Росток (германски: Rostock) — најголемиот град во северниот дел на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија. Росток се наоѓа на реката Варнов; округот Варнеминде 12 километри на север од центарот на градот се наоѓа на брегот на Балтичкото Море.

Росток
Новиот плоштад во Росток
Новиот плоштад во Росток
Новиот плоштад во Росток
Знаме на Росток
Грб на Росток
Росток во рамките на Германија
Росток
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Урбан округ
Градски единици 21 градски округ
Градоначалник Роланд Метлинг (независен)
Основни податоци
Површина 181 км2
Надм. височина 13 м
Население 209.920 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 1.160 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HRO
Пошт. бр. 18001–18147
Повик. бр. 0381
Портал www.rostock.de
Местоположба на Росток во Мекленбург-Западна Померанија
Местоположба на Росток во Мекленбург-Западна Померанија
Местоположба на Росток во Мекленбург-Западна Померанија
Координати 54°5′0″N 12°8′0″E / 54.08333° СГШ; 12.13333° ИГД / 54.08333; 12.13333
Росточкиот универзитет, еден од најстарите универзитети, основан во 1419.

Росток е дом на еден од најстарите универзитети во светот, Росточкиот универзитет основан во 1419.

Територијата на градот Росток се протега околу 20 километри долж реката Варнов до Балтичкото Море. Најголемиот дел од градот се наоѓа на западната страна на реката. На источниот дел на неговата територија се наоѓаат индустриски објекти и шумата Ростокер Хајде.

Географија

уреди
 
Сателитска слика на Росток
 
Градските делови на Росток

Росток се наоѓа во близина на средината на брегот на Балтичкото Море во Мекленбург-Западна Померанија. Низ градот поминува реката Варнов.

Приморскиот дел на Росток, Росток-Варнеминде, е околу 16 километри на север од историскиот стар дел на градот. Западниот и југоисточниот дел се најнаселени делови на градот. Морското пристаниште е на исток од Росток. Росток се протега на 21,6 километри од Балтичкото Море на југ и 19,4 километри од исток на запад.

Градски делови

уреди

Територијата на Росток е поделена 31 градски дел. За статистички цели оформени се 21 градски округ (обележани со букви). Понатаму некои градски делови се поделени на свои посебни делови. Сите овие делови припаѓаат на еден од петте градски зони: Северозапад 1, Северозапад 2, Исток, Запад и Центар.

Градски дел Зона Површина
(км²)
Жители
на 31.12.2011
Варнеминде Северозапад 1 5,9 6.670
Дидрихсхаген Северозапад 1 4,4 1.281
Маркгрофенхајде (Валдзидлунг) Северозапад 1 6,5 563
Хое Дине (Ан дер Зе, Јахтхафен) Северозапад 1 5,2 620
Хинрихсхаген (Ерих-Вајнерт-Зидлунг, Валенштајнслагер) Северозапад 1 15,9 199
Витхаген (Мајерсхаусштеле) Северозапад 1 16,8 133
Торфбрике Северозапад 1 11,0 52
Лихтенхаген (Клајн Лихтенхаген, Остзевеле, Меленкамп, Зидлунг Грабовер Штрасе) Северозапад 2 5,9 13.854
Грос Клајн (Литен Клајн-Дорф, Дененберг, Грос Клајн-Дорф) Северозапад 1 2,8 12.920
Литен Клајн Северозапад 2 3,6 17.000
Еверсхаген (Еверсхаген-Зид, Еверсхаген-Дорф, Обстплантаже, Шутов) Северозапад 2 7,0 16.616
Шмарл (Маринее, Шмарл-Дорф) Северозапад 1 5,8 8.203
Ројтерсхаген (Ројтерсхаген I, Ројтерсхаген II, Компонистенфиртел, Форведен, Шутов) Запад 5,7 17.901
Ханзафиртел Запад 2,0 8.593
Гартенштат/Штатвајде Запад 4,8 3.314
Крепелинер-Тор-Форштат (Брамов) Центар 3,7 19.250
Зидштат Центар 5,6 14.515
Бистов Центар 3,8 2.918
Штатмите (Нердлихе Алтштат, Штајнторф-Форштат, Далвицхоф, Штатхафен) Центар 5,3 18.101
Бринкмансдорф (Алт Бартелсдорф, Рикдал, Остхафен, Вајсес Кројц, Валдеслуст, Касебом) Центар 10,3 8.231
Диркоф-Ној (Дирковер Хее) Исток 2,2 10.552
Дирков-Ост Исток 0,5 1131
Дирков-Вест Исток 1,0 1.192
Тојтенвинкел Исток 3,7 13.239
Гелсдорф (Лангенорт) Исток 6,5 3.874
Хинрихсдорф Исток 3,5 224
Крумендорф (Олдендорф, Варновранде) Исток 6,0 300
Нинхаген Исток 5,2 588
Пец Исток 11,8 12
Штутхоф Исток 5,7 69
Јиргесхоф Исток 3,2 12

Клима

уреди
Клима на Росток
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 11 15 21 26 31 33 34 32 29 22 15 14 34
Просечна максимална (°C) 2 2 7 11 17 20 22 21 18 12 7 3 12
Просечна минимална (°C) −2 −3 −1 3 7 10 13 13 9 6 2 −1 5
Апсолутна минимална (°C) −18 −20 −18 −5 −3 2 6 5 1 −5 −9 −16 −20
Просечно кол. врнежи (мм) 46 36 30 42 48 60 79 71 69 65 39 45 630
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 10,0 7,9 9,2 7,8 7,8 9,8 8,8 8,5 9,6 9,4 10,5 10,3 109,6

Историја

уреди

Рана историја

уреди
 
Потврда за градскита права во 1218

Во XI век Полапските Словени основале населба на реката Варнов наречена Roztoc (што означувало проширување на река); името Росток потекнува од тоа име. Данскиот крал Валдемар I го наредил градскиот пожар во 1161.

Потоа, местото било населено од германските трговци. Првично, имало три различни града:

  • Стар град (Altstadt) околу Стариот плоштад (Alter Markt) со Црквата Св. Петар (St. Petri),
  • Среден град (Mittelstadt) околу Новиот плоштад (Neuer Markt) со Црквата Св. Богородица (St. Marien) и
  • Нов град (Neustadt) околу Хмељскиот плоштад (Hopfenmarkt, сега Универзитетски плоштад) со Црквата Св. Јаков (St. Jakobi, сега уништена).

Ханза

уреди

Подемот на градот започнал со членството во Ханзата. Во XIV век бил моќен поморски пристаништен град со 12.000 жители и најголем град во Мекленбург. Бродовите за крстарење во Балтичкото Море се граделе во Росток. Во 1419, еден од најстарите универзитети во Северна Европа, Росточкиот универзитет, бил основан.

XV до XVIII век

уреди

На крајот на XV век војводите на Мекленбург го наследиле правото за владеење со градот Росток, кое дотогаш било само номинално право на владеење и всушност градот бил независен. Тие го искористиле бунтот, познат како Domfehde, неуспешно востание на сиромашното население. Постојаните конфликти со војводите и постојаното ограбување довело до опаѓање на економската и политичката моќ.

 
План на Росток во 1780-90

Стратегиската местоположба на Росток ја провоцирала морнарицата на соперниците. Данците и Швеѓаните го окупирале градот двапати, прво во текот на Триесетгодишната војна (1618–48) и повторно од 1700 до 1721. Подоцна, Французите, под Наполеон, го окупирале градот околу една деценија до 1813. Тоа било во соседниот Либек-Ратекау дека Блихер, кој бил всушност роден во Росток и кој бил еден од неколкуте генерали кои се бореле по Битката кај Јена, им се предале на Французите во 1806. Ова било веднаш по бесните улични борби во Битката кај Либек, во која тој ја предводел коњаницата; исцрпените Пруси, со време се предале, немале ниту храна ниту муниција.

XIX век

уреди
 
Вообичаено шарени куќи со калкани во Росток

Во првата половина на XIX век Росток ја повратил поголемиот дел од неговата економска важност, во прво време се должело на трговијата на пченицата, а од 1850-тите на индустрија, особено на неговата бродоградбена индустрија. Првиот произведен пропелер во Германија бил конструиран овде.

Градот се зголемил и во големина и во население, со нови квартови кон југ и запад од древните граници на градот. Два значајни настани влијаеле кон зголемување на населението околу 1900:

  1. Штајнтор-Форштат (Steintor-Vorstadt) на југ, се протега од стариот градски ѕид до објектите на новата железничка станица (Lloydbahnhof, сега Главната железничка станица). Било дизајнирано да биде станбен четврт и се состоел главно од големи семејни куќи, единствено населени од богатите граѓани.
  2. Крепелинер-Тор-Форштат (Kröpeliner-Tor-Vorstadt) на запад, дизајниран како станбен кварт за работничкото население како и за објекти за мала и средна индустрија, како што се Mahn & Ohlerich's Brewery (сега Hanseatische Brauerei Rostock). Главното бродоградилиште, Neptun било во близина на брегот на реката.

XX век

уреди
 
Росток во 1910

Во XX век, важни авионски производствени капацитети се наоѓале во градот, како што се Arado Flugzeugwerke во Варнеминде и Heinkel со објекти на различни места. Во своите објекти во Росток-Марине да го направат тест-авионот, светски познатиот авион-џет ги направил и своите пробни летови. Авионската индустрија доживеала катастрофа на крајот на Втората светска војна.

Големи делови од центарот на градот биле уништени во Втората светска војна од сојузничкото бомбардирање во 1942 и 1945. Преку обновата и понатамошното проширување, градот станал главен индустриски центар на Источна Германија со пристаништето, кое се развило како првична порта кон светот. Многу од историскиот центар бил верно изграден и големиот дел од историскиот карактер се повратил. Ова вклучувала неколку згради, со карактеристични вертикални тули — одлика на градовите на Ханзата.

 
Разорениот Росток во 1942 г.

По повторното обединување на Германија во 1989/1990, Росток ја изгубил своето претходно повластено место како главно морско пристаниште во поранешната Источна Германија и станал само едно од неколкуте германски пристаништа, сега сместено во еден од најмалку индустријализираните области на обединета Германија. И покрај големите инфраструктурни инвестиции, економијата на градот опаѓала во 1990-тите, но сега повторно расте.

Населението на Росток се намалило од околу 260.000 во 1989 на околу 200.000 денес, првично поради субурбанизацијата, но исто така и поради емиграција во попросперитетните западни региони на Германија.

Политика

уреди

Симболи

уреди
 
Грб
 
Motto: Во рамките на твоите ѕидови може да биде хармонија и среќа

Во долгата историја на Росток, градот имал три различни грбови познати како Signum, Secretum и Sigillum. Сигнум, кој може да се проследи до 1367, бил донесен последен и сè уште е грб на градот.

Знамето отсликува златен грифон на сина позадина, како и боите на Ханзата, сребрена и црвена. Грбот не само што може да се види на знамиња, куќи и автобуски постојки, туки и на мостови, олуци, огради, бродови и ресторани.

Администрација

уреди

Од XIII век, владејачко тело со градот е Градскиот совет (Rat), прво составен од десет, подоцна од 24 олдермени (Ratsherren). Претседавач со советот бил градоначалникот на градот. Во XIX век имало дури три градоначалници. Од 1925, на чело на градот стои некој со титула градоначалник. Избиран со векови од Градскиот совет, сега тој е избиран директно од граѓаните на Росток, по реформата во 2002.

 
Градско собрание (мешавина на барокен и тулноготски стил)

Градскиот парламент (Bürgerschaft) ги претставува граѓаните. Претставниците се избран на 5 години. Бројот на претставници, моментално е 53.

  • 13 Linke
  • 10 SPD
  • 9 CDU
  • 5 Grüne
  • 4 FDP
  • 4 ЗА РОСТОК - про OB
  • 3 Сојуз за Росток (Rostocker Bund)
  • 5 други

Претседавач на градскиот парламент од Präsident der Bürgerschaft. Тој ги води и ги подготвува седниците и заедно со градоначалникот го претставуваат градот.

Роланд Метлинг (независен), бил избран за градоначалник на Росток во првиот круг со 58,2% од гласачите на 27 февруари 2005.

Партнерски градови

уреди

Росток има потпишани договори за партнество со следниве градови:

  Шчеќин, Полска, од 1957[2]   Берген, Норвешка, од 1965
  Турку, Финска, од 1959   Варна, Бугарија, од 1966
  Динкерк, Франција, од 1960   Риека, Хрватска, од 1966
  Рига, Летонија, од 1961[3]   Бремен, Германија, од 1987[4]
  Антверпен, Белгија, од 1963   Даљен, Кина, од 1988
  Орхус, Данска, од 1964   Роли, САД, од 2001
  Гетеборг, Шведска, од 1965   Гуам, САД, од 2014

Исто така, Росток е и член на меѓународната мрежа Нова Ханза.

Главни знаменитости

уреди

Росток

уреди
Панорама на Росток од брегот на реката Варнов во текот на регатата „Ханза“
 
„Двор на Светиот Дух“ (Heiligengeisthof).

Едно од најсликовитите места во Росток е Новиот плоштад (Neuer Markt), со Градското собрание (првично изградено во XIII век во тулна готика, но опширно проширено во XVIII век, со додавање на барокна фасада и салата за банкети. Исто така на плоштадот се наоѓаат шест оригинални, убаво обновени куќи со калкани од XV и XVI век. Другите историски градби во ханзеатски стил кои некогаш се наоѓале на плоштадот биле уништени во сојузничкото бомбардирање во 1942 и обновени во едноставен стил.[5]

Керкхофхаус (Kerkhofhaus) од XV век (веднаш зад Градското собрание) се смета за најдобро сочувана готска куќа со тули во Росток.

Црквата Свети Богородица (Marienkirche) — импозантна црква во тулна готика. Изградена во XIII век, била проширена и изменета кон крајот на XIV век во моментов крстообразна базилика. Огромната кула не била завршена сè до крајот на XVIII век. Внатре се наоѓа астрономски часовник, поставен во 1472 од Ханс Дирингер.

 
Крепелинер Штрасе (Kröpeliner Straße) - главната шопинг-улица.

Главната пешачка улица е Крепелинер Штрасе (Kröpeliner Straße), која води источно од Новиот плоштад до Крепелинската порта (Kröpeliner Tor) од XIV век, поранешна градска порта. Главната зграда на Росточкиот универзитет се наоѓа на Универзитетскиот плоштад (Universitätsplatz), во близина на средината на улицата, пред фонтаната за младоста (Brunnen der Lebensfreude).

Манастирот Св. Катарина (Kloster St Katharinen), некогашен францискански манастир основан во 1243 и прошируван неколкупати во текот на XIV и XV век. Сега е дом на Академијата за музика и театар.

Црквата Св. Никола (Nikolaikirche) во тулна готика, која е најстарата црква во Росток, е изградена во средината на XIII век. Била тешко оштетена во текот на Втората светска војна и потоа обновена. Сега објектот се користи како изложбен центар и концертна сала, поради нејзината извонредна акустика.

Некои делови од средновековниот бедем и четири градски порти сè уште постојат и можат да се погледнат во градот.

Варнеминде

уреди
 
Александриненштрасе (Alexandrinenstraße) во Варнеминде.
 
Speicher (канцелариска зграда) ноќе. Седиште на AIDA Cruises.

Варнеминде е приморски дел на Росток и главна атракција на градот. Месното население и туристите сакаат да уживаат во морскиот стил на старите куќи, долгите плажи, светилникот и старото рибарско пристаниште.

Стопанство

уреди

Економијата е под силно влијание на поморските индустрии (особено бродоградбата), високотехнонолошките индустрии (информатичка технонологија, биотехнологија, медицинско инженерство), Росточкиот универзитет, туризмот и услужниот сектор. Исто така, Росток е едно од најголемите пристаништа во Германија и на Балтичкото Море. Поголеми компании во градот се:

Поморска индустрија
  • Caterpillar Inc. — производител на дизелски бродски мотори
  • Deutsche Seereederei Rostock — холдинг компанија за сообраќај, крстосувачи, имот и туризам
  • F. Laeisz — производител на едрилици
  • Neptun Werft — бродоградилиште
  • Nordic Yards Warnemünde — бродоградилиште
  • Schiffselektronik Rostock
  • Tamsen Maritim — бродоградилиште
Инженерство
  • Nordex — голем производител на ветерни турбини
  • Suzlon — петти најголем производител на ветерни турбини во светот
  • Liebherr — производител на кранови
Туризам
  • AIDA Cruises — германска компанија за крстосувачи
  • Scandlines — германско-дански фериботски оператор
Друга индустрија
  • Hanseatische Brauerei Rostock — пиварница
  • IKEA
  • Универзитетска болница
  • Yara International — производител на хранливи состојки за растенија

Образование

уреди
 
Историската ботаничка градина на Росточкиот универзитет

Во Росток се наоѓа еден од најстарите универзитети во светот. Основан во 1419, Росточкиот универзитет е третиот најстар универзитет во Германија со постојано работење, еден од најстарите универзитети во светот. Нуди дипломски и постдипломски програми во евангелистичка теологија, филозофија и уметност, природни науки и математика, право, инженерство и поморство, земјоделство и животна средина, медицина, политички и општествени науки. Универзитетот поседува и одржува ботаничка градина, Ботаничка градина на Росточкиот универзитет.

Академијата за музика и театар (Hochschule für Musik und Theater) нуди дипломски студии во уметничките полиња. Основана во 1994, институцијата е спој на поранешното училиште за драма „Ернст Буш“ и истурениот дел на музичката школа од Берлин „Ханс Ајслер“. Денес, училиштето е дел од Асоцијацијата на балтички музички академии (АВАМ), сојуз на 17 музички конзерваториуми на Балтичкото Море и Израел. Уникатно во Европа е постдипломскиот степен во пијано дуо перформанс. Училиштето поседува голема оперска сцена (Katharinensaal) и две сали за камерна музика. Таму има концерти секој ден во текот на годината.

Во Росток се наоѓа и Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“, Институтот за катализи Лајбниц, како и два дела на институтите Фраунхофер, еден за компјутерска графика и еден за големи структури во производната технологија.

Култура

уреди
 
Народниот театар во Росток

Настани

уреди

Градот е дом на годишниот фестивал Регата Ханза, кога поради многуте едрилици и музејски експонати изложени во морето, го посетуваат над 1,5 милиони посетители.

Се одржува е годишен џез-фестивал, кој се одржува во јуни, наречен Балтичко Море-Џез (Ostsee-Jazz).

Музеи и зоолошка градина

уреди
 
Архив на Валтер Кемповски
  • Уметничка галерија Росток (Kunsthalle Rostock)
  • Културоисториски музеј (Kulturhistorisches Museum)
  • Музеј за Штази (Dokumentations- und Gedenkstätte der Bundesbeauftragten für die Unterlagen des Staatssicherheitsdienstes der ehemaligen Deutschen Demokratischen Republik)
  • Музеј за локалната историја во Варнеминде (Heimatmuseum Warnemünde)
  • Бродоградбен и бродски музеј (Schiffbau- und Schifffahrtsmuseum)
  • Зоолошка градина Росток
  • Архив на Валтер Кемповски

Музика и театар

уреди
  • Народен театар Росток (Volkstheater Rostock)
    • Северногерманска Филхармонија (Norddeutsche Philharmonie)
    • Пејачка академија Росток (Rostocker Singakademie)
  • Мала комедија Варнеминде (Kleine Komödie Warnemünde)
  • Бина 602 (Bühne 602)
  • Фестивал Мекленбург-Западна Померанија

Настани

уреди
  • Фестивал на краткиот филм (Kurzfilmfestival FiSh)
  • Културна недела Росток (Rostocker Kulturwoche)
  • Културно лето
  • Пристаништен фестивал Росток (Rostocker Hafenfest)
  • Булевар-фестивал
  • Варнеминдска недела

Спорт

уреди
 
ДКБ-Арена, дом на ФК Ханза Росток
Клуб Спорт Основан Лига Собиралиште Тренер Мрежно место
ФК Ханза Росток фудбал 1965 3. Бундеслига ДКБ-Арена Марк Фашер [1]
РК Емпор Росток ракомет 1946 2. Бундеслига Ростокер Штатхале Мајк Ханџке [2]
Варнеминде одбојка 1990 3. лига Шпортхале Геристбауеринг [3]
Пиранас Росток хокеј на мраз 1953 3. лига Ајсхале Росток Хенри Том [4]
Росток Морски волци кошарка 1994 Регионална лига Север ОСПА-Арена Себастијан Вилд [5]
Ростокер Назенберен хокеј на подлога 2005 1. лига ОСПА-Арена Димитри Крамаренко[6] [6]
Варнеминде ватерполо 1971 3. лига Нептун-Швимхале [7]

Сообраќај

уреди
 
Главната железничка станица Росток (Rostock Hauptbahnhof)
 
Бродот за крстарење A'Rosa Blu го напушта Росток во летото 2003

Патен

уреди

До Росток може да се стигне преку автопатот А1 од Хамбург преку Либек на А20 и со А19 од Берлин и А20 од Шчеќин во Полска.

Јавен превоз

уреди
 
Сообраќајна мапа на Росток

Главната железничка станица Росток (Rostock Hauptbahnhof) нуди брзи железнички врски до Хамбург и Берлин и оттаму до скоро секој друг европски град.

Во градот постои широка градска мрежа на трамваи, автобуси и фериботи. Првиот приватно финансиран тунел во Германија поминува под реката Варнов и така го поврзува источниот дел на Росток со западниот дел.

Фериботски

уреди
 
Пристаништето Росток на зајдисонце

Росток е најголемото германско балтичко пристаниште. Росток е исто така дом на големо фериботско пристаниште. Тоа е главна база за фериботските оператори, како што се Scandlines, Tallink и TT-Line, кои го поврзуваат Росток со неколку главни скандинавски одредишта. Како последица на тоа, Росток добива најголем број на туристи од бродови за крстарење во Германија секоја година.

Фериботски линии има за:

Воздушен

уреди

Најблиските меѓународни аеродроми се во Хамбург и Берлин. Има летови преку Минхен од локалниот аеродром Росток-Лаге. Постојат и голем број авионски полиња за мали авиони, н.п. Пурксхоф.

Познати луѓе

уреди

Ова е всушност нецелосен список на познати луѓе, кои се родиле тука, живееле или придонеле за богатството на градот Росток:

Наводи

уреди
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. „Kontakty partnerskie Miasta Szczecin“. Urząd Miasta Szczecin (полски). Архивирано од изворникот 2012-08-18. Посетено на 29 јули 2013.
  3. „Збратимени градови на Рига“. Градски совет Рига. Архивирано од изворникот на 2008-12-04. Посетено на 27 јули 2009.
  4. Фромадер, Андреа. „Bremen - Referat 32 Städtepartnerschaften / Internationale Beziehungen“. Das Rathaus Bremen Senatskanzlei (германски). Архивирано од изворникот 2011-07-18. Посетено на 19 август 2013.
  5. Bomben auf Rostock; H.-W. Bohl, B. Keipke, k. Schröder; Konrad Reich Verlag 1995
  6. Rostocker Nasenbären website

Надворешни врски

уреди