Волтер Липман (23 септември 1889 - 14 декември 1974), е американски новинар и писател, со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година бил уредник и воведничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Двапати бил добитник на Пулицеровата награда.

Волтер Липман
Роден 23 септември 1889( 1889-09-23)
Њујорк, САД
Починал 14 декември 1974(1974-12-14) (возр. 85)
Њујорк, САД
Занимање новинар, писател

Оставил длабоки траги во модерната политичка историја на САД. Липман не ја создаваше политиката на САД, ниту беше одговорен за неа, но со своите толкувања, поддршки и негирања, значително влијаеше врз насоката во која одеше Америка.