Аљоша Асановиќ

хрватски фудбалер

Аљоша Асановиќ (роден на 14 декември 1965 во Сплит) — поранешен хрватски и југословенски фудбалер кој настапувал како играч од средниот ред.

Аљоша Асановиќ

Кариера

уреди

Аљоша Асановиќ се преселил во Хајдук Сплит, каде ја започнал својата сениорска кариера. Со Хајдук во 1987 тој го освоил Купот на Југославија а во 1990 година се преселил во францускиот Мец. Во Мец одиграл една сезона, како во Кан, а потоа заминал во Монпелје.

По две сезони поминати во Монпелје, Асановиќ се вратил во Хајдук и со тимот постигнуал успех во сезоната 1994/95 учествувајќи во Лигата на шампионите. Хајдук ја поминал групната фаза, но бил поразен во четвртфиналето од Ајакс, кој подоцна го освоил трофејот. Истата сезона, Асановиќ со Хајдук го освоил првенството и Купот на Хрватска.

Во јануари 1996 година се преселил во Дарби Каунти, каде повторно бил соиграч Игор Штимац. За Дарби Каунти одиграл 38 натпревари и постигнал 8 голови.

По одличната изведба на Светското првенство 1998, Асановиќ се преселил во Панатинаикос. Во текот на две сезони во Грција, одиграл 44 натпревари и постигнал 9 голови. Во 2002 година, по третпат настапувал во Хајдук, каде ја завршил кариерата.

Репрезентација

уреди

Асановиќ го имал своето деби за репрезентацијата на Југославија на 25 март 1987 година во пријателски натпревар против Австрија. Тој одиграл 3 натпревари за Југославија.

Своето деби за репрезентацијата на Хрватска било во пријателски натпревар против САД на 17 октомври 1990, кој бил првиот натпревар од хрватската репрезентација. Хрватска победила со 2:1, додека Асановиќ бил првиот стрелец во натпреварот.

На Европското првенство во 1996 и Светското првенство во 1998, Асановиќ бил еден од најважните играчи во репрезентацијата. Со Хрватска тој стигнал до четврт-финалето на Европското првенство 1996 година, а на Светското првенство 1998 година го освоил третото место и бронзен медал. Во полуфиналниот натпревар против Франција тој му помогнал на Давор Шукер преку асистенција во неговиот гол, но Хрватска била поразена со резултат од 2:1.

Последниот натпревар за Хрватска го одиграл против Франција на 28 мај 2000 година. Тој има одиграно 62 натпревари за репрезентацијата и постигнато 3 гола.[1]

Трофеи

уреди
  • Југословенски куп: 1987
  • Прва лига на Хрватска: 1995
  • Куп на Хрватска: 1995

Наводи

уреди
  1. Mamrud, Roberto (24 November 2003). „Aljosa Asanovic – International Appearances“. RSSSF. Посетено на 15 October 2009.