Симеон Иванов - Канго

Симеон Иванов - Канго (познат и само како Канго; 2 ноември 1951, Кочани - 26 март 2018) — македонски рок - музичар и гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“ кое ја промовира македонската нација, култура, јазик, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ. Канго бил познат по својот необичен стил налик на легендарниот гитарист Џими Хендрикс.

Симеон Иванов - Канго
Канго на настап во Кочани, Македонија
Животописни податоци
Родено имеСимеон Иванов
Познат(а) и како„Канго“ (од родовскиот прекар на неговото семејство: Кангаловци од кочанското маало Доклевец)
Роден(а)2 ноември 1951(1951-11-02)
Македонија
Кочани, Македонија
Починал(а)26 март 2018(2018-03-26) (возр. 66)
ЖанровиРок, рокенрол
ЗанимањаМузичар, текстописец, поет, уметник
ИнструментиВокали, гитара
Период на активностпочеток на 1970-ти - 2018

Животопис

уреди

Симеон Иванов е роден во Кочани на 2 ноември 1951 година, каде што го завршил основното и средното образование. Дипломирал на правниот факултет во Скопје. Симеон Иванов - Канго бил оженет и татко на три деца. Починал по тешко боледување од канцер, на 26 март 2018 година.[1]

Творештво

уреди

Музика

уреди

Канго почнал да се занимава со рок-музиката во раната младост, а во 2005 година го прославил 40-годишниот јубилеј со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера, свирел заедно со скоро сите музичари од неговиот град и пошироката околина. Канго бил гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговата истоимена група, која работела во формацијата: гитара/вокал, бас гитара и тапани. Исто така, над 20 години, Канго бил сопственик на училиште за рок-музика каде го предавал своето искуство на помладите генерации.

Има издадено седум музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) - албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) - компилација на најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера, и „Откровение“ (2007). Покрај многуте концерти во Македонија, Канго настапил на Заечарската гитаријада во 1994 и 2001 година, а има одржано концерти во Нови Сад и во Белград (2004), како и во Виена (2004).

 
Симеон Иванов - Канго

Поезија

уреди

Канго е автор на четири збирки поезија:

  • „Воскреснување“ (1988),
  • „Вознесување“ (1989),
  • „Вдахновение“ (1990),
  • Поемата „Распетие“ (1997).


Мактеон

уреди

Со своето движење „Мактеон“, Канго организирал повеќе македонски космополитски средби, како и чествувања по повод раѓањето на Александар Македонски на наоѓалиштето Горно Гратче, на планината Осогово, во близината на Кочани.

Наводи

уреди