Жетва
Жетва — постапка на собирање на узреаните посеви од полињата. Чинот на сечење на житарки или зрнести растенија се нарекува „жнеење“ [1] и се врши со рачни орудија (коса, срп) или со механизација (жнеалка или комбајн). [2] Жетвата го означува крајот на сезоната на узревање на посевот и истата има големо културно значење во народниот живот во сите земји. Најзначајни се жетвените празници и обичаи на кои се прославува бериќетната година, се благословува земјата и се изразува благодарност.

Кај малите земјопоседници, жетвата се одвива со рачни орудија, а големите полиња се жнеат исклучиво со машини, т.е. автоматизирана земјоделска машинерија како што е комбајнот. Под поимот „жетва“ може да се подразберат и активностите непосредно по сечењето на растенијата како разладување, сортирање, чистење и пакување до моментот кога истите одат за откуп.
Жетвата како мотив во уметноста и во популарната култура Уреди
- „Жетва“ — песна на македонскиот поет Јован Котески. [3]
- „Жетва“ (англиски: Harvest) — песна од истоимениот музички албум на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1972 година. [4]
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ жетва - Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ American Heritage Dictionary (IV. изд.). Boston: Houghton Mifflin Co. 2000. ISBN 0-618-08230-1.
- ↑ Јован Котевски, Пеплосија. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14-15.
- ↑ YouTube, Neil Young - Harvest (пристапено на 13 март 2021)
Надворешни врски Уреди
„Жетва“ на Ризницата ? |