Македонија во 1996 година
(Пренасочено од 1996 во Република Македонија)
Република Македонија во 1996 година | |
---|---|
|
Години : | 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 |
Водачи
уреди- Претседател - Киро Глигоров
- Премиер - Бранко Црвенковски
- Претседател на Собранието - Стојан Андов (до 6 март); Тито Петковски (од 6 март)
Настани
уредијануари
уреди- 3 јануари -Во Скопје почна со работа канцеларијата за врски на Светската здравствена организација.
- 4 јануари - Република Македонија и Република Таџикистан воспоставија дипломатски односи.
- 10 јануари - Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
- 10 јануари - Претседателот Глигоров се врати на својата работна должност.
- 10 јануари - Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.
- 16 јануари - Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
- 17 јануари - Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.
- 17 и 19 јануари - извршена е размена на писма со кои е склучена Спогодбата за безбедносни аранжмани меѓу РМ и НАТО.
- 25 јануари - Република Македонија и Белиз воспоставија дипломатски односи.
- 30 јануари - Како прилог на весникот „Вечер“ излезе првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје - Стопанска комора на Македонија.
февруари
уреди- 1 февруари - Советот за безбедност на ООН го прифати предлогот на генералниот секретар на ООН од овој датум силите за превентивно распоредување на ООН (УНПРЕДЕП), да станат целосно независна операција во Р Македонија.
- 2 февруари - Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
- 8 февруари - Аргентина ја призна Република Македонија.
- 12 февруари - Република Македонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
- 14 февруари - Република Македонија и Република Бангладеш воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
- 16 февруари - Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Средна и Источна Европа.
- 19 февруари - Советот на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името „Македонски театарски фестивал“.
- 19 февруари - Во Њујорк официјално започна со работа генералниот Конзулат на Република Македонија.
- 23 февруари - реконструкција на Владата на Бранко Црвенковски, Либералите излегуваат од коалицијата.
- 27 февруари - Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
март
уреди- 6 март - Собранието на Р Македонија за нов претседател (по оставката на Стојан Андов) на Собранието го избра Тито Петковски.
- 11 март - Република Македонија стана полноправен партнер во PHARE Програмата (Poland and Hungary: Assistance for Reconstruction of their Economies)
- 11 март - Р Македонија е примена за 39. рамноправна членка во Северноатлантскиот совет за соработка.
- 11 март - Со одлука на Советот на европските министри, Р Македонија е примена во Клубот на земјите-членки на ФАРЕ.
- 14 март - Основано е Македонско астрономско друштво.
- 14 март - Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
- 18 март - Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.
- 20 март - Во Скопје, во издание на приватното претпријатие "Круг", излезе првиот број од весникот Дневник.
- 20 март - започнати преговори за склучување на Спогодба за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници, како и Спогодба за транспорт.
- 25 март - Владата на Република Македонија ја утврди платформата за членство на земјата во ЕУ.
- 22 март - Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Асоцијацијата на европските академиии.
- 28 март - Во Скопје почна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Р Македонија.
април
уреди- 8 април - потпишана спогодба за регулирање на односите со СР Југославија.
- 12 април - Владата на Република Македонија ги прифати Правилата за однесување на НАТО.
- 18 април - Република Македонија и Република Руанда воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
- 24 април - Владата на Република Македонија донесе одлука за основање „Служба за реципрочна безбедност и заштита на информациите меѓу Владата на РМ и НАТО“.
- 25 април - Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
мај
уреди- 9 мај - претседателот Глигоров во Елисејската палата во Париз врачи свечена изјава со која Македонија стана потписник на Париската повелба за нова Европа. Освен ова, претседателот има и средба со францускиот колега, Жак Ширак.
- 12 мај - во Брисел на свечената седница на Северноатлантскиот совет на НАТО и РМ беше обострано прифатена Поединечната програма на РМ во рамки на ПзМ за 1996 - 1998 година.
- 27 мај - Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
- 30 мај - склучен е Договорот меѓу државите страни на НАТО и другите држави учеснички во ПзМ во врска со Статусот на нивните сили (СОФА) и Дополнителниот протокол на Договорот. Ратификувани на 4 јуни 1996 година. Присутните (94) пратеници во Собранието на РМ, едногласно го донесоа Законот за ратификација на Договорот, а уредување на статусот на силите на земјите членки на Северноатлантската одбранбена алијанса и ПзМ. Договорот стапи во сила на 19 јули 1996 година.
јуни
уреди- 8 јуни – Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во Американскиот универзитет во Благоевград.
- 14 јуни – Во Брисел, во седиштето на НАТО, отворена е македонска канцеларија за врски.
- 20 јуни – во Брисел се склучени Спогодбата за соработка помеѓу Република Македонија и Европските заедници и Спогодбата за транспорт. Истите беа потпишани на 29 април во Луксембург.
- 21 јуни – Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
јули
уреди- 12 јули – Македонија воспостави дипломатски односи со Авганистан и Малта.
- 14 јули – Единица на АРМ замина за Албанија, каде што учествуваше на мултинационалните воени маневри "Мировен орел '96". Тоа е прва вежба од таков вид на единица на АРМ.
- 24 јули – Околу 300 етнички Албанци протестираа низ улиците во Скопје, барајќи ослободување на пет нивни водачи и дозвола за работа на универзитетот во Мала Речица.
август
уредисептември
уреди- Започна да работи првиот мобилен оператор во земјата, Мобимак.
- Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија.
октомври
уреди- 21 до 26 октомври - Во Охрид се одржа првиот дел на мултинационалната командно-штабна вежба „Спасител 96“, на која учествуваа 9 земји, членки на НАТО и ПзМ.
- 21 октомври - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во Стразбур.
- 24 до 26 октомври - Во посета на РМ претстојуваше Претседателот на Северноатлантското собрание, Карстен Фогт. Тој ги поздрави македонските остварувања и вети дека Северноатлантското собрание ќе придонесе во залагањата за подобра соработка и интеграција.
ноември
уреди- 9 ноември - Фудбалската репрезентација на Македонија го победил Лихтенштајн на гостински терен со 11-1. Ова е најголема победа во историјата на македонската фудбалска репрезентација.
декември
уреди- 30 декември - Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека Македонија и Оман воспоставија дипломатски односи[1].
Култура
уредиМузика
уреди- Основана е групата SMUT.
- Се најдобро, албум на Владо Јаневски.
- Далеку е небото, албум на Владо Јаневски.
- Лице гори, албум на Анастасија.
- Вдахновение, албум на Симеон Иванов - Канго.
- Љубов или Страсти, албум на Водолија.
- Грижа на совеста, албум на Паркети.
- No More, албум на Санаториум.
Филм и телевизија
уреди- Самоуништување (филм)
- Започна да работи Телма телевизија.
Книги и списанија
уреди- Започна да излегува дневниот весник Дневник.
- Критички загледувања од Бранко Цветкоски
- Ледно око од Блаже Миневски
- Балкан за деца од Блаже Миневски
- Клучеви на душата од Костадинка Коца Ѓорѓиевска
- Дневникот на една медицинска сестра од Костадинка Коца Ѓорѓиевска
- Нова македонска книжевност од Милан Ѓурчинов
- Велестовски ноќи од Ристо Јачев
- Патот на ангелите од Ристо Јачев
- Каде расте смеата од Ненад Џамбазов
- Здив на душата од Борис Апостолов
Објекти
уреди- Камен темелник на црквата Св.Злата Мегленска во Сарај.
- Осветена е црквата Св.Димитриј во Ташмаруништа.
- Осветена е црквата Св.Недела во Другово.
Останато
уреди- Со акт на Министерството за образование и наука, во Скопје е основано ПСУ „Јахја Кемал“.
- Со Законот за територијална поделба на Република Македонија и определувањето на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, биле воведени 123 општини. Градот Скопје има седум општини: Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар, Чаир и Шуто Оризари.
Спорт
уредиФудбал
уреди- ФК Силекс стана шампион по фудбал во сезоната 1995/1996 година.
- ФК Слога Југомагнат го освои купот на Македонија.
- Основан е ФК Јехона.
24 април 1996 |
Македонија | 3 : 0 | Лихтенштајн | Градски, Скопје Гледачи: 11,500 Судија: Лоизос Лоизоу (Кипар) |
---|---|---|---|---|
Милошевски 6' Бабунски 49' (пен..) Захариевски 78' |
Report |
1 јуни 1996 |
Исланд | 1 : 1 | Македонија | Лаугардалсволур, Рејкјавик Гледачи: 3,051 Судија: Рослоф Луинг (Холандија) |
---|---|---|---|---|
A. Гудјонсон 63' | Report | Мемеди 60' |
=9 октомври 1996 |
Ирска | 3 – 0 | Македонија | Лансдаун Роад, Даблин Гледачи: 31,671 Судија: Ерик Фишер (Данска) |
---|---|---|---|---|
М`карти 8' Каскарино 46', 70' |
Report |
9 ноември 1996 |
Лихтенштајн | 1 – 11 | Македонија | Спортпарк, Есхен Гледачи: 2,700 Судија: Хаим Липкович (Израел) |
---|---|---|---|---|
Ф.Шадлер 78' | Report | Главевски 8', 12', 60' Ѓорѓи Христов 23' Стојковски 30', 43' Т.Мицевски 45', 49' Ќирич 53', 87' В.Мицевски 90' |
14 декември 1996 |
Македонија | 0 – 3 | Романија | Градски, Скопје Гледачи: 14,000 Судија: Роџерс Филип (Луксенбург) |
---|---|---|---|---|
Report | Попеску 36', 45', 90' (пен..) |
* Пријателски натпревари
27 03 1996 15:00 |
Македонија | 1 – 0 | Малта | Гоце Делчев, Прилеп Гледачи: 8,500 Судија: Ибраим Асков (Турција) |
---|---|---|---|---|
Чирич Сашо 71' | Report |
27 11 1996 19:00 |
Малта | 0 – 2 | Македонија | Те Кал, Ла валета Гледачи: 8,500 Судија: Марлес Агуис (Малта) |
---|---|---|---|---|
Report | Чирич Сашо 54' (пен..) Мицевски Ванчо 90' |
Кошарка
уреди- Годел Работнички стана шампион во Првата македонска кошаркарска лига.
- КК МЗТ Скопје го освои купот на Македонија.
Олимписки игри
уредиМакедонија на Летните олимписки игри 1996 и на Летните параолимписки игри 1996во Атланта учествуваше за првпат како самостојна земја. На овие Олимписки игри, македонските спортисти учествуваа во 4 спорта: пливање, кајак и кану на диви води, борење и стрелаштво и не освоија медал.
Починати
уреди- 3 јануари - Христо Маловски, македонски историчар.
- 4 јануари - Радован Перчинковски, македонски кардиолог.
- 24 јануари - Стојан Христов, американски писател, новинар, публицист со македонско потекло.
- 4 март - Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил II.
- 16 април - Ристо Ѓорѓевски, македонски психолог .
- 19 мај - Вангел Ајановски - Оче, деец на македонското национално движење (НОД) од Егејска Македонија.
- 31 мај - Катја Ефтимова, македонски сликар.
- 26 јули - Киро Андонов, македонски публицист-историограф.
- 12 септември - Тома Прошев, македонски композитор.
- 14 декември - Васка Дуганова, македонски комунистички деец.
- Катја Ефтимова, македонска сликарка.
Родени
уреди- Марко Нелоски, македонски ракометар.
- Сара Ристовска, македонска ракометарка.
- Пируника Киселички, македонска глумица.
- Андреј Магдевски, македонски кошаркар.
- Андреј Цветковски, македонски кошаркар.