КК Работнички

кошаркарски клуб од Скопје
(Пренасочено од Годел Работнички)

КК „Работнички“македонски кошаркарски клуб од Скопје. Клубот е освојувач на 15 Првенствени-титули, десет Куп-титули, како и две Суперкуп-титули. Домашен терен на клубот е салата Градски парк.

КК Работнички
ЛигаПрва лига мажи
Основан1946; пред 78 години (1946)
СалаГрадски Парк
Сала Капацитет1,400
МестоСкопје
Бои на клуботцрвена и бела
         
ПретседателРисто Гапиќ
ТренерДимитар Мираковски
СопственикОпштина Центар
Позиција 2018/19Вицепрвак
Прваци15 Прва кошаркарска лига
10 Куп на Македонија
2 Суперкуп на Македонија
Повлечени броеви13
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Активни оддели на ЖСД Работнички
Фудбал Кошарка Ракомет

Од постоењето на КК Работнички до денес низ овој Клуб продефилирале голем број кошаркари кои, секој на свој начин, дале придонес во развивањето на кошаркарскиот спорт во Македонија и влијаеле на успехот на КК Работнички.

Историја

уреди

Почетоци

уреди

Кошаркарскиот клуб Работнички бил основан во 1946 како дел од "ЖСД Работнички" и е најстар кошаркарски клуб во Македонија. Работнички е основан благодарение на Славко Матовски кој "собрал" група млади ентузијасти и ги подучувал за тајните на овој спорт.

На 2 и 3 август 1946 година, било одржано Првото кошаркарско првенство во Македонија, на изменет терен на Градскиот стадион Скопје, кое всушност служело за квалификафии за Југословенска кошаркарска лига за сезоната 1946. Тоа првенство било во рамките на Вториот фискултурен слет и тогаш учествувале кошаркарските клубови Македонија (за нецела година, по соединувањето на неколкуте спортски друштва, клубот бил преобликуван во Вардар), Работнички, Ванчо Прке од Штип. Тогаш Работнички го победил Ванчо Прке со 30:8. На последниот натпревар Работнички загубил од Македонија со 30:18 и со тоа Македонија се стекнала со право да биде учесник во втората сезона (прва сезона со клубови) на елитната лига. За Работнички тогаш настапувале Славко Матовски, Драган Лукоски - Аџија, Трајан Ивановски, Борис Анастасов, Атанас Радевски, Војче Димитровски, Илија Ќовкаров и др.[1]

Од основањето на клубот повеќе години машката екипа на Работнички биле и Никола Матовски, Лазаревиќ, Христовски, Стојановски, Димовски, Стефан и Тошо Тодоровски, Димовски, Атанасовски. По станувањето на вицепрвак во 1946, Работнички потоа освоил седум Првенства на Македонија (1947, 1948, 1949, 1950, 1951, 1952 и 1953 година). Во 1953 година му успеало да се пласира во елитната Југословенска кошаркарска лига. Работнички се натпреварувал во Првата сојузна лига – Исток, но само една сезона. Од тоа време вреди да се напомни и третото место на Државното младинско првенство во 1957 година.

1960-ти и 1970-ти

уреди

Се раѓала нова генерација (Књазев, Фишиќ, Н.Матовски, Дрнков, Мастен, Мировски, Лечиќ…) која го освоила Првенството на Македонија по 8-ми пат во 1961 година и дури во 1964 година се изборила за правото да членува повторно во елитната Прва сојузна лига. Во Првата сојузна југословенска кошаркарска лига, екипата на Работнички играла постојано од 1965 година до распаѓањето на Југославија. Од 1963 година до 1970 година за репрезентацијата на поранешна Југославија настапувале Ј. Луковски и С. Андоновски, а во периодот од 1970 до 1977 година: Боцевски, Радосављевиќ, Георгиевски, Ковачевиќ и Радуловиќ, а воедно Благоја Георгиевски е еден од најистакнатите спортисти на Македонија и еден од ретките македонски спортисти кој ја носи највисоката спортска титула – заслужен спортист на поранешна Југославија. Во сезоната 1975-1976 година стигнал до полуфиналето на Европскиот Куп на Победниците на Куповите.

Под спонзорство на Годел

уреди

По отцепувањето од Југославија, дошло и до распаѓање на Првата и Втората југословенска кошаркарска лига, а кошаркарските клубови од Републиката своите натпревари ги продолжиле во рамките на самата Република. За државното Првенство во 1992/93 од двете кошаркарски лиги – Исток и Запад, првите четири екипи од двете групи го обезбедиле учеството во Првата мак-партнер кошаркарска лига. Од оформувањето на Првата лига (1992) па сè до 2000 година, клубот настапувал како Годел Работнички, под покровителство на кожарското претпријатие "Годел", клубот освоил седум Првенствени титули во 1993, 1994, 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, како и три Куп титули во 1993, 1994, 1998 година. Во сезоната 1999/00, за првпат откога постоела македонската Прва лига, тимот не освоил титула, бидејќи во финалето загубил од гостиварски Никол Ферт, урнувајќи го митот за непобедливиот "џин".

Ерата на Фершпед

уреди

Во сезоната 2000/01, Работнички бил без генерален спонзор, но тоа не го спречило да го освои Првенството. За следната сезона, како нов спонзор на клубот дошол „Фершпед“. Истата сезона, Фершпед Работнички повторно го освоил Првенството, во финалето против Куманово. Во сезоната 2002/03, Фершпед Работнички во лигашкото финале го победил Поло Трејд, додека во Купот 2003 го победил МЗТ Аеродром. Во сезоната 2003/04, Фершпед повторно ја освоил двојната круна, против МЗТ во Првенството, и против Неметали Огражден во Купот. Во истата сезона, во Јужната конференција на ФИБА Европа Купот, Работнички станал вицепрвак. Сезоните 2004/05 и 2005/06, минале во знак на соперништвото со Вардар. За овие две сезони, двете екипи ги играле сите финалиња од Лигата и Купот, сите во полза на Фершпед Работнички. Следната сезона во Лигата, Работнички станал вицепрвак, губејќи во финалето од Струмица 2005, додека во Купот 2007 стигнал до финалето. Клубот добил вајлд карта за учество во Јадранската лига за сезоната 2007/08, но подоцна го откажал учеството.[2] Во сезоната 2007/08, Работнички стигнал до полуфиналето во Првенството и Купот. Во сезоната 2008/09, Фершпед Работнички го освоил домашното Првенство, во Балканската лига станал вицепрвак, додека во Купот стигнал до полуфиналето.

Доскорешни сезони

уреди

Од сезоната 2009/10, Работнички останал без генерален спонзор. Во домашното Првенство завршил на шестото место во Супер лигата, а во Купот 2010 до четвртфиналето. Во Балканската лига опстоил само до првата фаза на натпреварувањето. Во сезоната 2010/2011, нов генерален спонзор на клубот бил "КУБУС", при што бил освоен Купот 2011, додека во Првенството било освоено второто место, но по две сезони, спонзорот си заминал. Од сезоната 2011/2012, главен спонзор на клубот е Општина Центар и за сезоната 2012/2013, кошаркарскиот клуб Работнички се трансформирал во Акционерско друштво.[3] Во сезоната 2013/14, Работнички го освоил второто место во Првенството. За следната сезона, Работнички го освоил Купот на Македонија 2015. Во Првенството 2014/2015, Работнички бил елиминиран во полуфиналето од Куманово 2009.[4][5] Во 2015 година, Работнички се натпреварувал во обновениот Суперкуп, станувајќи вицепрвак во тоа издание. Истата сезона стигнал до четврфиналето во Првенството и Купот. Работнички сезоната 2016/17, стигнал до полуфиналето во Купот 2017 и Првенството. Во сезоната 2017/18, Работнички бил вицепрвак во Купот 2018, додека во Првенството, по пауза од девет години, Работнички повторно бил првак. Клубот станал првиот клуб кој стигнал до десеттата титула во Купот, откако го освоил изданието 2019. Подоцна во јуни, Работнички бил поразен во финалето на Првенството.

Повлечени броеви

уреди

Поради смртта на Благоја Георгиевски, играч на Работнички од 1968 до 1984 година и синоним на македонската кошарка во времето на СФР Југославија, Работнички го повлекол број 13 од употреба во клупските дресови.[6]

Постигнувања

уреди

Сезона 2020/2021

уреди

Составот на Работнички за сезоната 2020/2021

број име висина
(см)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
11 Кирил Николовски (к.) 210 Крилен центар
/ Центар
32   Македонија 2017 Карпош Соколи
15 Љубомир Младеновски 207 Центар 25   Македонија 2019 МЗТ Аеродром
Димитар Караџовски 190 Бек 36   Македонија 2021 Кожув
10 Марјан Младеновиќ 180 Разигрувач 33   Македонија 2020 Куманово 2009
4 Петар Бошалески 16   Македонија 2020
Филип Георгиевски 17   Македонија 2021
Карло Блажевски 17   Македонија 2021
Паоло Блажевски 17   Македонија 2021
Горазд Величковски 17   Македонија 2021
25 Виктор Ефремовски (зам. к.) 191 Крило 22   Македонија 2015 Вардар
14 Василиј Србиноски 16   Македонија 2020
35 Андреј Шошкиќ 16   Македонија 2021
23 Лука Јанкоски 20   Македонија 2021
32 Дамиер Питс 177 Разигрувач 31   САД 2020 Шопрон  
24 Филип Бундовиќ 206 Центар /
Крилен центар
27   Хрватска 2021 Цибона  
9 Мирко Мулалиќ 194 Бек 33   Словенија 2021 Цедевита Олимпија  
0 Рајнер Торнтон 201 Бек /
Крилен центар
23   САД 2021 Мемфис Хасл  
7 Иван Аска 201 Крилен центар 30   Американски Девствени Острови 2021 Хапоел Хевел  

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 4 ноември 2020 г. eurobasket.com

Меѓународни натпреварувања

уреди

Сезона Натпреварување Достигнување Поб Пор
1973 ФИБА Корач Куп Групна фаза1 0 0
1975/76 ФИБА Европски Куп на
Победниците на Куповите
Полуфинале 4 4
1993/94 ФИБА Европска Лига Шестнаестинафинале 2 2
1993/94 ФИБА Европски Куп Групна фаза 2 8
1994/95 ФИБА Европска Лига Прва рунда 1 1
1995/96 ФИБА Европска Лига Прва рунда 1 1
1996/97 ФИБА ЕвроКуп Групна фаза 1 9
1997/98 ФИБА ЕвроКуп Групна фаза 0 10
1999/00 ФИБА Сапорта Куп Групна фаза 1 9
2000/01 ФИБА Корач Куп Прва рунда 0 22
2002/03 ФИБА Европа Куп на Шампиони
(Јужна Конференција)
Групна фаза 1 9
2003/04 ФИБА Европа Куп
(Јужна Конференција)
Вицепрвак 5 3
2004/05 ФИБА Европа Лига Групна фаза 2 10
2008/09 Балканска Лига Вицепрвак 7 5
2009/10 Балканска Лига Групна фаза 1 7
2017/18 ФИБА Европа Куп Прва ква. рунда 0 2

Натпреварување Сез Нат Поб Пор
Европска Лига / Евролига 3 8 4 4
Европски КПК / Европски Куп /
ЕвроКуп / Сапорта Куп
5 48 8 40
Европа Лига / ЕвроЧеленџ 1 12 2 10
Европа Куп 1 2 0 2
Корач Куп 21 2 0 22
Европа Куп на Шампиони /
Европа Куп
2 18 6 12
Балканска Лига 2 20 8 12

1 Работнички првично бил избран во групата, но потоа се повлекол од натпреварувањето.

2 Реванш натпреварот завршил со резултат од 70:70. Немало потреба да се потреба да се игра продолжение бидејќи вкупниот резултат од двата натпревари одел во полза на противникот на Работнички.

  • Со задебелените букви се постоечките натпреварувања.
  • Со косите букви се непостоечките натпреварувања.

Поважни кошаркарски имиња

уреди

  •   Николас Вигинс
  •    Драган Радосављевиќ
  •   Игор Бијелиќ
  •   Срѓан Божиќ
  •   Немања Јелесијевиќ
  •   Ѓорѓе Јовановиќ
  •   Предраг Јоксимовиќ
  •   Душан Кнежевиќ
  •   Ненад Мишановиќ
  •   Лука Павичевиќ
  •   Миљан Павковиќ
  •   Милош Павловиќ
  •   Владимир Филиповиќ
  •   Филип Шунтурлиќ
  •    Горан Икониќ
  •    Милан Милошевиќ
  •    Бариша Красиќ
  •   Чавдар Костов
  •   Руди Мбемба
  •   Бора Пачун

Извор:eurobasket.com

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Миодраг Мицковиќ (25 март 2020). „Спортски времеплов: Кошарка на фудбалски терен“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Фершпед Работнички ќе игра во Јадранска лига[мртва врска] vest.com.mk 24 март 2007
  3. Регистар на професионални спортски клубови трансформирани во акционерски друштва Архивирано на 29 јули 2014 г. ams.gov.mk 17 септември 2012
  4. Работнички на колена, Куманово е во финалето! Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
  5. Центарци „изгореа“: Куманово го „згази“ Работнички и се избори за втора шанса за прва титула! sportmedia.mk 24 мај 2015
  6. „Во чест на Буштур, Работнички го повлекува дресот со број 13“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 31 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-31. Посетено на 1 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди