Македонија во 1992 година
(Пренасочено од 1992 во Република Македонија)
Република Македонија во 1992 година | |
---|---|
|
Години : | 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 |
Векови: | 20 век · 21 век · 22 век |
Децении: | 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти |
Години: | 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 |
Водачи
уреди- Претседател - Киро Глигоров
- Премиер - Никола Кљусев (до 4 септември); Бранко Црвенковски (од 4 септември)
- Претседател на Собранието - Стојан Андов
Настани
уредијануари
уреди- 4 јануари - Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник да биде прогласен за неработен.
- 11 јануари - Одржан е референдум за автономија на Албанците во западниот дел од Македонија - вклучувајќи ја и Илирида. Референдумот и резултатите од референдумот биле прогласени за нелегални од страна на македонските власти.
- 15 јануари - Арбитражната комисија на Европската Заедница на чело со претседателот Робер Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Словенија и Македонија.
- 15 јануари - Владата на Бугарија ја призна Македонија за суверена и независна држава. Бугарија е воедно и прва земја што ја призна Македонија.
- 26 јануари - Прва работна посета на Киро Глигоров во САД и Канада[1].
февруари
уреди- 6 февруари - Република Турција ја призна Република Македонија. Турција и Македонија воспоставија дипломатски односи.
- 12 февруари - Словенија и Хрватска со Македонија воспоставија дипломатски односи.
- 18 февруари - Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година.
- 21 февруари - Во Скопје е склучен договор меѓу Претседателот на РМ Киро Глигоров и заменикот на сојузниот секретар за народна одбрана на СФРЈ Благоја Аџиќ за дислокација на ЈНА од територијата на Република Македонија, кое заврши на 27 март истата година.
- 21 февруари - Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија.
- 26 февруари - Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
март
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
- 10 март - Наместо терминот Милиција, почна да се употребува терминот Полиција.
- 11 март – Постариот водник Сонко Ангеловски, за првпат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата "Рамна нива" на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Истиот ден се преземени и караулите "Рамна нива" и "Коприва".
- 16 март – Основана е Демократска партија на Србите во Македонија.
- 17 март – При пречекот на делегацијата на Република Словенија на чело со претседателот Кучан, за првпат при пречек на висок гостин беше интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат беше построена Почесната единица на АРМ со македонско државно знаме и за првпат командантот на почесната единица, полковникот Стефан Лазаревски, на македонски јазик му рапортираше на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Република Македонија.
- 20 март - Во Скопје е формиран Македонски олимписки комитет. За прв претседател е избран Васил Тупурковски.
- 20 март – Заврши примопредавањето на граничните објекти – караули на Република Македонија со соседните држави: Бугарија, Албанија и Грција.
- 26 март – Во Скопје е преземен последниот и најголем воен објект на Македонија касарната "Маршал Тито", денес "Илинден".
- 27 март – Република Македонија ја презеде контролата над сета своја територија со своја војска. За ова е потпишан договор во Скопје меѓу претседателот на земјата, Киро Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија замина и последниот војник на ЈНА.
- 30 март – Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
- 31 март – Поголем број етнички Албанци демонстрирале во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството.
април
уреди- 14 април – Во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Тоа беше велешанецот Панче Јамандиев, роден во 1970 година.
- 15 април – Во касарните во Скопје, во Штип и во Битола пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
- 17 април – Во Скопје, претседателот на Република Македонија Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата, на кој пишува: „Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје“. Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и на нејзиното воено осамостојување.
- 26 април - Македонија монетарно се осамостои со ново име на валутата „денар”.
мај
уреди- 8 мај – Република Филипини ја призна Република Македонија.
- 9 мај – Во касарната "Маршал Тито", денес "Илинден", првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска. Следните денови македонските регрути свечена обврска дадоа и во другите касарни на Републиката.
- 19 мај – На граничниот премин Меџитлија, кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со македонски, а следниот ден и на граничните премини Богородица и Дојран.
- 21 мај - Владата на Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
- 23 мај - Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Македонија, почна Првата македонска универзијада.
- 28 мај – Собранието на Република Македонија го донесе законот за преминување на државната граница и преминување на државниот појас.
јуни
уреди- 1 јуни - Во Скопје е поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено е пуштен во употреба во мај 1996 г.
- 5 јуни - Во Скопје е формирана Лекарската комора на Македонија.
- 10 јуни - Формирано е Воздухопловен Винг.
- 19 јуни - Основана е Комисија за хартии од вредност.
- 27 јуни - Европската Заедница ја усвојува Лисабонската декларација со која Европската Заедница изјави дека ќе ја признае Република Македонија, но не под име кое ќе го содржи терминот Македонија.
јули
уреди- 3 јули - На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец.
- 7 јули - Собранието ѝ изгласа недоверба на Владата на Никола Кљусев.
- 23 јули - Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.
- 24 јули – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието "Одбрана".
- 24 јули - Карго авион „Антонов 12“ на авионската компанија „Волга-Дњепар“ се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.[2]
август
уреди- 5 август - Русија ја призна Република Македонија.
- 6 август - Петар Гошев го врати мандатот за формирање на Влада на РМ.
- 11 август - Собранието со повеќе од двотретинско мнозинство, го донесе законот за новото знаме.
- 20 август - Пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото македонско знаме.
- 26/28 август - Претседателот Глигоров ја предводи македонската делегација на Лондонската конференција за Југославија.
септември
уреди- 1 септември - Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва.
- 4 септември - Формирана е првата политичка влада на чело со Бранко Црвенковски од СДСМ.
- 7 септември - Белорусија ја призна Република Македонија, а истовремено донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји.
- 8 септември - Промовирана е првата редовна поштенска марка на Македонија.
октомври
уреди- 8 октомври - Македонската радио-телевизија го извести генералниот секретар на здружението на југословенските радио-телевизии, дека МТВ донесе одлука за истапување од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање здружение на југословенските радио-телевизии.
- 15 октомври - Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач.
- 23 октомври - По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.
- 24 октомври - Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
- 28 октомври - Во Собранието на Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов беше 15-годишен престој.
ноември
уреди- 6 ноември - Во судирите помеѓу македонската полиција и етничките Албанци на Бит-пазар во Скопје загинале 4, а 36 етнички Албанци биле повредени.
- 21 ноември - Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.
декември
уреди- 13 декември - На границата меѓу Македонија и Албанија се отворени три нови гранични премини.
- 29 декември - Започна да работи Инвест банка АД Скопје, денешна Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
- декември - Престана да работи рудникот Дамјан.
Култура
уредиМузика
уреди- Мамо, пушти ме, албум на Каролина Гочева.
- Мансарда, албум на Анастасија.
- Случајно тука, албум на Ареа.
- На работ на разумот, албум на Санаториум.
Филм и телевизија
уреди- За првпат е одржан Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“.
- Хераклеја по Вотрпат
- Сили во Воздухот
- Словенски Орфеј
- Време, живот
Книги и списанија
уреди- Македонски дилеми од Коле Чашуле
- Петтиот ветар од Томе Арсовски
- Црна кула од Матеја Матевски
- Дела и доблести од Бранко Цветкоски
- Заседи за белиот сон од Блаже Миневски
- Заговорници на човечноста од Милан Ѓурчинов
- Камена перница од Ристо Јачев
- Која е добрата мајка од Ристо Давчевски
- Викенд во младоста од Јован Дамјановски
- Сепак возможно од Рената Тренеска
Објекти
уредиОстанато
уредиСпорт
уредиФудбал
уреди- ФК Вардар стана прв шампион по фудбал во сезоната 1992-1993 година.
- Основан е ФК Маџари Солидарност.
Кошарка
уреди- Основан е КК Пелистер.
Ракомет
уреди- Основана е Ракометна Федерација на Македонија.
Родени
уреди- Леонард Жута, македонски фудбалер.
- Дејан Манасков, македонски ракометар.
- Горјан Марковски, македонски кошаркар.
- Боби Мојсоски, македонски пејач.
- Борјан Ристовски, македонски фудбалер.
- Стефан Ристовски, македонски фудбалер.
- Христијан Тодороски, македонски пејач.
- Александар Трајковски, македонски фудбалер.
Починати
уреди- 3 февруари - Васил Ќортошев, македонски оперски пејач и режисер.
- 13 април - Благоја Попов, македонски политичар и државник.
- 17 јули - Стефан Гајдов.
Наводи
уреди- ↑ „Македонија е сè што имаме“, Киро Глигоров (2001), стр. 549.
- ↑ „Сите катастрофи и несреќи во Македонија низ бројки“. Мета.мк. Скопје. 10 август 2016. Посетено на 11 август 2016.