Македонија во 1994 година
(Пренасочено од 1994 во Република Македонија)
Република Македонија во 1994 година | |
---|---|
| |
Попис на население | 1 .936. 877 |
Години : | 1994 1992 1993 1994 1995 1996 1997 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1994 1992 1993 1994 1995 1996 1997 |
Водачи
уредиНастани
уредијануари
уреди- јануари - Мидхад Емини и уште девет етнички Албанци беа уапсени поради сепаратистички активности- формирање на паравојска.
- 10 јануари - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година..
- 26 јануари - Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
- 26 јануари - Воспоставени дипломатски односи со Руската Федерација.
- 31 јануари - Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка..
февруари
уреди- 2 февруари - Чешка Република ја призна Република Македонија.[1]
- 9 февруари - САД ја призна Македонија и воспостави дипломатски односи.
- 12 февруари - ПДП-НДП се оидели на две фракции, од кои радикалната беше предводена од страна на Арбен Џафери и Мендух Тачи.
- 14 февруари - За првпат во земјата се појавува Благајнички запис.
- 15 февруари - Министерот за надворешни работи на Австралија, сенаторот Герет Еванс, соопшти дека Австралија ја призна Република Македонија.
- 16 февруари - Грција воведе ембарго против Македонија (укинато 15 октомври 1995).
- 19 февруари - Во Скопје е основано Македонско - американско здружение за пријателство и соработка.
- 22 февруари - Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралство Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
- 23 февруари - На падините на Шар Планина, во близина на Тетово, беа предадени во редовно производство четири мали хидроцентрали на водоснабдително-енергетскиот систем „Попова Шапка“.
- 25 февруари - Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.
март
уреди- 1 март - Владата на Словачката Република донесе одлука за признавање на Република Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
- 1 март - За првпат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за специјални намени (6. Одред) под името „Волци“. .
- 10 март - Водачот на ОМО Илинден, Јордан Костадинов, на прес-конференција во Софија побара статус на автономна област за Пиринска Македонија. Остри реакции од бугарска страна.
- 10 март - Љубомир Фрчкоски го разрешува Павле Трајанов од позицијата раководител на јавната полиција поради обвинувањето дека во Македонија политичкиот врв го организира и го покрива шверцот со нафта.
- 30 март - Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.
април
уреди- 9 април - Цариниците во Македонија за првпат го одбележаа својот празник - 9 април, бидејќи на овој ден 1873 г. од Солун во Велес пристигна првиот воз во Македонија.
- 15 април - Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.
- 21 април - Во населбата Драчево кај Скопје, предадена е во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Македонија и САД.
мај
уреди- 17 мај - Во Скопје е отворен Првиот меѓународен саем на книги и либрографика.
- 28 мај - Во Битола е отворено Првото меѓународно графичко триенале.
јуни
уреди- 1 јуни - Во Скопје е поставен камен-темелник на Институтот за применета кинезиологија и рехабилитација.
- 11 јуни - Виетнам воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
- 11 јуни - Република Македонија и Република Боливија воспоставија дипломатски односи. Република Боливија е прва земја од Латинска Америка и Карибите со која Македонија воспостави дипломатски односи.
- 21 јуни - Почна пописот на населението, домаќинствата и на земјоделското стопанство во Р Македонија.
јули
уреди- 2 јули - ПДП ја напушти владата во знак на протест поради судењето на повеќемина Албанци обвинети за сепаратистички активности и организирање на паравоени структури во Македонија.
август
уредисептември
уреди- 7 септември, со одлука на Владата се затворени фришоповите на границата со Србија. Истиот ден Стојан Андов ги закажува парламентарните и претседателските избори.
- 10 септември - Во Арачиново, Скопско, е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“.
- 15 септември, на конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, Љубиша Георгиевски станува кандидат за претседател.
- 15 септември - Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.
- 17 септември - Сојузот за Македонија го номинира Киро Глигоров за свој претседателски кандидат.
- 27 септември - Република Македонија воспостави дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.
- 28 септември - Во Скопје, во издание на „МИ-АН“, излегува првиот број на „Македонско време“, независен информативно-политички магазин..
октомври
уреди- 1 октомври - Во Пробиштип е формиран Сојузот на организациите на жените на Македонија (СОЖМ), (од 2007 г. Национален совет на жените на Македонија), формиран од 13 организации, основани од 1990/94 г.
- 12 октомври - Во с.Гиновци, во близина на Крива Паланка, почна изградбата на пругата кон Бугарија. Изградбата на пругата Куманово - Бељаковце - Деве-Баир чини околу 120 милиони долари.
- 18 октомври - ВМРО и ДП најавуваат бојкот на вториот изборен круг поради изборен фалсификат (130.000 издадени државјанства за Косовци)
- 20 октомври - Киро Глигоров победува во првиот круг со 52,44 отсто од гласовите, со главната порака „Името останува!“.
- 20 октомври - опозицијата дефинитивно излегува од изборите и станува вонпарламентарна.
- 29 октомври - По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Македонија, почна со работа Прес-центарот.
- 30 октомври - Почна вториот круг на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори во Македонија.
ноември
уреди- 14 ноември- се соопштуваат резултатите од пописот. Македонија има 1.936.877 жители, од кои 66,5% се Македонци и 22,7% Албанци.
- 15 ноември - Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Македонија има 1.963.877 жители.
- 21 ноември - Во солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.
- 26 ноември - инцидент во „Хард рок“, но Глигоров непланирано избегнува јавна компромитација.
- 28 ноември - почнува „историската“ приватизација со усвојување на програмата за преструктурирање на 25 загубари.
декември
уреди- 8 декември - Битолскиот универзитет го променува своето име во Универзитет „Св. Климент Охридски“.
- 17 декември - Основан е Тетовскиот универзитет.
- 20 декември - Бранко Црвенковски е избран за претседател на Владата на Македонија.
- 23 декември - Во Скопје е формирана Асоцијацијата на туристичките агенции на Македонија.
- декември - Истражувачко друштво на студенти биолози.
Култура
уредиМузика
уреди- Започна да работи Антена 5.
- Вознесување, албум на Симеон Иванов - Канго
- Архангел 2, албум на Архангел.
- Пред дождот, албум на Анастасија.
- Dormant dire, албум на Кисмет.
- Основана е Деј Офф Бенд.
Филм и телевизија
уреди- Голем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" на режисерот Милчо Манчевски стана лауреат на филмскиот фестивал во Венеција, освојувајќи го "Златниот лав". Филмот набргу доживува успех на сите фестивали каде е прикажан. Најголем успех на македонската кинематографија. Филмот "Пред дождот" е номиниран за Оскар во категорија на не-англиско говорно подрачје[2]. Освен таа номинација , филмот продолжува со жетва на награди на голем број филмски фестивали низ целиот свет.
- Започна да работи Kiss телевизија.
- Започна да работи ТВ Ирис.
- Започна да работи ТВ Канал Визија.
Книги и списанија
уреди- Започна да излегува списанието Македонско сонце.
- Така е, ако ви се чини од Коле Чашуле
- Супер девојче од Томе Арсовски
- Прониз од Тодор Чаловски
- Стратегија на поразот од Зоран Анчевски
- Необични прашања од Борис Апостолов
- Пораки на разумот и душата од Славка Арсова
- Цветот што носи среќа од Михо Атанасовски
- Тутуле бале од Михо Атанасовски
- Дневникот на Ања од Димитар Башевски
- Апостолот од Димитар Башевски
- Времето на црвените рози од Видое Видичевски
- Насмеани очи од Татјана Гогоска
Објекти
уреди- За првпат доделена Голема годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
- Осветена е црквата Св. Петка во Струга.
- Осветена е црквата Св. Богородица во Џепчиште.
- Осветена е црквата Св. Димитар Солунски во Онтарио.
- Осветена е црквата Св. Богородица во Кембриџ.
- Осветена е црквата Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип.
- Осветена е црквата Св. Атанасиј во Волкодери.
- Изградена е црквата Св. Петка во Ињево.
- Изградена е црквата Св. Талалеј во Арачиново.
- Камен-темелник на црквата Св. Пеображение во Локов.
- Обновена црквата Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуње.
Останато
уреди- Основана Агенција за санација на банка.
Спорт
уредиФудбал
уреди- Македонија стана член на ФИФА.
- ФК Вардар стана шампион по фудбал во сезоната 1993/1994 година.
- ФК Силекс го освои купот на Македонија.
- Основан е ФК Дрита.
* Квалификации за Европско првенство во 1996 година во Англија:
7 септември 1994 |
Македонија | 1 – 1 | Данска | Градски стадион, Скопје Гледачи: 22,000 |
---|---|---|---|---|
Стојковски 5' | Повлсен 86' |
12 октомври 1994 |
Македонија | 0 – 2 | Шпанија | Градски стадион, Скопје Гледачи: 30,000 |
---|---|---|---|---|
Салинаш 16', 25' |
16 ноември 1994 |
Белгија | 1 – 1 | Македонија | Брисел Гледачи: 5,839 |
---|---|---|---|---|
Верејен 31' | Бошковски 51' |
17 декември 1994 |
Македонија | 3 – 0 | Кипар | Градски стадион, Скопје Гледачи: 16,000 |
---|---|---|---|---|
Ѓуровски 14', 25', 90' |
- Пријателски натпревари:
23 03 1994 17:00 |
Македонија | 2 – 0 | Словенија | Градски, Скопје Гледачи: 20,000 Судија: Ормандиев Стефан (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Серафимовски Жарко 2' Бошковски Зоран 37' |
Report |
14 05 1994 16:00 |
Македонија | 5 – 1 | Албанија | Градски, Тетово Гледачи: 2,000 Судија: Митрев Митко (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Мицевски Тони 12' Марјан Стојковски 23' Мемеди Неџмедин 36' Бошковски Зоран 72' Мицевски Ванчо 85' |
Report | Ракли Алтин 49' |
26 05 1994 17:00 |
Македонија | 2 – 0 | Естонија | Градски, Скопје Гледачи: 10,000 Судија: Митрев Митко (Бугарија) |
---|---|---|---|---|
Бошковски Зоран 13' Канатларовски Драган 68' |
Report |
31 08 1994 17:00 |
Македонија | 0 – 2 | Турција | Градски, Скопје Гледачи: 8,500 Судија: Чолич Драган (Југославија) |
---|---|---|---|---|
Report | Цетин Огуз 45' Ердем Ариф 87' |
Кошарка
уреди- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- Годел Работнички го освои купот на Македонија.
Починати
уреди- 13 јануари - Добри Ставревски, македонски пејач.
- 24 февруари - Бранко Илиевски, македонски раскажувач и драмски автор.
- 24 мај - Цветко Узуновски, македонски комунист.
- 13 септември - Радмила Трифуновска, македонска новинарка, професорка и писателка.
- 20 декември - Сервет Салиу, македонски политичар.
Родени
уреди- 1 март - Давид Бабунски, македонски фудбалер.
- 3 август - Лина Ѓорческа, македонска тенисерка..