Бојанската црква „Св. св. Никола и Пантелејмон“ е средновековна црква која се наоѓа во софиската населба Бојана во подножјето на Витоша. Црква се состои од три згради, изградени во 10-от век, 13-от век и 19-от век.Таа претставува една од културните симболи на Бугарија и од 1979 година е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Бојанска црква
светско наследство на УНЕСКО
Поглед кон црквата
Поглед кон црквата
КритериумКултурно: ii, iii
Навод42
Запис1979 (3. заседание заседание)

Опис

уреди

Најстарата црква била изградена кон крајот на 10 век и почетокот на 11 век.

Црквата била проширена (на два ката) во текот на 13 век во времето на бугарскиот цар Константин Тих. Во долниот кат се наоѓа некропола а горниот е семеен параклис. Стенописите во црквата датираат од различни периоди: 11-12 век, 1259 година, 14 век, 16-17 век и 1882 година. На ѕидовите на црквата е отсликано 89 сцени со 240 човечки фигури. Сликарот сè уште е непознат, но потекнува од сликарите кои биле обучени во Трновската сликарска школа.

Неколку години црквата се наоѓала во лоша состојба. Кон почетокот на 20 век имала влага а фреските биле нечисти. Во 1912 година директорот на Народниот музеј дал наредба за реставрација под раководство на австрискиот уметник Јосиф Бала. Во 1934 година повторно се наметнала реставрација, која била доделена на професорот Кирил Цонев. Во 1944 година Карл Јорданов повторно ги исчистил фреските. Во 1977 година Бојанска црква била затворена за посети а повторно била отворена кон 2000 година.

Благодарение на реставрацијата, која завршила во 2006 година, денеска јасно се гледаат фреските од 17 век (кои се насликани врз постарите од 12 век), меѓу кои е и првата слика на Свети Јован Рилски.

Денеска црквата спаѓа во списокот на 100-те национални туристички објекти во Бугарија.

Галериjа

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди