при што јадрениот холокауст и болестите како СИДА се неизбежни иако многу од болестите на општеството може да се излечат со помош на науката. Новиот човек повеќе нема да биде затворен во институции како семејство, брак, политички идеологии и религии. Во однос на ова Ошо е сличен со други гуруа кои се спротивставиле на културите, и дури некои одредени постмодерни и деконструктивни мислители.
Ефтаназија за инвалиди, слепи, глуви и неми деца и генетска селекција
уредиОшо зборувал во корист на ефтаназија за деца вклучувајќи ги слепите, глувите и немите. Тој вели дека „ако детето е родено глуво, немо, и не може да се стори ништо со тоа, и ако се согласуваат родителите, детето треба да биде засекогаш заспиено.“ Понатаму, тој изјавува дека луѓето кај кои пости ризик да имаат деца со вродени мани „немаат животна дозвола“ да „ризикуваат да ја оптоваруваат земјата со инвалидно, слепо дете“.
Хомосексуалнота како Перверзија / Сеграгација и дислоцирање на хомосексуалците
уредиОсобено по преселувањето во САД, Ошо станува видно критички настроен кон хомосексуалноста и исто така верува дека хомосексуалноста ја создала или предизвикала СИДАта, иако не е јасно што мислел за конкретниот биолошки механизам со кој сексуалната ориентација може да создаде заразен вирус. Според Ошо, „бидејќи хомосексуалците се перверзни, ја создале болеста СИДА“ и исто така вели дека „хомосексуалците треба да се лоцираат во посебни населби. Тие можат да живеат во нивен свет, на нивен начин, и да бидат среќни, но не треба да им се дозволи да се движат во поширокото општество, и да ги шират сите видови на опасни вируси.“ Кога е побарано да го објасни неговиот нов став за хомосексуалците од геј-санијасите, Ошо го зајакнува неговиот поглед изјавувајќи дека според него, „како хомосексуалец, не си ни човечко суштество […]. Сте загубиле достоинство.“ Ошо никогаш не ги повлекол овие изјави.
„Десетте заповеди“ на Ошо
уредиНа почетокот кога бил Ашара Раџниш, еден дописник еднаш го прашал Ошо за неговите „десет заповеди“. Како одговор Ошо забележал дека тоа е тешко прашање бидејќи против секаков вид на заповеди, но, „замо заради забава“, ги издвојува следните:
- Никогаш не случај ничии наредби освен ако и ти не го сакаш тоа.
- Нема друг Бог освен самиот живот.
- Вистината е во тебе, не ја барај на друго место.
- Љубовта е молитва.
- Да се стане ништо е врата до вистината. Ништото само по себе е средтвото, целта и постигнувањето.
- Животот е тука и сега.
- Живеј будно.
- Не пливај – плови.
- Умирај секој момент за да можеш да се родиш секој нареден.
- Не барај. Тоа што е, е. Застани и види.
Ги нагласува оние под број 3, 7, 9 и 10. Идеите изразени во овие Заповеди станале константни лајтмотиви во неговото движење.
Наследство
уредиДодека учењата на Ошо се пречекани со одбивност во неговата земја за време на неговиот живот, настанува промена во јавното мислење во Индија по неговата смрт. Во 1991, влијателен Индиски весник го вбројува Ошо, во личности како Гуатам Буда и Махатма Ганди, меѓу десетте луѓе кои најмногу ја смениле судбината на Индија; во случајот, Ошо „ги ослободува умовите на идните генерации од оковите на религиозноста и конформизмот.“ Ошо наидува на повеќе одобрување во неговата родна земја по неговата смрт отколку додека бил жив. Колумнистот Танвер Алам, во весникот Индиан Експрес изјавува, „Постариот Ошо беше добар толкувач на општествените апсурди кои ја уништуваат човековата среќа.“ На прослава во 2006тата, кога се обележувала 75годишнината од раѓањето на Ошо, Индискиот пејач Васифудин Дагар вели дека учењата на Ошо се „порелевантни во тековното милје отколку што биле порано“. Во Непал, имало 60 Ошо центри и речиси 45.000 почетници-ученици од јануари, 2008. Сите дела на Ошо се сместени во библиотеката на Индискиот државен парламент во Њу Делхи. Видни имиња, како Индискиот премиер Манмохан Синг и Индиецот Сикритер Кушвант Синг изразиле воодушевување за Ошо. Боливудскиот глумец и ученик на Ошо, Винод Кана, кој работел како градинар на Ошо во Ражнешпурам, бил и индиски државен министер за надворешни работи од 2003 до 2004. Преку 650 книги се препишуваат на Ошо, во кои се изразуваат неговите погледи кон аспектите на човековото живеење. Всушност сите тие се правени од неговите снимени говори. Неговите книги се достапни на 55 различни јазици и се на списокот на најдобро продавани во земји како Италија и Јужна Кореја. Интернационално, по две декади контроверзија и една декада акомодација, движењето на Ошо се постави на пазарот на новите религии. Неговите следбеници ги редефинираат неговите придонеси, врамувајќи ги централните елементи на неговото учење за да ги направат да изгледаат помалку контроверзни на новодојденците. Општествата во Северна Америка и Западна Европа прават еден вид компромис, со тоа што поприфатливи духовни теми му се јогата и медитацијата. Интернационалната фондација на Ошо одржува семинари за раководење со стресот за клиенти од корпорација како Корпорацијата за интернационална бизнис машинерија (IBM) или БМВ, со пријавен приход (2000) меѓу 15 и 45 милиони долари годишно во САД. Ашрамот на Ошо во Пуна стана Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо, една од главните туристички атракции на Индија. Претставено како Источен Езален, таму се учат многу духовни техники од широк опсег на традиции и е промовирано како духовна оаза, „света вселена“ за откривање на себеси и обединување на желбите на телото и умот во убава околина за одмор. Според изјавите во медиумите, привлекува околу 200000 луѓе годишно од цел свет; а меѓу видните посетители се политичари, личности од медиумите и далај-ламата. Пред на било кој да му е дозволено да влезе во одморалиштето, е подложен на ХИВ тест, и кај оние кај кои е откриен вирусот не може да влезат. Во 2011, воведен е државен семинар за учењата на Ошо на Катедрата за Филозофија на колеџот за жени Манкурварбаи во Јабалпур. Финансиран од канцеларијата на универзитетската комисија за стипендии во Бопал, во фокусот на семинарот е учењето на Ошо за „Зорба-Буда“, со стремеж да се усклади духовноста со материјалистичкиот и објективен пристап.
Прием
уредиОшо е општо прифатен како еден од најконтроверзните духовни водачи што се појавиле во Индија во дваесеттиот век. Неговата порака за сексуална, емоционална, духовна и општествена слобода, како и задоволството кое го имал кога навредувал, се потврда за тоа дека неговиот живот бил опкружен со контроверзии. Тој станува познат како „секс гуру“ во Индија, и како „Ролс-Ројс гуру“ во САД. Тој е против традиционалните концепти на национализмот, отворено изразувајќи презир за политичарите, и ги измејува водечките фигури на многу религии, за кои во однос на тоа неговата ароганција била неподнослива. Неговите идеи за сексот, бракот, семејството и врските биле контрадикторни на традиционалните погледи и наишле на многу бес и одбивање низ светот. Неговото движење било омразено и презирано како култ. За Ошо се сметало дека живее „во перчење и навредливо богатство“, додека неговите следбеници, повеќето од кои имале неколку врски со пријатели од надвор и фамилии и кои ги дониране повеќето или сите нивни пари и имоти на комуната, може да се само на „егзистенцијално ниво“.
Проценка од страна на научници на религијата
уредиНа прашањето како може да се резимира целокупниот опус на работата на Ошо, Боб Мулан, социолог од Универзитетот во Источна Англија, во 1983 изјавува: „Таа секако е одбрана, со позајмување на вистини, полувистини и повремени погрешни претставувања на големите традиции. Исто така често е вулгарна, неточна, духовна и екстремно контрадикторна.“ Тој исто така признава дека спектарот и имагинацијата на Ошо се не се во прв план, и дека многу од неговите заклучоци се доста остроумни и трогателни, дури понекогаш и длабоки, но суштината е дека тоа е еден вид „потпора на контра-културните и пост-контра-културните идеи“ кои се фокусираат на љубовта и слободата, потребата да се живее за моментот, важноста на самите себе, чувството „да се биде добро“, мистеријата на животот, забавната етика, поединечната одговорност за личната судбина и потребата за ослободување од егото, заедно со чувството на страв и вина. Удаи Мехта, во проценките за учењата на Ошо, практично греши во однос на неговите толкувања на Зенот, Махајана Будизмот и како тие корелираат со праматеријалистичката природа на Тантричката филозофија, и вели дека: „Не е изненадување да се заклучи дека Раџниш се извлече со неколку целосни контрадикторности и недоследности во неговото учење. Ова е можно од проста причина што просечен Индиец - (или западен) слушател знае толку малку за религиозните свети книги или разни училишта на мислата, што е потребен многу мал напор за да се искористи неговото незнаење и лековерност.“ Според Мехта, привлечноста на ошо кон неговите западни ученици е заснована на социјални експерименти, при што е создадена филозофска поврзаност меѓу Источната гуру традиција и Западно движење за развој. Хаг Б. Урбан (Професор асистент за Религија и компаративни студии на државниот универзитет во Охајо) во 1996 пишува, исто како Мулан, дека според него учењето на Ошо не е ниту оригинално ниту нешто посебно продлабочено, и нема ништо повеќе од онаа содржина која е позајмена од одредени Источни и Западни филозофии. Она што е најоригинално за Ошо е неговиот остар инстинкт за стратешки маркетинг, со кој имал способност да го прилагоди неговото учење на променливите желби на неговата публика, тема која е начната од Гита Мехта во нејзината книга „Карма Кола: Рекламирање на мистичниот Исток“. Во 2005 Урбан забележува дека Ошо е почестен со „извонредна глорификација“ по неговото враќање во Индија, и сообено во годината по неговата смрт, е опишан како моќна илустрација на она што Ф. Макс Мулер, пред еден век, го нарекува „светски проширен круг преку кој, како струјно коло Источната мисла може да стигне до Западот и западната до Истокот.“ Со негирање на поделбата меѓу духовните и материјалните желби, и рефлектирајќи ја преокувацијата со телото и сексуалните одлики на доцната капиталистичка потрошувачка култура, Ошо бил очигледно способен да создава духовна патека што е видно ускладена со социо-економските услови на неговото време. Џорџ Крисидес, во „Истражување на новите религии“(1999), го опишува Ошо најпрво како Будистички учител, кој промовира независна форма на „Тактички Зен“. Тој изјавува дека описите за учењата на Ошо како „поддржување“ на разни религиозни учења се неточни, бидејќи Ошо не бил „филозоф - аматер“; укажувајќи на академската позадина на Ошо, наведува дека „Дали ќе го прифати или не некој неговото учење, не го прави измамник кој ги ширел идеите на другите.“ Крисидес гледа на несистематските, контрадикторни и претерани аспекти на учењата на Ошо како дел од природата на Зенот, што го рефлектира фактот дека духовното учење бара да се воведуваат нови видови на промени во поглед на публиката, а не да се држат филозофски предавања, кои имаат за цел подобрување на интелектуалното разбирање. Питер Б. Кларк, во „Енциклопедија на новите религиозни движења“ (2006), забележува дека на Ошо се гледа како на “важен учител во рамките на самата Индија“ и е „на широко признат како главен духовен водач на дваесеттиот век и е во преден план на тековното прифаќање на трендот на духовноста во светот, заснован на себе-развивање“. Тој напоменува дека стилот на терапија кој тој го предлага, со неговиот либерален став кон сексуалноста како свет дел од животот, се покажува влијателен врз други тераписки практиканти и групи на новото време. Според него, неговата главна мотивација за трагачи кои ќе се приклучат на движењето не е „ниту терапијата ниту сексот, туку перспективата да се стане просветлен, во онаа класична Будистичка смисла.“ Додека неколкумина ја имаат постигнато целта, повеќето сегашни и претходни членови почувствувале дека направиле напредок во себе-остварувањето како што е оценето од Американскиот психолог Абрахам Маслоу и движењето за човеков потенцијал.
Проценка како харизматичен водич
уредиБројни коментатори дале забелешки за харизмата на Ошо. Спродеувајќи го Ошо со Ѓурџиев, Ентони Стор пишува дека Ошо бил „екстремно впечатлива личност“, ништо што „многуте кои го посетиле не го почувствувале. Нивните најинтимни чувства биле веднаш разбрани, тие биле прифатени и еднакво добредојдени, а не осудувани. Веројатно Ошо зрачел енергија со која ги будел скриените можности на коие кои дошле во контакт со него.“ Многу санијаси изјавиле дека со тоа што го слушале Ошо да зборува, „се вљубиле во него.“ Сузан Џ. Палмер забележува дека дури и критиките сведочат за моќта на неговото присуство. Џејмс С. Гордон, психијатар и истражувач, се повикува на тоа дека му е необјасниво како се смеел како дете, прегрнувал странци и имал солзи на благодарност во неговите очи по еден поглед на Ошо кога поминувал со Ролјс-Ројсот. Франсиз Фицџералд, слушајќи го Ошо лично, доаѓа до заклучок дека тој е одличен предавач, и изразува изненаденост за неговиот талент како комедијант, што не е очигледно при читање на неговите книги, како и хипнотичкиот квалитет на неговите говори, што има длабоки ефекти врз неговата публика. Хју Милн (Швами Шивамурти), бивш приврзаник кој меѓу 1973 и 1982 работел близу Ошо како водич на стражата во Пуна ашрамот и негово лично обезбедување, забележува дека по првата средба имал чувство дека меѓу нив се разменило нешто многу повеќе од зборови: „Не постои упад во приватноста, нема аларм, но тоа е како неговата душа да се слизнува низ мојата, при што во дел од секундата се пренесуваат информации од витално значење.“ Милин исто така набљудува и друг аспект на харизматичната способност на Ошо, изјавувајќи дека тој бил „брилијантен манипулатор за ученикот кој нема прашања.“ Хју Б. Урбан вели дека Ошо се вклопува во класичната претстава за хариматична фигура на Макс Вебер, со тоа што поседувал „неверојатна велесила или ’милост’, која е во суштина нерационална и емоционална.“ Ошо одговара на чистиот харизматичен тип на Вебер со тоа што ги одбива сите рационални закони и институции и изјавувајќи дека не прифаќа хиерархиски авторитети, иако Урбан забележува дека ветувањето за целосна слобода заедно со ова, резултира во бирократски организации и институционална контрола во рамките на поголеми општества. Некои интелектуалци велат дека Ошо, како и други харизматични водичи, можеби биле повеќе нарцисти. Во неговиот труд: „Нарцистички гуру: профил на Багван Шри Раџниш“, Роналд О. Кларк, Почесен професор по религиозни студии на државниот универзитет во Орегон, расправа дека Ошо ги покажува сите типични својства на нарцистичко пореметување на личноста, како величествено чувство на себе-вреднувањето и оригиналност; преокупација со фантазии на успеси без граници, потреба за постојано внимание и восхит; сет на карактеристични одговори за заканите на самодовербата; нарушувања во меѓучовековите односи; преокупација со личното негување во комбинација со често прибегнување кон премолчување или потполни лаги, и недостаток на емпатија. Врз основа на сеќавањата на Ошо на неговото детство во неговата книга „Одблесоци на златното детство“, тој вели дека Ошо страдал од недостаток на родителска дисциплина, поради тоа што растел згрижен од препопусливи баба и дедо. Само-признаениот статус на Буда што го имал Ошо, тој заклучува дека е дел од лажен систем поврзан со неговото нарцистичко растројство на личноста, состојба на надуеност на егото отколку состојба на не-его.
Поопширни проценки како мислител и говорник
уредиИма многу различни мислења за квалитетот на Ошо како мислител и говорник. Кушвант Синг, виден автор, историчар и поранешен уредник на „Хиндустан Тајмс“, го опишува како „најоригиналниот мислител што го дала Индија: најначитаниот, со најјасна мисла и најиновативен.“ Според него, Ошо бил „агностик на слободното мислење“ кој имал способнот да ги објасни најапстракните концепти со едноставен јазик, илустрирани со духовити анегдоти, кои ги исмевале боговите, свештениците, светите книги и религиските обичаи и и дал комплетно нова димензија на религијата. Германскиот филозоф Петер Слотердик го нарекува Ошо „Религиозен шегаџија“ (Wittgenstein of religions), рангирајќи го во најголемите личности на 20 век; Според него Ошо направил радикално уништување на игрите со зборови играни од религиите кои постојат. Во раните 1980-ти, бројни коментатори во популарните медиуми биле негативни за Ошо. Австралијанскиот критичар Клив Џејмс со презир го именува како „Багваш“ поистоветувајќи го искуството на слушање на еден од неговите говори со седење во машина за перење и гледање како твојот парталав веш се врти раскиснат со часови додека излачува сива сапуница. Багваш зборува онака како што изгледа.“ Џејмс завршува велејќи дека Ошо, иако „прилично корисен пример од неговиот вид“, бил “иритирачки празноглав кој манипулира со оние кои можат да бидат изманипулирани меѓусебно.” Како одговор на ентузијастичкиот поглед кон „Беседите на Ошо“ од Бернард Левин во „The Times“, Доминик Вујастик, кој исто така пишувал за „The Times“, изразува слично мислење како него, дека говорот што го слушнал кога го посетил во Пуна Ашрамот бил со многу низок стандард исцрпувачки повторлив и често фактички точен, и изјавува дека се почувствувал вознемирен од култот на личноста која го опкружувала Ошо. Пишувајќи во Печатот на интелектуалците од Сиетл (the Seattle Post Intelligencer) во јануари 1990, Американскиот автор Том Робинс изјавува дека засновано на тоа што тој го прочитал во неговите книги, тој е убеден дека Ошо е „најголемиот духовен учител“ на 20 век. Робинс, нагласувајќи дека тој не бил ученик, натаму изјавува дека „доста му е од читање на пакосна пропаганда и искривени извештаи кои го тераат да сомнева дека е еден од најоптужените личности во историјата што некогаш ги сретнал“. Коментарите на Ошо за Светото писмо на Сиките познат како Јапуили беше поздравена како најпогодна од страна на Џани Цаил Сајн (Giani Zail Singh), поранешниот претседател на Индија. Во 2011, авторот Фарух Донди изјави дека филмската ѕвезда Кабир Беди бил обожавател на Ошо, и гледал на неговите дела како на „највозвишените толкувања на индиската филозофија со која се сретнал“. Донди самиот гледал на Ошо како на „најбистриот измамник на интелектуалната самодоверба што потекнува од Индија. Неговиот излез од „толкување“ на Индиските текстови е специјално накривен кон генерацијата разочарани западњаци кои сакаа (а можеби и сè уште сакаат) да "имаат торта, јадат '[и] тврдат дека во исто време таа торта за јадење е највисока доблест, според древната итрина сплотена со научната ".
Филмови за Ошо
уреди1978: Првиот документарен филм за Ошо – филмот „Багван“ бил режиран во 1978 од Американскиот режисер Роберт Хилмен. 1981: Во 1981, ББС емитувала документарец насловен „Богот што замина“, режиран од Британско-Американски новинар Кристофер Хиченс. 1987: Во средината на осумдесеттите Џереми Филмови продуцирале филм „Стравот е господарот“ што содржи ретки снимки направени зад затворените врати на Ражнешпурам. 1989: Друг документарец, насловен „Ражнеш: Духовен терорист“ бил направен од Австралискиот режисер Синтија Коноп во доцните осумдесетти за програмата на ABC TV/Learning каналот. 2010: Шведски документарец, насловен „Гуруто – Багван, неговата секретарка и неговото обезбедување“ бил издаден во 2010 година.
Белешки
уредиЦитати
уредиБиблиографија
уредиНаводи
уреди- Abbott, Carl (1990), „Utopia and Bureaucracy: The Fall of Rajneeshpuram, Oregon“, The Pacific Historical Review, 59 (1): 77–103, doi:10.2307/3640096, JSTOR 3640096.
- Aveling, Harry (1994), The Laughing Swamis, Delhi: Motilal Banarsidass, ISBN 81-208-1118-6.
- Aveling, Harry (ed.) (1999), Osho Rajneesh and His Disciples: Some Western Perceptions, Delhi: Motilal Banarsidass, ISBN 81-208-1599-8CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link). (Includes studies by Susan J. Palmer, Lewis F. Carter, Roy Wallis, Carl Latkin, Ronald O. Clarke and others previously published in various academic journals.)
- Bhawuk, Dharm P. S. (2003), „Culture's influence on creativity: the case of Indian spirituality“, International Journal of Intercultural Relations, 27 (1): 1–22, doi:10.1016/S0147-1767(02)00059-7.
- Carter, Lewis F. (1987), „The "New Renunciates" of Bhagwan Shree Rajneesh: Observations and Identification of Problems of Interpreting New Religious Movements“, Journal for the Scientific Study of Religion, 26 (2): 148–172, doi:10.2307/1385791, JSTOR 1385791, reprinted in Aveling 1999, стр. 175–218.
- Belfrage, Sally (1981), Flowers of Emptiness: Reflections on an Ashram, New York, NY: Doubleday, ISBN 0-385-27162-X.
- Carrette, Jeremy; King, Richard (2004), Selling Spirituality: The Silent Takeover of Religion, New York: Routledge, ISBN 0-415-30209-9.
- Carter, Lewis F. (1990), Charisma and Control in Rajneeshpuram: A Community without Shared Values, Cambridge: Cambridge University Press, ISBN 0-521-38554-7.
- Carus, W. Seth (2002), Bioterrorism and Biocrimes (PDF), The Minerva Group, Inc., ISBN 1-4101-0023-5, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-19, Посетено на 2013-02-16.
- Chryssides, George D. (1999), Exploring New Religions, Continuum International Publishing Group, ISBN 978-0-8264-5959-6.
- Clarke, Peter B. (2006), Encyclopedia of New Religious Movements, Routledge, ISBN 978-0-415-45383-7.
- Clarke, Ronald O. (1988), „The Narcissistic Guru: A Profile of Bhagwan Shree Rajneesh“, Free Inquiry (Spring 1988): Pages 33–35, 38–45, reprinted in Aveling 1999, стр. 55–89.
- FitzGerald, Frances (22 September 1986), „Rajneeshpuram“, The New Yorker, Посетено на 12 July 2011CS1-одржување: датум и година (link).
- FitzGerald, Frances (29 September 1986), „Rajneeshpuram“, The New Yorker, Посетено на 12 July 2011CS1-одржување: датум и година (link).
- Forsthoefel, Thomas A.; Humes, Cynthia Ann (eds.) (2005), Gurus in America, Albany, NY: State University of New York Press, ISBN 0-7914-6574-8CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link).
- Fox, Judith M. (2002), Osho Rajneesh – Studies in Contemporary Religion Series, No. 4, Salt Lake City: Signature Books, ISBN 1-56085-156-2.
- Galanter, Marc (ed.) (1989), Cults and New Religious Movements: A Report of the American Psychiatric Association, American Psychiatric Publishers, ISBN 0-89042-212-5CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link).
- Goldman, Marion S. (1991), „Reviewed Work(s): Charisma and Control in Rajneeshpuram: The Role of Shared Values in the Creation of a Community by Lewis F. Carter“, Journal for the Scientific Study of Religion, 30 (4): 557–558, doi:10.2307/1387299, JSTOR 1387299.
- Gordon, James S. (1987), The Golden Guru, Lexington, MA: The Stephen Greene Press, ISBN 0-8289-0630-0.
- Heelas, Paul (1996), The New Age Movement: Religion, Culture and Society in the Age of Postmodernity, Oxford: Wiley-Blackwell, ISBN 0-631-19332-4.
- Huth, Fritz-Reinhold (1993), Das Selbstverständnis des Bhagwan Shree Rajneesh in seinen Reden über Jesus, Frankfurt am Main: Verlag Peter Lang GmbH (Studia Irenica, vol. 36), ISBN 3-631-45987-4 (германски).
- Joshi, Vasant (1982), The Awakened One, San Francisco, CA: Harper and Row, ISBN 0-06-064205-X.
- Latkin, Carl A. (1992), „Seeing Red: A Social-Psychological Analysis“, Sociological Analysis, 53 (3): 257–271, doi:10.2307/3711703, JSTOR 3711703, reprinted in Aveling 1999, стр. 337–361.
- Lewis, James R.; Petersen, Jesper Aagaard (eds.) (2005), Controversial New Religions, New York: Oxford University Press, ISBN 0-19-515682-XCS1-одржување: излишен текст: список на автори (link).
- Mangalwadi, Vishal (1992), The World of Gurus, Chicago: Cornerstone Press, ISBN 0-940895-03-X.
- Maslin, Janet (13 November 1981), „Ashram (1981) Life at an Ashram, Search for Inner Peace (movie review)“, New York Times, Посетено на 12 July 2011.
- Mehta, Gita (1994), Karma Cola: Marketing the Mystic East, New York: Vintage, ISBN 0-679-75433-4.
- Mehta, Uday (1993), Modern Godmen in India: A Sociological Appraisal, Mumbai: Popular Prakashan, ISBN 81-7154-708-7.
- Meredith, George (1988), Bhagwan: The Most Godless Yet the Most Godly Man, Pune: Rebel Publishing House.
- Milne, Hugh (1986), Bhagwan: The God That Failed, London: Caliban Books, ISBN [[Special:BookSources/0-85066-006-9|0-85066-006-9[[Категорија:Статии со неважечки ISBN]]]] Проверете ја вредноста
|isbn=
: invalid character (help). - Mistlberger, P.T. (2010), The Three Dangerous Magi: Osho, Gurdjieff, Crowley, O Books, стр. 713, ISBN 978-1-84694-435-2, Посетено на 12 July 2011.
- Mullan, Bob (1983), Life as Laughter: Following Bhagwan Shree Rajneesh, London, Boston, Melbourne and Henley: Routledge & Kegan Paul Books Ltd, ISBN 0-7102-0043-9.
- Osho (2000), Autobiography of a Spiritually Incorrect Mystic, New York, NY: St. Martin's Griffin, ISBN 0-312-25457-1.
- Osho (1985), Glimpses of a Golden Childhood, Rajneeshpuram: Rajneesh Foundation International, ISBN 0-88050-715-2.
- Osho (2004), Meditation: the first and last freedom, St. Martin's Griffin, ISBN 978-0-312-33663-9.
- Palmer, Susan J. (1988), „Charisma and Abdication: A Study of the Leadership of Bhagwan Shree Rajneesh“, Sociological Analysis, 49 (2): 119–135, doi:10.2307/3711009, JSTOR 3711009, reprinted in Aveling 1999, стр. 363–394.
- Palmer, Susan J.; Sharma, Arvind (eds.) (1993), The Rajneesh Papers: Studies in a New Religious Movement, Delhi: Motilal Banarsidass, ISBN 81-208-1080-5CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link).
- Prasad, Ram Chandra (1978), Rajneesh: The Mystic of Feeling, Delhi: Motilal Banarsidass, ISBN 0-89684-023-9.
- Sam (1997), Life of Osho (PDF), London: Sannyas, Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-21, Посетено на 12 July 2011.
- Shunyo, Ma Prem (1993), My Diamond Days with Osho: The New Diamond Sutra, Delhi: Motilal Banarsidass, ISBN 81-208-1111-9.
- Sloterdijk, Peter (1996), Selbstversuch: Ein Gespräch mit Carlos Oliveira, München, Wien: Carl Hanser Verlag, ISBN 3-446-18769-3 (германски).
- Storr, Anthony (1996), Feet of Clay – A Study of Gurus, London: Harper Collins, ISBN 0-00-255563-8.
- Süss, Joachim (1996), Bhagwans Erbe: Die Osho-Bewegung heute, Munich: Claudius Verlag, ISBN 3-532-64010-4 (германски).
- Urban, Hugh B. (1996), „Zorba The Buddha: Capitalism, Charisma and the Cult of Bhagwan Shree Rajneesh“, Religion, 26 (2): 161–182, doi:10.1006/reli.1996.0013.
- Urban, Hugh B. (2003), Tantra: Sex, Secrecy, Politics, and Power in the Study of Religion, Berkeley, CA: University of California Press, ISBN 0-520-23656-4.
- Wallis, Roy (1986), „Religion as Fun? The Rajneesh Movement“, Sociological Theory, Religion and Collective Action, Queen's University, Belfast: 191–224, reprinted in Aveling 1999, стр. 129–161.
Користена литература
уреди- Appleton, Sue (1987), Bhagwan Shree Rajneesh: The Most Dangerous Man Since Jesus Christ, Cologne: Rebel Publishing House, ISBN 3-89338-001-9.
- Bharti, Ma Satya (1981), Death Comes Dancing: Celebrating Life With Bhagwan Shree Rajneesh, London, Boston, MA and Henley: Routledge, ISBN 0-7100-0705-1.
- Bharti Franklin, Satya (1992), The Promise of Paradise: A Woman's Intimate Story of the Perils of Life With Rajneesh, Barrytown, NY: Station Hill Press, ISBN 0-88268-136-2.
- Braun, Kirk (1984), Rajneeshpuram: The Unwelcome Society, West Linn, OR: Scout Creek Press, ISBN 0-930219-00-7.
- Brecher, Max (1993), A Passage to America, Mumbai, India: Book Quest Publishers.
- FitzGerald, Frances (1986), Cities on a Hill: A Journey Through Contemporary American Cultures, New York, NY: Simon & Schuster, ISBN 0-671-55209-0 Занемарен непознатиот параметар
|DUPLICATE_year=
(help). (Includes a 135-page section on Rajneeshpuram previously published in two parts in The New Yorker magazine, 22 September, and 29 September 1986 editions.) - Forman, Juliet (1991), Bhagwan: One Man Against the Whole Ugly Past of Humanity, Cologne: Rebel Publishing House, ISBN 3-89338-103-1 Занемарен непознатиот параметар
|DUPLICATE_year=
(help). - Goldman, Marion S. (1999), Passionate Journeys – Why Successful Women Joined a Cult, The University of Michigan Press, ISBN 0-472-11101-9
- Guest, Tim (2005), My Life in Orange: Growing up with the Guru, London: Granta Books, ISBN 1-86207-720-7.
- Gunther, Bernard (Swami Deva Amit Prem) (1979), Dying for Enlightenment: Living with Bhagwan Shree Rajneesh, New York, NY: Harper & Row, ISBN 0-06-063527-4.
- Hamilton, Rosemary (1998), Hellbent for Enlightenment: Unmasking Sex, Power, and Death With a Notorious Master, Ashland, OR: White Cloud Press, ISBN 1-883991-15-3.
- Latkin, Carl A.; Sundberg, Norman D.; Littman, Richard A.; Katsikis, Melissa G.; Hagan, Richard A. (1994), „Feelings after the fall: former Rajneeshpuram Commune members' perceptions of and affiliation with the Rajneeshee movement“, Sociology of Religion, 55 (1): 65–74, doi:10.2307/3712176, JSTOR 3712176, Архивирано од изворникот на 2008-03-12, Посетено на 4 May 2008CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link).
- McCormack, Win (1985), Oregon Magazine: The Rajneesh Files 1981–86, Portland, OR: New Oregon Publishers, Inc.
- Palmer, Susan Jean (1994), Moon Sisters, Krishna Mother, Rajneesh Lovers: Women's Roles in New Religions, Syracuse University Press, ISBN 978-0-8156-0297-2
- Quick, Donna (1995), A Place Called Antelope: The Rajneesh Story, Ryderwood, WA: August Press, ISBN 0-9643118-0-1.
- Shay, Theodore L. (1985), Rajneeshpuram and the Abuse of Power, West Linn, OR: Scout Creek Press.
- Thompson, Judith; Heelas, Paul (1986), The Way of the Heart: The Rajneesh Movement, Wellingborough, UK: The Aquarian Press (New Religious Movements Series), ISBN 0-85030-434-2.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Osho на збратимените проекти на Википедија | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Osho International Foundation website
- Osho World Foundation website – A website with a vast collection of Osho's audio and video recordings taken over 35 years; available in Hindi (4,000 hours+) and English (4,800 hours+)
- Rajneeshees in Oregon – The Untold Story. Select government documents, along with a 25-year retrospective by Les Zaitz. The Oregonian, April 2011.