Република Џенова (лигурски: Repúbrica de Zêna, латински: Res Publica Ianuensis, италијански: Repubblica di Genova) — независна држава која постоела во периодот од 1005 до 1797 година и ја опфаќала територијата на Лигурија во северозападниот италијански брег, Корзика (1347-1768), како и бројни други територии во Средоземјето.

Republic of Genoa
1005–1797

април 1814 – јануари 1815
Flag of Џенова
Flag
Coat of arms of Џенова
Coat of arms
Motto: Respublica superiorem non recognoscens
(латински: „Republic that recognizes no superior“)
Главен градЏенова
Говорени јазицилигурски, латински, италијански
Вероисповед
Римокатоличка црква
УредувањеОлигархија
Дужд 
• 1339–1344
Симеоне Боканегра
• 1795–1797
Џакомо Марија Бригноле
• 1814–1815
Џироламо Сера
Историски период
• Основана
1005
14 јули 1797
• Основање
26 април 1814
7 јануари 1815
ВалутаЏеновино
Претходници
Наследници
Kingdom of Italy (imperial)
Gênes
Ligurian Republic
Kingdom of Sardinia
Денес дел од Италија
 Франција
 Грција
 Монако
 Русија
 Тунис
 Турција
 Украина (Крим)

Републиката била основана кога добила самоуправување во рамките на Кралство Италија и постоела до нејзиното освојување од страна на Наполеон Бонапарт, кога била основана Република Лигурија. Претходно, Корзика ѝ била предадена на Франција во Версајскиот договор од 1768 година. Република Лигурија била вклучена во составот на Првото Француско Царство во 1805 година, додека по поразот на Наполеон било формирано Кралство Сардинија во 1815 година.

Историја

уреди

Пред 1100 година, Џенова се појавила како независна град-држава, како една од големиот број на италијански градови-држави во текот на овој период. Номинално, светиот римски цар бил господар и епископ на Џенова но вистинската моќ била под раководството на голем број конзули кои се биреле секоја година преку народно собрание. Џенова била една од т.н. „Поморски Републики“ (Repubbliche Marinare), заедно со Република Венеција, Република Пиза и Република Амалфи и трговијата, бродоградбата и банкарството помогнале земјата да стане една од најголемите и најмоќните воени сили во Средоземно Море. Фамилии како Адорно, Кампофрегосо и помали трговски семејства се борле за власт во оваа Република, а моќта на конзулите дозволувала секое семејство да се здобијат со богатство и моќ во градот. Република Џенова се протегала на територијата на денешна Лигурија и Пиемонт, Сардинија, Корзика, Ница и имала речиси целосна контрола на Тиренско Море. Преку учеството во Крстоносните војни, Џенова основала свои колонии во Блискиот Исток, Егејско Море, во Сицилија и Северна Африка.

Падот на крстоносните држави бил надоместен со сојузот на Џенова со Византија. Односите на Венеција со Византија привремено биле нарушени поради Четвртата крстоносна војна, па Џенова имала можност да ја подобри својата позиција. Џенова ја искористила оваа можност да се прошири во Црно Море и Крим. Во текот на овој период земјата се наоѓала во внатрешни непријателства меѓу моќните семејства како Грималди, Фиеши, Дорија, Спинола и други. Политичкиот врв на Џенова дошол преку нејзината победа над Република Пиза во поморската битка кај Мелорија во 1284 и со привремената победа над својот соперник, Венеција, во поморската битка кај Курзола во 1298 година.

Сепак, овој просперитет не траел долго. Црната смрт била увезена во Европа во 1347 година од џеновскиот трговски центар во Крим на Црното Море. Исчекувајќи го економскиот колапс, Џенова усвоила венецијански модел на владеење, каде на чело на градот-држава бил поставен дужд. Војните со Венеција продолжиле и по војната кај Киоџа (1378-1381), Џенова решително ја поразила на Венеција, по кое Џенова ја обновила својата доминација на Јадранот. Во 1390 година Џенова започнала крстоносна војна против пиратите во Тунис со помош на француските сили. Следниот 15 век започнала француската доминација од 1394-1409, а Џенова била ставена под раководство на под владеење на династија Висконти од Миланско војводство. Џенова ги загубила Сардинија од Арагон, Корзика преку внатрешните немири и Блискиот Исток, Источна Европа и Мала Азија која ги освоила Отоманското Царство.

Џенова била во можност да ја стабилизира својата позиција во 16 век, благодарение на напорите на Андреа Дорија, кој воспоставил нов устав во 1528 година, преку кој Џенова станала сателит на Шпанското Царство. Во овој период на економско закрепнување, голем број на аристократски семејства натрупале огромни богатства. Преку приходите од ропството, Џенова добила можност за истражување и експлоатација на Новиот Свет. Кристофер Колумбо, на пример, е роден во Џенова и донирал една десетина од неговиот приход од откривањето на Америка на Банката на Свети Георгиј во Џенова.

Во текот на 1450-те и 1460-те, Република Џенова станала пион во борбата меѓу Франција и Арагон за влијание во Италија. Загрозени од страна на Алфонсо V од Арагон, Џенова во 1458 станала војводсто под контрола на францускиот кралски намесник Жан II Анжу. Сепак, со поддршка од Милано, Џенова во 1461 година ја обновила републиката. Џенова на крајот била окупирана од страна на француски или милански војници за голем дел од тој период. Од 1499 за да се 1528, републиката ја достигнала својата најниска точка, во речиси континуирана француска окупација. Шпанија од друга страна го окупирала градот во 1522 година и го подложил градот на голем грабеж.

Во 1745 година Џенова влегла во Војната за австриско наследство на страната на Шпанија и Франција. Во 1797 година републиката била окупирана од страна на француската револуционерна армија на Наполеон Бонапарт, кој ја основал Република Лигурија. Република Лигурија била вклучена во составот на Првото Француско Царство во 1805 година, додека по поразот на Наполеон било формирано Кралство Сардинија во 1815 година.

Надворешни врски

уреди