Црква „Св. Петка“ - Струга
Свети Петка — македонски православен храм која се наоѓа веднаш на самиот десен брег и страна на реката Црн Дрим, на северниот крај на градот Струга. Црквата е сместена спроти Општата болница во градот, на многу прометна сообраќајница.
Света Петка
| |
Поглед кон црквата од југ | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Прва струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°10′41″N 20°40′21″E / 41.17806° СГШ; 20.67250° ИГД |
Место | Струга |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | 1990 г. |
Завршено | 1994 г. |
Осветување | 1994 г. |
Архитектонски опис |
Историја
уредиНа местото на денешната црква уште одамна постоело светилиште на кое Стружани палеле свеќи, се молеле и го одбележувале празникот.
На 21 октомври 1990 година бил поставен камен-темелник, а во 1994 година завршила градбата и била осветена од страна на митрополитот Тимотеј.[1]
Имот
уредиЦрковниот имот зафаќал голема површина и се протегал меѓу Голем и Мал Дрим, па северно од неа сè до заобиколниот пат на Струга. Воедно, и денешната спортска сала се наоѓа на некогашниот црковен имот. До 1946 година, нејзиниот имот бил даван под наем и обработуван од сиромашни струшки семејства.[1]
Кражба
уредиЦрквата била цел на кражба во текот на 2013 година, кога биле украдени бакарни шандани каде верниците палат свеќи и пари од верниците. Во грабежот немало одземени икони.[2]
Галерија
уреди-
Црквата гледана од исток, од другата страна на Црн Дрим, во 2013 година
-
Црквата гледана од југозапад во 2013 година
-
Црквата гледана од југозапад во 2013 година
-
Црквата гледана од запад во 2013 година
-
Црквата гледана од југоисток во 2013 година
-
Црквата гледана од југоисток во 2022 година
-
Црквата гледана од северозапад во 2022 година
-
Црквата гледана од исток во 2022 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Светилишта во Струга“. Македонска нација. 27 август 2014. Посетено на 1 април 2016.
- ↑ „Ограбена црквата „Света Петка" во Струга“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. 18 јануари 2013. Посетено на 1 април 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Струга на Ризницата ?