Светлана Бојковиќ
Светлана „Цеца“ Бојковиќ (српски: Светлана "Цеца" Бојковић), (Земун, 14 декември 1947) — српска глумица.
Светлана Бојковиќ Светлана Бојковић | |
---|---|
Роден(а) | 14 декември 1947 Земун, ФНР Југославија |
Живеалиште | Белград, Србија |
Националност | Србија |
Занимање | глумица |
Активен период | од 1967 |
Висина | 1,67 m |
Сопружник | Милош Жутиќ (в. 2024) Љубомир Муци Драшкиќ (в. 1985–2004) Славко Круљевиќ (в. 2011) |
Деца | Катарина Жутиќ |
Животопис
уредиСветлана „Цеца“ Бојковќ дипломирала на на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1970 година. Како глумица реализирала бројни театарски, фимски и телевизиски улоги, од кои поистакнати и попознати се: „Кучето што ги сакаше возовите“ (1977), „Некоја друга жена“ (1981), „Ало такси“ (1983), „Подобар живот“ (ТВ серија) (1987—1991), „Смртта на госпоѓата министерка“ (ТВ) (1991), „Среќни луѓе“ (ТВ серија) (1993—1996), „Семејно богатство“ (ТВ серија) (1998—2001)[1]. Кариерата ја започнала во 1967 година, со филмот Еден ден мој Јамеле, а десет години потоа, го реализирала својот најголем успех во филмот, играјќи ја улогата на Мика во социјалната драма Кучето што ги сакаше возовите[2] Во деведесеттите години на минатиот век, Светлана, станува најголема домашна телевизиска ѕвезда благодарејќи на улогите во исклучително популарните ТВ серии особено ма оние создадени од Синише Павиќ: најпрво како Емилија Попадиќ во Подобар живот, потоа како сестра Антонија во Среќни луѓе, и на крајот како Валерија Гавриловиќ во Семејното богатство[3]. Улогата на главната медицинска сестра - Антонија, се смета за ремек-дело на домашната глума. Има три бракови, првиот со Милош Жутиќ за кого се омажила во 1968 година, а нивната ќерка Катарина Жутиќ е исто така глумица. Додека третиот нејзин маж - Славко Кралевиќ, бил амбасадор во Финска, а тоа било причина таа извесно време да ја прекине својата глумечка кариера, живеејќи во Хелсинки[4]. Светлана во 1978 година ја добила Златната арена на Филмскиот фестивал во Пула, за улогата во филмот Кучето што ги сакаше возовите, а во 2003 станала првата добитничка на наградата Жанко Стокиќ.
Награди
уреди- Награда „Големата Жанка“ (2003)
- Награда за животно дело „Добричиниот прстен“ (2005)
- Златна арена на Фестивалот во Пула за улогата во филмот „Кучето што ги сакаше возовите“,
- Две награди „Ќурка“ на Деновите на комедијата во Јагодина за улогата на Јованка во претставата „Отворено море“ (1978) и улогата на Белиза во претставата „Учените жени“ (1991),
- Добитник е на Октомвриската награда на градот Белград, Награда „Јоаким Вујиќ“ за придонес во театарската култура,
- Наградата „Бранислав Нушиќ“ за животно дело во областа на комедијата,
- Златна Ќурка (2014)
- Наградата „Зорановиот мустак“ за улогата на Драгица во претставата „Мојата ти” во изведба на Ателје 212 (2017)
- Наградата Златен јавор за исклучителен придонес во евромедитеранскиот филм, на Фестивалот на средоземно-европскиот филма во Требиње (2018)
- Стеријина награда за особени заслуги во развојот и унапредувањето на театарската уметност и култура(2019)[5].
Филмографија
уредиТеатарски улоги
уреди- Мадам сан жен (Народен театар во Белград)
- Мери Стјуарт (Ателје 212)
- Госпоѓа министерка (Народен театар на Републике Српска)
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиSvetlana Bojkovic на Семрежната филмска база на податоци (англиски)