Одра (германски: Oder; чешки/полски: Odra) — река во Средна Европа. Извира во Чешка и тече (главно кон север и северозапад) низ западна Полска, подоцна создавајќи граница долга 187 километри помеѓу Полска и Германија, дел од линијата Одра-Ниса. Реката на крајот се влева во Шчеќинскиот Залив северно од Шчеќин и потоа на три дела (Ѓивна, Швина и Пене) кои се влеваат во Балтичкото Море.

Одра
Oder
Odra
Река
Поглед на Одра близу Швет
Земји Чешка, Полска, Германија
Извор
 - место Ниски Јесеник, Оломоучки округ, Оломоучки крај, Моравија, Чешка
 - височина 634 м
 - координати 49°36′47″N 017°31′15″E / 49.61306° СГШ; 17.52083° ИГД / 49.61306; 17.52083
Утока Шчеќински Залив
 - местоположба Балтичко Море, Полска
 - координати 53°40′19″N 14°31′25″E / 53.67194° СГШ; 14.52361° ИГД / 53.67194; 14.52361
Должина 854 км
Слив 118.861 км2
Истек во устие
 - просечен 574 м3

Име уреди

Одра е наречена со различни имиња на различни јазици, но современите форми се меѓусебе слични: на англиски и германски: Oder; на чешки, полски и долнолужички: Odra, горнолужички: Wódra; кашупски: Òdra; средновековен латински: Od(d)era; ренесансен латински: Viadrus (воспоставено во 1534). Клавдиј Птоломеј дава сосем друго име за реката, односно не се однесува на самата Одра, туку најверојатно на Вјепж.[1][2] На старословенски јазик, името на реката е Vjodr.[3]

Географија уреди

Одра е долга 854 километри, од кои 112 километри се на територијата на Чешка, 742 километри во Полска (вклучувајќи ги и 187. километри како граница помеѓу Германија и Полска) и е втората најдолга река во Полска (по Висла). Покрива слив од 118.861 км2, од кои 106.056 км2 се од територијата на Полска (89%), 7.217 км2 од Чешка (6%) и 5.587 км2 од Германија (5%). Реката со канали е поврзана со Хафел, Шпре, Висла и Клодница. Тече низ Шлеското, Ополското, Долношлеското, Лубушкото и Западнопоморското војводство во Полска и покраините Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија во Германија.

 
Поглед на реката Одра од островот Цигенвердер во Франкфурт на Одра, Германија и Слубице, Полска
 
Естуар на Лужичка Ниса во Одра
 
Одра во Шчеќин
 
Ларпија, лева растока на Одра во зима

Главната река се влева во Шчеќинскиот Залив близу Полице. Шчеќинскиот Залив достигнува до островите Узедом (на запад) и Волин (на исток). Помеѓу овие два острова, постои тесен канал (Швина) која оди до Померанскиот Залив, кој претставува дел од Балтичкото Море.

Најголемиот град на реката Одра е Вроцлав, во Долна Шлеска.

Пловност уреди

Одра е пловна во најголем дел од нејзината вкупна должина, сè до градот Кожле во горниот тек, каде реката се поврзува со Каналот Гливицки. Горниот дел на реката е канализиран и обезбедува поголеми баржи да пловат помеѓу индустриските места околу областа на Вроцлав.

Низводно, реката е слободна за пловење, поминувајќи низ градовите Ајзенхитенштат (каде се поврзува со Каналот Одра-Шпре, кој ја поврзува преку Шпре со Берлин) и Франкфурт на Одра. Низводно од Франкфурт се влева реката Варта, која обезбедува врска со Познањ и Бидгошч за помали пловила. Кај Хоензатен реката е поврзана со Каналот Одра-Хафел, кој повторно ја поврзува со Берлин.

Близу устието на Одра стигнува во градот Шчеќин, големо приморско пристаниште. На крајот, реката се влева во Балтичкото Море преку Шчеќинскиот Залив и делтата на реката кај Швиноујшќе.[4]

Историја уреди

Реката за Римјаните била позната како Viadrus или Viadua на класичен латински јазик и била дел од Килибарниот пат од Балтичкото Море до Римското Царство. На германски била и е наречена Oder, запишувана во постарите документи како Odera или Oddera во документи на средновековен латински јазик. Била спомната во Dagome iudex, кој опишал територија на Војводството Полска по водство на Мјешко I околу 990, како дел од западната граница на војводството.

Пред да се населат Словените на нејзините брегови, Одра била важен трговски пат во Германија и најчесто племињата на границите биле одредувани од поважните реки.

Во 13 век била изградена првата брана за заштита на земјоделските површини.

Финовскиот Канал бил изграден за првпат во 1605, поврзувајќи ја Одра со Хафел. По завршувањето на поправиот Канал Одра-Хафел во 1914 била намалена економската важност.

Поради тоа бил преземен потег од Фридрих Велики, кој препорачал пренасочување на реката во нов и прав канал во мочуришниот дел од земјата познат како Одербрух, близу Кистрин. Работите биле изведени во периодот 1746-1753, голем дел од мочуриштето бил овозможен за обработка, а главниот тек успешно бил насочен кон каналот.

Кон крајот на 19 век биле направени три дополнителни усовршувања:

  • Канализација на главниот тек кај Бреслау и од вливот на Ниса Клоѕка до устието на Каналот Клодниц, растојание од 50 километри. Овие работи биле изведени во 1896.
  • Во текот на 1887-1891 бил изграден Каналот Одра-Шпре и ги поврзал двете реки.
  • Продлабочување и регулирање на устието и долниот тек.

Со Версајскиот договор, пловноста на Одра станала предмет на Меѓународната комисија за Одра.[5] Според членовите 363 и 364 на Договорот, Чехословачка добила дел од пристаништето во Штетин (сега Шчеќин), потоа наречена Tschechoslowakische Zone im Hafen Stettin.[6] Договорот потпишан помеѓу Чехословачка и Германија и управуван од Велика Британија бил потпишан на 16 февруари 1929 и требало да заврши во 2028, меѓутоа по 1945, Чехословачка не ја задржала својата правна позиција и тој де факто бил поништен во 1938/1939.

На Техеранската конференција во 1943, сојузниците одлучиле дека новата источна граница на Германија треба да поминува долж Одра[7] но по Втората светска војна, Одра и Лужичка Ниса ја создале линијата Одра-Ниса, која била одредена од победничките сојузници на Потсдамската конференција како нова граница помеѓу Полска и Германија. Германското население источно од овие две реки било евакуирано од нацистите или побегнало пред налетот на Црвената армија. По војната, преостанатото население било присилно протерано според Потсдамскиот договор. Источна Германија ја потврдила границата со Полска во 1950, а потоа Западна Германија, по период на одбивање, на крај ги прифатила границите во 1970. Во 1990 новосоздадената обединета Германија и Република Полска потпишале договор за признавање на нејзините граници.

Градови уреди

 
Одра во Полице

Главен тек:

ОстраваБохуминРаќибужКенѓежин-КозлеКрапковицеОполеБжегОлаваЈелч-ЛасковицеВроцлавБжег ДолниШчинаваШлихтинговаГлогувБитом ОдшањскиНова СолКросно ОджањскиАјзенхитенштатФранкфурт на ОдраСлубицеКостшинЦедињаШветФираденГарцГрифиноШчеќинПолице

Тек Ѓивна (помеѓу островот Волин и континентална Полска):

ВолинКамјењ ПоморскиЃивнув

Тек Швина (помеѓу островите Волин и Узедом):

Швиноујшче

Шчеќински Залив:

Нове ВарпноИкерминде

Тек Пене (помеѓу островот Узедом и континентална Германија):

УзедомЛасанВолгаст

Наводи уреди

  1. Claudius Ptolemaios: Geographike Hyphegesis, Kap. 11: Germania Magna. (старогрчки/латински/англиски)
  2. Ralf Loock: Mündungen der Flüsse bestimmt.[мртва врска] In: Märkische Oderzeitung, Frankfurt 2008,3 (März); Ralf Loock: Namenskrimi um Viadrus in: Märkische Oderzeitung – Journal. Frankfurt 25./26. Nov. 2006, S. 2; siehe auch Alfred Stückelberger, Gerd Graßhoff (Hrsg.): Ptolemaios – Handbuch der Geographie. Schwabe, Basel 2006, S. 223, ISBN 3-7965-2148-7
  3. „Encyclopædia Britannica's 9th edition 1870–1890: Oder&“. Архивирано од изворникот на 2013-05-06. Посетено на 2013-10-21.
  4. NoorderSoft Waterways Database
  5. Комисијата била составена од претставници на Чехословачка, Данска, Франција, Полска, Шведска и Обединетото Кралство (по еден член од сите) и три члена на Прусија, а германската покраина била надлежна за пловниот дел на Одра. Cf. Der Große Brockhaus: Handbuch des Wissens in zwanzig Bänden: 21 Bde., completely revised ed., Leipzig: F. A. Brockhaus, 151928-1935, vol 13 (1932): Dreizehnter Band Mue–Ost, article: 'Oder', pp. 600seq., here p. 601. No ISBN.
  6. Cf. Archiwum Państwowe w Szczecinie (State Archive of Szczecin), Rep. 126, Krajowy Urząd Skarbowy w Szczecinie [1] Архивирано на 24 септември 2020 г.
  7. Allen DJ (2003)Линија Одра-Ниса: САД, Полска и Германија во Студената војна, Praeger P13

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

  Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)