Јакуб Блашчиковски

Јакуб Блашчиковски (полски: Jakub Błaszczykowski; р. 14 декември 1985) — полски фудбалер, играч од средниот ред на Висла Краков и на полската репрезентација.

Јакуб Блашчиковски
Лични податоци
Роден на 14 декември 1985(1985-12-14)(38 г.)
Роден во Турколаси, Полска
Држава Полска Полска
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Висла Краков Висла Краков
Број 16
Младинска кариера
Ракув Ракув
Гурник Забже Гурник Забже
КС Ченстохова КС Ченстохова
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 КС Ченстохова КС Ченстохова 24 (11)
2005-2007 Висла Краков Висла Краков 51 (3)
2007– Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 197 (27)
2015–2016Фјорентина Фјорентина 15 (2)
2016–2019 Волфсбург Волфсбург 38 (1)
2019– Висла Краков Висла Краков 37 (15)
Репрезентација
2004 Полска Полска 19 8 (0)
2005-2006 Полска Полска 21 3 (1)
2006- Полска Полска 108 (21)
* Ажурирано на: 23 јануари 2021
** Ажурирано на: 23 јануари 2021

Блашчиковски двапати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска во 2008 и 2010 година.

Кариера

уреди

Роден е во Турколаси близу Ченстохова и започнал да игра фудбал во екипата на Ракув Ченстохова во 1993 година. Како младинец играл и за Гурник Забже, а потоа и за КС Ченстохова каде го направил своето професионално деби во 2003.

По една сезона во овој клуб во која бил многу успешен, Блашчиковски бил купен од страна на Висла Краков, еден од гиганти во полскиот фудбал. Со нив го освоил полското првенство во сезоната 2004-2005 и бил еден од најдобрите фудбалери на клубот во двете сезони додека играл за Висла. Во 2007 година потпишал за германскиот Борусија Дортмунд. Со популарните милионери освоил две титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија и два Суперкупа на Германија.

На 25 мај 2013, играл до 90-тата минута кога бил заменет од Јулијан Шибер во Финалето на Лигата на шампионите 2013-2014, во кое Борусија загубила од Бајерн Минхен со 2-1.

На 31 август и се приклучил на Фјорентина, на позајмица за сума од 1 милион евра, со право на откуп за 6 милиони евра. Дебитирал за Фјорентина во натпреварот од првенството против Џенова во победата со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Борха Валеро. На 23 септември го постигнал првиот погодок во дресот на виола во победата со 2-0 над Болоња на домашен терен. Својата единствена сезоната во Фиренца ја завршил со 18 настапи и 2 гола во сите натпреварувања, по што се вратил во Германија.

На 1 август 2016, Блашчиковски му се приклучил на Волфсбург за сума од 5 милиони евра, потпишувајќи три годишен договор со клубот.

Титули

уреди

  Висла Краков[1]

уреди

  Борусија Дортмунд[1]

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „J. Błaszczykowski“. Soccerway. Посетено на 11 January 2015.