Црква „Св. Богородица“ - Џепчиште
Света Богородица претставува главната манастирска црква во тетовското село Џепчиште. Се наоѓа во месноста Голем Манастир. Оваа црква е градена во 1994 година, на простор на поранешна за која се дознава дека била градена во турско време. Сегашната манастирска црква ја подигнале браќата Ристо и Бранко Добревски од Џепчиште, кои живеат и работат во Бразил, Јужна Америка[1]. Фрескоживописот е изработен од сликарите Мирко Видоески и Александар Настески. Главниот празник на кој се слави патронот на црквата е Голема Богородица на 28 август.[2]
Света Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Втора тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Џепчиште |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 1994 |
Живопис | Мирко Видоески и Александар Настески |
Ктитор | Ристо и Бранко Добревски |
Изгорена | 4 февруари 2006 |
Архитектонски опис |
Сквернавења
уредиОд кога црквата била изградена во 1994 година, таа била мета на многу грабежи и сквернавења. Еднаш била и опожарена. Најголемиот грабеж се случил во 2008 година, кога било украдено камбанериското ѕвоно вредно преку 2000€.[3] За време на воениот конфликт во Тетовско, црквата била оштетена, најмногу настрадал олтарот, каде што биле расфрлани црквоните утвари и бил обесветен Светиот престол[4]. На 4 февруари 2006 година црквата била намерно опожарена. Од пожарот целосно изгорел нејзиниот внатрешен дел, додека иконостасот бил спасен.[1] Во 2010 година, ноќта меѓу 1 и 2 февруари, во близина на црквата каде се наоѓа монашки гроб стар 700 години било извршено сквернавење од страна на диви копачи. Откако земјата била раскопана, таа повторно била вратена во гробот.[5]
Поврзано
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Џепчиште
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Запалена новата манастирска црква во Џепчиште“. Press online. Посетено на 2011-02-04.
- ↑ „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-08-23.
- ↑ „Украдено ѕвоно од црквата во селото Џепчиште“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2008-04-27. Посетено на 2011-01-04.
- ↑ „Оштетувања на манастирска црква "Света Богородица" во село Џепчиште“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-02-04.
- ↑ „Во Џепчиште раскопан гроб стар 700 години“. Утрински Весник. 2 февруари 2010. Посетено на 2011-02-04.
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |