Арбен Џафери
Арбен Џафери (албански: Arben Xhaferi; 24 јануари 1948 во Тетово – 15 август 2012 во Скопје) — македонски политичар.
Арбен Џафери Arben Xhaferi | |
---|---|
Претседател на ДПА | |
На должноста 1997–2007 | |
Претходник | — |
Наследник | Мендух Тачи |
Пратеник во Собранието | |
На должноста 1994–2012 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 24 јануари 1948 Тетово, Македонија |
Починал(а) | 15 август 2012 Скопје, Македонија |
Партија | ДПА |
ЖивотописУреди
Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма. Бил претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа водач на Демократската партија на Албанците до 2007. На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА.[1] Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.[2][3]
Во 2001 година бил потписник на Охридскиот рамковен договор. Од здравствени причини, во 2007 се повлекол од активната политика. По претрпен мозочен удар, Џафери починал на 15 август 2012 година во Скопје.[4]
НаводиУреди
- ↑ „Арбен Џафери“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-02.
- ↑ „Арбен Џафери го спореди Груевски со Милошевиќ“. Дневник. Посетено на 2009-11-02.[мртва врска]
- ↑ Ќе го повлечам потписот од Рамковниот. Дневник, 12 април 2010.
- ↑ Динев, Александар (15 август 2012). „Попладнево почина Арбен Џафери“. Сител. Посетено на 2012-08-15.