Нострадамус
Мишел де Нотрдам (француски: Michel de Nostredame; 14 декември 1503 или 21 декември 1503[1] — 2 јули 1566) или попознат како Нострадамус — француски аптекар и почитуван јасновидец, кој отпечатил колекција на пророштва кои брзо станале познати во светот. Најпознат е по неговите „Пророштва“ (Les Propheties), првото издание кое се појавило во 1555 година.
Мишел де Нотрдам Michel de Nostredame | |
---|---|
Нострадамус: портрет од неговиот син Цезар | |
Роден/а | 14 декември 1503 или 21 декември 1503 |
Починат/а | 2 јули 1566 |
Занимање | аптекар, писател, преведувач, астролог, пророк |
Интересот за делото на Нострадамус, кој е истакната фигура на француската ренесанса е сè уште голем, посебно во медиумите, а на неговите пророштва во некои случаи им се додава библискиот код, или трудовите на некои други пророци.
Животопис
уредиДипломирал на Универзитетот во Монпелје и станал лекар. Како лекар се прославил со дезинфекциското средство кое го открил и со кое спасил многу пациенти за време на чумата во Франција. Некои биографи поради тоа го нарекуваат - татко на антисептичката медицина.
Уште од раната младост имал голема склоност кон астрономијата и астрологијата. Неговиот дедо го вовел во овие науки, а го запознал и со кабалата.
Во 1555 година, на 52-годишна возраст, Нострадамус ја објавува својата прва книга центурии. Печатена е во Лион под наслов „Пророштвата на мајсторот Мишел Нострадамус“. Веднаш по излегување оваа книга доживеала голем успех. Во дворецот на Анри II не се зборувало за ништо друго освен за пророкот од Прованса. Сите сакале да се запознаат со него, но најзначајна била поканата од кралот Хенрих II и Катерина Медичи, со која станале големи пријатели.
Алманахот
уредиАлманахот и книгите кои ги пишувал Нострадамус доживеале таков успех, што почнале да се издаваат секакви книги под негово име. Настанала таква збрка, поради која Нострадамус бил огорчен. Се затворил дома, не примал никого, и во 1558 година го издал второто проширено издание на своите центурии, кое го посветил на кралот Анри II, и му напишал едно опширно писмо во кое се вели:
„Можев во секој катрен да го напишам точното време на настаните, но тоа не би им се допаднало на сите. Затоа сè запишувам шифрирано, а не едноставно пророчки.“
Интересни факти
уреди- Предвидувањата на Нострадамус се однесуваат на еден долг временски период - од неговото време до 3797 година, после која тој гледа само експлозија и еден голем пожар и ништо друго.
- Само мал број од стиховите имаат датуми.
- Катрените не се хронолошки наредени, па често е невозможно некое пророштво да се поврзе со историски настан.
- Стиховите се преполни со астролошки поими со кои сепак може да се одреди времето на настанот.
- Се знае дека пишувал барем два или три стиха за одреден настан, иако не се во книгата едни до други.
- Еден дел од стиховите се изгубени.
- Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих кој се однесува на иднината.
Од стиховите на Нострадамус
уредиЗа чудовишта
уреди„А кога змијата од кафезот ќе се роди,
ќе биде тоа суштество од нечовечки род...“
„Ќе биде роден од стомак, со две глави
и четири раце, ќе умре рано...“
„Од Јадран сè до Сабинскиот крај
морски страшен ѕвер ќе доплови,
со човечки лик, а рибји пераи,
со јадица луѓето ќе го ловат.
За Македонија
уреди„Заби на небото ќе засветат ноќе,
и сите од Рона сјајот ќе го видат,
војна, глад, а помош доцна ќе дојде:
на Македонците Персија иде.“
За војна со Муслиманите
уреди„Сила голема крстот што го мрази
во Меѓуречје ќе крене глава:
ќе ги пребродат реките брзите одреди,
а оној што на многумина душман им беше,
овој пат ќе биде во право.“
За 1999 година
уреди„Седмиот месец 1999, владетел се спрема
грозен и страшен од небо да дојде,
да го воскресне кралот од Ангулем...
Овен доаѓа од една, Марс од друга страна,
никогаш не се гинело вака,
крвта на невините и на децата ќе се лие...“
Белешки
уреди- ↑ Guinard, Dr Patrice, Cura Forum