Накит претставува украсување на човечкото тело со разни изработени предмети, како: брошеви, прстени, ѓердани, обетки и белегзии. Имајќи предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание. Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.

Украс за на врат од килибар
Дијамантски дезен
Комплет накит со корал црвена боја на кралицата Флорида од Египет, изработка од Ascione, 1938 година, Неапол, Музеј на корален накит
Kenyan човек кој носи племенски монисти
Дијаманти
Шпански смарагд со златни украсни елемнти во Музејот Викторија и Алберт
Пример на позлатен накит
Византиски венчален прстен

Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети. Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење. Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.

Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски одлики и кој потекнува од старофранцускиотjoiel” и од латинскиот “jocale” со значење играчка. Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.

Форма и фукција

уреди

Накитот се користи од многу причини:

Валута, покажување на богатството и складирање
Функционална употреба ( како што се спојалки, шноли, копчиња)
Симболика ( да покаже припадност кон некоја група, статус или религиозно здружување)
Заштита ( во форма на амајлии и заштита од магии)
Уметничко прикажување

Повеќето култури во одредени моменти имале обичај да чуваат големи количини богатство складирани во форма на накит. Голем број култури ги преобразуваат свадбените мирази во форма на накит или создадаваат накит како средство за складирање или прикажување монети. Алтернативно, накитот се користи како валута или артикл за размена; како што е примерот со трговијата на монисти. Многу елементи од накитот како што се брошеви и копчиња, се создаваа со намера да се употребуваат како функционални направи но со тек на времето, со намалувањето на нивната функционална употреба, се развија во украсни елементи. Накитот може да симболизира и членови на одредена група, како што е во случајот на Христијанското Распнување или Еврејската Ѕвезда на Давид или пак да претставува статус, како во случајот на големи синџири кои се носеле околу вратот како знак на лојалност во средновекониот период; како венчалните прстени симболизирајќи ги луѓето кои се во брак, обичај кој се практикува на Запад.

Во некои култури се применува носење амајлија или ланче со религиозно значење како мерка на заштита или избегнување на злото; тие можат да имаат форма на амблем (како што е ankh-клучот на животот),камења, растенија, животни, делови од човечкото тело (како што е khamsa-амајлија во форма на дланка добро позната во средновековието и Западна Африка) или глифови (како што се модернизирани верзии од Throne Verse –најпозната верзија на Куранот во исламската уметност).

Иако од самиот почеток уметничкото прикажување беше својствоено за накитот, останатите гореспоменати улоги се стремат кон заземање на предноста. Во доцнежниот 19 век, со дејноста на големите уметници како Петар Карл Фаберже (анг. Peter Carl Fabergé) и Рене Лалик (анг. René Lalique) уметноста го презеде водството над функцијата и богатството. Овој тренд се рашири од уметниците како што се Роберт Ли Морис (анг.Robert Lee Morris), Ед Левин (анг. Ed Levin) и Алберто Репоси (анг.Alberto Reposсi )и продолжи низ модерните времиња.

Материјали и методи

уреди

Во содазавањето на накитот, скапоцените камења, монетите и останато, често се употребуваат скапоцени елементи и како по обичај се вметнуваат во скапоцени метали. Легурата од речиси секој метал за кој знаеме се среќава во накитот. На пример, бронзата беше чест случај во римското време. Модерниот префинет накит вклучува злато, бело злато, платина, паладиум и сребро. Поголемиот број од амрикансткиот и европскиот златен накит се прави од легурата на златото, чија чистота се изнесува во карати означени со број по кој следи буквата К. Американскиот златен накит мора да биде најмалку десекаратен (41,7% чисто злато), ( и покрај тоа што во Обединетото Кралство е деветкаратен (37% чисто злато) и вообичаено се среќава накит кој е осумнаесеткаратен(75% чисто злато). Помалку застапени се нивоата на чистота со легура од 22К (91,6% чисто злато) и 24К (99% чисто злато) кои се сметаат за премногу нежни за да се употребуваат како злато во Америка и Европа. Овие легури со висока чистота се користат во голема мера низ Азија, Средниот Исток и Африка. Легурите од платина се движат од 900 (90% чистота) до 950 (95,0 %чистота). Среброто кое се користи за накит обично е чисто сребро или 92,5% чисто сребро. Понекогаш за изработка на бижутерија се користи сребро кое не ‘рѓосува.

Други материјали кои често се користат се стакло, мурано стакло или емајл; дрво, често резбано ; школки и други природни животински материи како коска и слонова коска; природна смола па дури и пластика. Коноп и други канапи се користат со цел да се направи накит кој има поприроден излгед. Сепак, секое вклучување на олово или оловен лем ќе предизвика Англиската Институција за проверка на скапоцени метали (анг. English Assay office) ( зградата која го дава својот печат за одобрување на накитот во Англија, the Hallmark-официјален знак кој се поставува на предметите изработени од скапоцени метали) да го унитшти тоа парче накит.

Монистите често се користат како накит. Можат да се изработат од стакло, скапоцени камења, метал, дрво, школки, глина и глина од полимер. Накитот од монисти често вклучува ѓердани, белегзии, обетки, каиши и прстени. Монистите можат да бидат големи или мали; најмалите видови кои се користат се познати како монисти со големина на зрно, кои се користат за ,,проткаен” стил на накитот украсен со монисти. Друга нивна употреба е техниката за везење каде бисерите се зашиваат на подлога од материјал за да се создаде голем ѓердан околку вратот и белегзии. Везењето на монисти, познат вид рачна-изработка во Викторијанскиот период, ја отсликува ренесансата преку модерниот накит во денешно време. Во доста африкански и локални западно-американски култури е познат и декоративниот елемент. Техниките за усовршување на стаклото и прозводството на монисти од стакло на врвните уметници кои како материјал го користат стаклото Мурано и Венетиан (анг.Murano and Venetian) развија кристално јасно стакло, стакло со глазура (емајл), стакло со златни делчиња (златен камен), шарено стакло (илјада цвеќиња (анг. millefiori), млечно стакло (латимо (анг. Lattimo)) и имитација на скапоцени камења направени од стакло. Веќе во 13 век стаклото и монистите Мурано беа познати. Методите на кујунџијата, златарот и обработувачот на скапоцени камења вклучуваат ковање, леење, лемење или заварување, сечење, резбање и ,,ладно спојување” (користејќи лепило, спојалици и навртки за да се спојат деловите).

Дијаманти

уреди

Првото копање на дијамнти беше во Индија. Плиниј, римски држајанин и научник, можеби ги има спомнанто, иако постои дебата за вистинската природа на каменот која тој ја нарече Адамс. Во 2005 година Австралија, Боцвана, Русија и Канада се рангираа помеѓу првите извори на производство на скапоцени дијамантски камења. Британскиот кралски накит се состои од дијамантот Џулијан ( анг. Cullinan Diamond), дел од најквалитетен необработен дијамант некогаш пронајден (1950 година), со 3,106,75 карати (621,35 грама). Денес познати се венчалните прстени. Оваа употреба датира од времто кога Максим I се оженил со Марија од Бургундија во 1477 година.

Други скапоцени камења:

уреди

Многу скапоцени и полускапоцени камења се користат како накит. Помеѓу нив се следниве:

Килибар. Килибар- древен, органски, скапоцен камен, се состои од смола од дрво која се стврднала со текот на годините. Каменот мора да биде најмалку милион години стар за да се класифицира како килибар а некој килибар може да биде стар и 120 милиони години.

Аметист. Историсрки, аметистот бил еден од највисоко ценетите скапоцени камења кај семејствата од повисоката класа. Нему му се придава големо значење поради неговата боја, која може да се класифицира по нијанса од најсветла до најтемна.

Смарагд. Смарагдите се едни од трите главни скапоцени камења (заедно со рубинот и сафирите) и се познати по нивната светло - зелена до синкаво- зелена боја. Тие биле ценети низ текот на годините и според некои извештаи Египќаните копале смарагд дури 3500 години п.н.е. .

Жад. Жадот најчесто е со зелена боја но може да се појави и во голем број други бои. Тој е тесно поврзан со азиската култура , историја и традиција и понекогаш се нарекува каменот од рајот.

Јаспис. Јасписот води потекло од фамилијата млечни камења и може да се појави во различни бои. Јасипот често може да се истакне со уникатни и интересни дезени во обоениот камен. Picture jasper е вид на јаспис познат по боите (најчесто беж и кафена) и спиралните облици во шемата на каменот.

Кварц. Кварцот се однесува на фамилијата кристални скапоцени камења во различни бои и големини. Помеѓу најпознатите видови на кварц се розов кварц ( кој има светло- розова боја) и зачаден кварц (кој се појавува во разновидни нијанси на проѕирна кафеава). Одреден број од другите скапоцени камења како што се аметист и цитрин се дел од фамилијата на кварцот. Rutilated quartz e познат вид на кварц кој во својата содржина вклучува смеси во форма на игла.

Рубин. Рубинот е познат по неговата интезивно црвена боја и се вклучуа помеѓу највисоко ценетите скапоцени камења. Веќе илјада години рубинот е доста ценет скапоцен камен. Во санскритскиот јазик за рубин се користи зборот ratnaraj со значење кралот на скапоцените камења.

Сафир. Најраспространетата форма на сафир е синиот сафир кој е познат по неговата боја која се движи од средно сина до темносина и неговата силна заситеност. Во САД се смета дека синиот сафир е најпознатиот и најдостапниот од трите најголеми бесценети скапоцени камења (смарагд, рубин и сафир).

Тиркиз. Тиркизот може да се најде само на неколку места на земајта. Југозападна Америка е најголемиот регион за производство на тиркиз во светот. Тиркизот се цени по неговата привлечна боја, најчесто интензивно сина или зеленикаво сина и по древното богатство. Тиркизот се користи во разни видови на накит. Можеби е најтесно поврзан со јужнозападните и севернозамериканските Индијанци но и со елегантните модерни стилови на накит. Некој тиркиз има матрица од темнокафеава шара која овозможува интересн контраст на сетлосината боја на скапоцениот камен. Некои скапоцени камења (како бисери, колар и килибар) се класифицираат како органски што значи дека се настанати од живи организми. Други се неоргански што значи дека се состојат и произлегуваат од минерали. Методот на вадење на аметистот почна помалку да се вреднува па поради тоа нивното увезување се зголеми. Некои камења кои човекот ги направил можат да послужат како природни скапоцени камења како што е коцкестиот циркон кој може да се користи на местото на дијамантот.

Крајна обработка

уреди

За накитот од платина, злато и сребро има повеќе техники за да се направи крајна обработка. Најчести се висoко полирање, техника за добивање мазен или мат изглед , грубо полирање (шмирглање) и ковање. Досега високо полираниот накит е најзастапен и му дава на металот голем сјај кој се одбива и краен, сјаен изглед. Техниката за мат или мазна обработка го намалува сјајот и рефлективноста на накитот и често се користи за истакнување на скапоцените камења како што се дијамантите. Грубото полирање му дава текстура на накитот и често се прави со стругање на металот( слично како шмирглање) оставајќи ,, траги од четки”. За ковањето вообичаено се користи мек, заоблен чекан и накитот се кова со цел да му се даде брановиден изглед. Некој накит се обложува со цел да добие сјаен и рефлектен изглед или за да се постигне посакуваната боја. Накитот од чисто сребро може да се обложи со тенок слој од 0,999 чисто злато (процес познат како светнување) или пак со родиум или злато. Бижутеријата со основа метал може исто така да се обложи со сребро, злато или родиум за поатрактивен краен излгед.

Влијание врз општестото

уреди

Накитот се користи за да одбележи одреден статус. На пример, во Стариот Рим само одредена класа луѓе носеа прстени, подоцна сумптуарните закони одредија кој може да носи таков вид накит и повторно врз основа на класата. Прописите на културата одиграа значајна улога. На пример, во 19 и почетокот на 20 век кога некој од западот носел обетки се сметало за женственост. До неодамна, покажувањето на накитот за тело,како што е пирсањето, стана знак за припадност и некои групи луѓе тоа го сметаат за храброст а други пак се сосема против тоа. Исто така хип-хоп културата го разви жаргонскиот термин bling-bling кој укажува на накит кој е наметлив и се носи од страна на мажи и жени. Во почетокот на 20 век луѓето од индрустијата за накит кои започнаа акција за популаризирање на венчалните прстени за мажи, кои станаа познати, како и свршенички прстени, кои не достигнаа популарност, отидoа толку далеко што измислија лажна историја и тврдеа дека ова се применува уште од средновековните години.

До средината на 40-тите години, 85% од свадбите во САД се одликуваа со церемонија за разменување на прстени, за 15% повеќе од 20-тите години. Покрај споменатите фактори и религијата има голем придонес : на пример исламот смета дека носењето злато од страна на мажот е општествена забрана и многу религии имаат дектрети против претераното изложување на накитот. Во христијанството Новиот завет заповеда против носењето злато, во евангелијата на апостолите Павле и Петар. Во Апокалипсата 17 (последната книга од Библијата) ,,големата блудница” или лажниот религиозен систем се опишува како ,, накитен со злато, скапоцени камења и бисери, со златна чаша во раката”.

Историја

уреди

Накитот има долга историја со многу различни употреби во различни култури. Опстојува веќе илјадници години и овозможува различни проникнувања за тоа како древните култури се развиваа.

Рана историја

уреди

Првите знаци на накит водат потекло од луѓето во Африка. Во Бломбос пештерата се пронајдени исдупчени монисти кои упатуваат кон накитот од школкинаправен од школки од морски полжави стари 75, 000 години. Во Кенија, во Енкапун Ја Мутоанг.Enkapune Ya Muto, монистите кои се направени од исдупчените лушпи од јајце од ној датираат од пред 40,000 години и повеќе.

Надвор од границите на Африка кромањонецот поседуваше груби ѓердани и белегзии од коски, заби, зрнести плодови и камења кои висат на конец или на животинска мускулна жила или на делови од изделкана коска чија цел беше да ја држи облеката заедно. Во некои случаи накитот опфаќаше школки или бисерни школки. Во јужна Русија се пронајдени изгравирани колби од заб од мамут. Венера од Hohle Fels се одликува со отвор на врвот покажувајќи дека била наменета да се носи како украс за на врат.

Пред околу 7,000 години се здогледа првиот знак на накит од бакар. Во октомври 2012 година изјавата на Музејот на древна историја во Покраина, за пронаоѓањето на гроб на жена која изработувала накит-ги натера археологистите уште еднаш да ги истражат половите улоги откатко се покажа дека професијата за која претходно се сметаше дека ја работеле само мажи ја работеле и жени изработувајќи накит од метал.

Египет

уреди

Првите знаци на официјалните производства на накит во Стар Египет датираат од пред 3,000-5,000 години. Египќаните претпочитаа луксуз, уникатност и искористување на златото отколку на останатите метали. Египќаните од прединастичкиот период кои поседуваа накит во Египет почнаа да ја симболизираат моќта и религиозната сила во општеството. Накитот не само што го носеле богатите Египќани додека биле живи дури и по нивната смрт накитот бил со нив, во нивните гробници често до благодетите за задгробен живот. Надоврзувајќи се на златниот накит, Египќаните користеа обоено стакло заедно со скапоцени камења. Бојата на накитот имаше значење. Зелената, на пример, симболизираше плодност. Иако увозот на синиот камен и среброто бил надвор од границите на државата многу други материјали беа пронајдени во или близу Египет.

Египетските дезени често беа застапени кај финикискиот накит. Старите турски дезени застапени кај накитот од Персија укажуваат на честата трговијата помеѓу Средниот Исток и Европа. За време на свеченостите жените носеа добро изработен накит од злато и сребро.

 
Амајлија (1254 година п.н.е.) изработена од злато, син камен, тиркиз и карнеал, широк 14 сантиметри
 
Круна на египетската принцеза од 18тата династија според фараноската ера

Европа и Средниот Исток

уреди

Месопотамија

уреди

Пред околу 4000 години производството на накит стана значаен занает во градовите во Месопотамија. Најбитниот археолошки доказ доаѓа од Кралската гробница во Ур, каде илјадници гробови од периодот помеѓу 2900-2300 година од п.н.е. беа откопани, гробови како оној на Пуаби со мноштво од ракотворби во злато, сребро како и полускапоцени камења, како круни од син камен украсени со златна статуетка, ѓердани во форма на јака и украсни брошеви за на глава. Во Асирија и мажите и жените носеа премногу накит вклучувајќи амајлии, колби за зглобовите, тешки ѓердани од повеќе слоја и цилиндрични печати.

Во Месопотамија се настојуваше накитот да се прави од тенок метален лист и се декорираше со светли лисја, спирали, монети и сноп грозје. Златарите произведуваа накит и за човечка употреба и за украсување на статуи и идоли. Тие применуваа напредни техники за преработка на метал во голема разновидност како што се емајлирани садови, гравирање, фина гранулација и филигран. Меѓу останантите пронајдоци, низ археолошките локации во Месопотамија се пронајдени опширни и прецизни извештаи кои се однесуваат на трговијата и прозводството на накит.

На пример, еден изештај во кралската архива Мари дава увид на изработката на разновидни елементи од накит:

  • Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 35 мазни, шарени монисти од млечен камен и 35 златни монисти зацврстени со жлебови во група од пет.
  • Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 39 мазни, шарени монисти од млечен камен со 41 мониста зацврстени со жлебови во група составувајќи го делот што виси.

Грција

уреди
 
Златни обетки од Mycenae, 16 век п.н.е
 
Антички грчки накит, 300 години п.н.е

Грците почнаа со употреба на златото и скапоцените камења за накит во 1600-тата година п.н.е. и покрај сознанието дека монисти во форми на школки и животни се произведуваа многу години пред тоа. До 300-тата година п.н.е. Грците станале стручнаци за накит во боја и користење на аметист, бисери и смарагд. Се открија и првите знаци на камеја, кои Грците ја создадоа од индиски оникс (истакнат вид на калцедон), пругаст ахат со кафеаво розова и кремаста боја. Грчкиот накит отсекогаш беше поедноставен за разлика од оној во другите култури, со едноставни дезени и обработка. Сепак, како што поминуваше времето, дезените станаа посложени и набргу разновидни материјале почнаа да се користат.

 
Украс со гола жена направен од електрум, Родос, околу 630-620 година п.н.е.

Грците едвај носеа накит и најчесто го носеа кога се појавуваа во јавноста или во свечени прилики. Често како подарок си даваа накит и претежно жените го носеа за да го покажзат своето богатство, општествен статус и убавина. Од накитот се очекуваше да го заштити корисникот од ,, злобното око” или да му даде натприродна моќ додека сите останати предмети кои му претходеа на накитот имаа само религиозно значење. Постари парчиња накит беа посветени на боговите. Најголемото производство на накит од овој период беше од Западна Грција и Македонија. Покрај многубројниот накит од злато и сребро со слонова коска и скапоцени камења се правеа и примероци од бронза и глина.

Грците изработуваа два вида на арчиња накит: леани парчиња и парчиња измазнети на метална плоча. Откриени се неколку парчиња леен накит. Се правеа со леење на металот на два камења или глинени калапи. Двете половини потоа се спојуваа заедно со восок и во средината се ставаше растопен метал. Оваа техника се практикувала од времето на донцната бронзена доба. Најчестата форма на накит беше кована плочка. Плочките од метал се коваа додека не станат тенки а потоа заедно се лемеа. Внатрешноста на двете плочки се пополнуваше со восок или друга течност за да се заштити металот.Во тоа време се користеа различни техники, како печат или гравирање за да се направат апликации на накитот.Многу од дезените Грците ги зедоа од надворешно потекло, на пример од Азија, кога Александар Велики освои дел од неа. Други влијанија од Европа можат да се забележат во поранешните дезени. Кога римскиот закон се воведе во Грција не настана промена во изгледот на накитот. Сепак, од 27-тата година п.н.е. големи промени се забележуваат кај грчкиот накит под влијание на римската култура но тоа не значи дека дезенот на домородците не напреднувал. Голем број многубојни приврзоци во форма на пеперутки на сребрено синџирче од лисичја опашка кои датираат од првиот век се пронајдени близу Олбија (анг. Olbia) со еден единствен примерок во светот.

Иако изработката на накит беше во избилство разновидна во поранешни времиња, особено помеѓу варварските племиња како што се Келтите, кога Римјаните ја освоија скоро цела Европа, накитот претрпе промени како резултат на помали фракции кои влијаеја врз римските дезени. Најзастапен артефакт кај древните Римјани беше брошот со намера да ја држи облеката прицврстена. Римјаните користеа голем избор на материјали од нивните пространи извори низ државата.

Покрај златото, Римјаните понекогаш користеа бронза и коска и во поранешни времиња стаклени монисти & бисери. Речиси пред 2,000 години тие увезија сафири од Шри Ланка и индиски дијаманти и користеа смарагд и килибар за изработка на накит. Во Англија, упраувана од Рим, фосилизирано дрво наречено ахат од Северна Англија често се длабеше на парчиња накит. Древните Италјанци работеа со грубо злато и произведуваа копчиња, ѓердани, обетки и колби. Изработуваа и огромни приврзоци исполнети со парфем. Исто како кај Грците, целта на Римјаните беше заштита од ,, злобното око” на душманите. Иако жените носеа голема количина накит, мажите често носеа само прстен. Покрај очекуваното да носат само еден прстен, некои од нив носеа на секој прст а други воопшто и не носеа. Римјаните, вклучувајќи ги и мажите и жените носеа прстен со изгравиран скапоцен камен на него кој кога се користеше со восок служеше за запечатување на документи, обичај кој продолжи и во средновековието кај кралевите и аристократите. По падот на Римското Царство, дезените беа преземени од соседените држави и племиња.

Средновековиe

уреди

Пост-Римска Европа продолжи да развива техники за правење накит.Келите и Меровињаните (анг. Merovingians) воглавно биле забележени по нивниот накит кој во поглед на квалитет се совпаѓал и го надминувал оној од Византија. Патенти за облека, амајлии и во помал број прстен-печат се артефакти за кои денес знаеме. Особено впечатлив пример е Тара брошот на Келтите.

Торк е метален ѓердан кој често се користеше во Европа симболизирајќи статус и моќ. До 8 век, оружјето украсено со накит беше својствено за мажите а останатиот вид на накит со исклучок на прстенот-печат, беше карактеристичен за жените. Како пример служат закопани добра пронајдени во гроб близу Шалон-сур-Салон (анг. Chalon-sur-Saône ) во 6-7 век. Млада девојка била закопана со два сребрени брошеви, ѓердан со парички, колба, златни обетки, еден пар шноли за коса, чешел и шнола. Келтите се остручија во понатамошната обработка и декорирање на накит додека дезените на Меровињаните (анг. Merovingians) се најдобро познати по стилизирани животиснки фигури. Тие не се единствено познати по добрата изработка на накит. Обрнете внимание на работата на Визиготите (анг. Visigoth) и многубројните украсни објекти пронајдени кај англосаксонскиот погребален брод (анг. Ship burial) во Сутон Хо Суфолк (анг. Sutton Hoo Suffolk), Англија кои претставуваат осебено добар пример. Би можело да се констатира дека во овој период на континентот емајлираните садови и гранатот претставуваа совршен метод и скапоцени камења. Источниот наследник на Римското Царство, Византиско Царство продолжи со употреба на повеќе римјански методи и покрај тоа што преовладуваа религиозни мотиви. За разлика од Римјаните, Франките и Келтите, граѓаните на Византиум користеа лесен златен лист наместо тешко злато и повеќе акцент ставаа на камењата и скапоценостите. На запад, жените од повисок стаж носеа византиско злато додека кај мажите беше ограничен само на прстен-печат. Женскиот накит имаше некои одлики како колт анг. kolts кои претставуваа дел од женски шешир и служеа за украсување на панделки за коса. Како многу други современи култури, накитот се закопуваше заедно со својот сопственик.

 
Меровињанска фабула, Национална библиотека во Франција

Ренесанса

уреди

Ренесансата заедно со истражувањето имаа големо влијание врз развојот на накитот во Европа. До 17 век зголеменото истражување и трговија придонесоа за поголема достапност на разновидни скапоцени камења и откривање на уметноста на другите култури.

Овој период се одликуваше со зголема доминантност на скапоцени камења и нивните приспособувања додека претходно на прво место била обработката на злато и скапоцен метал. Извонреден пример за ова е Cheapside Hord залиха на накит скриена во Лондон за време на периодот на Републиката која не се пронајде сè до 1912 година. Содржеше колумбиски смарагд, топаз и амазонит од Бразил, шпинел, кордиерит и берилиум алуминат од Шри Ланка, рубин од Индија, авганистански син камен, персиски тиркиз, оливин од Црвеното Море како и бохемиски и унгарски опал, гранат и аметист. Прстените со глазура се украсуваа со големи камења сместени во кутии со жлебови. Помеѓу трговците оној кој привлекуваше внимание беше Жан Батист Таверние (анг. Jean-Baptiste Tavernier), кој во 60-тите го донесе во Франција каменот кој му претходи на Кралскиот дијамант.

Кога Наполеаон Бонапарт беше назначен за крал на Франција во 804 година им го врати сјајот на стилот и раскошот на накитот и модата во Франција. Под власт на Наполеаон произодителите на накит претставија parures - комплет од накит, како што е дијамантска круна, дијаманстки обетки, дијамантски прстени, дијамантски брош и дијамантски ѓердан. Двете жени на Наполеон поседуваа ваков сет од накит и редовно го носеа. Друг моден елемент кој Бонапарт го возобнови е камеја. По претставувањето на неговата круна која беше гравирана, ваквиот метод се бараше во голема мера. Прите фази на бижутеријата беа видливи во овој период, стаклени монисти во форма на рибина крлушка наместо бисери или гравирани школки од морски полжави наместо гравирање на камења. Нови термини се измислија за да се разликува филофозијата: златарите кои работеа со поевтини материјали се нарекуваа bijoutier додека златарите кои работеа со поскапи материјали –joailliers, обичај кој продолжи до денешен ден.

 
Оникс камеја

Романтизам

уреди

Почнувајќи во доцниот 18 век, романтизмот остави силно влијание врз развојот на накитот од западот. Можеби најзначајните влијанија беа занесот на јавноста од новоотркиените богатства со раѓањето на археологијата и привлечноста на средновековната и ренесансна уметност. Промената на општествените услови и почетокот на Индустриската револуција доведоа до пораст на средната класа која сакаше и можеше да си дозоли да носи накит. Како резултат на тоа, користа од индустриските процеси, евтината легура и имитациите на камен доведоа до развој на бижутеријата. Истакнати златари продолжија да просперираат, сепак, побогатите господари кои сакаа да го истакнат она што го носат стоеја подалеку од вообичаениот накит не само со употребата на скапоцени камења туку и со врвна уметничка и техничка обработка. Еден таков уметник беше францускиот златар Франсоа Десир Формент Морис (француски Françoise Désire Froment Meurice). Уникатна категорија и доста соодветна на филофозијата на романтизмот беше накитот на жалост, кој обично се носеше по загубата на блиска личност. Потекнува од Англија каде кралицата Викторија често носеше накит од црн килибар по смртта на принцот Алберт со што беше дозволено да се носи ваков накит за време на жалост поради смртта на саканата личност. Во САД во 1837 година е основана Tiffany & Co. од Чарлс Левис Тифани. Оваа корпорација ја постави Америка на светската мапа во однос на накитот и постигна слава создавајќи еклатантени комисии за одредени луѓе како што е жената на Абрахам Линкон.

 
Накит на жалост во форма на црн брош 19 век

Подоцна ќе се здобие со лоша слава со објавувањето на филмот ,,Појадок кај Тифани”. Во Франција, Пјер Картиер ја основа Cartier SA во 1847година додека во 1884 година ја основа Bulgari во Италија. Се роди студиото на модерното производсто кое беше чекор напред од поранешната доминантност на поединечни занаетчии и покровителство.

Соработката помеѓу исток и запад го одблежи овој период. Соработката во Pforzheim помеѓу германски и јапонски уметници доведе до колекција шакидо плочи во филигрански рамки кои фирмата Stoeffler ги создала во 1885 година. Можеби големото финале- и соодветен премин до следниот период- беа маестралните творби на рускиот уметник Петар Карл Фаберже (анг. Peter Carl Fabergé), кој работел за рускиот кралски двор и чиј накит и доста познатите уметнички јајца направени од накит сè уште се сметаат како пример за златарската уметност.

Модернизам

уреди

Во 1890-тите години создавачите на накит почнаа да го истражуваат потенцијалот за развивање на модернизмот и блиско поврзаниот германски Jugendstil, британскиот (и за некој степен американски) Arts and Crafts Movemenт, каталонскиот модернизам, австроунгарскиот Sezession, италјанскиот ,,Liberty” итн.

Накитот од овој правец опфаќа многу различни одлики како фокусирање на женските форми и ставање акцент на бојата, најчесто толкувана преку употребата на техниките за глазура вклучувајќи basse-taille- техника на емајлирање за создавање барејлеф шема во металот, champleve – техника за украсување на метали каде одредени делови изделени од металот се пополнети со емајл и се палат, емајл и plique-à-jour (анг. letting in daylight- допуштање на дневна светлина).

Мотивите вклучуваат орхидеи, ирис, љубичица, винова лоза, лебеди, пауни, змии, водно коњче, суштества од митологијата и женската силуета. Рене Лалик (француски René Lalique), кој работел во продавницата на Семуел Бинг (анг. Samuel Bing) во Париз, современиците го признаа за водечка личност во овој тренд. Darmstadt Artists' Colony и Wiener Werkstätte веројатно го овозможија најзначајниот германски придонес во овој тренд, додека во Данска, тоа е Џон Џенсен (анг. Georg Jensen) , најдобро познат по неговото сребро, кој придонесе за значајни парчиња накит.

Во Англија Liberty & Co. and the British arts & crafts movement на Чарлс Роберт Ашби (анг. Charles Robert Ashbee) овозможија повеќе линиски но сепак карактеристични дезени. Новиот стил ја помести главната точка на уметноста на златарите од сложувањето на камењата до уметничките дезени на самото парче накит. Дезенот на водно коњче на Лилик е најдобар пример за ова. Глазуарата имаше голема улога во техниката додека змијулестите структурни линии се најпрепознатлива одлика на дезенот. Крајот на Првата светска војна уште еднаш го смени гледиштето на јавноста со што се разви посериозен дизајн.

Ар деко

уреди

Растот на политичкиот притисок и поствоените последици доведе до поедноставни форми комбинирани со поефикасна изработка за масовно производство на висококвалитетен накит. Опфаќајќи го период од 1920-тите и 1930-тите новиот правец стана познат како ар деко. Волтер Кропиус (анг. Walter Gropius) и германското движење Bauhaus со нивната филозофија дека ,,не постојат граници помеѓу уметниците и занетчиите” доведоа до некои интересни и стилски опростени форми. Се претставија и модерни материјали: најпрво се користеше пластика и аломиниум и од значење се прврзоците од хром на рускиот Bauhaus умтеник Naum Slutzky. Стручната вештина се вреднуваше исто како и самиот материјал. На западот во овој овој период од значење беше повторното откривање на гранулацијата од страна на германката Елизабет Тресков (анг. Elizabeth Treskow) иако овој развој на повторно создавање продолжи во 1990-тите. Се заснова на основни форми.

Азија

уреди

Во Азија, Индискиот Потконтинент се истакнува со најголемото сведоштво за правење накит од било кое друго место на светот со историја постара од 5,000 годинии. Првите кои започнаа со изработка на накит се луѓето од цивилизираната долината Инд каде денес претежно се наоѓа современ Пакистан. Раното производство на накит во Кина започна приближно истиот период но стана широко распространет со ширењето на Будизмот пред околу 2,000 години.

 
Кралски обетки, Индија, 1 век п.н.е.

Кина

уреди

Кизените користеа повеќе сребро отколку злато во изработката на накит. Сините перја на птиците рибарче беа поврзани со кинескиот накит и подоцна во дезенот на накитот се вклучија и скапоцени камења и стакло. Сепак, повеќе се претпочиташе жадот отколку некој друг камен. Кинезите го почитуваа жадот поради човечките квалитети кои му ги препишуваа, како што се неговата цврстина, издржливост и убавина. Првите парчиња жад беа многу едноставни, но како што минуваше времето се воведоа посложени дезени. Прстени од жад кои датираат помеѓу 4 и 7 век п.н.е. докажаа дека се обработувале со сложена машина за мелење стотици години пред оваа опрема да се спомне на западот. Во Кина најнесекојдневен елемент на накит беше обетката, која ниту мажите ниту жените ја носеа. Вообичаени беа амајлиите најчесто со кинескиот симбол или змеј. Змејови, кинески симболи и феникс најчесто беа насликани на накитот. Кинезите често го сместуваа нивниот накит во нивните гробови. Повеќето кинески гробови кои археологистите ги пронајдоа содржат украсен накит.

Индиски Потконтинент

уреди

Индискиот Потконтинент ( вклучувајќи ја Индија, Пакистан и други земји од Јужна Азија) има долга историја на накит која помина низ различни промени со културни и политички влијанија повеќе од 5,000 – 8,000 години. Иднија го има најголемото сведоштво за правење злато од било кое друго место на светот од времето на ''Рамајана'' и ''Махабхарт''а (анг. Ramayana and Mahabharata). Како резултат на многубројните извори на накит, Индија финансиски напредна со извезувањето и размената со други земји. Додека западните традициите беа под поголемо влијание на царствата кои се зацврстуаат и слабеат, Индија уживаше во непрекинат развој на уметнички форми приближно 5,000 години.

Први кои ја започнаа изработката на накит беа луѓето од цивилизираната долина Инд (опфаќајќи го денешен Пакистан и северозападна Индија). До 1500-тата година п.н.е. луѓето од долината Инд изработуваа златни обетки и ѓердани, ѓердани од монисти и метални алки. Пред 2100-тата година п.н.е. претходејќи на периодот кога металот се користеше во голема мера, најголемата трговија на накит во долината Инд беше трговијата со монисти. Монистите во оваа долина се правеа со едноставни техники. Најпрво се купуваше цврст камен кој можеше да се набави од трговец на камења од истокот. Потоа каменот се ставаше во жешка печка каде се загреваше сè додека не стане темноцрвен, високо ценета боја од страна на жителите на долината Инд. Потоа каменот се кршеше сè додека не ја добие потребната големина. Монистите потоа се полираа а некои се украсуваа со дезени. Овој метод се пренесуваше на следните генерации во семејството. Децата на изработувачите на монисти го учеа овој занает уште од рани години. Персискиот стил одигра голема улога кај индискиот накит. Секој камен си има свои карактеристки поврзани со хиндуизам. Накитот во долината Инд претежно го носеа жените кои на рачните зглобови имаа многубројни колби од глина или школки. Најчесто беа во форма на крофна и во црна боја. Со тек на време, глинените алки се отфрлија за други, поиздржливи. Во денешна Индија алките се прават од метал или стакло. Други парчиња кои жените обично ги носеа се тенки златни врвки на челото, обетки, примитивни брошеви, тесен ѓердан и златни прстени. Иако жените претежно носеа накит, некои мажи од долината Инд носеа монисти. Малите монисти најчесто се изработуваа за да се стават во косата на жените и мажите и беа со должина од еден милиметар.

Женски скелет (моментално изложен во Националниот музеј, Њу Делхи, Индија) носи алка од карнеол на нејзината лева рака. Според хинду верувањето златото и среброто се сметаат за религиознни метали. Златото го исмболизира топлото сонце додека среброто ладната месечина. Двата се сметаат за совршени метали кога станува збор за индискиот накит. Чистото злато не оксидира и ‘рѓосува со тек на времето па поради тоа хинду религијата го поврзува златото со бесмртноста. Во древната индиска литература често се среќава сликовито изложување на злато. Во ведските хинду верувања на космолошкото создавање изворот на физичкиот и духовниот човечки живот води потекло и се развива од златната утроба (hiranyagarbha) или од јајцето (hiranyanda), метафора за сонцето чија светлина се издига од исконските води. Владеењето на Mughal беше најзначајниот период поврзан со накитот. Многу произведувачи на накит просперираа од 16 до 19 век. Накитот имаше голем статус во индиското кралсто, толку моќен што се воведоа закони и ограничување за носење накит кај кралското семејство. Само кралското семејсто и неколку други на кои им беше дозволено можеа да носат накит на нозете. Ова обично се сметаше за недоволно почитување на вредноста на светите метали. Иако поголемиот дел од населението во Индија носеше накит, Махараџа и луѓето од кралското семејство беа подлабоко порзани со накитот. Улоготата на Махараџа беше од големо значење што хинду филозофите го одредија за главен за урамнотежното раководење на светот. Се смета за божествено битие, божество во човечки облик чија должност е да ги поддржува и заштитува принципите на космичкиот ред (анг. dharma), моралниот ред на универзумот.

Наваратна (девет скапоцени камења) е накит со голема важност кој често го носел Махараџа. Тоа е амајлија, која се состои од дијамант, бисер, рубин, сафир, смарагд, топаз, мачкино око, корал и хијацинт (црвен циркон). Секој од овие камења се поврзува со небесно божесто, а кога сите девет камења се заедно го претставуваат совршенството на хинду универзумот. Дијамантот е највлиијател од сите други камења. Постојат различни исечоци на скапоцени камења. Индиските кралеви поединечно купуваа скапоцени камења од продава;ите. Махараџа и други членови од кралското семејство го ценат скапоцениот камен како да е хинду Бог. Тие разменуваа скапоцени камења со луѓе со кои биле многу блиски посебно членовите на кралското семејство и други блиски сојузници. Само на самиот владетел, неговото блиско сродство и на некои одредени членови од неговата свита им беше дозволено да носат кралски турбан. Како што империјата се развиваше, различни форми на украсни елемети се стекнаа со едно заедничко име sarpech, споено од sar или sir што значи глава и pech со значење копче.

Индија беше прва држава која копаше дијаманти, со некои рудници кои датираат од 296-тата година п.н.е. Индија тргуваше со дијамнати имајќи ја предвид нивната вредност. Според историјата, дијамантите се поседувале за да се задржи во сеќавање или да се врати изгубената љубов, како знак за пофалба или за изразување верност во замена на одобрување и заштита. Мугхал владетелите ги користеа дијамантите како средство со кое ќе ја обезбедат нивната бесмртност со тоа што нивните имиња и звања биле напишани на дијамантите.

Покрај сето тоа, Махараџа имаше и продолжил да има главна улога во социјалните, политички, економски и религиозни случувања во Индија како и во многу други места. Во историјата на Индија, дијамантите се користеле за да се здобие со воена опрема, финансиски војни, поттикнати револуции и дезертерство. Тие придонеле за одрекување од престолот или обезглавување на моќните. Се користеле за убиство на претставниците на доминантната власт со тоа што ја мешале нивната храна со згмечени дијаманти. Индиските дијаманти се користеле за обезбедување на големи заеми потребни за политички или економски кризи. Воените херои се наградувале со дијаманти кои се користеле и како откупнуна за ослободување од затвор или грабнување. Употребата на накитот продолжува и во денешно време и е незаменлив во индиските церемонии и свадби.

 
Наваратна прстен

Северна и Јужна Америка

уреди

Накитот имаше главна улога во судбината на Американците кога Шпанците создадоа империја за да го запленат американското злато. Во Централна и Јужна Америка прозводството на накит се разви пред 5,000 години. Големи количини накит беа лесно достапни и Ацтеките (анг. Aztecs), Микстеките (анг. Mixtecs), Маите (анг. Mayans) и голем број други андски култури како што е Мочика (анг. Mochica) од Перу создадоа прекрасни парчиња накит.

Со културата на Мочика, обработката на златото достигна висок подем. Парчињата накит не се веќе едноставна обработка на метал туку се маестрални примери на накит. Тие се софистицирани во нивниот дезен со елемнти од тиркиз, седеф, школката спондилоза и аметист. Украсите за нос и уво, плочки за градниот кош, мали кутии и свирки се сметаат за ремек дела од перунската култура.

Помеѓу Ацтеките само аристократите носеа злато што укажува на класата на кое припаѓаа, моќта и богатството. Накитот од злато најчесто беа најзастапен во империјата на Ацетките каде често се украсуваше со пердуви од птицата Quetzal и други. Главно колку повеќе накит носеа аристократите толку повисок статус или углед имаше накитот. На пример, владетелот и неговите првосвештеници беа целосно покриени со злато кога се појавуваа во јавноста. Иако златото беше најзастапениот и најпознатиот материјал кој го користеле Ацетките, жадот, тиркизот и одредени пердуви многу повеќе се ценеа. Како допполонение на украсите и статусот, Ацетките го користеа накитот и во принесувањето жртви за да ги успокојат боговите. Свештениците во изршувањето на животински и човечки жртви користеа долг нож покриен со скапоцени камења.

Друга древна американска цивилизација со познавања за изработка на накит беа Маите. При крајот од нивната цивилизација тие изработуваа накит од жад, злато, сребро, бронза и бакар. Нивните дезени беа слични со оние на Ацетките, со богати украси за на глава и накит. Маите тргуваа со скапоцените камења но во поскорашни времиња имаа слаб пристап до метал, па поголемиот дел од накитот го изработуваа од коска или камен. Трговците и аристократите беа помеѓу оние малкумина кои носеа скап накит во областа на Маите, слично како и во случајот на Ацетките. Во Северна Америка, Северноамериканските Индијанците користеа школки, дрво, тиркиз и стеатит, речиси недостапни во Јужна и Западна Америка. Тиркизот се користеше за ѓердани и обетки. Пристапот на домородците до школките од острига често сместени во една област во Америка им овозможи да ги разменуваат школките со другите племиња со што укажува на големата важност на трговијата на украси за тело во Северна Америка.

Северноамерикански Индијанци

уреди

Накитот на северноамериканските Индијанци претставува поединечно украсување најчесто во форма на ѓердани, обетки, колби, прстени, шноли за коса, брошеви, labret(пирс на устата) и многу други украси кои овие американски домородци ги направиле. Накитот на Идијанците ја отсликува културната разноликост и историја на создавачите. Домородните племиња сè уште ја развивааат јасната естетика вкоренета во нивните поединечни уметнички визии и културни традиции. Уметниците содзаваат накит за украсување, церемонии и трговија. Луј Шер Дубин (анг. Lois Sherr Dubin) пишува: во отсуство на пишани јазици, украсувањето стана битен елемнт во домородната комуникацијата спроведувајќи разни видови информации. Подоцна накитот и личното украсување ,, најавуваа отпорност кон прилагодувањето. Накитот останува главно изразување на племенскиот и поединечениот идентитет. “ Ковачите на метал, произведувачите на монисти, резбари и обработувачи на скапоцени камења спојуваат различни видови на метали, дрва, скапоцени и полискапоцени камења, beadwok(нижење монисти)-украси направени од монисти, quillwork – вид украсување со ткаенина применувајќи перо од бодликаво прасе,заби, коски, кожа, растителни влакна и други материјали за правење накит.

Палетата на накит на современите домородци нуди накит од рачно искршени и преработени камења и школки до накит од челик и титан направен со помош на компјутер.

 
Bai-De-Schluch-A-Ichin or Be-Ich-Schluck-Ich-In-Et-Tzuzzigi (слаб кујунџија), ,, мајстор за метал”, Навахо кујунџија, слика од Џорџ Бен Витик, 1833
 
Моче украси за уво 1-800 н.е. Колекција од музејот Ларко, Лима, Перу

Тихи Океан

уреди

Поради недамненшни човечки населувања, производството на накит во Тихиот Океан започна подоцна. Првобитниот накит се правеше од коска, дрво и други природни материјали и како резултат на тоа не опстана. Поголемиот дел од овој накит се носи над половината, опфаќа украси за на глава, ѓердани, шноли за коса и каиши за раце и половина кои се парчиња накит кои најмногу се употребуваат.

Накитот во Тихиот Океан, со исклучок на Австралија се носи за да симболизира било плодност или моќ.

Усовршени украси за на глава се користат во многу култури од Тихиот Океан и некои жители како што се оние на Папуа Нова Гвинеја (анг. Papua New Guinea) носат украси на главата по убивството на некој непријател. Поглаварот може да носи коска од диво прасе пикната низ носот.

Културата на островот сè уште е примитивна поради недостокот на комуникација со културите вон островот. Западните нации допрва ќе истражуваат некои области од Борнео и Папуа Нова Гвинеја. Сепак, западните мисионери кои го преплавија островот предизвикаа драстични промени во дезенот на накитот. Мисионерите сметаа дека секој кој носи племенски накит е приврзаник на паганството. Многу од племенсите дезени се изгубија при преобразувањето на луѓето во христијани.

Денес, Австралија е број еден снабдувач на опал во светот. Во Европа и Јужна Америка веќе имаше ископувања на опал кои многу години беа главен извор на опал но во доцниот 19 век, астралискиот пазар на опал го презеде водството.

Само во одредени места во Австралија се копа опал кој стана еден од најпрофитабилните камења во Тихиот Океан.

Маори луѓето од Нов Зеланд традиционално имаа силна култура на лично украсување. Нивен најпознат накит е hei-tiki рачно изгравиран од коска, нефрит и bowenite- минерал од светлозелен серпетин сличен на нефрит.

Во денешно време широк спектар од вакви традиционално инспирирани предмети како што се приврзоци изгравирани од коска закачени на традиционални јадици hei matau и накит од диорит се доста популарни кај младите од Нов Зеланд од било кое подрачје- за кои накитот се поврзува со генерализираното чувство за идентитет.

 
Модерна белегзија од опал

Освен накитот кој се создал под влијание на Маори луѓето, модерниот накит во Нов Зеланд е мултикултурен и разновиден.

Модерно време

уреди

Движењето на модерниот накит започна во подоцнежниот период од 40те години, на крајот од Втората светска војна со освежен интерес кон нова уметност. Движењето станува забележливо со делата на Џорџ Џенсен (анг. Georg Jensen) и други создавачи на накит кои ја унапредија замислата за правење накит. Со појавувањето на нови материјали како пластика, Скапоцена Метална Глина (анг. Precious Metal Clay (PMC)) и техники за боење придонесоа за зголемена разновидност во стиловите. Други предностии како што е развојот на усовршената берба на бисери од страна на луѓето како што се Микимото Кокичи и развојот на подобрениот квалитет на вештачките скапоцени камења како што е moissanite (дијамант симултант), направи народот да има сè поголема потреба од накит.

 
Накит со современ дезен

Занаетчиите како Роберт Ли Морис широко го распространија движењето наречено ,,накитот како уметност” кое подоцна го продолжија дизајнерите Гил Форсбук во Обединетото Кралсто.

Еден пример од ова е bling-bling накитот кој стана познат благодарение на хип-хоп и рап изведувачите во раниот 21 век т.е. grills - вид накит кој се става на забите.

Во доцниот 20 век се забележа мешање на европскиот дезен со техники од истокот како што е Mokume-gane. Следниве се иновации во деценииите кои ја опфаќаат и 2000 година: Mokume-gane, хидраулично формирање со калап, анти-конгломеративно металство, превиткување, анодирање на реактивен метал, форми на школки , Скапоцена Метална Глина (анг. Precious Metal Clay (PMC)), фотолитографија и компјутерко-потпоомогнати техноглогии).

Сè повеќе се зголемува желбата за правење уметнички накит и како хоби и како професија. Во САД со повеќе од 17 списанија за самостојно изработување на накит, за пристапот, изворите и можноста да се вложат малку пари за да се започне овој бизнис се причинители произодството на рачно направени украси постојано да се зголемува. Ваков накит може да се види во Метрополитан музејот за накит и во Њујорк.

Во последниве 20 години во Аврстралија се зголеми бројот на студенти кои сакаат да студираат дизајн и изработка на накит па денес Австралија има современо општество за производство на накит. Многу од овие создавачи на накит опфаќаат модерни материјали и техники како и соединување на традиционалните вештини.

Промена на телото

уреди

Накитот кој се користи во ваква примена, за вннесување некоја промена во изгледот, најчесто е едноставен, без некоја шара. Преовладува употребата на нитни од чисто сребро, прстени и обетки. Обетките кои ги носиме кои се ставаат со продупчување на увото придонесуваат за промена во нашиот изглед. Padaung жените во Мајанмар (анг. Myanmar) носат големи златни прстени околу вратот. На речиси петгодишна возраст девојчињата се во пресрет со нивниот прв ваков прстен. Низ годините се повеќе прстени се додаваат. Покрај десетте и повеќе килограми на прстени околу нејзиниот врат, Padaung жената може да носи исто толку и на нејзините потколеници. Како резултат од големината на прстените вратот на овие жени значително се издолжува дури и до 10-15 инчи (25- 38 сантиметри). Ваквата примена лошо влијае врз здравјето и во последните години многу повеќе се носат заради љубопитност на туристите отколку заради нормите кои им ги налага културата. Племиња поврзани со Paduang како и други култури насекаде во светот го користат накитот за да го растегнат долниот мек дел на увцето или зголемувањето на бројот на обетки (пирсинг). Во Америка labret (пирс на вилицата) се носи уште од првиот контакт со Ину луѓето и првите народи од северозападното крајбрежје. Lip plate (округли плочи за устата) се носат од Мурси Африканците(анг. Mursi) и Сара народот(анг.Sara) како и од јужноамериканците.

Во доцниот 20 век влијанието од модерниот примитивизам доведе многу од овие примени да се метнат во западни супкултури и повеќето од нив се потпираат на комбинација од изменување на изгледот на телото и украсни предмети, на тој начин зачувувајќи ја оригиналноста на овие два вида нејасни декорации.

Во многу култури накитот се користи како приверемен модификатор на телото, во некои случаи на својата кожа човекот може да закачи кука или други предмети големи како велосипедите кои на нив вклучуваат и шанк. Иако оваа традиција се применува од племенски или полуплеменски групи и најчесто во полусвесна состојба за време на нивните религиозни церемонии, се вметна и кај западната култура. Многу продавници за екстремно голем накит им овозможуваат на луѓето да го украсат своето тело со предмети како кука или клинци. Најчесто овие куки се користат во комбинација со роданкотур за да го подигне човекот во воздухот и се претпоставува дека предизвикува еротско чувство кај човекот па некои двојки дури ја изведуваат нивната садбена церемонија на ваков начин.

 
Padaung девојче во Северен Тајланд

Пазарот на накит

уреди

Според недамнешно истражување на KPMG, Сад го држи првото место за најголем пазар на накит со 30,8 % дел од пазарот, Јапонија, Индија, Кина и Средниот Исток секој со 8-9% и Италија со 5%. Авторите на ова истражување предвидуваат дека до 2015 година ќе се случи драматична промена со тоа што пазарниот удел на САД ќе падне на 25% а Кина и Индија ќе доживеат пораст до 13%. Средниот Исток ќе остане на речиси исто рамниште, околу 9% помалку или повеќе додека пазарниот удел на Европа и Јапонија ќе биде преполовен со помалку од 4% за Јапонија и помалку од 3% за најголемите индивудуални европски земји, Италија и Велика Британија.

Накитот како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Волшебниот прстен - Естонски народни приказни. Наша книга, Скопје, 1969, стр. 20-27.
  2. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 309-311.
  3. Волшебни сказни на балканските народи. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 69-72.
  4. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 52-53.
  5. „Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 144-156.
  6. РТС, Украдени накит (пристапено на 2.1.2021)
  7. Верка, Моторни песни, 2010.
  8. Discogs, Partibrejkers ‎– Partibrejkers II (пристапено на 17.9.2021)