Зоран Анчевски
Зоран Анчевски e поет, есеист и преведувач. Роден е во Скопје на 16 мај 1954 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор е по филолошки науки. Работи како професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Секретар на Македонскиот ПЕН центар. Член е на ДПМ од 1994 година.[1][2]
Зоран Анчевски | |
---|---|
Занимање | професор |
Националност | Македонец |
Државјанство | македонско |
Образование | Филололошки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Предмет | Современа англиска книжевност |
Книжевно движење | поет, есеист и преведувач |
Книжевно творештво
уреди- Патување низ скршени слики (1984)
- Стратегија на поразот (1994)
- Линија на отпорот (1998)
- Превод на мртвите (2000)
- Див мир (2004)
Награди
уреди- 2022 - Награда „Браќа Миладиновци“ за збирката „Збунети компаси“[3]
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 27.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-02-11. Посетено на 2010-07-18.
- ↑ „Добитник на наградата „Браќа Миладиновци" на СВП 2022 е Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси"“. Слободен печат. Посетено на 23 март 2023.