Полов однос

(Пренасочено од Секс)
„Мисионерската поза“ насликана од Едуард-Анри Аврил

Полов однос, полово општење или секс (од лат. sexus, „пол“) означува чин помеѓу две или повеќе личности или животни (од различен или од ист пол) при што доаѓа до стимулација на половиот орган на барем еден учесник. Оваа широка дефиниција за половиот однос ги опфаќа вагинално-пенилниот, оралниот и аналниот секс, како и взаемна мастурбација. Во најширока смисла на зборот, сексот претставува вагинално-пенилен однос при кој доаѓа до оплодување и размножување.

Сфаќања за сексотУреди

Во средниот век, сексуалните односи биле сметани за грев и биле дозволени само за размножување, но никако заради „љубовно уживање“. Оттука, од верниците се барало да се покаат за своите сексуални односи, а во „покајничките книги“ биле предвидени строги казни не само за телесните задоволства, туку и за самата помисла на блуд.[1] Според германскиот филозоф Фридрих Ниче, секое презирање на сексуалниот живот и неговото означување со поимот „нечист“ претставува злосторство кон животот и „вистински грев против светиот дух на животот“.[2]

Сексот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Сексот како тема во книжевностаУреди

Сексот како тема во музикатаУреди

  • „Зависник од оргазам“ (Orgasm Addict) - песна на британската панк-рок група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1977 година.[7]
  • „Секс момче“ (Sex boy) - песна на американската хард-кор група „Џермс“ (The Germs).[8]
  • „Секс бомба“ (Sex bomb) - песна на американската панк рок-група „Флипер“ (Flipper) од 1981 година.[9]
  • „Сексуално лечење“ (Sexual Healing) - песна на американскиот пејач Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1982 година.[10]

Сексот како тема во филмотУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Aron Gurevič, Problemi narodne kulture u srednjem veku. Beograd: Grafos, 1987, стр. 156-157.
  2. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 81.
  3. Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008.
  4. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 122-130.
  5. Мирослав Јосиħ Вишњић, Сабране приповетке. Београд: Драганић, 1995, стр. 170-175.
  6. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 72-73.
  7. DISCOGS, Buzzcocks ‎– Orgasm Addict (пристапено на 27.6.2019)
  8. YouTube, The Germs - Sex Boy (пристапено на 17.3.2017)
  9. YouTube, Flipper - Album: Generic Flipper (Full Album Remaster) (пристапено на 9.6.2017)
  10. YouTube, Sexual Healing ✧ Marvin Gaye (пристапено на 30.6.2017)
  11. МКЦ, „Пази се! Доаѓа Cinedays 13. 13-22 Ное.“, Скопје, 2014, стр. 43.