Ополе
Ополе (полски: Opole, шлески: Uopole, германски: Oppeln, , долношлески: Uppeln) — град кој се наоѓа во јужна Полска на реката Одра. Со население од 119,574 (декември 2014), тој е административен центар на Ополското Војводство и исто така седиште на Ополскиот Округ.
Ополе | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Местоположба во Полска | |||
Координати: 50°40′N 17°56′E / 50.667° СГШ; 17.933° ИГД | |||
Држава | Полска | ||
Војводство | Ополско | ||
Округ | Ополски Округ | ||
Градски права од | 1217 г. | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Аркадиуж Вишневски | ||
Површина | |||
• Град | 96,55 км2 (3,728 ми2) | ||
Надм. вис. | 176 м | ||
Население (31.12.2014) | |||
• Град | 119.574 | ||
• Густина | 1.238/км2 (3,210/ми2) | ||
• Метро | 267.000 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 45-001 до 45-910 | ||
Повик. бр. | +48 077 | ||
Регис. таблички | OP | ||
Мреж. место | http://www.opole.pl |
Со долгата историја која датира од 9. век, Ополе се смета за еден од најстарите градови во Полска. Потеклото на првите населби се поврзува со 1217 година, кога градот се здобил со градски права од Казимир I Ополски,[1] внукот на полскиот кнез Болеслав III Пјаст. Во текот на средниот век и ренесансата градот бил познат како центар на трговијата поради својата местоположба на пресекот на неколку главни трговски патишта, што му помогнало да собере стабилен профит од транзит на трговија. Брзиот развој на градот исто така бил предизвикан со основањето на регенско седиште во Ополе во 1816 година. Првата железничка врска помеѓу Ополе, Бжег и Вроцлав била отворена во 1843 година, а првите вистински фабрики за производство биле изградени во 1859 година, кои во голема мера придонеле за негово регионално значење.[2]
Во текот на своето постоење Ополе припаѓал на Полска, Бохемија, Прусија и Германија. Пред втората светска војна градот се наоѓал во источна Германија и бил еден од најголемите центри во кој живеело полско малцинство во целата држава. Во 1945 година, според Кримската конференција и Потсдамскиот договор, регионот бил доделен на Полска. Голем број на Германци од Горна Шлеска и Полјаци од германско потекло сè уште живеат во Ополскиот регион; сепак во рамките на градот, етничките Германци се застапени со помалку од 3% од населението. Ополе исто така бил главен град на историскиот регион Горна Шлеска.
Ополе често се нарекува „полска Венеција“,[3] поради живописноста на стариот град и големиот број на канали и мостови кои поврзуват делови од градот.
Име
уредиИмето „Ополе“ веројатно потекнува од средновековниот словенски термин за групи на населби.[4]
Историја
уредиСреден век
уредиИсторијата на Ополе започнуа во 8. век. Во овој период, според архелошките ископувања,[5] првата словенска населба била основана на северниот дел од островот Пасиека во средината на реката Одра. Во почетокот на 10. век таа се развила во една од главните населби на словенското племе Ополани. Кон крајот на векот Шлеска станала дел од Полска и била управувана од династијата Пјаст; земјиштето на паганските Ополани било освоено од војводата Мјешко I Пјаст во 992 година. По смртта на војводата Владислав II Изгнаник, Шилезија била поделена во 1163 година помеѓу две пјастови линии - Долна Шлеска на вроцлавската линија и Горна Шлеска на Ополско-раќибушката линија. Ополе станал кнежевство во 1172 година и делел многу знаеднички нешта со Раќибушкото Кнежевство, со кое понекогаш бил комбиниран. Во 1281 година Горна Шлеска била дополнително поделена помеѓу наследниците на кнезовите. Војводството привремено било возобновено во 1290 година.
Во почетокот на 13. век, кнезот Казимир I Ополски одлучил да ја премести населбата од островот Пасиека кон десниот брег на реката Одра. Сите жители морале да се преселат како би се направило место за замок кој бил изграден на местото на старата населба.[6] Жителите од старата населба заедно со германските трговци кои се населиле тука од запад, ги добиле првите градски права веројатно околу 1217 година, иако овој датум е спорен.[7] Ополе добил германски градски права во 1254 година. Градот се развил во текот на владеењето на кнезот Болеслав I Ополски. Во овој период замокот бил конечно завршен и нов градби, вклучувајќи ги градските ѕидини и црквата на Светиот крст, биле изградени. Заедно со поголемиот дел од Шлеска, во 1327 година Ополското кнежевство влегло под суверенитет на Кралството Бохемија, кое било дел од Светото Римско Царство. Во 1521 година кнежевството Раќибуж било наследено од Ополското кнежевство, тогаш исто така познато по германскиот назив - Опелн. Вториот замок во Ополе веројатно бил изграден во 14. век од кнезот Владислав Ополски, иако според некои извори тоа било дрвено упориште од кастеланот на градот кој датирал од 12. век.[8]
Во Хабсбуршката монархија
уредиСо смртта на кралот Лајош II во мохачката битка, Шлеска била наследена од Фердинанд I, кој го ставил Ополе под суверенитет на Хабсбуршката Монархија на Австрија. Хабсбурзите ја преземале контролата врз регионот во 1532 година по смртта на последниот кнез од династијата Пласт - Јан II Добриот. Во тој период градот бил претежно со жители од полско говорно подрачје (околу 63%), а другите националности биле застапени со Германци, Чеси и Евреи. Последните два кнеза на Ополе, Миколај II и Јануш II Добриот, не го научиле германскиот јазик.[9]
Почнувајќи во 1532 година, Хабсбурзите го заложиле кнежевството на различни владетели вклучувајќи неколку полски владетели. Со откажувањето на кралот Јан II Казимир од Полска како последен кнез на Ополе во 1668 година, регионот припаднал во директна контрола на Хабсбурзите. На почетокот на 18. век, германското население во Ополе било проценето на 20%.[10]
Во Пруска Шлеска
уредиКралот Фридрих Велики од Прусија го освоил поголемиот дел од Шлеска од Австрија во 1740 година во текот на Шлеските војни ; пруската контрола била потврдена со бреславскиот мировен договор од 1742 година. За време на пруското владеење етничката структура на градот започнала да се менува. Во почетокот на 20. век бројот на полски и двојазични жители на Ополе, според германската статистика, се движел од 25% до 31%.[11] Во периодот 1816–1945 Ополе бил главен град на административното подрачје Опелн во рамките на Прусија. Градот станал дел од Германското Царство во текот на обединувањето на Германија во 1871 година.
По првата светска војна
уредиПо поразот на Царска Германија во првата светска војна, на 20 март 1921 година во Ополе бил организиран референдум за прашањето дали градот да биде дел од Вајмарска Германија или да стане дел од Втората Полска Република. 20,816 (94.7%) гласови биле за Германија, 1,098 (5.0%) за Полска, и 70 (0.3%) гласови биле невалидни. Излезноста на гласачите била 95.9%.
Ополе бил административно седиште на провинцијата Горна Шлеска во периодот 1919–1939. Со поразот на Полска во Инвазијата на Полска на почетокот на втората светска војна во 1939 година, некогашната Полска Источна Горна Шлеска била додадена кон провинцијата Горна Шлеска и Ополе Ополе го загубил својот статус како главен град на провинцијата од Катовице.
На 15 февруари 1941 и 26 февруари 1941 година, две депортации со 2,003 еврејски мажи, жени и деца ја напуштиле Аспанг станицата во Виена и биле пренесени во гето поставено во Ополе. До март 1941 година, 8,000 евреи биле депортирани во Ополе. Од мај 1941 година, 800 работоспособни мажи биле принудени да работат во Демблин. „Ликвидацијата“ на гетото во Ополе започнала во пролетта 1942. Од 2,003 Евреи од Виена, познато е дека само 28 преживеале.
Во современа Полска
уредиПо крајот на втората светска војна во 1945 година, Ополе бил предаден од Германија на Полска во согласност со потсдамскиот договор, и градот го добил назад своето словенско име Ополе. Градот бил дел од Катовицкото Војводство во периодот 1946–1950, а потоа станал дел од Ополското Војводство. За разлика од другите делови на т.н. вратени територии, населението во Ополе и околината останало во градот и не било прогонето како што било случај секаде. На преку еден милион Шлези кои се сметале себеси како Полјаци или биле третирани како такви од властите поради нивниот јазик и обичаи им било дозволено да останат откако биле потврдени како Полјаци во посебен верификациски процес. Тој вклучувал декларирање полска националност и заклетва на верност кон полската држава.[12] Во подоцнежните години, сепак многумина од нив заминале во Западна Германија за да избегаат од комунистичкиот Источен блок.
Движење на населението
уредиВо раниот 20. век полските и двојазичните жители во Ополе, според официјалната германска статистика, се движеле 25 до 31%.[11]
Германско малцинство
уредиПокрај германскиот и полскиот јазик, многу жители на Ополе пред 1945 година користеле шлески дијалект со силно германско влијание (понекогаш наречен wasserpolnisch или wasserpolak). Поради тоа, администрацијата во полската држава во повоениот период по припојувањето на Шлеска во 1945 година не предизвикала општ прогон на сите поранешни жители на Ополе, како што било сторено во Долна Шлеска, каде населението зборувало исклучиво германски јазик. Бидејќи тие биле сметани за „автохтони“ (Полјаци), говорниците на дијалектот добиле право да останат во нивното родно место ако се декларираат себеси како Полјаци. Некои говорници на германскиот јазик ја искористиле оваа одлука, при што останале во градот иако биле од германска националност. Околината на градот во моментов го содржи најголемото германско и горно шлеско малцинство во Полска. Сепак, во рамките на Ополе живеат само 2.46% Германци.[13]
Знаменитости
уредиОполе го одржува годишниот Национален фестивал на полската песна. Градот исто така е познат по црквата Св. Адалберт која датира од 10. век и по црквата Светиот крст од 14. век. Во градот исто така има зоолошка градина.
Објекти и градби
- Пјастовата кула на островот (само дел кој останал од Пјастовиот замок)
- фрањечка црква од 14. век, мавзолеј на Ополе
- зградата на градското собрание од 19. век
- црквата „Пресвета богородица на жалостите и Св. Адалберт“
- катедралата Светиот крст од 14. век
- Зелениот мост во арт нуво стил
- главната железничка станица во Ополе, градба во еклектички стил од раниот 20. век
Музеи
- Епархискиот музеј (Muzeum Diecezjalne)
- Ополскиот регионален музеј (Muzeum Śląska Opolskiego)
- Ополскиот селски музеј (Muzeum Wsi Opolskiej)
Гробишта
Клима
уредиОполе е еден од најтоплите градови во Полска. Највисоката рекордна температура во државата била измерена во градот Прошков, близу Ополе.
Климатски податоци за Ополе | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 15.8 (60.4) |
19.3 (66.7) |
25.0 (77) |
28.2 (82.8) |
32.6 (90.7) |
35.5 (95.9) |
38.0 (100.4) |
39.0 (102.2) |
35.4 (95.7) |
26.2 (79.2) |
21.9 (71.4) |
16.1 (61) |
39.0 (102.2) |
Прос. висока °C (°F) | 1.9 (35.4) |
3.7 (38.7) |
8.4 (47.1) |
15.7 (60.3) |
20.0 (68) |
23.1 (73.6) |
25.6 (78.1) |
24.7 (76.5) |
19.9 (67.8) |
14.0 (57.2) |
8.5 (47.3) |
2.8 (37) |
14.0 (57.2) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.5 (31.1) |
0.6 (33.1) |
4.2 (39.6) |
10.1 (50.2) |
14.4 (57.9) |
17.7 (63.9) |
19.9 (67.8) |
19.1 (66.4) |
14.8 (58.6) |
10.0 (50) |
5.6 (42.1) |
0.6 (33.1) |
9.7 (49.5) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.9 (26.8) |
−2.3 (27.9) |
0.0 (32) |
4.4 (39.9) |
8.9 (48) |
12.3 (54.1) |
14.4 (57.9) |
13.5 (56.3) |
9.5 (49.1) |
5.9 (42.6) |
2.8 (37) |
−1.6 (29.1) |
5.4 (41.7) |
Најниска забележана °C (°F) | −25.2 (−13.4) |
−22.9 (−9.2) |
−15.6 (3.9) |
−6.8 (19.8) |
−4.4 (24.1) |
1.8 (35.2) |
5.0 (41) |
1.0 (33.8) |
−1.5 (29.3) |
−6.7 (19.9) |
−12.9 (8.8) |
−22.5 (−8.5) |
−25.2 (−13.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 34 (1.34) |
29 (1.14) |
32 (1.26) |
29 (1.14) |
59 (2.32) |
66 (2.6) |
73 (2.87) |
46 (1.81) |
47 (1.85) |
29 (1.14) |
31 (1.22) |
34 (1.34) |
494 (19.45) |
Прос. бр. врнежливи денови | 16 | 13 | 14 | 11 | 13 | 12 | 13 | 9 | 11 | 11 | 13 | 15 | 151 |
Прос. релативна влажност (%) | 83 | 81 | 76 | 71 | 72 | 73 | 72 | 74 | 78 | 79 | 83 | 84 | 77 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 48 | 70 | 127 | 191 | 225 | 224 | 238 | 221 | 151 | 108 | 56 | 41 | 1.698 |
Извор бр. 1: [1] | |||||||||||||
Извор бр. 2: http://climatebase.ru/station/12530/?lang=en |
Образование
уреди- државни универзитети и колеџи:
- Ополски технолошки универзитет (Politechnika Opolska)
- Ополски универзитет (Uniwersytet Opolski)
- Државно високо медицинско профсионално училиште (Państwowa Medyczna Wyższa Szkoła Zawodowa w Opolu)
- приватни колеџи:
- Колеџ за менаџмент и администрација (Wyższa Szkoła Zarządzania i Administracji w Opolu)
- Академија „Богдан Јански“ (Szkoła Wyższa im. Bogdana Jańskiego Архивирано на 9 ноември 2017 г.)
- ВСБ универзитети - ВСБ универзитет во Вроцлав,[16] департман по економија
Познати жители
уреди- Владислав Ополчик, полски гроф
- Паул Клајнерт (1837–1920), германски теолог
- Емин Паша (роден Едуард Шницер ) (1840–1892), истражувач и африкански гувернер
- Јан Каспрович (1860–1926), поет
- Оскар Слејтер (1872–1948), германско/шкотска жртва на неправедно донесена судска одлука
- Јакуб Канија (1872–1957), полски поет и писател, војник во Шлеските востанија
- Лео Бек (1873–1956), рабин
- Шимон Кошик (1891–1972), репортер, наставник и полски активист од Ополе
- Карол Мусиол (1902–1983), претседател на Ополе, основач на Националниот фестивал на полската песна во Ополе
- Едмунд Османчик (1913–1989), репортер, политичар (шест пати избран во сејмот и еднаш во сенатот)
- Рохус Миш (1917-2013), главен за комуникации при кацеларијата на Рајхот и член на 1. СС оклопна дивизија „Адолф Хитлер“
- Јежи Гротовски (1933–1999), театарски режисер
- Јежи Бузек (роден 1940 г.), академик и политичар, поранешен Претседател на Европскиот парламент и Премиер на Полска
- Андржеј Јежи Лех (роден 1955 г.), уметник и фотограф
- Ана Брезинска (родена 1971 г.), писател на фантазии
- Мирослав Клозе (роден 1978 г.), фудбалер (игра за репрезентацијата на Германија)
- Каролина Видра (родена 1981 г), глумица
Меѓународни врски
уредиЗбратимени градови
уреди
|
Галерија
уреди-
Мост Пјастовски
-
Црква на Светото Тројство
-
Црква „Св. Алексиј“
-
Каналот Млиновка
-
Градски парк „Пасиека“
-
Стариот град
-
Дом на културата
-
Ноќен пејзаж
-
Старата синагога
-
Црква „Св. Петар и Павле“
-
„Ледената“ куќа
-
Одбранбени ѕидини
-
Зоолошката градина
Наводи
уреди- The Columbia Electronic Encyclopedia. "Opole". Columbia University Press. Accessed June 4, 2006.
- ↑ http://www.mapofpoland.net/Opole,description.html
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-10-09. Посетено на 2016-10-22.
- ↑ http://studiowac.pl/2235/studia-w-opolu-polska-wenecja-moze-zaoferowac-wam-nie-tylko-wspaniale-widoki-ale-takze-cudowna-atmosfere/
- ↑ Opole, Słownik geograficzny Królestwa Polskiego i innych krajów słowiańskich, Tom VII, nakł. Filipa Sulimierskiego i Władysława Walewskiego, 1880-1914
- ↑ B. Gediga, Początki i rozwój wczesnośredniowiecznego ośrodka miejskiego na Ostrówku w Opolu, Slavia Antiqua t. 16, Wrocław 1970.
- ↑ W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 57.
- ↑ This opinion is shared i.e. by W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 57 and G. A. Stenzel, Geschichte Schlesiens, T1. 1, Breslau 1853, p. 41. The opposite opinion is presented i.e. by K. Buczek, Targi i miasta na prawie polskim (okres wczesnośredniowieczny), Wrocław 1964, p. 114.
- ↑ W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, pp. 58-60.
- ↑ W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p.78.
- ↑ W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p.159.
- ↑ 11,0 11,1 W. Dziewulski, F. Hawranek, Opole - Monografia miasta, Instytut Śląski Opole 1975, p. 263-268".
- ↑ The Expulsion of 'German' Communities from Eastern Europe at the end of the Second World War Архивирано на 1 октомври 2009 г., Steffen Prauser and Arfon Rees, European University Institute, Florense. HEC No. 2004/1. p.28
- ↑ „German minority in Poland on the Ministry of Interior and Administration webpage“. Архивирано од изворникот на 2010-07-31. Посетено на 2016-10-22.
- ↑ „JEWISH CEMETERY IN OPOLE (GRANICZNA STREET)“. Muzeum Historii Żydów Polskich. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 20 October 2012.
- ↑ „OPOLE: Opolskie“. International Jewish Cemetery Project. Архивирано од изворникот на 2016-08-14. Посетено на 20 October 2012.
- ↑ WSB University in Wrocław Архивирано на 1 март 2016 г. - WSB Universities
- ↑ 17,00 17,01 17,02 17,03 17,04 17,05 17,06 17,07 17,08 17,09 17,10 17,11 17,12 „Miasta Partnerskie Opola“. Urzad Miasta Opola (полски). Архивирано од изворникот на 2013-08-01. Посетено на 2013-08-01.
- ↑ „Офіційний сайт міста Івано-Франківська“. mvk.if.ua (украински). Посетено на 7 March 2010.
- ↑ „Die Partnerstädte der Landeshauptstadt Potsdam“. www.potsdam.de (германски). Архивирано од изворникот на 2016-08-06. Посетено на 24 June 2010.
- ↑ Bozsoki, Agnes. „Partner and Twin Cities List“. City of Székesfehérvár (унгарски). Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 2013-08-05.
Надворешни врски
уредиВикипатување има туристички водич за Opole. |
„Ополе“ на Ризницата ? |
- Opole - Official Tourist Information
- Municipal website
- Urban development of Opole in the Historical-Topographical Atlas of Silesian Towns
- Jewish Community in Opole Архивирано на 10 август 2016 г. on Virtual Shtetl
- Webcam showing Krakowska Street in Opole Архивирано на 10 јули 2012 г. (полски)
- Culture: Amfiteart Opole
- Culture: KFPP Opole