Бакнеж
Бакнеж[1][2], бацувка[3][4], целивка[5][6], целувка[7][8] — допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.
Бакнежот обично се смета основен сексуален чин, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите. Денес, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.
Бакнежот како мотив во уметноста и во популарната култура
уредиБакнежот како мотив во книжевноста
уреди- „Бакнеж“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1988 година.[9]
Бакнежот како мотив во популарната музика
уреди- Кис (англиски: Kiss = бакнеж) — американска рок-група, основана во 1973 година.[10]
- „Бакни ме црно“ (англиски: Kiss Me Black) — песна на австралиската рок-група Брдеј парти (The Birthday Party) од 1982 година.[11]
- „Смртоносен бакнеж“ (англиски: Deadly Kiss) — песна на американската рок-група Kyuss од 1991 година.[12]
- „Нахрани ме со твојот бакнеж“ (англиски: Feed Me With Your Kiss) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.[13]
- „Во Франција се бакнуваат на главната улица“ (англиски: In France They Kiss On Main Street) — песна на канадската поп-музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1975 година.[14]
- „Совршениот бакнеж“ (англиски: The Perfect Kiss) — песна на британската поп-рок група Њу ордер (New Order) од 1985 година.[15]
- „Бакнеж“ (англиски: Kiss) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1986 година.[16]
- „Цицај ми го бакнежот“ (англиски: Suck my kiss) — песна на американската рок-група Ред хот чили пеперс од 1991 година.[17]
- „Бакни ме во автобусот“ (англиски: Kiss Me On The Bus) — песна на американската рок-група Риплејсментс (The Replacements) од 1985 година.[18]
- „Бакнежи на ветрот“ (англиски: Kisses On The Wind) — песна на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[19]
Бакнежот како мотив во филмот
уреди- „Бакнеж за добра ноќ“ - американски филм во режија на Рени Харлин.[20]
- „Бакнежот“ (англиски: The Kissing Booth) - американски филм од 2018 година, во режија на Винс Марчело.
Наводи
уреди- ↑ „бакнеж“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бакнеж“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бацувка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „бацувка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „целивка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „целивка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „целувка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „целувка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 32.
- ↑ Kiss (пристапено на 21.4.2024)
- ↑ DISCOGS, The Birthday Party – Junkyard (пристапено на 5.8.2020)
- ↑ Discogs, Kyuss – Wretch (пристапено на 8.1.2021).
- ↑ Discogs, My Bloody Valentine – Isn't Anything (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ Joni Mitchell – The Hissing Of Summer Lawns (пристапено на 26.4.2023)
- ↑ Discogs, New Order – Low-life (пристапено на 9.3.2021)
- ↑ DISCOGS, Prince And The Revolution – Kiss (пристапено на 5.8.2020)
- ↑ Discogs, Red Hot Chili Peppers – Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021)
- ↑ The Replacements – Tim (пристапено на 22.1.2024)
- ↑ Neneh Cherry – Raw Like Sushi (пристапено на 25.5.2022)
- ↑ „Бакнеж за добра ноќ“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 14.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на социологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |