Окситанија

регион во Франција

Окситанија [2] (француски: Occitanie; окситански: Occitània; каталонски: Occitània) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.[3]

Окситанија
Occitanie  (француски)
Occitània  (јазик?)
Occitània  (каталонски)
Регион
Поглед на Артиге на Пиринеите
Поглед на Артиге на Пиринеите
Знаме на ОкситанијаГрб на Окситанија
Occitanie in France 2016.svg
ДржаваФранција
ПрефектураТулуза
Департмани13
Површина
 • Вкупна72.724 км2 (28,079 ми2)
Ранг3-то
Население (Jan. 2017)
 • Вкупно5.845.102
 • Густина80/км2 (210/ми2)
ДемонимОкситанци
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
ISO 3166FR-OCC
БДП
  • 159 милијарди евра (номинален; 2015)[1]
  • 200 милијарди долари (прилагоден; 2016)
БДП по глава на жител€27,449 (номинален; 2015)[1]

Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители.

ГеографијаУреди

Окситанија е втор по големина регион во континентална Франција, зафаќа површина од 72 724 km2; има население од 5,845,102 (2017).[4] На југоисток излегува на Средоземно Море, се граничи со Прованса-Алпи-Азурен Брег на исток, Оверњ-Рона-Алпи на североисток и Нова Аквитанија на запад и северозапад, како и со државите Андора (Канилјо, Енкамп, Ла Масана, Ордино) и Шпанија (Арагон и Каталонија) на југ.

Поголеми населени местаУреди

 
Тулуза, префектура и најголем град во Окситанија

Најголеми комуни во Окситанија се (во 2017):[5]

ЕкономијаУреди

Бруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 година бил 171,2 милијарди евра, што претставува 7,3% од францускиот БДП. БДП по глава на жител приспособен на куповната моќ бил 26.000 евра или 86% од просекот на ЕУ27 истата година. БДП по вработен бил 102% од просекот на ЕУ.[6]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Produits intérieurs bruts régionaux et valeurs ajoutées régionales de 1990 à 2015 | Insee“.
  2. „Presentation of the Occitania / Pyrenees-Mediterranean region“. www.tourism-occitania.co.uk.
  3. Décret du {{{date in French}}}
  4. „Comparateur de territoire: Région d'Occitanie (76)“. Insee. Посетено на 11 September 2020.
  5. Téléchargement du fichier d'ensemble des populations légales en 2017, INSEE
  6. „Regional GDP per capita ranged from 30% to 263% of the EU average in 2018“. Eurostat.

Надворешни врскиУреди