Западнопоморско Војводство
Западнопоморско Војводство (полски: województwo zachodniopomorskie) — војводство во северозападна Полска кое се граничи со Поморското Војводство на исток, Големополското на југоисток, Лубушкото на југ, Германија (Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург) на запад и Балтичкото Море на север. Седиште и најголем град е Шчеќин.
Западнопоморско Војводство województwo zachodniopomorskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Окрузи во Западнопоморското Војводство | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Шчеќин | ||
Окрузи | 3 градски, 18 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 22.896 км2 (8,840 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.715.431 | ||
• Густина | 75/км2 (190/ми2) | ||
• Градскo | 1.170.105 | ||
• Селско | 523.428 | ||
Рег. таб. | Z | ||
Мреж. место | szczecin.uw.gov.pl | ||
|
Основаноо е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Шчеќинско и Кошалинско, како и делови од други соседни војводства, согласно управната реформа усвоена претходната година. Го носи името на историската област Поморје. Иако е наречено „западнопоморско“, војводството не ги опфаќа најзападните делови на областа; тие денес ѝ припаѓаат на Западна Померанија (Vorpommern) во Германија.
Латинизираниот назив Померанија (Pomerania) и германизираното Pomern се изведени од словенското по море или „приморје“.[1]
Географија и знаменитости
уредиЗападнопоморското војводство е петто по големина во земјата. Позначајни градови се Шќечин, Кошалин, Старгард и Швиноујшќе.
Ова е живописна област во балтичкиот брег, со многу плажи, езера и шумовити предели. Шчеќин, Швиноујшќе и Полице се поажни пристаништа. Други поголеми приморски места се Мјенѕиздроје, Ѓвинув,
Население
уредиСè до 1945 г. областа била дел од Германија. По Втората светска војна, подрачјето ѝ е предадено на Полска согласно барањата за прекрокување на границите наметнати од СССР со Потсдамскиот договор. Највеќето Германци пребегале или биле истерани, и а на нивно место се населени Полјаци, од дотогашна Полска или преселени од полските подрачја припоени кон СССР.
Во 1948 г. 67 % од населението го сочинувале дојденци од средна Полска, Големополска и Помералија, а 25 % биле преселници од полските краишта припоени кон СССР. Други 6 % биле повратници во Полска од Западна Европа. Околу 50.000 Украинци се принудно преселени во областа во операцијата „Висла“ од 1947 г.[2]
Градови и гратчиња
уредиВојводството има 64 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година:[3]
- Шчеќин (410.809)
- Кошалин (107.783)
- Старгард (70.534)
- Колобжег (44.794)
- Швиноујшќе (40.899)
- Шчеќинек (38.756)
- Полице (34.284)
- Валч (26.140)
- Бјалогард (24.339)
- Голењув (22.448)
- Грифино (21.478)
- Новогард (16.745)
- Грифице (16.702)
- Хошчно (15.753)
- Швидвин (15.637)
- Дарлово (14.380)
- Барлинек (14.156)
- Дембно (13.903)
- Злоќињец (13.377)
- Славно (13.314)
- Пижице (12.642)
- Мишлибуж (11.867)
- Дравско Поморске (11.465)
- Лобез (10.617)
- Тшебјатув (10.113)
- Камјењ Поморски (9.134)
- Плочин-Здруј (8.572)
- Хојна (7.187)
- Чаплинек (6.933)
- Шанув (6.543)
- Карлино (5.794)
- Мјенѕиздроје (5.436)
- Волин (4.878)
- Боболице (4.446)
- Реско (4.377)
- Борне Сулиново (4.224)
- Плоти (4.142)
- Липјани (4.124)
- Калиш Поморски (3.989)
- Барвице (3.838)
- Мјешковице (3.553)
- Хоќивел (3.285)
- Машево (3.073)
- Венгожино (3.011)
- Реч (2.995)
- Поланув (2.967)
- Ѓивнув (2.949)
- Голчево (2.724)
- Пелчице (2.698)
- Мирославјец (2.633)
- Тихово (c. 2.500)
- Тшќињско-Здруј (2.496)
- Гошќино (2.430)
- Добжани (2.420)
- Дравно (2.399)
- Члопа (2.390)
- Бјали Бур (2.127)
- Добра (2.028)
- Ињско (2.001)
- Тучно (1.965)
- Цедиња (1.653)
- Морињ (1.570)
- Сухањ (1.446)
- Нове Варпно (1.170)
- Мјенѕивоѓе (1.000)
Во 2012 г. полските делови на историската област Западно Поморје (Шчеќин, Швиноујшќе и Поличкиот округ) имале вкупно 520.000 жители, додека пак германските окрузи (Западна Померанија-Риген и Западна Померанија-Грајфсвалд) заедно имале 470.000 жители. Така, може да се рече дека Западното Поморје има околу милион жители.
Управна поделба
уредиЗападнопоморското Војводство е поделено на 21 округ, од кои 3 се градски, а 18 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 114 општини.
Име и изворно име |
Површина (км²) |
Население (2014)[4] |
Седиште | Други градови | Општини |
Градски окрузи | |||||
Шчеќин Szczecin |
301 | 407.180 | 1 | ||
Кошалин Koszalin |
84 | 107.783 | 1 | ||
Швиноујшќе Świnoujście |
197 | 41.276 | 1 | ||
Земски окрузи | |||||
Бјалогардски powiat białogardzki |
845 | 48.679 | Бјалогард | Карлино, Тихово | 4 |
Валчки powiat wałecki |
1.415 | 54.348 | Валч | Мирославјец, Члопа, Тучно | 5 |
Голењувски powiat goleniowski |
1.617 | 82.507 | Голењув | Новогард, Машево | 6 |
Грифински powiat gryfiński |
1.870 | 83.688 | Грифино | Хојна, Мјешковице, Тшќињско-Здруј, Цедиња, Морињ | 9 |
Грифички powiat gryficki |
1.018 | 61.517 | Грифице | Тшебјатув, Плоти | 6 |
Дравски powiat drawski |
1.764 | 58.073 | Дравско Поморске | Злоќињец, Чаплинек, Калиш Поморски | 6 |
Камјењски powiat kamieński |
1.007 | 47.751 | Камјењ Поморски | Мјенѕиздроје, Волин, Ѓивнув, Голчево | 6 |
Колобжешки powiat kołobrzeski |
726 | 79.567 | Колобжег | Гошќино | 7 |
Кошалински powiat koszaliński |
1.669 | 65.962 | Кошалин * | Шанув, Боболице, Поланув | 8 |
Лобески powiat łobeski |
1.066 | 37.804 | Лобез | Реско, Венгожино, Добра | 5 |
Мишлибушки powiat myśliborski |
1.182 | 67.417 | Мишлибуж | Барлинек, Дембно | 5 |
Пижички powiat pyrzycki |
726 | 40.488 | Пижице | Липјани | 6 |
Полички powiat policki |
664 | 75.386 | Полице | Нове Варпно | 4 |
Славненски powiat sławieński |
1.044 | 57.489 | Славно | Дарлово | 6 |
Старгардски powiat stargardzki |
1.520 | 120.593 | Старгард | Хоќивел, Добжани, Ињско, Сухањ | 10 |
Хошченски powiat choszczeński |
1.328 | 49.709 | Хошчно | Реч, Пелчице, Дравно | 6 |
Швидвински powiat świdwiński |
1.093 | 48.343 | Швидвин | Полчин-Здруј | 6 |
Шчеќинечки powiat szczecinecki |
1.765 | 78.858 | Шчеќинек | Борне Сулиново, Барвице, Бјали Бур | 6 |
* седиштето не е дел од округот |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Der Name Pommern (po morze) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“. Архивирано на 29 септември 2013 г.
- ↑ Alina Hutnikiewicz: "Proces Osadnictwa na Pomorzu Zachodnim po 1945 r" in Zeszyty Kulickie 5: Rodzinne Pomorze – dawniej i dziś, pp. 67 ff. (полски)
- ↑ „Błąd 404. Strona o podanym adresie nie istnieje“ (полски). Stat.gov.pl. Посетено на 2012-03-12.
- ↑ „Ludność, ruch naturalny i migracje w województwie zachodniopomorskim w 2014 r.“. Urząd Statystyczny w Szczecinie. 2014. Посетено на 2015-09-19.
Надворешни врски
уреди„Западнопоморско Војводство“ на Ризницата ? |
- на Западнопоморско вјовјдство Архивирано на 23 февруари 2008 г. — официјално мрежно место
- Управа на Западнопоморското Војводство
- Западнопоморското Војводство во бројки