Игнатие Богдановски
Игнатие Богдановски (Радибуш, Крива Паланка, 14 декември 1938) — македонски политичар, специјалист по стоматолошка протетика, редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Животопис
уредиБогдановски е роден во кривопаланечкото село Радибуш на 14 декември 1938 година. Со диплома се стекнал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, каде што во 1977 година хабилитирал. Докторирал во Сараево во 1989 година. Уредник е на едицијата „За стоматолошката болка“. Од 1978 до 1998 година бил директор на Стоматолошкиот клинички центар, каде организирал собири во 1987 и 1991 и конгреси на стоматолозите од Македонија во 1994 и 1998 година. Од 1985 до 1999 година бил претседател на Македонското стоматолошко друштво[1]. Бил и пратеник во Собранието на Македонија како претставник на СДСМ во составот од 1994 до 1998 година[2]. Живее во Скопје.
Библиографија
уредиПубликувал прееку 130 статии.
- Прилог ка проучавању ефикасности примене томографије код одреѓивања интер виличне релације у току израде тоталних зубних протеза (докторска дисертација). Стоматолошки факултет, Сарајево, 1989, (95 стр).
- Исправка на вертикалната димензија по емпириското одредување на висината на гризот и централната оклузија кај пациенти со тотална беззабост (хабилитационен труд). Стоматолошки оддел при Медицинскиот факултет, Скопје, 1977. (75 стр)
Наводи
уреди- ↑ „Македонско стоматолошко друштво - поранешни претседатели“. Македонско стоматолошко друштво. Посетено на 2009-11-23.
- ↑ „Собрание на Македонија - Игнатие Богдановски“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-23.