Македонски парламентарни избори (1994)
Парламентарните избори 1994 година се првите парламентарни избори кои се одржаа по стекнувањето независност на Република Македонија. Се одржаа истовремено со првите непосредни претседателски избори на 16 и 30 октомври 1994 година. Победа извојува коалицијата Сојуз за Македонија предводена од СДСМ. Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес.
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Исто како и на парламентарните избори во 1990 година мандатите се распределуваа според мнозинскиот изборен систем. Гласачкиот одзив при првиот круг беше 77,7%, а при вториот – 57,5%.[1] На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати.
Според резултатите од првиот круг коалицијата Сојуз за Македонија во која учествуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либералната партија и Социјалистичката партија на Македонија имаше значителна предност пред водечките опозициски партии ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија. Сојузот за Македонија освои 32,6% од гласовите, ВМРО ДПМНЕ – 14,3%, а Демократската партија – 11,0%.
Опозициските партии веднаш изразија сомнение во регуларноста на првиот круг и решија да го бојкотираат вториот круг. Поради овој бојкот, кандидатите на Сојузот за Македонија во вториот круг успеаја во голем број да бидат избрани за пратеници.
Резултати
уредиПартија | Прв круг | Втор круг | Број на мандати | +/– | ||
---|---|---|---|---|---|---|
Број на гласови | % | Број на гласови | % | |||
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ | 291,695 | 29.5 | 329,700 | 53.5 | 87 | – |
ВМРО-ДПМНЕ | 141,494 | 14.3 | – | – | 0 | –38 |
Демократска партија | 108,872 | 11.0 | – | – | 0 | нова |
Партија за демократски просперитет во Македонија | 87,103 | 8.8 | 93,407 | 15.2 | 10 | –7 |
Народна демократска партија | 29,361 | 3.0 | 25,007 | 4.1 | 4 | +3 |
Демократска партија на Македонија | 20,243 | 2.1 | 3,991 | 0,4 | 1 | нова |
Либерална партија на Македонија | 15,086 | 1.5 | 21,362 | 3.5 | 5 | |
Работничка партија | 15,416 | 1.6 | – | – | 0 | |
Демократска партија на Турците на Македонија | 14,423 | 1.5 | 6,434 | 0.7 | 0 | |
Социјалдемократска партија на Македонија | 12,055 | 1.2 | 2,254 | 0.4 | 1 | +1 |
Движење за семакедонска акција (МААК) | 11,479 | 1.2 | 2.013 | 0,2 | 0 | |
ВМРО-Демократска партија | 9,742 | 1.0 | 458 | 0.0 | 0 | |
Сојуз на комунистите на Македонија | 7,610 | 0.8 | – | – | 0 | |
ВМРО-Македонски национален демократски сојуз | 7,167 | 0.7 | 1.191 | 0.1 | 0 | |
Партија за демократска акција - Исламски пат | 6,912 | 0.7 | 2.155 | 0.2 | 0 | |
Социјалистичка партија на Македонија | 6,612 | 0.7 | 5,632 | 0.9 | 1 | |
Партија за целосна еманципација на Ромите | 6,530 | 0.7 | 4,447 | 0.7 | 1 | 0 |
Работничка партија на Македонија | 5,435 | 0.6 | – | – | 0 | |
Демократска партија на Србите во Македонија | 5,290 | 0,5 | 4,003 | 0.4 | 0 | |
Комунистичка партија на Македонија | 5,161 | 0.5 | – | – | 0 | |
ВМРО-Татковинска партија | 5,133 | 0.5 | – | – | 0 | |
Демократски сојуз - Партија на земјоделците на Македонија | 5,089 | 0.5 | 681 | 0.1 | 0 | |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 4,182 | 0.4 | 4,635 | 0.8 | 1 | |
Демохристијанска партија | 4,019 | 0.4 | – | – | 0 | |
Социјалдемократски сојуз на Македонија Либерална партија на Македонија |
3,945 | 0.4 | 5,674 | 0.9 | 1 | |
Демократска партија на Турците на Македонија Партија за демократска акција - Исламски пат |
3,467 | 0.4 | 4,681 | 0.8 | 1 | нова |
Други партии | 19,109 | 1.9 | 67,487 | 1.0 | 0 | – |
Независни кандидати | 136,511 | 13.8 | 95,418 | 15.5 | 7 | +4 |
Неважечки ливчиња | 54,330 | – | 26,580 | 3.8 | – | – |
Вкупно | 1,043,453 | 100 | 707,210 | 100 | 120 | 0 |
Број на гласачи запишани на избирачи список[2] | 1,487,367 | 70.2 | 1,293,330 | 54.7 | – | – |
Извор: Nohlen & Stöver; Blagoja Nineski (2001) "Izborite, mediumite i partiite vo Makedonija 1990-2000", p. 190-191 |
Наводи
уреди- ↑ Државна изборна комисија „Извештај за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија“, 1994, 5 и 9 стр. Архивирано на 18 мај 2020 г., Службен весник на РМ, бр. 60/1994, 3-13 стр.
- ↑ Додатни 126.638 гласачи од првиот круг и 70.431 од вториот круг, кои не биле регистрирани, но гласале со лична карта