Фалкенберг/Елстер
Фалкенберг (германски: Falkenberg) — град во округот Елба-Елстер, во југозападен Бранденбург, Германија. Се наоѓа близу реката Шварце Елстер, 16 километри источно од Торгау и 13 километри северозападно од Бад Либенверда.
Фалкенберг/Елстер | |
Поглед кон Фалкенберг/Елстер | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Елба-Елстер |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Херолд Квик (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 81,80 км2 |
Надм. височина | 86 м |
Население | 6.263 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 77 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | EE |
Пошт. бр. | 04895 |
Повик. бр. | 035365 |
Портал | www.falkenberg-elster.de |
Местоположба на градот Фалкенберг/Елстер во рамките на округот Елба-Елстер | |
Координати | 51°34′59″N 13°13′56″E / 51.58306° СГШ; 13.23222° ИГД |
Историја
уредиПрвпат бил споменат во 1251. Во 1547, Битката кај Милберг била водена во близина на Фалкенберг, кога саксонскиот изборен кнез Јохан Фридрих I бил земен како заробеник. Самото село имало мало значење до 19 век. Дворецот ги менувал сопствениците повеќепати, додека не бил купен од општината во 1911. Во 1848 Фалкенберг добил станица на железницата Јитербог - Риза. Железницата Лајпциг/Хале - Ајленбург - Котбус била отворена во 1872 и поминувала низ Фалкенберг, поради што градот станал главна железничка раскрсница и доживеал голем пораст. Втората светска војна донела големи уништувања. Во 1962 на Фалкенберг му биле доделени правата на град. Грбот ги прикажува главните сектори на економијата во градот: енергетиката, железницата и земјоделството.
Голем број на напуштени парни локомотиви се поставени во старото железничко депо на североисток од градот.
-
Порта во Фалкенберг/Елстер
-
Евангелистичката црква во Фалкенберг/Елстер
-
Градското собрание во Фалкенберг/Елстер
-
Парк во Фалкенберг/Елстер
-
Музерј за природна историја во Фалкенберг/Елстер
-
Железничка станица во Фалкенберг/Елстер
-
Средно школо во Фалкенберг/Елстер
Наводи
уреди- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |