Црква Свети Димитар Солунски (Онтарио)

македонска црква во Маркам, Онтарио, Канада

[[Категорија:Маркам, Канада]]

Свети Димитар Солунски

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Американско-канадска
Местоположба

Карта

Место [[Маркам, Канада]]
Општи податоци
Архитектонски опис

Свети Димитар Солунскимакедонска православна црква која се наоѓа во Маркам, Канада.

Македонската организација во овој регион на Канада била формирана во 1988 година. Во 1989 година, бројот на Македонски Канаѓани се зголемил доволно за да може да им се даде поддршка за изградба на еден верски храм. Акцијата била покренета од страна на тамошните иселеници, како и кај месното население во Македонија, кои финансиски помагало за изградбата на црквата. Така по собирањето на средствата, во 1993 година бил купен имотот каде денеска се наоѓа црквата.

Зградата била разрушена на 15 мај 1994 година, а камен-темелникот бил осветен од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Михаил кој бил и надлежен Архијереј за Американско-канадскаа епархија на Македонската православна црква[1].

На 7 август 1994 година се отслужила и првата Света Литургија под покривот на Црквата. За прв парохиски свешетник бил избран Протоереј Стеван Груевски кој е и денес парохиски на истата црква.

Наводи

уреди
  1. „Официјално мрежно место на Американско-канадската епархија“. Архивирано од изворникот на 2008-01-30. Посетено на 2010-10-04.