Сервет Салиу

политичар

Сервет Салиу (алб.: Servet Saliu; Гајре, тетовско, 20 декември 1928 - Тетово, 1994) — македонски политичар.

Животопис уреди

Салиу е роден во тетовското село Гајре на 20 декември 1928 година. Ја завршил Високата школа за политички науки во Белград. Бил организационен секретар на Општинскиот комитет на СКМ, потпретседател на Собранието на Општината Тетово и претседател на Општинската конференција на ССРНМ. Подоцна бил избран за член на ЦК на СКМ и одговорен за кадровската политика, член на Републичката конференција на ССРНМ и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. Со образложение „поради низа слабости и недоследности за човек што вршел низа високи општествени и републички функции и оти сноси одговорност за ескалацијата на албанскиот национализам и сепаратизам во Тетовската општина“, на проширената седница на ОК на ССРН во Тетово бил отповикан од делегат на РК на ССРНМ на 23 октомври 1987 година[1].

Наводи уреди

  1. Сервет Салиу отповикан, РК ССРН - Тетово, „Вечер“, XXV, 7541, Скопје, 23. X 1987, 4.