Анастасија (музичка група)
Анастасија — македонска музичка група. Анастасија е една од најуспешните музички групи во Македонија. Нивната музика претставува оригинален микс од византиски звуци, православна црковна музика и етно ритми. Тие користеле повеќе акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и компјутери, семплери и синтисајзери.
Анастасија | |
---|---|
Познат(а) и како | Апокрифна реалност, Апореа |
Потекло | Македонија |
Жанрови | електронска; Дарквејв; прогресивен фолк |
Период на активност | 1987–2002 |
Членови | |
Горан Трајкоски Зоран Спасовски |
ИсторијаУреди
Групата „Анастасија“ била основана во 1990 година од страна на Горан Трајкоски (поранешен член на Сарацени, Падот на Византија, Мизар и Апореа), Златко Ориѓански (поранешен член на „Лола В. Стаин“) и Зоран Спасовски (поранешен член на „Мизар“ и „Апореа“).
Музиката на Анастасија претстаува спој на византиското минато, низ православната црковна музика, со големи примеси на етно ритам. Тие користеле акустични инструменти, како: кавал, гајда, тапан, но и модерна технологија, компјутери, семплови, синтисајзери и итн.
Анастасија направиле музички творби за театарски перформанси, филмови и ТВ програми.
Музиката за филмот „Пред Дождот“ била објавена од „Полиграм Рекордс“ и била распродадена во илјадници примероци низ целиот свет. Во 1996 година, „Анастасија“ ја направиле музиката за театарскиот перформанс „Баханалија“ кој се прикажувал низ цела Европа. Во 1997 година го издале синглот „Лице“, по кој следувал и синглот „Гори“, а потоа и албумот „Мелургија“ кој претставува компилација на необјавените песни на групата. Потоа следувал албумот „Ноктурнал“, снимен во скопското студио „Тра Ла Ла“ а миксуван во атинското студио, со Коти К.
ЧленовиУреди
- Златко Ориѓански, гитара, мандолина, кавал, придружен вокал
- Горан Трајкоски, водечки вокал, клавијатури, гајда, кавал
- Зоран Спасовски, тапани, ударни инструменти, клавијатури, придружен вокал
АлбумиУреди
- „На реките вавилонски“/„Премин“, сингл, (Дом, Ниш, 1989)
- „Давидова харфа“, песна на компилацискиот албум „Македонски документ“, („ТРОТ“, 1994)[1]
- Пред дождот (англиски: Before the Rain), албум 1995
- „Лице“ (англиски: Face) и „Гори“ (англиски: Burn), ЦД-сингл, (Third Ear Music, 1997)
- „Мелургија“ (англиски: Melourgia), албум, (Libra Music, 1997)
- „Ноктурнал“, албум, (Third Ear Music за просторот на СФРЈ и Libra Music за остатокот од светот, 1998)
НаводиУреди
- ↑ Македонски документ / Macedonian Document step 1. ТРОТ, CD 001, 1994.
- Дискографија на „Анастасија“ евидентирана од ВБУ Музички Регистар.