1260-ти
десетлетие
< 1250-ти | 1260-ти | 1270-ти > | |||||||
1260 | 1261 | 1262 | 1263 | 1264 | 1265 | 1266 | 1267 | 1268 | 1269 |
1260-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1260 година и завршила на 31 декември 1269 година.
Настани
уреди1260
уреди- 5 мај - Кублај-кан војува за престолот на Монголското Царство, по смртта на Монгке-кан.
- 21 мај - Кублај-кан го испраќа својот пратеник Хао Ќинг да преговара со династијата Сунг.
- 12 јули - Битка кај Кресенбрун: Кралот Отокар II го освојува Војводство Штаерска од кралот Бела IV.
- 3 септември - Битка кај Ајн Џалут во Галилеја: Мамелучкиот Султанат ги поразува монголските сили, означувајќи го нивниот прв одлучувачки пораз и точка на максимално проширување на Монголското Царство.
- 4 септември - Битката кај Монтаперти: Сиенските Гибелини, поддржани од силите на кралот Манфред Сицилиски, ги поразуваат фирентинските Гвелфи.
- 24 октомври - Кутуз, султанот на Египет, е убиен од страна на Бајбарс, по кое ја презема власта во земјата.
- 24 октомври - Шартрската катедрала е осветена во присуство на кралот Луј IX.
- Државниот службеник Ибн ел-Абар, е изгорен на клада од владетелот на Маринидите.
- Започнува граѓанска војна помеѓу Кублај Хан и Арик Боке за престолот.
- Војводство Саксонија е поделено на Саксо-Лауенбург и Саксонија-Витенберг.
- Хрватска е поделена на два подрегиони на чело со бан.
- Опсада на Цариград: неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинското Царство од страна на Никејското Царство.
- Јакоб де Ворагински ја компилира својата работа, „Златна легенда“.
- Мозаикот Христос помеѓу Богородица и Св. Мина е направен на фасадата на Базилика Сан Минијато ал Монте.
- Франко Келнски го објавува „Ars Cantus Mensurabilis“.
- Започнува изградбата на катедралата во Данкелд, Шкотска.
- Започнува изградбата на катедралата во Мајсен и Шверин.
- Новоформираното Сукотајско Кралство на Тајланд го прифаќа будизмот.
1261
уреди- Јануари - Папа Александар IV ги забранува Флагелантите.
- 13 март - Договор од Нимфеон, насочен против Латинското Царство, е потпишан помеѓу Република Џенова и Михаил VIII Палеолог, царот на Никејското Царство.
- 12 јуни - Кралот Хенри III добива папска була, ослободувајќи го од заклетвата за да ги одржи Оксфордските одредби. По овој настан започнала Втората баронска војна[1].
- 4 јули - Бајбарс станува нов султан на Мамелучкиот Султанат во Египет.[2]
- 23 јули - Битка кај Калан: Норманите, на чело со Џон Фицдџералд, се поразени од галските сили.
- 25 јули - Градот Цариград е освоен од силите под команда на Алексиј Стратигопул, со што Латинското Царство престанува да постои а повторно била воспоставена Византија[2].
- 15 август - Никејскиот владетел Михаил VIII Палеолог е крунисан во византиски цар во Цариград[2].
- 29 август - Папа Урбан IV го наследува папа Александар IV како 182-тиот папа.
- 25 декември - 11-годишниот Јован IV Ласкарис е ослепен по наредбата на неговиот братучед и номиналниот ко-владетел на Византија, Михаил VIII Палеолог, во Никеја.
- Населението на Гренланд го прифаќа Кралот на Норвешка како свој.
- Ливонска крстоносна војна: Естонските сили се поразени од Ливонскиот ред во нивното востание.
- Манастир Вурмсбах е основан во Швајцарија.
- Бајбарис воспоставува калифат во Каиро.
- Бела IV ја одбива татарската инвазија.
- Кублај-кан, кој седнал на престолот минатата година, ослободува 75 кинески трговци од заробеништво.
1262
уреди- Исландскиот Комонвелт потпишува договор за унија со Норвешка, признавајќи го Хокон IV за владетел.
- Стразбур станува слободен град на Светото Римско Царство.
- Царот Миндовг се откажува од христијанството, враќајќи се во неговите пагански корени.
- Адам де ла Ал ја пишува првата оперета, Le Jeu de la Feuillee
- Ричард Чичестерски е канонизиран како светец
1263
уреди- Октомври - Битката кај Ларгс - Шкотите предводени од Александар III од Шкотска, успешно протерале група на норвешки Викинзи, предводени од Хокон IV .
- Миндовг, единствениот христијански крал на Литванија, е убиен од неговиот братучед Тројнат.
- Хулагу-кан е поразен во обид за инвазија, северно од Кавказ.
- Врз основа на Магдебуршкото право, Жнин (Полска) добива градски права.
- За првпат се споменува Липничкиот замок.
- Изграден е замокот во Чеснек.
- Свети Сава II станува трет архиепископ на Српската православна црква.
- Мај - јули - Битка кај Сетепоци: Венецијанската флота ја победува надмоќната џеновско-византиска флота.
- Кралот Јаков I го освојува Цревиленте, Шпанија од Маврите за време на Реконквиста.
- Алфонсо X Кастилски го освојува Нибела од Ибн Махфуз, со што се прекинува секое муслиманско присуство во западниот дел на полуостровот[3].
- Џенова го освојува градот Хања на Крит, од Венеција.
- Савојската палата е изградена во Лондон од Петар II Савојски.
- Основан е колеџот Балиол во Оксфорд.
1264
уреди- Завршува граѓанската војна во Монголија. Кублај-кан го поразува својот брат Арик Боке кој се предава и кој е затворен. Тој умира една година подоцна под мистериозни околности, можеби со труење, но причината за смртта сè уште е неизвесна. Сепак, оваа битка во суштина го означува крајот на обединетото Монголско Царство.
- Кублај-кан одлучува да го премести својот главен град, од Ксанаду во Канбалик (денес Пекинг).
- 23 јануари - Кралот Луј IX го издава Mise of Amiens, спогодба меѓу кралот Хенри III и бароните предводени од Симон V Монфорт.
- Април - Џилберт де Клер го предводи масакрот врз Евреите во Кентербери.
- Мај - Започнува Втора баронска војна.
- 12 мај - 14 мај - Битка кај Луис, помеѓу Симон V Монфорт и кралот Хенри III. До крајот на битката, силите на Монтфорт го заробуваат и кралот Хенри и неговиот син, идниот крал, Едвард I, што го прави де Монфорт „владетел на Англија“ 15 месеци, пред Едвард да избега во заробеништво и да го врати престолот.
- 18 јуни - Парламентот на Ирска за првпат се свикува во Каслдермот.
- 5 август - Анти-еврејски немири во денешна Германија.
- 14 септември - Валтер де Мертон го основа Мертонскиот колеџ во Оксфорд.
- Тома Аквински го завршува своето дело Summa contra Gentiles.
- Во Шпанија, кралот Јаков I ги освојува градовите Оривела и Елкс
- Завршува т.н. Војна на тириншко наследство.
- Хесен добива независност и станува слободна држава на Светото Римско Царство.
- Кралот Болеслав V прогласува правна заштита за неговите Еврејски предмети, вклучувајќи и заштита од киднапирање и присилно крштевање на еврејските деца
- Синчело дела Рока станува господар на Корзика[4].
- За првпат се споменува градот Сигетсентмиклош.
- За првпат се споменува градот Велење.
- За првпат се споменува градот Штансдорф.
- За првпат се споменуваат окрузите Герсдорф и Мерсдорф.
- Во Барселона, комисијата од Доминикански свештеници цензурираат делови од Талмудот за првпат.
1265
уреди- 20 јануари - Во Вестминстер, првиот избран англиски парламент (наречен Монтфортски Парламент) го одржува својот прв состанок во Вестминстерската палата.
- 5 февруари - Папа Климент IV го наследува папа Урбан IV, како 183-та папа.
- 28 мај - Идниот крал Едвард I побегнува од заробеништвото на Симон V Монфорт.
- 4 август - Втора баронска војна, битка кај Ившам: армијата на Едвард ги поразува силите на бунтовничките барони предводени од Симон V Монфорт, што резултира со смрт на Монфор и многу од неговите сојузници. Ова понекогаш се смета за крај на витештвото во Англија.
- Реконквиста: кралот Алфонсо X Кастилски го освојува градот Аликанте, Шпанија од Маврите.
- Островот Ман е под шкотско владеење.
- Монголските армии, предводени од Ногај-кан, извршуваат напади на Тракија.
- За првпат се споменува замокот Бистрица.
- За првпат се споменува населбата Телтов.
- За првпат се споменува населбата Швет.
- Колдиц добива градски права.
- Издадена е книгата „Книга на Анерин“.
- Една кореспонденцијата од Папа Климент IV го содржи првото познато споменување на Прстен на рибарот.
- Египет освојува неколку градови од крстоносните држави на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и градовите Хаифа, Арсуф и Приморска Цезареја; овие настани на крајот доведуваат до започнување на Осма крстоносна војна во 1267.
- Кублај-кан испраќа делегација во Јапонија, ограбувајќи неколку острови по патот.
- Оган уништува делови од Старо Каиро.
1266
уреди- 26 февруари - Битка кај Беневенто: Армијата на Карло I Анжујски ја поразува комбинираната армија на германски и сицилиски сили на чело со кралот Манфред Сицилиски. Манфред е убиен во битката, а папа Климент IV го прогласува Карло како крал на Сицилија и Неапол.
- 23 јуни - Војна на Свети Сабас: Во Битка кај Трапани, Венецијанците ја поразуваат поголемата џеновска флота.
- Јули - Марија де Ферерс наредува да му се предаде на Ливерпулскиот замок на Едмунд, вториот син на Хенри III.
- Октомври - Во Англија, започнуваат мировни преговори за крај на Втората баронска војна, по смртта на бунтовничкиот водач Симон Монтфор.
- Војната меѓу Шкотска и Норвешка завршува, а Александар III и Магнус VI Норвешки се согласуваат Надворешни Хебриди и Ман да се отстапат на Шкотска.
- Николо и Мафео Поло, татко и вујко на Марко Поло, пристигнуваат кај Кублај-кан. Кублај ги испраќа со порака, барајќи од папата да испрати западни научници да предаваат во Монголското Царство. Сепак, ова барање во голема мера е игнорирано.
- Мамелучкиот султан Бајбарис го проширува својот домен, освојувајќи го градот Библос (во денешен Либан) .
- Во Франција, за првпат се ковани монетите еку и грош.
1267
уреди- 16 февруари - Кралот Афонсо III Португалски и кралот Алфонсо Х Кастилски ја потпишуваат Конвенцијата од Бадахос, одредувајќи ја границата помеѓу Кралство Португалија и Кралство Леон, обезбедувајќи португалски суверенитет над Алгарве.
- 27 мај - Договор од Витербо: царот Болдвин II го подарува Ахајското Кнежевство на кралот Карло I Сицилиски, со надеж дека тој може да му помогне да го обнови своето Латинско Царство.
- Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
- Договор од Монтгомери: Кралот Хенри III ја признава титулата на Принц од Велс на Ливелин ап Грифид.
- Основан е градот Острава.
- Роџер Бејкон го комплетира своето дело Opus Majus и го испраќа до Папа Климент IV. Делото содржи широка дискусија за математика, оптика, алхемија, астрономија, астрологија и други теми и вклучува прв опис на лупата.
- Раководството во Виена ги принудува Евреите да носат Pileum cornutum, конусен фустан, и Жолта ѕвезда.
- Во Англија е донесен т.н. Статут од Марлборо, најстариот англиски закон кој уште (делумно) е во сила.
- Шпанија се обидува да изврши инвазија на Мароко, но Маринидите успешно се одбрануваат против инвазијата и ги протеруваат шпанските сили.
1268
уреди- 18 февруари - Битка кај Везенберг: Ливонскиот ред е поразен од Довмонт Псковски.
- 23 август - Битка кај Талакоцо: Армијата на Шарл I Анжујски ги победува поддржувачите на Конрадин.
- 29 октомври - Конрадин, последниот легитимен машки наследник на династијата Хоенштауфеновци е погубен.
- Кралот Стефан V започнува војна против Бугарија.
- Грофовија Вернигероде станува вазална држава на Маркгрофство Бранденбург.
- Во Венеција се основа функцијата Дужд на Венеција, за да се намали влијанието на моќните поединечни семејства.
- Папа Климент IV умира. Следните папски избори не успеваат, па речиси три години не постои нов папа.
- За првпат е забележан карневалот во Венеција.
- За првпат се споменува замокот Јабле.
- 18 мај - Битка кај Антиохија: Кнежевство Антиохија, држава на крстоносците, паѓа под контрола на Мамелучкиот Султанат. Неговото уништување е толку големо што трајно го намалило значењето на градот.
- Битка кај Сјангјанг, 6-годишна битка помеѓу кинеската династија Сунг и монголските сили на Кублај-кан.
- Кублај-кан испраќа емисар во Јапонија, барајќи потврда за плаќање на данок; Јапонците одбиваат по кое следува подготовка за инвазија во Јапонија.
- Земјотрес во Киликија убива околу 60.000 луѓе.
1269
уреди- Крај на владеењето на Алмохадите:
- Маринидите го комплетираат освојувањето на Мароко, заменувајќи ја династијата Алмохади.
- Династијата на Алмохадите престанува кога последниот владетел Идрис II е убиен во Маракеш.
- Кралот Отакар II го наследува Војводство Корушка и дел од Војводство Крањска, што го прави најмоќниот принц во Светото Римско Царство.
- За да ја финансира својата крстоносна војна, Едвард I добива право да наметне дваесеттина од вредноста на богатството на Црквата во Англија. Таа сума се покажала како недоволна, и Едвард морал да позајми за да ја достигне својата цел.
- За првпат се споменува замокот Снежник.
- За првпат се споменува градот Левенбергер Ланд .
- Латинскиот патријарх на Антиохија е прогонет по 171 година.
Наводи
уреди- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 144–146. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Lock, Peter (2013). The Routledge Companion to the Crusades. Routledge. стр. 112. ISBN 9781135131371.
- ↑ Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ Colombani, Philippe (2010). Héros corses du Moyen Age. Ajaccio: Albiana. стр. 173. ISBN 978-2-84698-338-9.