1240-ти
десетлетие
< 1230-ти | 1240-ти | 1250-ти > | |||||||
1240 | 1241 | 1242 | 1243 | 1244 | 1245 | 1246 | 1247 | 1248 | 1249 |
1240-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1240 година и завршила на 31 декември 1249 година.
Настани
уреди1240
уреди- 12 јуни - Диспутација во Париз започнува на дворот на Луј IX, каде четири рабини го бранат Талмудот против Никола Донин.
- 15 јули - Битка кај Нева: Рускиот принц Александар Невски ги поразува Швеѓаните, спасувајќи ја Новгородската Република од целосна непријателска инвазија од север.
- 6 декември - Бату-хан и Златната Орда го напуштаат градот Киев.
- Туан Машика, го воведува исламот во Сулу.
- Крај на граѓанската војна во Норвешка.
- Фламанското село Капријке) е признато како град.
- Саншу II Португалски го освојува градот Ајамонте од муслиманите, како дел од Реконквиста[1].
- Разрушени се црквите Света Ирина и Света Троица во Киев од страна на Монголците.
- Свети Маврикиј започнува да биде прикажуван како дел од Маврите.
1241
уреди- 18 март - Битка на Хмјелник (Монголската инвазија на Полска): Монголските сили ги победуваат феудалните полски армии на провинциите Сандомјеж и Краков.
- 9 април - Битка кај Легњица: Монголските сили, под команда на Бајдар, Кадан и Орда-кан, ги поразуваат полските благородници вклучувајќи ги и Темпларите.
- 11 април - Битка кај реката Шајо: Бату-кан и Субутај ги победуваат силите на Бела IV. Битката е последниот голем настан во Монголската инвазија на Европа.
- мај - Битка кај Џиљо: Царската флота ја победува џеновската флота во Тиренско Море.
- Рано северно лето - Кризата за наследување на престолот или други приоритети резултираат со повлекување на монголските сили.
- 23 септември - Снори Стурлусон, писател на исландски јазик, е убиен од Гицур Торвалдсон, емисар на кралот Хокон IV.
- 25 октомври - Папа Целестин IV го наследува Папа Григориј IX, како 179-тиот папа.
- Ливонска крстоносна војна: Естонскиот бунт од 1237 е потиснат.
- За првпат се споменува градот Зебниц.
1242
уреди- 5 април - За време на Битката на мразот на езерото Пејпус, руските сили, предводени од Александар Невски, ја одбиле инвазијата на Тевтонските витези.
- Клеве, Германија е основан како град.
- Кил, Германија е основан како град.
- Архиепископот на Мајнц го освојува градот Висбаден, од Династија Насау.
- Кралот Саншу II Португалски ги освојува градовите на Тавира, Алвор и Падерне, за време на Реконквиста[1].
- Монголски инвазии
- Германски колонисти пристигнуваат во Братислава, Монголците не го освојуваат градот.
- Златна Орда ја уништува Волшка Бугарија.
- Еден француски златар кој работел во Будимпешта е заробен и однесен во Каракорум.
- Златна Була е издадена од кралот Бела IV Унгарски на жителите на Градец (дел од денешен Загреб, главниот град на Хрватска) за време на монголската инвазија на Европа. Со овој едикт, кралот Бела IV го прогласи Градец за кралски слободен град.[
- Во Магреб, по низа успеси против Алмохадите, Абу Закарија, првиот хафисидски владетел на Ифрикија, го освојува Кралство Тлемсен[2].
- Го-Сага се искачува на престолот на Јапонија.
- Бату-кан ја воспоставува Златната Орда во Сарај.
- Монголските сили ги напаѓаат Селџуците.
1243
уреди- март - Договор од Алкарас: Фердинанд III Кастилски ја претвора Мурсија во протекторат и го иницира процесот на колонизација и христијанизација на регионот.
- 1 мај - Кастилските војници пристигнуваат во Мурсија, за поддршка на династијата Хадит[3]
- 25 јуни - Папа Инокентиј IV го наследува Папа Целестин IV, како 180-ти папа.
- 26 јуни - Битка кај Ќосе Даг: Монголците ги победуваат на Селџуците.
- За првпат се споменува градот Брно.
- За првпат се споменува тврдината Кравјек.
- За првпат се споменува градот Ѓивнув.
1244
уреди- 16 март - По успешната деветмесечна опсада на Монтсегур, француските кралски сили запалуваат 210 катари.
- Реконквиста во Шпанија:
- 26 март - Со договорот од Алмирза, кралот Јаков I и Алфонсо Х Кастилски постигнуваат договор за распределба на муслиманските земји по крајот на војната[4].
- 22 мај - Јаков I го зазема градот Ханита, по неколкумесечна опсада[5] Овој успех е проследен со освојување и на Баир подоцна истата година[6].
- Јаков I ја освојува Алтеја, Шпанија.
- Алфонсо Х Кастилски спроведува серија воени операции, за поддршка на муслиманските худитски владетели на Мурсија против бунтовничките упоришта [3]
- Опсадата и падот на Ерусалим води кон Седма крстоносна војна.
- Султан Малик ел-Муатам ги уништува градските ѕидини на Ерусалим.
- 23 август - Ерусалимската кула се предава на Хорезмитите.
- 17 октомври - Битка кај Форбиј: Силите на Кралство Ерусалим се поразени од муслиманските сили.
- Ришар де Бур станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- Бил основан градот Фридланд (Мекленбург).
- За првпат се споменува Травник.
- За првпат се споменува градот Озал.
- За првпат се споменува црквата посветена на Свети Козма и Дамјан во градот Високи.
- Анклам ги добива своите градски права.
- Започнува да се гради замокот во Витшток.
1245
уреди- 21 февруари - Финскиот епископ Тома бил отповикан од Папа Инокентиј IV.
- 16 април - Папа Инокентиј IV го испраќа Џовани Плано Карпини во монголскиот двор за да им сугерира да го прифатат христијанството и да се приклучат на Крстоносните војни.
- 28 јуни - Отвора Прв Лионски собор, во текот на кој Фридрих II е екскомунициран и соборен, а се објавува Седма крстоносна војна.
- Јован III Дука Ватац стапува во сојуз со Светото Римско Царство преку бракот со Констанца II од Хоенштауфен, ќерка на Фридрих II.
- Повторната изградба на Вестминстерската опатија започнува во Англија.
- Пронајдена е верзија на Грбот на Хамбург.
- За првпат се споменува градот Мшчонув.
- Градот Минхеберг добива градски статус.
- Градот Холцминден добива градски статус.
- Градот Копенхаген добива градски статус со повелбата од Јакоб Ерландсен .
1246
уреди- Мексиканците го населуваат Чапултепек, поранешно толетско упориште.
- Цар Го-Фукакуса го наследува Го-Сага, на престолот на Јапонија.
- Ѓујук-кан застанува на монголскиот престол како трет голем хан на Монголското Цатство.
- Со смртта на војводата Фридрих II, војводата од Австрија, завршува владеењето на династијата Бабенберг во Австрија.
- Шпанија: По две неуспешни обиди во 1225 и 1230, Кралство Кастиља успева да го освои градот Хаен[7].
- За првпат се споменува Војводството Мекленбург.
- Грофот Вилем II му ги дал на Делфт сите градски права на 15 април 1246 година.
- Силите на Никеја покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле.
- Бер бил освоен од страна на никејскиот цар Јован III Дука Ватац.
- Завршена е Светата капела во Париз.
- Роберт Гросетест го преведува делото на Аристотел Никомахова етика од грчки на латински, што го означува вистинскиот почеток на повторното откривање на филозофот од средновековна Европа[8].
- Осветена е катедралата во Болие.
- Црквата „Света Софија“ во Солун била повторно претворена во византиска катедрала.
- Вихман фон Арнштајн го основал манастирот во Нојрупин.
1247
уреди- 1 декември - Побуна се јавува помеѓу муслиманитте во Кралство Арагон, во регионот на Валенсија. Како казна, царот издава наредба за протерување на муслиманите од неговото царство, што во следната година доведува да голем број муслимани заминат во егзил кон Кралство Гранада и Северна Африка[9].
- Шемс Тебризи исчезнува, што доведува да Руми посвети 30.000 стихови од поезијата за неговото исчезнување.
- Ромфорд, Лондон, е прогласен за трговски град.
- Основана е Кралската болница во Бедлам, Англија.
- Во Тирингија започнува војна за наследување на престолот.
- Египет ја презема контролата на Ерусалим.
- Најмеген станува дел од Гелдерланд.
- Афонсо III Португалски го наследува Саншу II Португалски, како Крал на Португалија.
- Гијом де Сонак станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
- За првпат се споменува тврдината Ратац.
- За првпат се споменува градот Ајлбек.
- За првпат се споменува градот Залаегерсег.
- За првпат се споменува црквата „Св. Богородица и Св. Никола“ во градот Белиц.
1248
уреди- 15 август - Поставен е камен темелник на Келнската катедрала, откако една постара катедрала на местото изгорела на 30 април (изградбата е завршена 632 години подоцна, во 1880).
- 25 август - Холандскиот град Омен добива градските права во Холандија.
- 23 ноември - Реконквиста: кралот Фердинанд III Кастилски го враќа градот Севиља од Маврите; оваа година, исто така, принцот Алфонсо Х Кастилски го освојува градот Аликанте.
- Кралот Луј IX започнува Седма крстоносна војна, со армија од 20.000 за освојување на Египет.
- Папа Инокентиј IV им дава дозвола на Хрватите да го користат својот јазик и писмо во литургија.
- Роџер Бекон ја објавува формулата за барутот во Европа.
- За првпат се споменува Кенигсбрик.
- За првпат се споменува Нојштат-Глеве.
- Штернберг добива градски права.
- Витшток добива градски права.
- За првпат се споменува Ралштет.
- За првпат се споменува Нојбранденбург.
1249
уреди- 16 февруари - Андре од Лонгжумо е испратен од Луј IX како амбасадор да се сретне со канот на Монголите
- Кралот Луј IX ја освојува Дамиета, Египет, прв поголем воен ангажман во Седмата крстоносна војна
- Маврите го губат градот Аликанте, во ел-Андалус (исламска Шпанија)
- Португалскиот крал Алфонс III го зазема маварскиот град Фаро
- Шведска го започнува своето освојување на Финска
- Изграден е утврдениот град Мистра во Ахаја, Грција
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ Gilbert Meynier (2010) L'Algérie cœur du Maghreb classique. De l'ouverture islamo-arabe au repli (658-1518). Paris: La Découverte; pp.38.
- ↑ 3,0 3,1 de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 88. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 96. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 100. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 102. ISBN 90-04-11244-8.
- ↑ Linehan, Peter (1999). Abulafia, David (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 668–699 [670]. ISBN 0-521-36289-X.
- ↑ Munro, John H. (2003). „The Medieval Origins of the Financial Revolution“. The International History Review. 15 (3): 506–562.
- ↑ de Epalza, Miguel (1999). Negotiating cultures: bilingual surrender treaties in Muslim-Crusader Spain under James the Conqueror. Brill. стр. 108. ISBN 90-04-11244-8.