Бидгошч
Бидгошч (полски: Bydgoszcz, германски: Bromberg, латински: Bydgostia) — град во северна Полска, на реките Брда и Висла. Со население од 358,614 жители (јуни 2014 г.), и агломерација со повеќе од 470,000 жители, Бидгошч е осми најголем град во Полска. Тој е седиште на Бидгошкиот Округ и ко-главен град, со Торуњ, на Кујавско-поморското Војводство од 1999 година. Претходно, во периодот помеѓу 1947 и 1998, тој бил главен град на Бидгошкото Војводство, и пред тоа, на Поморското Војводство помеѓу 1945 и 1947.
Бидгошч Bydgoszcz | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Координати: 53°7′N 18°0′E / 53.117° СГШ; 18.000° ИГД | ||||||||||||||
Држава | Полска | |||||||||||||
Војводство | Кујавско-поморско | |||||||||||||
Округ | city county | |||||||||||||
Основан | пред 1238 г. | |||||||||||||
Град од | 1346 г. | |||||||||||||
Управа | ||||||||||||||
• Градоначалник | Рафал Бруски | |||||||||||||
Површина | ||||||||||||||
• Градска | 175,98 км2 (6,795 ми2) | |||||||||||||
Надм. вис. | 60 м | |||||||||||||
Население (2014) | ||||||||||||||
• Градско | 358.614 | |||||||||||||
• Густина | 2.000/км2 (5,000/ми2) | |||||||||||||
• Метро | 470.285 | |||||||||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | |||||||||||||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |||||||||||||
Поштенски код | 85-001 to 85-915 | |||||||||||||
Повик. бр. | (+48) 52 | |||||||||||||
Регист. таблички | CB | |||||||||||||
Мреж. место | bydgoszcz.pl |
Бидгошч е дел од метрополитенската област Бидгошч-Торуњ, во чии рамки живеат 850,000 жители. Бидгошч е седиште на Универзитетот „Казимир Велики“, Универзитетот за технологија и природни науки, како и медицинскиот факултет при Универзитетот „Никола Коперник“. Во Бидгошч се наоѓаат концертната сала на Поморската филхармонија, оперската куќа Опера Нова и Аеродромот Игнаци Јан Падеревски. Поради својата местоположба помеѓу реките Висла и Одра, и водниот тек на Бидгошчкиот канал, градот е дел од воден систем поврзан преку Нотеч, Варта, Одра, и Елба со Рајна и Ротердам.
Потекло на поимот
уредиБидгошч, првично Бидгошча (женски род), е име заменка од кое вториот дел – 'goszcz' потекнува од 'gost-jь' или 'gost-ja' стар словенски корен кој се однесува на урбана или приградска трговска населба. Други примери за ова се германскиот Требгаст во Баварија, кој до 1028 година бил познат како 'Trěbigost-jь', и Ратгоз во Австрија кој бил познат како 'Radogost-jь'. Исто така постојат голем број на полски имиња на места кои ја користат наставката 'goszcz': како на пример Малогошч и Скорогошч. Бидгошч, сепак, има долга, богата историја на етимолошки промени: во 1239 година познат како Бидгошиам, во 1242 година како castrum quod Budegosta vulgariter nuncupatur (замок, во секојдневниот говор познат како Бидгошча), во 1279 година како Бидгоша, од 1558 година како Бидгошч, до 16. век, и како Бидгошча „рибарско село или камп кој припаѓал на Бидгоста“.
Името 'Бид-гост' содржи архаични елементи од прасловенскиот 'byd' кој постоел како варијанта на глаголот 'израснува' (староруски 'vъzbydati' = стимулира, прасловенски 'bъděti' / 'bъd 'ǫ' = не спие, надгледува),[1] и вообичаениот словрнски 'Goszcz' (огниште). Некои луѓе го идентификуваат името на градот како 'Будоргис', име од 2. век кое е наведено веднаш до селото Калисија на килибарскиот пат.
Историја
уредиВо текот на ранословенскиот период, рибарска населба наречена Bydgozcya ("Bydgostia" на латински), станала упориште на трговските патишта кај Висла. Во 13. век на местото се наоѓал кастелан, спомнат во 1238 година. Градот бил окупиран од тевтонските витези во 1331 година, и вклучен во рамките на нивната монашка држава. Витезите се откажале од градот во 1343 година со потпишувањето на калишкиот договор. Кралот Казимир III му доделил на Бидгошч градски права (повелба) на 19 април 1346 година.[2] Градот сè повеќе и повеќе се здобил со наплив на Евреи по тој датум. Во 1555 година, сепак, поради притисок од свештенството, Евреите биле протерани и се вратиле со припојувањето кон Прусија во 1772 година. Во 15. и 16. век, Бидгошч бил значително место за трговија со пченица.
Во текот на 1629 година, при крајот на Полско–шведска војна од 1626–29, градот бил освоен од шведски трупи предводени од кралот Густаф II Адолф Шведски. За време на настаните од војната градот претрпел разурнувања.[3] Градот бил освоен по втор и третпат од Шведска во 1656 и 1657 година за време на втората северна војна. Во третиот поход замокот бил целосно уништен и оттогаш до денес останал во рушевини. По војната само 94 куќи бил населени, 103 останале празни и 35 биле запалени. Предградијата исто така биле значително уништени.[4]
Бидгошчкиот договор, потпишан во 1657 година од полскиот крал Јан II Казимир и електорот Фридрих Вилхелм од Бранденбург-Прусија, создал воен сојуз помеѓу Полска и Прусија притоа обележувајќи го откажувањето на Прусија од сојузот со Шведска.
Во 1772 година, при првата поделба на Полска, Бидгошч бил стекнат од Кралството Прусија, преименуван во Бромберг, и вклучен во округот Неце во Западна Прусија. Во тоа време, градот бил сериозно заостанат и полунапуштен.[5] Под владеење на Фридрих Велики градот заживеал, посебно со изградбата на каналот од Бромберг до Накел (Накло) кој ги поврзал северниот тек на Висла преку Брда и западниот тек на Нетце, која се влевала во Одра преку Варта.[6]
Во 1807 година, по поразот на Прусија од Наполеон и потпишувањето на тилзитскиот мировен договор, Бромберг станал дел од краткотрајното Варшавското Војводство. Со поразот на Наполеон во Битката на народите во 1815 година, градот бил вратен на Прусија како дел од автономното Големо Позњанско Кнежевство. Во 1871 година, позњанската покраина, заедно со остатокот од Кралството Прусија, станала дел од новоформираното Германско Царство.
Во средината на 19. век, изградбата на источно пруската железница придонела за развојот на Бромберг. Првиот дел, од Шнајденмил (Пила) до Бромберг, бил отворен во јули 1851 година. Градот пораснал од 12,900 жители во 1852 на 57,700 жители во 1910 година – од кои 84% биле Германци и 16% Полјаци.
По првата светска војна, и покрај германското мнозинство во градот, Бромберг бил додаден на реконструктуираната Полска држава со версајскиот договор од 1919 година. Сега официјално повторно Бидгошч, градот припаѓал на Позњанското Војводство. Месното население било потребно за се здобие со полско државјанство или да ја напушти државата. Ова довело до драстичен пад на германското население, чиј број во рамките на градот опаднал на 11,016 жители во 1926 година.[7] Во 1938 година, по територијалните измени, градот станал дел од Поморското Војводство.
Во текот на втората светска војна, Бидгошч бил окупиран од Нацистичка Германија и припоен кон Рајхсгау Данциг-Западна Прусија како седиште на округот Бромберг. На 3 септември 1939 година, кусо по почетокот на војната, во градот се случил инцидентот крвава недела во кој оспоруван број на германски жители на Бромберг биле убиени во анти-германски немири. Инцидентот бил преувеличен во нацистичката пропаганда како оправдување за смртоносните одмазди против полското население по окупацијата на градот од германскити сили на 9 септември.
Историјата на Евреите во Бидгошч завршила со катастрофата во втората светска војна, германската ивазија на Полска, и холокаустот. Еврејското население во градот било испратено во нацистичките смртоносни кампови или било убиено во градот. Според проценките, околу 37,000 жители на Бидгошч – Евреји и други – починале за време на нацистичката окупација.[8]
Во 1945 година Бидгошч бил окупиран од црвената армија. Истата година, градот станал седиште на Поморското Војводство, од кое потоа северниот дел бил одвоен за да се создаде Гдањското Војводство. Останантиот дел од Поморското Војводство бил преимнуван во Бидгошчко војводство во 1950 година.
Население
уредиГодина | Број на жители | Забелешки |
---|---|---|
1346-1771 | 3,500 до 5,000[9] | главно полски трговци на пченица и бродари[9] |
1771 | приближно 1,000 | вклучувајќи околу 80% католици. Бројот на жители опаднал како резултат на големата северна војна и чумата која ја донеле борбените сили[9] (1700–1721) |
1772 | приближно 600[5] | |
1780 | 2,046 | без воени лица[10] |
1783 | 2,562 | 337 домаќинства, без воени лица, вклучувајќи 27 Евреи (три семејства)[10] |
1788 | 3,077 | без воени лица[11] |
1792 | 3,915 | без воени лица[11] |
1816 | 6,100 | вклучувајќи 41% католици |
1831 | приближно 8,000[5] | |
1852 | 12,900 | главно Германци, вклучувајќи 26% католици |
1875 | 31,308[12] | |
1880 | 34,044[12] | |
1885 | 36,294[12] | |
1890 | 41,399 | вклучувајќи 28,411 протестанти, 11,165 католици, 1,451 Евреи и 372 други лица[12] |
1900 | 52,204 | вклучувајќи 34,415 протестанти, 15,663 католици и 1,519 Евреи[12][13] |
1910 | 57,696 | вклучувајќи 37,008 протестанти, 18,539 католици и 2,149 други лица меѓу кои и Евреи[12] |
1921 | 88,000 | вклучувајќи 64.000 католици и 22,500 протестанти (24,000 Германци)[14] |
1939 | 141,000 | |
1946 | 134,614 | |
1975 | 322,657 | |
1998 | 386,855 | |
2012 | 368,286 | |
2014 | 358,614 |
Знаменитости
уредиНајстара градба во градот е црквата „Св. Мартин и Никола“. Станува збор за црква од доцниот готски период со три црковни крила, изградена во периодот помеѓу 1466 и 1502, која поседува слика од доцниот готски период насловена Мадона со роза или Пресветата Богородица на прекрасната љубов од 16. век. Шарениот полихром од 20. век исто така вреди да се напомене.
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ е позната знаменитост на градот. Тоа е мала, готско-ренесансна (вклучува неорененсансни додатоци) црква изградена во периодот помеѓу 1582–1602. Во внатрешниот дел црквата е едноставна со оглед на тоа што нејзиниот мебел бил одземен. Неизненадувачки податок, имајќи предвид дека во 19. век пруските власти го распуштиле Редот на Св. Клер и црквата ја претвориле во магацин, меѓу другите намени. Сепак, црквата вреди да се посети и да се разгледа. Конкретно, полихромот на таванот кој датира од 17. век го привлекува вниманието на секој посетител.
Мелничкиот остров (Wyspa Młyńska) е едно од најспектакуларните места во Бидгошч. Она што го прави уникатен е локацијата во срцето на центарот на градот, само неколку чекори од стариот пазариштен плоштад. Ова место било индустриски центар на Бидгошч во средниот век и стотици години подоцна, и на истото место работела познатата кралска ковачница во 17. век. Голем дел од објектите кои сè уште можат да се видат на островот датираат од 19. век, но таканаречениот бел амбар датира од крајот на 18. век. Сепак, водата, пешачките мостови, историските гето куќи од црвени тули рефлектирани во реките, и зеленилото, вклучувајќи ги старите костени создаваат уникатен амбиент на островот
Хотелот „Орелот“ (Hotel pod Orłem), икона на градската архитектура од 19. век, бил дизајниран од истакнатиот архитект од Бидгошч, Јозеф Швичицки, кој е автор на шеесетина објекти во градот. Изграден во 1896 година, служел како хотел од самиот почеток и првично бил во сопственост на Емил Бернхардт, хотел менаџер школуван во Швајцарија. Фасадата на хотелот покажува форми карактеристични за необарок стилот во архитектурата.
Базиликата „Св. Викентиј Паулски“, изградена во периодот помеѓу 1925 и 1939, е најголема црква во Бидгошч и една од најголемите во Полска. Таа може да смести околу 12,000 луѓе. Оваа монументална црква, моделирана по Пантеон во Рим, била дизајнирана од полскиот архитект Адам Баленстаедт. Најкарактеристичен елемент на неокласичниот храм е куполата од армиран бетон со пречник од 40 метри.
Трите амбари на улицата Гроцка, шивописно сместени на реката Брда во непосредна близина на стариот пазариштен плоштад, се официјален симбол на градот. Изградени кон крајот на 19. век, тие првично биле користени за складирање на жито и слични производи, но сега се користат за изложби од градскиот музеј.
Градот главно се поврзува со вода, спорт, градби во арт нуво стил, крајбрежје, музика, и урбано зеленило. Вреди да се напомене дека во Бидгошч се наоѓа најголемиот парк во Полска (830 ha). Градот исто така некогаш бил познат по својата индустрија.
За жал, некои големи споменици биле уништени, на пример црквата на стариот пазариштен плоштад и Општинскиот театар. Покрај тоа, стариот град загубил неколку карактеристични гето куќи, а исто така не останале замокот во готски стил и одбранбените ѕидови.
Стопанство
уредиВо градот постојат 38 банки претставени во мрежа од 116 експозитури (вклучувајќи го и седиштето на Поштенската банка), додека 37 осигурителни компании, исто така, имаат канцеларии во градот. JP Morgan Chase, една од најголемите финансиски институции во светот, има своја експозитура во Бидгошч. Најголемиот дел од индустриските комплекси се расфрлани низ градот, сепак, хемиската компанија 'Захем' заслужува внимание, покривајќи десетици квадратни километри во југозападниот дел од градот, додека пак остатоците од германската фабрика за експлозиви изградена во втората светска војна заземаат област која има сопствени железнички линии, внатрешна комуникација, сместување, и голема шумска област.
Од 2000 година, Бидгошч годишно е подложен на меѓународни 'верифицирани' рејтинзи. Во февруари 2008 година, Fitch Ratings, го категоризирал градот, зголемувајќи го рејтингот од BBB- (стабилна прогноза) на BBB (стабилна проценка).
Во 2004 година, Бидгошч отворил индустриски и технолошки парк од 283 хектари, привлечно место за водење бизнис бидејќи компаниите кои ќе се преместат тука добиваат даночни олеснувања, 24-часовна заштита, пристап до големи површини земја и до медиумите, како и до железнички линии и патишта. Аеродормот во Бидгошч исто така е во близина.
Градот во последните години прераснал во еден од најважните економски центри. Ова е особено вистинито за улогата која градот ја има во економијата на Кујавско-поморското Војводство, од кое е дел, заедно до Торуњ, административниот центар.
Култура
уредиБидгошч е голем културен центар во државата, особено за музика. Во 1824 година, бил изграден траен театар, кој бил обновен во 1895 година во монументална форма од берлинскиот архитект Хајнрих Зелинг. Првото музичко училиште било отворено во Бидгошч во 1904 година, тоа имало блиски врски до многу познатата европска фабрика за пијана на Бруно Сомерфелд. Бројни оркестри и хорови, германски (Gesangverein, Liedertafel) и полски (St. Wojciech Halka, Moniuszko) направиле во градот свое седиште. Од 1974 година, Бидгошч е дом на престижната музичка академија. Бидгошч исто така е значајно место за современата европска култура; еден од најважните европски центри за џез музика, Брејн клубот бил создаден во Бидгошч од Јачек Мајевски и Славомир Јаницки.
Бидгошч бил кандидат за европска престолнина на културата во 2016 година. [15]
Музеи
уредиОкружниот музеј Леон Вичолковски (Muzeum Okręgowe im. Leona Wyczółkowskiego) е музеј во сопственост на општината. Покрај големата колекција на дела од Леон Вичолковскиi, тука се сместени трајни и повремени уметнички изложби. Тој е заснован во неколку објекти, вклучувајќи ги старите амбари покрај реката Брда и Мелничкиот остров.
Поморскиот воен музеј е специјализиран во документирање на последната (19. и 20. век) полска воена историја, посебно историјата за Поморскиот воен округ и неколку други единици присутни во областа. Градот има многу уметнички галерии, два симфониски оркестри и хорови. Во културните објекти на Бидгошч исто така се вклучени библиотеки (вклучувајќи ја градската јавна библиотека со богата колекција на книги од 15. до 19. век, и стари книги од Германија).
Класична музика
уреди- Поморска филхармонија (концертната сала Игнаци Падеревски) – благодарение на извонредно дизајнираните акустични особини на главната концертна сала, таа е една од најдобрите концертни сали за класична музика во Европа.
Театар
уредиПолскиот театар Хиероним Коницка (Teatr Polski im Hieronima Konieczki): И покрај имаето, театарот нуди широк спектар на претстави од домашно и странско потекло. Театарот исто така редовно е домаќин на турнеjи. Основан во 1949 година, од 2002 година тестивалот учествува на „Festiwal Prapremier“ каде најпознатите полски театри ги играат своите последни премиери. Покрај овој театар, во градот функционираат и голем број на приватни театри.
Поморската филхармонија именувана по Игнаци Јан Падеревски постои од 1953 година. Конценртната сала, која собира 920 луѓе е класифицирана, во поглед на звукот, како една од најдобрите во Европа, потврдено од многубројни уметници и критичари. Поради феноменалната акустика, таа го привлекува вниманието на многу познати уметници.
Операта Нова, која постои од 1956 година, започнала изградба на нов објект во 1974 година кој се состои од три главни сали, сместени на Брда. Операта станала културен белег на Бидгошч во светот. Со оглед на кратката историја на операта, нејзиниот успех е за восхит; голем број на познати оперски пејачи имале изведби, а исто така настапи имале и театарски групи од операта Вроцлав, театарот Ленинград, Москва, Киев, Минск и Гулбенкиската фондација од Лисабон.
Кинематографија
уреди- Меѓународниот филмски фестивал на уметноста на кинематографијата CAMERIMAGE е фестивал посветен на кинематографијата и кинематрографите
Меѓународни врски
уредиЗбратимени градови
уредиЗбратимени градови | ||
Град | Држава | Година |
---|---|---|
Реџо Емилија | Италија | 12.04.1962 |
Крагуевац[16] | Србија | 23.07.1971 |
Манхајм[17] | Германија | 26.11.1991 |
Хартфорд | САД | 30.09.1996 |
Павлодар | Казахстан | 10.04.1997 |
Перт | Шкотска[18] | 9.05.1998 |
Черкаси | Украина | 13.09.2000 |
Кременчук | Украина | 30.06.2004 |
Патра | Грција | 8.10.2004[19] |
Нингбо | Кина | 28.12.2005 |
Вилхелмсхафен | Германија | 19.04.2006 |
Легенди
уредиКажано е дека Пан Твардовски поминал некое време во градот Бидгошч, каде, во негово сеќавање, фигура била неодамна поставена на прозорец на гето куќа, кој гледа кон стариот град. Во 13:13 часот и 21:13 часот прозорецот се отвора и Пан Твардовски се појавува, придружуван од чудна музика и ѓаволско смеење. Тој зема лак, замавнува со раката, и исчезнува. Ова мало шоу собира публика на воодушевени гледачи.
Галерија
уреди-
Главната библиотека на стариот пазариштен плоштад
-
Католичко семјениште
-
Институт за применети информатички науки (Универзитет „Казимир Велики“)
-
Ralph Modjeski Мост во округот Фордон
-
Музичката академија
-
Поранешното седиште на пруската источна железница
-
Училиште за механика (средно образование)
-
Поранешен исусов колеџ (1617). Сега градско собрание
-
Фасадата на Катедралата
-
Старо парохиско училиште
-
Полскиот театар
-
Поранешната фабрика Бромберг
-
Брана на Бидгошчкиот канал
-
Зградата на окружниот суд
Наводи
уреди- ↑ Franciszek Sławski (pod red.), Słownik prasłowiański, Warszawa 1974, s.459
- ↑ Heinrich Gottfried Philipp Gengler: Regesten und Urkunden zur Verfassungs- und Rechtsgeschichte der deutschen Städte im Mittelalter. Volume I, Enke, Erlangen 1863, pp. 403-404 and pp. 976-977.
- ↑ Ludwig Kühnast: Historische Nachrichten über die Stadt Bromberg – Von der Gründung der Stadt bis zur preußischen Besitznahme. Bromberg Berlin Posen 1837, pp 64-68.
- ↑ Ludwig Kühnast (1837), pp. 112-117.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 August Eduard Preuß: Preußische Landes- und Volkskunde. Königsberg 1835, p. 381.
- ↑ Baedeker, Karl, Northern Germany, London, 1904, p.163.
- ↑ Kotowski, Albert S. (1998). Polens Politik gegenüber seiner deutschen Minderheit 1919–1939 (германски). Forschungsstelle Ostmitteleuropa, University of Dortmund. стр. 56. ISBN 3-447-03997-3.
- ↑ „Encyklopedia PWN“. Encyklopedia.pwn.pl. Архивирано од изворникот на March 24, 2005. Посетено на 2009-05-05.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Historia Bydgoszczy (ed. by M.Biskup). PWN. 1991. стр. 156–164. ISBN 83-01-06667-9.
- ↑ 10,0 10,1 Johann Friedrich Goldbeck: Vollständige Topographie des Königreichs Preußen. Teil II, Marienwerder 1789, p. 82-83.
- ↑ 11,0 11,1 August Karl von Holsche: Der Netzedistrikt, ein Beytrag zur Länder- und Völkerkunde mit statistischen Nachrichten. Königsberg 1793, p. 111.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Michael Rademacher: Deutsche Verwaltungsgeschichte Provinz Posen - Stadtkreis Bromberg Архивирано на 2 јуни 2015 г. (2006).
- ↑ Meyers Konversations-Lexikon. 6. Auflage, Band 3, Leipzig und Wien 1906, p. 448.
- ↑ Der Große Brockhaus. 15. Auflage, Band 3, Leipzig 1929, p. 366.
- ↑ „City of Bydgoszcz Municipal website“. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. Посетено на 2016-10-21.
- ↑ „Kragujevac Twin Cities“. ©2009 Information service of Kragujevac City. Архивирано од изворникот на 2010-03-10. Посетено на 2009-02-21.
- ↑ „Partner und Freundesstädte“. Stadt Mannheim (германски). Посетено на 2013-07-26.
- ↑ „Miasta partnerskie“. City of Bydgoszcz (полски). 18 October 2007. Посетено на 22 August 2015.
Perth, Szkocja
- ↑ „Διεθνείς Σχέσεις“. e-patras.gr. Архивирано од изворникот на 2012-07-30. Посетено на 2011-09-16.
Надворешни врски
уреди„Бидгошч“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Bydgoszcz. |
- Официјално мрежно место (полски)
- Visit Bydgoszcz.pl homepage (полски, англиски)
- Мрежно место на општината Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)
- Wirtualna Bydgoszcz – informator bydgoski (полски)
- Bydgoszcz news (полски)
- Foto Galeria Bydgoska – foto.bydgoszcz.pl (полски)
Дополнителен материјал
уреди- Ludwig Kühnast: Historische Nachrichten über die Stadt Bromberg – Von der Gründung der Stadt bis zur preußischen Besitznahme (Historical news about the town of Bromberg – From the town's founding to the Prussian occupation). Bromberg Berlin Posen 1837 (Online) (на германски).