Битие
Суштество - (грч. τὸ ὄν; лат. ens), она што е (id quod est): ствар, предмет, актуалност, поединечно и конкретно суштество кое ја конституира стварноста[1]. Основното значење на поимот е "да се биде нешто", односно суштество е сè она на што на кој било начин може да му се припише дека е, она што го има битието како својственост. Суштеството е најуниверзалниот поим и темелниот објект на метафизиката, не е можно да се дефинира по родот и специфичната разлика. Поимот суштество како такво (ens ut sic) е еден и аналоген, изрекува крајна апстракција и кажува само дека нешто е, значи му се противи на ништото (нулата), и ги опфаќа реалните и умствените суштества (ens rationis). Реалните суштества можат да бидат стварни и можни; стварните можат да бидат самостојни (супстанциите) и несамостојни (акциденциите); самостојните (супстанциите) можат да бидат независни (Бог) и зависни (створенијата). Мисленото суштество (ens rationis) пак, може да биде со темел во стварноста (на пр. просторот) или без темел во стварноста (на пр. ништожеството). Апсолутниот темел на суштествувањето е реалното, стварното, самостојното и независното, и како такво оригиналното битие, темелот на сите останати видови суштества. Прашањата за суштеството ги проучува метафизиката (онтологијата).
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Оксфордски англиски речник (онлајн ед.). Прес на Универзитетот Оксфорд.