Ролс-Ројс

појаснителна страница на Викимедија

Ролс-Ројс (анг. Rolls-Royce) — група претпријатија потекнати од британскатиот произведувач на автомобили и авиомотори основана од Хенри Ројс и Ч.С. Ролс во 1906 год. Овие претпријатија се:

  • Ролс-Ројс Јавно д.о.о. - економски најзначајната од сите, е британска фирма специјализирана за турбински производи, особено авионски мотори, но во последно време и бродски мотори и мотори за електрани која нуди производи и услуги како за цивилна, така и за воена употреба.
  • Ролс-Ројс Автомобили д.о.о. - нов призводител на луксузни автомобили во сопственост на БМВ.
  • Бентли Автомобили - продолжение на првобитното одделение на Ролс-Ројс. Од 1998 год. претпријатието е во сопственост на Фолксваген групацијата. Автомобилите на Ролс-Ројс и Бентли имаат многу механички сличности уште од 1931, кога Бентли бил купен од Ролс-Ројс. Интересно е тоа што од 2003 г. наваму оваа фирма не може да приозведува автомобили со име „Ролс-Ројс“ бидејќи правата му примаѓаат на БМВ, а не на Фолксваген.
Првиот Ролс-Ројс од 1905 г.
Ролс-Ројс Сребрен Серафим
Ролс-Ројс Сребрена Мамуза од 1994 г. (блиндиран повеќесед)
Ролс-Ројс Сребрена Сенка II од 1977 г.
Ролс-Ројс Камарг од 1982 г.
Ролс-Ројс Фантом од 2005 г.

Симбол на Ролс-Ројс автомобилите е двојното Р („RR“) и статуетката „Дух на екстазата“.

Историја

уреди

Во далечната 1884 година Фредерик Хенри Ројс отворил електричарско-механичарска работилница. Во 1904 тој ја отвора првата работилница за автомобили во Манчестер и го произведува првиот модел „Ројс“. Истата година го запознава Чарлс Стјуарт Ролс во еден манчестерски хотел и заедно склучуваат договор со кој Ролс станува ексклузивен дистрибутер на автомобилите на Ројс. Во една од клаузулите на договорот се воспоставува и новото име на автомобилот - "Ролс-Ројс". Претпријатието го основале 1906 год.,а просториите ги преселиле во Дерби во 1908 год.

Ова претпријатие го заработува своето големо име за првпат со моделот Сребрено Сениште (произведуван од 1906 до 1925 г.) кој имал мотор со 6 цилиндри. Направени се вкупно 6173 автомобили од тој модел . Во 1921 год. претпријатието отвора втора фабрика во Спрингфилд во Масачусетс, САД заради големата побарувачка во таа земја. Таму тие произведуваат уште 1701 автомобил од моделот Сребрено Сениште (варијација наречена "Springfield Ghost"). Оваа фабрика работела 10 години и затворила во 1931. Шасијата на овој автомобил била употребена за изработка на првиот британски оклопен автомобил кој се употребувал во двете Светски војни.

Во 1931 г., Ролс-Ројс го купува својот соперник, Бентли кои се соочувале со финансиски потешкотии за време на Големата Депресија. Оттогаш, па сè до 2002, автомобилите на Бентли и Ролс-Ројс стануваат скоро идентични, со исклучок на предната решетка и некои ситни делови.

Во 1946 год. производството на Ролс-Ројс и Бентли се преселува во Кру и во Мулинер Парк Вард, Лондон во 1959 год. кога претпријатието започнува за првпат да призведува сопствени школки за автомобилите —дотогаш тие произведувале само шасии, а школките биле изработувани од поединечни специјалисти наречени „каросеристи“ (англ. coachbuilders).

Во 1971 год. претпријатието се национализира заради финансиски проблеми како резултат на производството на моделот RB211, а во 1973 автомобилското одделение се одвојува од претпријатието и добива име, Ролс-Ројс Автомобили (Rolls-Royce Motors). Главниот оддел на претпријатието за производство на авионски и бродски мотори останува во државна сопственост сè до 1987 год. кога е приватизиран како Ролс-Ројс Јавно д.о.о., една од многуте приватизации на владата на Маргарет Тачер.

Во 1980 год. претпријатието е набавено од Викерс, а во 1998 истите ја продаваат на Фолксваген.

Ролс-Ројс автомобили

уреди

Ролс-Ројс автомобили од 1919 до 1939 г.

уреди

Пролетта 2014 година, во музејот "Риверсајд" во Глазгов, Шкотска бил изложен вториот најстар автомобил на Ролс-ројс, произведен во 1905 година, пред Хенри Ројс да се раздели од Чарлс Стјуарт Ролс. Автомобилот бил целосно реставриран, а претходно бил изложен во 1998 година. Инаку, Хенри Ројс направил само шест такви автомобили, од кои е зачуван само еден примерок.[1]

Бентли модели (од 1933 г.)

Ролс-Ројс автомобили од 1945 до 1998 г.

уреди

Најзначајни модели од тој период:

Моделите на Бентли се произведувале паралелно со гореспоменативе модели. Бентли Континентал купињата (произведувани во 1950-тите и 1960-тите) немале свои Ролс-Ројс еквиваленти. Во овој период исто така се призоведувале и многу скапи Фантом лимузини. Во меѓувреме други производители на луксузни автомобили како Мерцедес-Бенц, БМВ и (многу подоцна) Лексус направиле голем технички напредок комбинирајќи спортски перформанси со високо ниво на комфорт; во споредба со нив Ролс-Ројс изгледал многу старомодно.

Ролс-Ројс автомобили од 1998 г. наваму

уреди
  • 1998-2002 Сребрен Серафим
  • 2000-2002 Корниш - рекордно најскапиот Ролс-Ројс сè до воведувањето на Фантом-от во 2003 г.
  • 2003 Фантом - Воведен во јануари 2003 г. и за првпат пирикажан на саемот за автомобили во Детроит . Ова е првиот модел на фирмата Ролс-Ројс Автомобили д.о.о. кој е подружница на БМВ и нема технички или корпоративни сличности со првобитната копанија,,Ролс-Ројс" освен гореспоменатите права. Овој автомобил има 6.75 литарски V12 мотор осмислен од БМВ, а речиси сите други компоненти се сосема уникатни. Највеќето делови се прават во Германија, а автомобилот се склопува и довршува во новата фабрика во Гудвуд, Сасекс, (Англија). Основниот модел чини 250,000 фунти, а автомобилот може да се добие во нормална и породолжена верзија. Овој автомобил добива неповолни оценки од автомобилските експерти, како и разочарувачки малку купувачи.
  • 2007 Фантом Кабриолет
  • 2007 - 2010 — Ролс-Ројс најавиле во септември 2006 нов модел со 4 врати со позиција под Фантомот и цена од 230,000 до 330,000 УСД. Тие исто така работат на производна верзија на концептното возило 101EX. [1] Архивирано на 6 септември 2008 г.

Прототипи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. "Изложен вториот најстар Ролс-ројс во светот", Дневник, година XVIII, број 5433, петок, 4 април 2014, стр. 26.