Татјана Гогоска

македонска писателка

Татјана Гогоска — македонска писателка, родена на 24 јули 1961 година, во Гостивар.

Татјана Гогоска
Портрет на Татјана Гогоска
Роден/а24 јули 1961(1961-07-24)(63 г.)
Гостивар, СФРЈ СФР Југославија
НационалностМакедонија
НародностМакедонка
ЖанрПисател за деца, драматург
Значајни наградиДржавна награда за најдобар драмски текст во 2016 година

Животопис

уреди

Татјана Гогоска е дипломиран новинар, магистер по комуникациски науки, и автор на седум книги од кои шест за деца и млади и еден роман за возрасни. Автор е на повеќе од триста сценарија за телевизиски програми, пред сè за деца и млади. Како автор пе потпишана на бројни популарни ТВ сценарија за сериите во Македонија, самостојни играни, музички и документарни емисии, како: „Дајте музика“, „Во светот на бајките“, „Канал ДЕ“ и други.

Во периодот од 1998 до 2004 година, Татјана Гогоска беше уредник на Програмата за деца и млади во Македонската телевизија. Тоа е перидот во кој се снимаа и се емитуваа бројни серии за деца и млади, меѓу кои, “Големи и мали“, „Светот има осум страни “, „Умни глави“, „Сезаме отвори се“, “Чирибу-Чириба“, “Ние сме нај“, и други серии со кои растеа генерации на деца. Во тој период, Татјана Гогоска активно учествуваше во создавање на програми за деца и млади во странство: Шведска, Германија, Порторико, Турција, Италија и Словачка.

Во балканските програми во кои учествуваа седум балкански телевизии, „Тоа сум јас“ и „Децата таленти на Балканот“ (2003-2006), Татјана Гогоска беше главен уредник за Македонија.

Татјана Гогоска била член на домашни и меѓународни жирија, меѓу кои: Меѓународното жири во Словенија на Музичката манифестација „Деца пејачи“ во Раденци, Меѓународдното жири на Фестивалот „Златна Амфора“ во Несебар, Меѓународното жири на Фестивалот „При Дануб“ во Братислава.

Татјана Гогоска се појавува и како уредник на Програмата за деца и млади во 2002 година, преку учеството на децата на Македонија на Детската Евровизија, каде трипати беше и шеф на делегацијата за истата манифестација. Во 2007 година, Гогоска беше шеф на делегацијата на Македонија за Евровизија за возрасни, во Хелсинки.

Книжевно творештво

уреди

Зад неа се издадените книги:

  • Насмеани очи“, збирка раскази за деца (1993),
  • „Немирни години“, драмски игри за млади (1996),
  • „Климентовото училиште“, драма за млади (2008),
  • „Телевизијата и емоциите кај децата“, стручен труд кој е и нејзин магистерски труд, (2010)
  • „Патување кон зајдисонцето“, роман за возрасни (2011)
  • „Патување низ детството“, драмски игри за деца (2012)
  • „Училница за глума“, драмски игри, монолози и дијалози за деца (2015).
  • „Најденко во магичниот круг“, драма за деца[1]

Награди и признанија

уреди

Татјана Гогоска е добитник на десетина домашни и меѓународни награди за телевизиска програма и драмски остварувања. Во 2016 година ја доби Државната награда за најдобар драмски текст, за драмата за деца „Најденко во магичниот круг“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди